1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми раскина поради лајк на фејсбук

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sweet-bebufce, 1 август 2014.

  1. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Кажете ми што да направам за да му се извинам, како да му докажам дека немав лоша намера, само несакав да бидам некултурна, ама изгледа дека само тоа е единствено нешто што треба да се прави за да го задржам дечко ми, или да избришам фб и да живеам во времето на дедо Ное за да е сигурен во мене. Ако е до фб ќе го избришам искрено зошто неможам секој пат да поднесам расправија од овој тип. Го сакам и не сакам да го изгубам, зошто само јас и он знаеме низ што поминавме и колку плачевме кога ми кажаа дека морам да се вратам :( Ве молам девојки помогнете ми како да го вратам пак назад ;(
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Кога не сака ни да разговарате, ни да му објасниш, никако за жал.
    Тоа ми е мене најчудното, да не сака ни да разговара. Единствено логично објаснување ми е дека ја чекал грешкава. А ни самата не сакаш да си во врска со некој кој едвај ти ја чека грешката, па ако треба од игла локомотива ќе напраи. Главата горе и заборави го. Не му се понижувај повеќе.
     
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Секој различно реагира. Тој можеби сега не сака да ја види, а утре да и' се јави и да и' каже дека сака да разговараат, па на крај да ја решат работата. Некој регира бурно, некој реагира смирено, некој само ќе се тргне настрана без да почувствуваш, некој се трга настрана за да размисли за се' па после да разговара... Карактери милион.

    Тек да видите јас како би реагирала да сум на негово место. Што би рекле за мене тогаш. Се плашам да кажам. Искрено.

    Каква и да е неговата реакција, не го побива фактот дека таа згрешила и дека таа ја оплескала работата.

    ***

    Единствено сега што ти преостанува е да почекаш да се смири малку, да помине онаа првична бура на емоции и прашања, па да го побараш да разговарате.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Очигледно е дека има различни ставови за врска како што рече Daydream. За мене не е ок кога си во врска да додаваш рандом луѓе од спротивен пол, да викаш ќе видиме дали ќе се сретнеме или да лајкуваш некого рандом или некој што не ти е близок. Другарка, комшика, колешка, девојка на другар и да не набројувам, се знае на што мислам, не спаѓа во тоа. Не е тоа сериозно сфаќање на фб...преку неговото однесување (и тоа јавно) можеш да видиш каков е и како размислува.
    Ете ова е пример дека може без никаква желба и намера, непромислено да лајкнеш или пишеш, има исклучоци, но може да кошта како сега :)
     
    На MadeToLove и Daydream им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Можеби, со тоа што таа доста го бараше. Следниот чекор е ТОЈ да ја побара неа. Ако навистина му значи, ќе го направи тоа, ако не, па не и` треба некој за да и` брои грешки. Луѓе сме, грешиме, богови не можеме да каниме на состанок, така што црн тефтер у врска и одбивање разговор ништо не врши работа. Доста со она жената мора да е совршена, а мажот може да си е само човек.

    А ова на фб. А тој далеку од неа, сам, којзнае што може да прави, да флертува и тоа НЕ со пишан коментар „ќе видиме“ (шо у зависност од контекст може и „мало морген“ да значи како она познатото на машкиве „ќе ти се јавам“) на фб туку реално со девојки од крв и месо.

    А што нема никакво разбирање за нејзината состојба? Нели поради повреда се вратила назад. Нее, пишала „хаха“ и „ќе видиме“ и стаила еден лајк и одма етикета и раскидно писмо, овај мејлче. Не, жената е крива за све.

    И деактивирајте фејсбуците додека сте во врска аман. Освен ако не ви се погоди некој статистичар ко шо ги викам ја, кому ако не фејсбук, утре ќе биде причина што сте се поздравиле со другар на улица а притоа сте си ги допреле образите, па зашто сте облекле провокативни чизми, што сте му се насмевнале на комшијата од 20 метра коа ве поздравил и така.

    И да, никој не рече дека не погрешила и дека без право и` се лути. Aпла се нашла затечена во ситуација и не секој е умешен доволно да изреагира секогаш правилно. Таа самата си рече, нит планирала нешто, нит помислила. Тој не и` се налутил, тој и` раскинал. Значи не остаил простор за ништо, а таа не е должна да го чека да се “олади“ штом веќе ги кажал “магичните зборови“. Башка не било ништо тајно од него па да е сомнително. Можеби затоа што го избришала разговорот потоа. Но и тоа е според мене импулсивна непромислена реакција бидејќи одамна разговорот ќе бил избришан навистина ако криела нешто или пак флертувала. Ете од старт знаел се` што е напишано. И шифри и се` знае.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Темава е ептен детска и не сериозна. Нормален човек врска не раскинува за банални работи како ЛАЈК на Фб. Ова навистина нема смисла и плус девојчево од памет се вади и обвинува самата себе, како кој знае што грешно да направила. ЦЦЦ што човек ке беше тој т.н дечко. :puke:
     
