1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме остави бидејќи немав крв

Дискусија во 'Разделби' започната од aylen, 2 август 2014.

  1. aylen

    aylen Нов член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Драги мои.
    Нај прво сакам да ви се извинам што морав да отворам нов профил за да ви побарам совет.
    Имам еден акаунт со доста мислења и поради свои причини не сакав да ви пишам од таму.
    Вака сега имам еден проблем, се верив пред 5 месеци требаше во септември да ни биде свадбата.
    Во понеделникот верникот ме повика на вечера и ми рече дека после вечерата има иѕненадување ѕа мене.
    Вечеравме фино лепо и рече дојде сега со мене (тоа беше ресторан со хотел)
    Тој изнајмил соба и ме однесе таму и ми рече дека е спремен да го направиме тој чекор, ние сме албанци од мало место и му реков дека не е во ред тоа пред свадбата тој ме убедуваше и ми рече немој да се грижиш ние и без тоа сме веќе верени та сеедно е. Добро. Ме болеше многу но немав крв тој не беше нежен не беше воопшто чувствителен кога ќе му речев да не брза и да почека.
    Кога тој сврши рече дека ќе ме однесе дома ѕа последен пат дека не сум била чесна девојка дека сум имала односи со други. Плачев многу и пробав да му објаснам дека не кај секоја невина девојка тече крв.
    Ме однесе дома и кажа на моите се татко ми ме претепа, другиот ден дојдоа неговите да разговарат со моите и им велеа требало да се срамат што не рекле ништо на почетокот као демек само сакале да ме омажат да не дознае никој па татко му призна дека тој му ја дал идејате на мојот бивши верник демек да бил сигурен дека не сум имала односи со друг за да не се правеле циркуси со свадабата и да немало срам врз нивното семејство подоцна.
    Татко ми полудева по дома не ме остава на мира ке ме дале за некој стар ерген или ке ме продале тоа било единствено решение или да сум си го барала патот тие не сакале да имат ороспија в куќи.
    Родителите на мојот бивши верник ќе раскажале на секој во селото да знаеле сите семејства да не ме бараат бидејки сум била нечесна.

    Извинете за големиот текст.
     
  2. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Не сум толку сигурна но... Мислам дека на гинеколог може да се провери дали и колку си дефлорирана.
    Јас првите три односи крвавев... првиот пат имаше малку крв веднаш по односот, но додека си дојдов дома, имав повеќе на долната облека. Пробај контактирај доктор гинеколог да ти објасни и тебе и на вереникот.
    Поздрав и ти посакувам многу среќа :)
     
    На moneni и aylen им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Аман де, зар уште ги има овие работи кај современиве албанци. Ц ц ц ц. Ах девојче, не ти ја сакам нацијата, ама за тебе ми е жал. Душо единствен спас можеш да бараш од мајка ти или од некоја аџевица ако ја имате во местото. Мораш кај некоја таква жена да се обратиш. Сепак нив ги ценат ( со причина) и таа мислам дека ке може да среди работа за кај твоите дома бар. Веке вереников твој тешко дека ке го вратиш, познавајки ве по традицијата, ама барем татко ти да те остави на мира. Незнам колку год имаш и дали имаш роднини во друг град. Но најдобро би ти било да заминеш на некое време од кај твоите за да може да се смириш, а и тие исто.
    Дај боже еден ден да најдеш некој асолен и некој што ке те почитува поради твојата личност, а не поради некоја небитна работа. Неможам да разберам сеуште, ајде да те оставил ако си го изневерила, ама за ова оф леле.
    И да го прашаш вереникот твој, дали не те зема поради традицијата ( која е 2 века заостаната) или поради религијата. Ако е поради религијата, тогаш можеш да се браниш, но ако е поради традиција тешко со такви да ке излезеш на крај. Мислам дека ме сфати што сакам да ти кажам.
    Барај помош од фамилијата, немој да дозволиш некој да те продаде или пак насила да те мажат за некој вдовец или старец.
    И дел кој многу ме изнервира е што твојот вереник не те пазел кога сте воделе љубов. Идиот.

