1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми раскина поради лајк на фејсбук

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sweet-bebufce, 1 август 2014.

  1. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Здраво девојки, сакам да ве замолам за помош.
    Со дечко ми сме заедно 9 и пол месеци, заедно бевме на работа во странство, но заради повреда морав да се вратам јас во Македонија, а он да остане таму. Премногу ни беше убаво заедно, ама денеска направив нешто за кое ќе се каам цел живот. Ве молам советувајте ме :( Денеска седам на фб и незнам со кој памет стиснав ми се допаѓа на еден мој школски со негов пријател. И после тоа школскиот ми напиша ти се свиѓа другар ми а ? Само хаха пишав зошто незнаев искрено што да пишам, искрено немав намера ништо лошо да направам ни па помислив нешто. Тогаш ми пиша другар му као што правиш, ајде да се видиме, јас му кажав не сум често во тој град, за да избегнам разговор како и средбата, ми рече ќе дојдам кај другаров на гости, и може да се видиме. За да не бидам некултурна или незнам зошто така али му пишав ќе видиме и толку. Дечко ми го прочитал сето ова на фб од кај мене и ми раскина. Не бришев ништо зошто немам искрено што да кријам, али од кога ми пиша он дека видел и ме праша што се дешава избришав разговор. Проблем е што несака веќе да ме види, знамм дека направив голема грешка што воопшто пишав али неможам да сменам ништо. Ве молам за помош, го сакам премногу, неможам без него. Не спијам ги бројам минутите додека да дојде секој пат на нет, се разболев цело ова време додека сме оддалечени, не излегувам од дома за да не се сомнева во мене. Незнам како да му објаснам како да му докажам дека несакам да го изгубам и дека направив преголема грешка што пишав. Ве молам за помош, фала ви :*
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    лелеле па девојче дали е нормален тој зошто ти раскинал па за еден лајк и за едно ке видиме и едноставно ти си му дала на знаење на другаров дека не сакаш да имаш нешто мислам дека избрзал со одлуката дечко ти па дали после 9 месеци врска се раскинува за еден лајк и за едно видување без ништо
     
    На crazylady, makedonkamak и tessie им се допаѓа ова.
  3. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Погрешив, се каам

    Јас сум флертувала со тој, тоа беше неговиот одговор. Неможел он да продолжи да биде со мене кога јас сум го правела будала, со него сум била во врска а сум пишувала со други, тоа било изневерување за него. Ќе побудалам искрено, немам ни помислено на некој а не па да го изневерам, неможам да му докажам, неможам да си ги средам мислите, само плачам и се каам :(
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    вака без плачење разммисли со ладна глава ако ова ти е прва грешка и само поради тоа ти раскинал тоа значи дека не те сакал(несакам да те растажам уште повеке но тоа е мое мислење)и само чекал момент за да згрешиш и да ти расккине и седни на фб или пиши му порака на тел дека го сакаш нормално ако сакаш да си уште со негои објасни му се и дај му до знаење дека не си сакала да имаш ништо со него и дека онака си стегнала лајк но исто така имај став ИМА И ДРУГИ МОМЦИ за да немисли дека си слаба и немошеш без него бар јас така мислам дека треба да постапиш па како ке одлучиш незнам и со плачење ништо не се решава ти си сеуште млада денес си раскинала со него па има и други не се уништувај самата себеси :* :* :* и штоима врска дека си пишувала со некој ти не си венчана за него и мислам дека од почеток не си требала да го даваш пасвордот од фб или нешто друго зошто мајка ми и татко ми не си ги знаат пасвордите на фб иако се маж и жена јас не би му го дала на мојот иден дечко
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    Сигурно ова не е му е прв ваков испад нели? По причината за лутење ми изгледа или како болно љубоморен тип или само си бара причина за раскинување. Глуми ладна и дека ти е сеедно, не го барај, ако те сака ќе попушти и прв ќе ти пише, ќе си ја сфати грешката.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Погрешив, се каам

    Јас го додадов дечкото за пријател тоа е мојата грешка :(
     
    На ditrih и Arthur им се допаѓа ова.
  7. Belieberforeever

    Belieberforeever Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Погрешив, се каам

    Само заради еден лајк и допишување малку?Потруди се некако преку телефон или некако да му го смениш мислеше и пак да бидете заедно.Кажи му дека погрешно мисли...
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    абе девојче нема врска дека ти си го додала дечкото прва на фб тоа не е грешка тоа е на некој начин другарство, ширење на познанство и јас незнам веке како да се изразам ако е така тогаш деактивирајте профилите на фб и седете во една соба бог да чува во кој век живееме мислам несакам да те навредам туку малку ми е чудна ситуацијава чувствуваш вина што си додала друго машко на фб ти не си за НИШТО виновна мораш да го сватиш тоа и на крај краева не е само тој на светов има и други еден период нема да престанеш да мислиш на него па ке се појави некое слатко момче кое ке направи да заборавиш на се и ке ти ја врати насмевката на лицето така се случи и со мене па сега воопшто немислам на тој што го сакав како луда
     