    На S.J.Parker и tessie им се допаѓа ова.
  7. teduvce

    teduvce Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Problemot e vo toa sto ti samata ne sfakas zasto ti raskina. Sfati go problemot. Ne e poradi lajk tuku mnogu poveke. Kako ke ima doverba koga isti greski povtruvas poveke pati. Ti si raskinala 9 godisna vrska poradi nego, zasto da ne se sluci povtorno zaradi nekoj drug. Kako ke ima doverba koga samata ne mu ja davas. Ne go baraj, ostavi go nekoe vreme. Daj mu prostor da razmisli, da mu nedostigas, ako te saka sigurno ke te bara. I uci od greskite, potoa ke ti stane navika.
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Зашто да деактивира фејсбук кога е фејсбукот средство за комуникација, дали ќе го користиме за флерт или за работа е сепак индивидуална работа.

    Девојката згрешила најмалку три пати и сите три пати можела лесно да се извади со реченицата дека има дечко, од страна делува дека сака ама не одма, скоро секој би помислил дека нешто не е во ред.

    Тоа што они очигледно си имале проблеми и пред и после тоа па ова му дошло како добар изговор не го менува фактот дека сама се наместила и му дала супер причина да и направи проблем (односно да и раскине) :).
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Друго мене ме интересира. Што кадар сте ти и момакот да го странска фирма вработи и него само за Ти да отидеш на таа работа. Се за љубов? Нешто професионални атентатори? Со тие повреди и лежења по болници тој во болница лежел, ти во болница лежела :?:
     
    На crimson, makedonkamak, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Срцка тој тоа го чекал. Верувај ми. Не се замарај.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека тој остана на работата што всушност ја добил само поради тебе? И дека не дошол со тебе кога си праела операција? Очигледно е дека на дечкото му се погоди кец на десетка она твое допишување,ем се отарасил,ем ти крива.
    А за крива,крива си.Како може на некој што те прашува за состанок,да не му кажеш дека имаш дечко,мене навистина не ми е јасно? :^) Очигледно ти си се осеќала во open relationship,твојон далеку,па ајде да чувам резерва.
    За лајкови,и јас сум ставала на некои,ама само на другари,а не на некои што од видување ги познаваш.
    Како и да е,не го барај дечко ти повеќе.Ако му значиш нешто ,ќе те побара.
     
    На S.J.Parker и tessie им се допаѓа ова.
  12. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Најдобро би било да го научиш зборот НЕ! Ама има разлика од НЕ и не. Ако на некој, јасно му дадеш до знаење дека не те интересира, нема никогаш повеќе да ти пиши или да ти се јавува. Ама штом види некој дека не си одлучна, ќе пробува и ќе пробува и на крај ќе му успее да те убеди да излезете. Нема врска што имаш ти меко срце, то е то, мораш да кажиш не на некои работи. Зошто инаку влегуваш во врска, нормално е дека нема да е се исто и не треба да правиш се исто како да си сингл. И мојата бивша така, за грев кутрата, меко срце, ова она....на крај ми го тресна од глава "сакам со други".

    И како што ти рекоа другите, ти како би постапила на негово место? И да не ти раскинел, губиш доверба со тоа, како мислиш понатаму да ја градиш врската ако правиш вакви глупости? Ти можеби го сакаш него, ама не го сакај само со зборови, докажи му. И јас со зборови сите ве сакам, срцки сте
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Да знам дека згрешив и тоа многу, и јас не верувам во неговите постапки ама се трудам и покрај сите работи што ми нагласуваат да не му верувам сега кога е таму, јас пак му верувам, му звонам во соба, не се јавува, мене ми кажува дека спиел и ок јас прифаќам дека спие. Вчера ми пишува една што работеше со нас као демек што се случило дечко ми и кажал, извини како успеа она во рок од 5 минути да дознае се и буквално да ги знае деталите. Хмм или можеби е со неа па ова му е само изговор. Инаку она беше таа што ми кажа да се оттргнам од него вчера, ми вика : Јас го разбирам него, ти имаш друштво таму еден куп машки околу и имаш живот, а он тука не. Најдобро е да се оттргниш од него. Хмм, искрено незнам што да кажам, го барам цела дена али го снема, исчезна во дупка :( ;( Почнувам да мислам дека она е причината за ова, зошто пред да се деси ова ми рече дечко ми мислам дека оваа врска ќе трае најмногу уште две недели, а немаше никаква причина за тоа, све си беше ок :( Незнам што да мислам, што да правам, ништо не сум јадела денес и вчера, само плачам и се нервирам, ќе побудалам без него ;(
     
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Нема да побудалиш без него, ќе побудалиш ако продолжиш така да размислуваш. Значи ако мислиш дека неможиш да му веруваш, раскини му ти, крај краева не е едниствен. И ти ако му прогледуваш низ прсти за се, тој ќе продолжи исто да си прави и ти и понатаму ќе се нервираш и така се додека не ти пукне филмот. Треба да има доверба во една врска, довербата е и поважна од љубов во една врска. Љубовта со тек на време избледува, не е се како на почеток, ама доверба, почит и разбирање е тоа што останува и тоа што ги задржува заедно партнерите кои одат подолго време, а не љубов.

