1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме става во мислење неговото однесување

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од andromia, 2 јули 2011.

  1. andromia

    andromia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Се знаеме добро 5 години :) Пред две години не знам зашто и не знам како ама ете се заљубив во него :$ Грешката беше тоа што место да му кажам си ја свиткав опашката и се одалечив...разлика сме 8 години и во тој момент мислев дека таква врска нема да профункционира и само ќе си го расипам пријателството....времето си помина јас на една страна он на друга.... ама што и да се случуваше по некое време пак ќе помислев на него....Пред неколку месеци дознав дека е во врска и тоа со девојка на моја возраст и тогаш нешто ми пукна ...го барав да излеземе ама не успеавме да се видиме, а мене ми беше ужасно тешко :worried: ...и не знам како собрав храброст и му пуштив порака во која му објаснив што чувствувам, од кога, како, зошто сум се одалечила, потоа добро се исплакав и си реков ОК тука завршува целата приказна .. дечкото не реагираше никако...по некое време се видовме и ситуацијата почна да се замрсува....Не знам зошто ама се плаши од мене...Кога излегуваме во друштво е пријатен седи до мене ме слуша што зборувам, ама се тресе кога треба да ме гушне или нешто слично..значи рацете буквално му се тресат....На ФБ ме посматра од друг профил, а на неговиот воопшто не се логира, на моја блиска пријателка и рекол дека е СЛОБОДЕН (и покрај фактот што има девојка година и пол и шета со неа насекаде). Не ми пушта пораки или пак да ми звони ама од друга страна прави работи кои ме ставаат во мислење...го викнав неколку пати да се видиме на кафе ама не се договоривме....Не знам како да постапам понатаму..колку повеќе мислам толку повеќе се збунувам
     
  2. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    мое мислење е дека не си требала да се навраќаш на минатото што доколку вие двајцата сте сакале и тогаш че сте биделе заедно бидејќи 8години и не е некоја голема разлика, но доколку и тој сега би сакал да има нешто со тебе зш не ја откачи другата девојка или има задни намери тебе да те искористи а да не се раздели и од девојката, оддалечиги мислите од него бидејќи не е единствен
     
  3. Idealno.losha

    Idealno.losha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    девојко...да си му ти поважна од неговата девојка веќе ќе го покажел тоа...на мн начини! Mожеби затоа што тебе ти се свиѓа секој негов гест ти влева некоја надеж и ти изгледа чуден.
    ....па и да чувствува нешто, физичка привлечност, тоа не е ништо чудно...си се појавила наеднаш си му ги кажала чувствата, со тоа си ми ја разбранувала фантазијата! но тоа не значи дека не ја сака неговата девојка и дека сака нешто озбилно со тебе....
    ...мојот совет е: се додека не направи некој посериозен потег, кој на прав начин ти покажува дека му значиш, да си стоиш на страна....бидејќи, ако е така ти како што мислиш и дека тој сепак чуствува нешто за тебе самиот ќе те побара! се додека ти го бараш и ти го правиш првиот чекор нема да знаеш дали сето тоа се случува само поради тебе или и тој на некој начин го сака истото! :*
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Се тресе може од страв дека некој ќе го види и каже на девојка му ;)
    Не знам што се плеткаш и мислиш, кога дечково јасно ти става до знаење со однесувањето дека не планира ништо со тебе додека е зафатен.Нити на порака ти вратил, нити сте излегле, ништо.Тоа што те гледа од друг профил не значи ништо, едноставно љубопитност.Ти на фб не ги гледаш исклучиво луѓето што ти се битни, нели?
    Мој совет ти е да престанеш да се мешаш, да му праќаш пораки и да го викаш на кафе, зашто единствено може проблеми да му направиш во врската, па тек тогаш нема да го видиш.Ако сака тој ќе те викне.
    И настрана од проблемов, ама не ми е јасно што бара тој дечко постојано со 8 години помали од него, ама тоа е друга тема :)
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Кои се тие работи што ги прави и те тераат да мислиш дека тој сака да има нешто со тебе?
    По што тоа знаеш ти дека е негов тој профил за кој што се сомневаш?
    Како тоа си се сетила на него, баш кога си разбрала дека има девојка на твојата возраст?
    Тој колку време е со девојка му? Ја сака, врската сериозна му е, девојката заљубена е во него го сака, гледа на него како да имаат сериозна врска, бидејќи плус 8 години на твоите 26 му доаѓаат токму години за и тој и таа да имаат озбилна врска... онака можеби.. хипотетички да речеме можност.
    А, бидејќи знаеш како е да ти е тешко да си без некој, ти текнало како би и било на девојката која е со дечкото и од нигде-никаде се појавува некоја си заљубена од памтивек девојка, спремна се да направи да и ја сруши врската?

    Дечково дури те избегава, не само во реалниот свет, него и на фејсбук. Не ти пишува, не ти се јавува, не ти дава никаков повод за да му улетуваш у врска, па ајде раскажи ни што е тоа што прави.. па можда ќе смислиме некоја заедничка стратегија како да го оттргнеш од девојка му ;) .
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Нема што да те става во мислење неговото однесување.
    Убаво си кажаа и девојките погоре, во врска си е, доколку сакал да има нешто со тебе, ќе и' раскинел и ќе пронајдел начин да ти се приближи некако.
    Ти убаво си се појаснила со пораката, и повторно не си наишла на позитивен фидбек.

    Луѓето кои се во врска подолго време, понекогаш сакаат да почувствуваат флерт, внимание, ласкање од друга особа, чисто колку да си потврдат самите на себе - I still got it! ;) но останува само на тоа, на крајот од вечерта секој си се враќа во креветот на љубената / љубениот и си живеат среќно.
    Ти од друга страна, на 26 години не вреди да се измачуваш вака, поготово со прашања и недоумици од типот - ме посматра на ФБ од туѓ профил...

    леле бре, немојте вакви работи да ви се релевантни во животот.
    Во денот ми се случува да кликнам на 20 различни луѓе и да си ги поманијачам, што од досада, забава или сеир, не значи дека некој од нив ми прави некаква си разлика во животот.


    И тоа е тоа, за жал, тргни си напред во животот и заборави го типот.
    Си му го нахранила егото накратко, ок си е, барем знаеш на што си.
    Продолжи без да се вртиш назад.
     
    На Idealno.losha му/ѝ се допаѓа ова.