    Ти посакувам срекен живот исполнет со љубов :* :*
     
    На Hipica и aylen им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Лелее бре жал ми е за тебе,ама ти имаш мајка?
    Разговарај со неа и кажии се како и што е,а и таткоти ајде маж па не разбира можеби ама пак татко е да му се невид кско така може да каже за сопсвеното чедо :tmi: туку ти разговарај си со мајкати или на убав начин седниси и кажиим што и како е а па тие ако се родители ама родители нека одлучат што и како.
    Сепак на крај одлучи ти што понатака а не туку така да те давале како да си ништо.....

    Стварно ми е жал за тебе :!: ама мораш да разговараш со нив не оди туку така.
     
    На aylen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Тој твој вереник сигурно бил некое неискусно детиште. Зошто воопшто така млади, неискусни и со заостанати сфаќања стапувате во брак?
    Мојот прв однос беше со мојот сегашен сопруг и тоа на 19 години. Не протече ни капка крв ама мм се потеше 15 мин за да влези :sweat: Дури и се усрами човекот. Ај сега, при толку мака нека каже дека не ми бил прв. Глупости... Јас знам еден куп случаеви каде крв не протекло или пак течело премногу. Значи вереникот ти е глупав и тупав. Нема видено п***а во животот па не знае како е со девица и како е со некоја која веќе имала односи.
    Не знам колку би било успешно ама разговарај со татко ти и мајка ти. Ваљда тие имаат некакви познавања од оваа тема. Оди на гинеколог. Не знам стварно како би ти помогнала. Вие албанците имате поинакви односи и можам да кажам само - тешко вас, младите девојчиња. Среќно
     
    На makedonkamak, aylen, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bubii25

    Bubii25 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    3
    Девојки имам едно момче кое ми се допага а имаме излезено 3 пати. Последниот пат излеговме некаде во март и од тогаш па наваму тој не ми имаше пишувано на фб. Но вчера ми пиша. И сега незнам што да правам а многу ми се допаѓа мислам и дека сум заљубена. Сакам да излезам пак со него но незнам како како да му се доближам и сето тоа??
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Го прочита насловот на темата? Каква врска има сеа твојов проблем со ова тема?
    Ете ти соодветна тема и прашај си тамо
    vrski/ljubovni-problemi-i-soveti-t243/
     
    На CameliaMiller, moneni, Lile_05 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bubii25

    Bubii25 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    3
    да го прочитав но сакав веднаш некој да ми одговори бидејки ми е важно а овде имаше најавено некој пред 2 минути
     
    На moneni му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ај оди види која тезга е отворена!!!!!!!!!!!!
     
    На CameliaMiller и Hipica им се допаѓа ова.
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    aylen - Го прочитав твојот пост и многу се потресов!!! Зар во денешно време некој незнае дека крвта не е доказ за невиноста??? Твојот вереник најверојатно е многу необразуван или премногу е под влијание на татко му па го направил тоа што го направил. Затоа мислам дека незаслужува понатаму да му се објаснуваш и правдаш!!! Но, бидејки средината во која што живееш е таква каква што е (татко ти те претепал, мајка ти најверојатно ти верува, но несмее да каже што мисли затоа што ќе добие поголем ќотек од тебе!!!) под итно отиди на гинеколог со мајка ти, татко ти и некоја блиска тетка. Гинекологот ке те прегледа и убаво ќе им објасни на сите дека си била невина!!! Тетката е битно да биде присутна за зборовите на гинекологот да ги пренесе низ селото, па сите да сватат дека твојот вереник бил неук. Само на овој начин во твојата средина ќе бидеш поштедена од непотребни осудувања и оговарања!!! Се надевам дека наскоро ќе ни пишеш дека си добра и дека се докажала твојата невиност!!! Ти посакувам многу среќа!!!
     
    На aylen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Неможам да поверувам дека се уште има такви машки.
    Тоа се вика непрошетан свет... ПРОСТОЌА
    а он невин е уште? Боже сачувај од такви ми се крева косата ! Батали го девојко такво ѓубре не ти треба
     
    На teressa, makedonkamak и aylen им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Тешко дека некој ке може да докаже дека е невина, затоа што веке овој ја легнал, а тоа е голем срам за кај нив. Џабе е веке да ја правдаат, таа била со вереникот. Него според мене треба чарето да си го бара надвор од тоа место. Тешко ке биде за неа тоа да го поднесе. Знам како и е бидејки и кај мене имало вакви случаи. Дури пред некоја година ( во 21 век) сакаа едно девојче на магаре да го вратат дома, ама срека братот испадна фер си отиде и ја зеде и им кажал на неговите дома дека ако и фали влакно на сестрата ке ги убиел старите. Алал да му е нему, но сите немаат таква срека, а + девојчето имаше макеа. Лошо. но бидна тоа, па сестра на мајката ( починатата) ја зеде во Германија. После тоа ја немам видено , ама сигурно е добро.

