Тие луѓе се оперирани од срам, не се вредни за моабетење..уште свекрвата да излезе и да се прегрне со снаата и да и прости, е тек тогаш јас ке се фрлам од камени мост Во кој моронски свет живееме
Ако не се пари одмазда на заедничката жена е. Џабе не е таа фама сигурно, што не се дознало порано ако е тоа така случајно.
И јас имам проблеми од време на време со дечко ми, повеќе разговарам со брат му него со него. Брат му е моја генерација, така да генерациски се разбираме. Лежевме еднаш со дечко ми на спалната кај што спијат неговите и зборувавме, и наеднаш тропа некој на врата и влегува како терорист и вика да не прекинав нешто. Викам не ХХХХ, слободно влези и почнавме да се смееме. И он вика ладно ми е правете место да легнам да се згрејам и јас. Буквално легна меѓу нас и вика доста сте се лапале грејте ме малку. и сите тројцата лежевме, правевме селфи ова она, тој објави слика и пиша „среќа е да легнеш меѓу брат ти и снашка ти за да те стоплат„. Во меѓувреме на дечко ми му ѕвони комшијата да му помогне некои шкафови да носат на поправка и јас останувам на спалната со брат му. И он вика конечно го доечкав моментот да останеме сами ми требаш. Викам што е работата? И он вика Ми се свиѓа таа и таа, ајде ти акко женско кажи што да направам како, кога ова она и ја му кажувам. И вика не ми е битно друго, знааеш дека како сестра те сакам, сакам да се запознаете и да ми кажеш, ако тебе ти одговара таа ке бидам со неа, не сакам утре кога ке се земете и кога ке се земеме да ми се тепате по дома. Толку слатко се изнасмејав што во меѓувреме влегува дечко ми и вика „лелеее жена ми со брат ми во кревет-фатени на дело„ и почнува да се смее. И вика на брат му знам дека ти требаше девојка ми, затоа и ве оставив сами, не носев никакви шкафови, тоа беше изговор, ама веќе досадно ми беше сам да седам па дојдов. Толку доверба има во нас двајцата што не остава сами да лежиме на спалната. А мажот ти пошто е глуп, пак нека си оди кај што стигне, а ти немој да си дозволиш да направиш нешто со брат му. Кога веќе не те мари, подобро најди со некој друг направи нешто него со брат му. Ај што ќе се разведете вие па и двајца браќа ке скараш. Немој. Тоа ти е мој совет, поздрав !
Хахахаха, интересни сте ми и вие со коментариве Иначе и ја мислам дека некој си игра со некои вакви теми, намалете малце со гледање турски серии, или пак со бујната фантазија
I jas imam brat ama se toplevme dodeka bevme mnogu mali..sega nikogas ne bi legnala taka.. Ami so dever mi???? Kolku i da mi e blizok ,lezenjeto do tugj maz posebno do BRAT MU mi e degutantno. Neprirodno e. Nehumano Ne e vo red.
@corapka Што уствари прочитав? Кои мор оправдани причини? Не може да седнете на маса, па да разговарате?
Ова се случуваше со моја комшика. Не беше во брак сеуште,но беа верени и таа живееше кај вереникот. Тој имаше брат кој не работеше и исто и таа не работеше и повеќе време беа дома сами. После 1 година таа се разделува со вереникот ,за на крај испадне дека цело време додека била кај нив таа била со деверот и на крај се омажи со него. И што направи? Направи двајцата браќа да се разделат за цел живот ,очи да не си видат,исто така и со родителите и сега ,сами двајцата живеат ,разделени од сите блиски роднини ,а веќе немаат и пријатели зошто секој го осудуваше нивниот чекор. Не ради тоа што се заљубиле, туку затоа што свесно играле мајтап со сите 1 година. Таа и тој можеле да најдат начин да не се толку често дома сами ,да се избегнуваат , ама напротив нив тоа им одговарало и ете што испадна на крај , свесно го фрлија братот во депресија за тој уште да неможе да се помири со тој факт и да се разделат двајца браќа,што поблиску од таа врска нема . Јас едно ќе ти речам, ако вака продолжите да сте често сами верувај дека нема шанси добар резултат да има. Оди ,излегувај по комшии,работа најди ако немаш,оди кај твоите,седи си во соба кај тебе, се може да се прави. И јас имам девер кој што почесто е дома сам со мене , но си седиме и јас и тој на дистанца, зошто во секој поглед така е најдобро. Почит и ништо повеќе
Не ви текнува бе како ќе ви биде ако сте од другата страна? Мажот да си се лигави со сестра ви? Гадно ептен.