Па така бе Наташа затоа и ти реков и ти имаш чест и твоја загуба е .... Јас би отишла и се би фрлила на една карта би му кажала како стојат работите и дека овој пат е сериозна работава дека навистина те повредила неговата реакција .... Најубаво очи во очи да си расчистите а потоа ќе падне и одлука дали ќе продолжите или не ....
епа вака сега,искрено незнам што да помислам за тебе.Прво отвараш една тема во која велиш ,(секако дека не му верувам а и да сакам не можам но не разбираш со него сум 4год одам кај него дома секаде одиме заедно ги знам неговите дома а тој бр што го има тој е космофон домашен број јас го знаев но немав појма дека има кр а тој купил цела картицка само за неа, но тоа девојче е курвиште ме додава од секакви фб профили си мисли дека нз дека е таа а мојот дечко ги избриша и фб и мсн со цел да ми докаже дека нема ништо со неа! и сега....)раскажуваш дека сте постојано заедно,а во оваа тема велиш дека се гледате само за летен распуст!!!Ако ова што го пишуваш е вистина,во ред е да побараш помош,совет,критика...а доколку измислуваш препорака да се обратиш кај стручно лице
Забораваат што пишуваат. Толку постојат луѓе кои се очајни и сакаат виртуелно со нешто измислено да привлечат внимание. Навистина не разбирам. дали пишуваат моментално или пак си имаат по двајца, тројца. Па чекај прво во оваа тема ќе си напишам за овој, па во другата за другиот бидејќи со него па нешто друго ме мачи и така. Мислам дека се сложуваш охохо а и другите. Аман па тука сме не за да покажеме колку сме совршени туку да си помогнеме, да си размениме мислење.
потполно се сложувам!!!На друго место треба да бара но и да го заслужи своето внимание,а не тука да млатат празна слама,па уште и луѓе замараат да мислат за нивните демек проблеми.
^И јас се сложувам со вас,прво пишува дека имала слаба бременост термин кои не постои,после вика дека поради тоа што била слаба имала спонтан Тоа ако е слаба да граничи на пр со анорексија прв симптом ќе биде аменореја,отсуство на менструација,а поради тоа што е слаба да има спонтан реално тоа се глупости,а уште поголема глупост е дека поради тоа што е слаба и препорачале лекарите 2години да не останува бремена Ама тие Италијански лекари биле ваљда знаат повеќе од тие тука што се Незнам можда грешам ама целата приказна е со контрадикторности...
ветувам дека ова ќе ми биде последна реплика на темава но морав да кажам,имам една сосетка која едвај има 40 килограми а досега има родено 5 деца живи и здрави,така да не држи место муабетот дека била слаба девојка,па слаба бременост па ова-она. А и тоа што викаш може ќе да е до италјанските доктори
Првата тема нее моја туку на сестра ми ама очигледно е дека вие не разбирате и некои од вас дури и критики дават! Али во секој случај фалаа ! позз
^Да,да се извади сега на сестра ти е другата приказна Како што напишав и порано ти си знаеш дали е вистина или не приказната,мене ми личи на филм поради контрадикторности во твојата приказна,се испомеша со бременоста,причините итн... На форумов повеќето девојки се школувани,така да пред да пишувате приказни направете си fact check па нема да си мислам дека е измислена.
Јас ви ја раскажав мојата приказна и за жал сето тоа е вистина а вие дали верувате или не тоа е твој проблем! Благодарам за советите и ке се потрудам да објаснам !позз
Драга Наташа се надевам дека кога ке отидеш таму ке си го решите проблемот бидејки тоа навистина е страшно. Се најдобро. Поздрав
Феминки ај малку помош! Како што ви реков на 15 Мај треба да одам за Италија. Па еве сега сум тука.... дечко ми е ист Кога има слободно време оде на местото каде што ми се слоши! Зошто уште се потсеќа на тоа? Што да му речам за да му помогнам?
Прочитав се од почеток и не можам да го сфатам дечко ти, што му е по ѓаволите? Тој треба тебе да ти биде рамо за плачење, тој треба тебе да те теши да ти помогне да ја надминеш траумата...толку ли е себичен па само себе си се гледа? Што е со тебе, што е со твоите чувства? Ти си била бремена, твоето тело доживеало промена, ти си одела на терапија и при сето тоа си била далеку од дома, далеку од твоите кои всушност и многу касно дознале што ти се случило.. Наместо да ти помогне да пребродиш и заедно да продолжите да ја градите вашата иднина тој се навраќа на минато, шета по паркови и кој знае што си мисли. Искрено без љутење ама јас да сум на твое место, би му раскинала... мене не ми треба некој да си лечи комплекси на мене и да се иживљава, да глуми лудило и да се потсетува на нешто што е болно и за двајцата.