    Незнам девојчево наше дали има брат и дали се блиски па да може тој да и помогне.
     
    На teressa и aylen им се допаѓа ова.
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Меѓу редови ги прочитав коментарите пред мене и како што забележав некој имаше предложено гинеколог. Да, иди. Може тие да ти потврдат дека вашиот однос ти бил прв, само тоа треба да го направиш што побрзо додека се уште може да се воочи разликата.
    После можеш комотно да го пријавиш татко ти за семејно насилство, а на овој вереников твој барај му оштета или како и да одат правата кои можеш како муслиманка да ги извлечеш во твоја корист, као демек те завел за обљуба...
    Немој да си дозволила тие тука да се прават мажишта, а ти ќе плачеш ради нивниот магарлук...
     
    На aylen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Леле, нели гледате дека е од заостанато семејство, заостанато во смисла дека е на ниво како пред пет века. Гледате она како си поминала а не па мајка и да ја прашува. Сигурно и таа нема право на збор во тоа семејство, како да не ни се јасни работите па ќе се чудиме.
    Единствено што би и предложила е да заборави на се, и на силувањето од страна на вереникот и на тепањето од татко и, бидејќи и да тужи, ништо нема да докаже. Кој ќе биде од нејзина страна? Никој, ниту мајка и-ако сака да остане во таа куќа. А ако тужи било кого, ја чека истата судбина-или брак со старец или протерување од дома.
    Некој спомна брат ако имала да и помогне, па тие се исти како татко и.
    Ако е навистина ваква ситуацијата и ако татко и се заканува дека ќе ја омажи за некој старец, нејзе ја чека вистински пекол, со оглед на тоа дека оваа невистина далеку ќе се расчуе, па таков брак би бил повеќе насилен и понижувачки, отколку одземањето на невиноста со поранешниот вереник.

    Ако си доволно независна и ако имаш 21 година, полнолетна си и самата реши што сакаш од животот, дали да останеш во такво семејство-обележана за цел живот и покажувана со прст, омажена за некој старец или насилник, или да избегаш од тоа лудило, да извадиш пасош и да си ја бараш среќата некаде далеку од тука, ако имаш некој финансиски да ти помогне-уште подобро.
    Немој да се плашиш од иднината, млада си, работоспособна, ќе најдеш некоја работа, ќе се осамостоиш, ќе најдеш некој што ќе те цени, без разлика од која религија е.
    И ова нема никаква разлика религија-традиција, исто е кај нив, сите муслимани мажи имаат такво размислување и на таков не може ниту доктор да му докаже дека била невина.
    Како што не разбираат, нив поневина ќе им биде некоја ороспија со шиен химен, отколку невина кај која нема да потече крв.
     
    На Alanna, Barbie20, Lovely93 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. aylen