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    30.781
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    Абе ајде живи глупости. Ти раскинал за еден лајк, и за едно додавање...
    Не си ти ништо крива, небаре тој не лајкнува и не додава. Ако сите раскинувале за тоа, какви треба да бидат денешниве врски? Мислам батеријата на мојот телефон трае повеќе од некои врски, но зборот ми беше, ако сите за ова сме раскинувале, немало ни да постојат врски.
    Не се секирај, се гледа дека дечко ти бил љубоморен тип.
    Немораш ништо што да му докажуваш, тој сам ќе те побара. Ако те сака, ќе сфати дека фб не треба да влијае на една врска.
    Се надевам дека ти помогнав. Ти посакувам секое добро. :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Погрешив, се каам

    Јас мислам дека сето ова има сосем друга позадина. Мислам дека ДЕЧКО ТИ си нашол само причина за да ти раскине. Ако некој навистина те сака и има планови со тебе, не велам дека нема да обрати внимание на ова, туку едноставно нема да го смета за важно. Ова се случило на сите парови, фејсбук глупости. Ти нема потреба да се извинуваш туку дај му на значење на твојот дечко, сега бивши дека ако тој е подготвен да прекине врска заради ЕДЕН ЛАЈК, може слободно да побара некоја која воопшто нема фејсбук и цел ден чита Војна и мир. |( Крај краева, од кај да знаеш ти што тој таму прави сам, ајде ти да почнеш со секојдневни испрашувања кому тој во странство кажува здраво и кому се насмевнува?
    Леле, кај отиде светов.............. :fubar: :fubar: :fubar: :puke: :!: :^)
     
    На crazylady, makedonkamak, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Погрешив, се каам

    да ме извинете што ќе имам поразлично мислење од вас но јас мислам дека има доста причина за лутење..
    Проба ли да се ставиш на негово место? како тебе би ти изгледало да видиш како он додава другарки и се допишува и флетрува?
    Нормално дека е неверство, емоционално. Ако си со еден човек со еден човек си, не викам дека не го сакаш но ете ти се допаѓа и симпатичен ти е тој другиот инаку не би помислила на него а не па да се допишуваш?

    И не се согласувам со другите дека од ништо ти раскинал и дека само бара причина да раскине со тебе.има и такви типови што со тоа што ќе ти раскинат сакат да ти покажат лекција за друг пат дане ти се повтори. а мислат дека ако ти простат веднаш пак ќе го направиш. Можеби дечково е таков голем инат, мојов за ситница се лути и се кара ама го навикнав, му треба малку време да стивне и тогаш разговараме ги решаваме проблемите. Пробај и ти, не го напињај, и ако гледаш дека стивнува тогаш кажи му дека не си имала лоши намери едноставно момент на слабост било тоа и дека го сакаш него и дека си ја сватила грешката и дека никој не е совршен
     
    На blueeyes7, kim.k, karak и 5 други им се допаѓа ова.
  12. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Погрешив, се каам


    Се што напишав ми е од лично искуство, на мојот дечко постојано му се обраќаа од лажни профили и тој тоа го искористи да направи караница за да раскинеме за подоцна кога се смиривме да ми признае дека не знаел што му е во моментот и дека смао барал причина да ме оттргне од него. Зато и кажувам дека ако го моли, тој може само повеќе да се оддалечува од неа. Нека биде своја, тој самоит ќе сфати дека погрешил. И изневерувањето е изневерување кога се прави со умисла и зато после никој не се кае, туку се каат што дозволиле другиот да дознае.
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    А ти да беше како ќе постапеше? Не оставаш простор за доверба девојче. Ова и не е некоја голема работа ама пред се си ја изгубила довербата. Покрај тоа што дечко ти ти го знаел пасвортот од фб ти си се осмелила да договориш состанок со некој друг. Што ќе се случи ако утре другден треба со дечко ти да бидете разделени на повеќе време? Како ќе ти верува тој дека ти позади негов грб нема да правиш ништо? Не е којзнае колку голема грешка ама размисли дечкот и да пишел на некоја ќе се видиме размисли ти како ќе реагираше.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Погрешив, се каам

    Моја вина е зошто пред тоа го имав направено истото со бившот. Имав дечко 9 години, сите мислеа свадба ќе правиме, јас раскинав со него заради сегашниот дечко, т.е моментално бивши :( Ако не сум го сакала бе луѓе, ако не ми значел зар ќе раскинев 9 годишна врска. Друго ми беше муабетот, ваљда изреагира така зошто на почеток кога се фативме бившиот ми пишуваше ме замараше и јас за да не го повредам бришев разговор и он дозна за тоа, истото го имав направено и со еден (мувач ми беше пред година-година и пол пред да го запознам овој), али само еднаш или два пати се смував со него веќе не се ни сеќавам и пред да го запознаам дечко ми т.е сега бивши. Исто тој ми пиша да сме се виделе ама јас сум си крива што не пишувам НЕ, туку се обидувам да одбегнам, тоа ми е грешка што незнам одма да кажам не, него пишувам ќе видиме, со цел да одбегнам од сето тоа. Најверојатно затоа вака реагира зошто јас сум глупата и секогаш ги правам истите грешки, едноставно требаше да се оттргнам од фб за да го задржам, зошто стварно ми значи и неможам без него
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам


    Ти сериозно имаш 38 години? Многу лошо си направила се гледа дека си чуствителна и несакаш да навредиш/повредиш никого но сепак и вака неможе. Ќе се научиш кратко и јасно да кажуваш НЕ, затоа што гледаш ти најмногу страдаш.
     
  16. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    ама ти цело време гледам дека се обвинуваш не си само ти виновна виновен е и тој што незнае да сфати како човек дека немало и нема да има ништо и јас имам иста мана како тебе незнам да кажам НЕ туку ке видиме незнам и слични работи но тооа е тоа луѓе сме грешки се прават и те молам не се обвинувај самата себеси зошто ти не си единствено виновна малку вина има и тој што веднаш раскинува без да добие објаснување па мислам и да си направила грешка треба да добиеш 2 ра шанса зошто секој заслужува
     
  17. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Погрешив, се каам

    Немам 38, само така ми се ставени годините :), сега сватив дека погрешив ама касно е ми пиша дека нема никогаш да е пак со мене и да заборавам на него, ама неможам бе луѓе по сите работи што ги поминавме заедно. Требаше да идеме надвор од Мк, јас добив работа а тој не и кратко и јасно кажав не идам без него, па така му понудија и на него работа само за да отидам и јас. Значи откажав работа за да останам со него, бев решена или заедно со него или не, од што ми значи, од што неможам без него, а јас си дојдов со повреда, правев операција, а он не посака да се врати со мене, сега знае низ што поминувам, а и неможам да се вратам на таа работа заради повредата, и он реши дека треба да остане таму :( Он лежеше во болница во странство и јас кажав дека доколку си оди он си одам и јас, он ме остави мене сама кога ми беше најтешко, кога правев операција, кога лежев во болница и јас поминав низ се, само заради што го сакам. Искрено помислувам дека бил со мене за да ме искористи само за да отиде во странство и да добие работа, а потоа да ме батали. Дај боже да грешам, дај боже барем малку да сум му значела и да ме сакал, ама изгледа се било лага од негова страна :( Помогнете ми, ве молам советувајте ме што да правам
     
  18. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    ништо кога е таква ситуацијата и ти веке не се замарај зошто постои можност ""бев со тебе од корист'' и толку од нашето не е крај на се светот е голем а бројот на машки уште поголем поззз
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Погрешив, се каам

    Arthur а реално кој е виновен? Таа да беше како ќе реагираше? Ти да беше како ќе реагираше? Сигурна сум дека немаше да помине преку тоа туку-така. Не и судам на девојчето се гледа дека има меко срце ама за нејзино добро треба да биде малку поотворена кон луѓето и да не попушта и пред се да мисли за себе после за другите. Сега на тој што му пишала дека ќе се видат иако не мислела така тој нема да и ја оправи врската. А ти свит бебенце мислам дека дечко ти ќе попушти. Моментално е изнервиран од твојата постапка но ти мора да му се извиниш и ветиш дека грешката нема да се повтори и навистина да не се повтори. Верувам дека со тек на време се ќе се среди и ќе се заборави оваа ситна грешка и недоразбирање.
     
    На sweet-bebufce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Погрешив, се каам

    Му се извинив, му кажав дека се каам и дека нема да се повтори, направив нов фб со најблиските пријатели, за да му докажам дека не ми е потребен никој друг освен он, ама он ми кажа да заборавам на него, дека е конечно крај меѓу нас и се што имам да вратам на неговата сестра :( Ќе умрам без него, неможам премногу ми значи ... :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'(