    aylen Нов член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Мили мои ви благодарам што се трудите да ми помогнете .
    Мајка ми не збори со мене бидејки сум спиела соо него пред свадбата, таа ми верува дека бев невина но пред свадбата не се спиело со верник.
    Лута ми е ме мрази ме мразат сите, брат имам но тој е помал има 10 год. Имам и три сестри тие се сите мажени татко ми не им дозволува да се мешат тој вели дека си имат свое семејство нека си гледат за нив и мажите нивни.
    Инаку најстарата сестра предложи гинеколог но никој не сака да чуе за тоа еве на верникот ми барале нова сега некоја од странство инаку 20 год сум а верникот 21 .
    Не знам што ке правам само да не ме продадат или да не ме дадат за некој старец . Мајка ми вели ороспијо кој ке те земе ваква? Ти не си повеке мома ти си жена одкако ке ти текне за КОЛ и кога ке си го добиеш не си веке мома, жена си а никој ерген не зема жена секој сака моми.
    Разговор ??? Не чини.
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.234
    Допаѓања:
    124.368
    Ајлен, не гледам излез, освен да седиш дома, да почекаш месец- два да се реши нешто, ако се реши, а во меѓувреме да побараш пари од сестрите, да не те дознае никој и да бегаш од таму.
    Он ке си земе жена од странство, таа имала секс со секој втор, ама за 200 евра ке ја зашијат и послекепрска крв, овој ке мисли колку е јак, а она ке знае дека е беден во кревет, оти имала 20тина пред него. Ама тоа не е битно сеа.
    Можеш на гинеколог, ако не со сестри и мајка, викни тетка, пожали се. Една барем ке се смилува на тебе. Докажи им на твоите. Они еден ден ке се јадат за ова.
    Пред 50 години и кај нас беше вака, баба ми ми кажуваше дека нејзина другарка не прокрварела на прав нок. А што е најстрашно, не ни имале секс, оти на мажот не му се кревал од трема, или па бил импотентен...не знаат. И рекол, немаше крв, ја вратиле на магаре назад. И ја омажиле за некој вдовец, жена му умрела по еден месец од свадбата. И овој, си ја зел, ама откако спиел со неа, имало крв. Чаршавот го земал и на грб низ цело село одел да го покаже и да им каже на сите дека жена му е поштена, а тој другиот неподобен. Така што на крај, излегува како што треба.
    Бегај од таму, од таков простаклук не гледаш аир. Цел живот ке те зборуваат.
    И тамам ке си помислам дека албанкиве се едуцираат, одат на факултет, знаат се што треба, и ке видам нешто вакво. И ми е срам и мене.
     
    На CameliaMiller, Dentina, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ^Од толкав простотилок што кажа за цела ситуација се чудам дали приказната е вистинска или си тепаш време на форумот,ако тие таква ситуацијата дома и ако се толку твоите заостанати без навреда ама тоа е вистина незнам кој ти дозволува да седиш на компјутер без да знат што правиш притоа...
    Ако толку знат да креват прашина и тие кај тој вереникот идиотот и твоите што не те однесат на болница све то фино лепо да се провери?а не прд време те оцрниле низ цело село како со кое право?не му ќути бе ако треба уште 5 пати ќотек ќе јадам ама ќе му докажам дека сум во право,инсистирај да те однесат на болница за да докажиш дека совеста ти е чиста,и да кога си занаела какви се обичите не си требала на тој идиотот да му попуштиш кога свадбатаа ви била за некој месец толку си издржала уште малку неможеше да издржиш,и тој те однесе во хотел 2 збора ти кажа и ајде до некаде и самата си крива, пак ќе речем кога си знаела какви се обичаите и кога толку биле строги и твоите и неговите и сите....Не гледам друг излез осван да разговараш со твоите на смирен начин и да побараш да те однесат на болница...За жал таков е светот суров
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    aylen вработена ли си?
    Ако имаш работа, полесно ќе ти биде, да си одиш од кај твоите. Бидејќи со нивното сфаќање, нема да имаш убава иднина.
    Имаш ли некоја пријателка која може да ти помогне? (Да те земе кај нејзе, некое време, додека да си го потсредиш малку од малку животот)
    Оди на гинеколог, можеби ќе може да се докаже дека свршеникот ти бил прв, дека претходно си била невина.
    Но и да се докаже и свршеникот да го прифати тоа, немој во никој случај да му се враќаш, нема да имаш убав живот со таков човек кој нема доверба во тебе.
    А сега ќе речеш што ќе ти е доказ од гинеколог ако не му се вратиш. Доказот ќе ти биде оружје во рака за да можеш на сите што ќе јадат го*на за тебе, да им ја затвориш устата, дека вереникот ти бил прв, а не како што вика тој дека пред него си имала други.
     
  19. aylen

    aylen Нов член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Имаме компјутер бидејки брат ми е мал и игра.
    И јас смеам да седам но не постојано не смеам да имам фејсбук такви работи но смеам да слушам песни итн..
    Да. Ке ги натерам сите да одиме на гинеколог ако сакат и нека ме убијат од ќотек и без тоа не вредам ништо веќе.
    Не сум вработена тешко се наоѓа работа и не смеев до сега но ако ме избркат од дома ќе одам во скопје ќе барам решение со една моја другарка македонка.
     
    На CameliaMiller и moneni им се допаѓа ова.
  20. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Кога веќе имаш компјутер и пристап до интернет, зошто не побараш на Wikipeadia, youtube, google, докази дека можно е девица да не крвари кога ќе ја изгуби невиноста?
     
    На moneni му/ѝ се допаѓа ова.