    И јасно ми е дека не е се лесно, ама мораш да пробаш да размислуваш по позитивно или пак откачи го. Ќе ти биде за никаде некое време ама потоа можеби ќе си најдеш некој на кој ќе можеш да му веруваш, а и тој тебе исто
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Да сум на твое место би му пишала подолг мејл во кој се би му објаснила, би му се извинила и би му пишала колку го сакам и колку ми фали и толку од мене, не би му звонела повеќе, не би му праќала пораки, не би ги контактирала луѓето околу него.

    Штетата е веќе направена, довербата е изгубена, особено е лошо што врската е на далечина и фантазијата и љубомората си го прават своето. Смири се и почекај да видиш што ќе се случува, топката е кај него. Можеби кога ќе се смири ќе те исконтактира, можеби ова навистина е крајот, како и да е, ти сега научи една многу важна лекција - кога некој рендом типац те вика да се видите, а ти си во врска, единствен одговор на таа покана треба да ти биде `Извини, имам дечко`.
     
    На senza.parole и Dvolicen им се допаѓа ова.
  16. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    18
    Му објаснив се но го снема, како да исчезна, како да го чекаше моментот за да се оттргни и да направи вакво нешто. Го сакам премногу само се молам да не е со друга и да биде пак по крај мене. Неможам да ви опишам колку ми треба да е до мене, по сите проблеми што ми се случуваат, по операцијата. Само го чекам моментот да дојде до мене, да ме гушне, да ме бакне, да ми каже колку му недостигам. Ама по се што ми кажа, сето ова ќе ми остане само сон, зошто замина од мене засекогаш, а јас неможам да се помирам со тоа, премногу го сакам за да можам без него :( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  17. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Не знам колку години имаш, но ќе помине верувај. Мислам дека не те заслужува тој кретен. И, не е вреден за твоите солзи и страдања. Тој само барал погоден момент за да ти раскине, не знаел како е да се биде човек. Не можел да бидед човек и како што долекува да ти каже искрено дека не сака да биде со тебе. Ти се чудам на паметот искрено, ајде остај го во минатото. Таа машка бараба не ти треба. Освести се, те замолувам.
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Прво насловов на темава е многу погрешен.
    Кога го прочитав си помислев wtf, сигурно се работи за некои дечишта од 13- 14 години и не се заинтересирав за темава.
    Ама сеа ја исчитав цела тема, и заклучокот е дека конкретно за ситуацијава си ти самата крива. реакцијава на дечково е оправдана.

    Се ставам на негово место и искрено исто и јас би изреагирала. Е сеа треба самата да знаеш каков карактер има дечко ти. Дали му е ова само лутина, па да почекаш неколку дена да се смири ситуацијата, значи без да го замараш пишуваш и јавуваш, остави го да се смири, да олади малку па дури потоа разговарај на смирен начин.

    Тоа за деактивирање профили на фб не знам што, не се согласувам. Уште сега ако така се поставиш после верувај ке наоѓа начин да го добие тоа што го сака.
    А дали ке почне врска веднаш одкако раскинавте, на прашањето само ти си имаш одговор. Не знаеме за каков карактер на дечко станува збор. Заклучоци можеме илјада да донесеме ама на основа на она што ти ќе ни го кажеш. Зборот ми е , за да ти даде некој рационален совет треба да ги слушне двете страни.

    Можеби дечко ти е љут и му треба време работите да легнат, може сака со ова однесување да ти покаже дека не можеш да си играш како што сакаш без да има последици. Можеби мисли дека ако сега ти попушти после ќе можеш да правиш што сакаш.
    А и колку што те читам врската не ви започнала баш најдобро, односно уште на почетокот сте имале проблеми околу довербата.
    А според ова што си го пишала можеби и само те искористил за да ја добие работата па сега ова твоевео му е одлична прилика да те реши, плус он да излезе жртвата.

    Ти самата треба да процениш. Како и да е, мој совет е да престанеш неколку дена секаква комуникација со него. Остави го да диши малку, да му недостигаш. Потоа разговарајте. Вака он наљутен ти го напнуваш и он уште толку води инат и одбегнува комуникација со тебе.
     
  19. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Вака според мене и ти не си била во право,требало јасно да му кажеш на тој НЕ.Дечко ти можеби тоа го погодило и сега е лут,машките потешко се одлутуваат,но сепак немој да го молиш и да го бараш,тој ако те сака ќе те побара,ето си се извинила,не вреди поради мала несакана грешка да си ја расипе врската.Ако не те побара,значи само си барал причина.Со среќа
     
  20. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.297
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да се смириш малку и да си дојдеш на себеси. И најпаметно е да не го бараш :!: Факт е дека
    си можела поинаку да изгрегираш но Боже мој.
    На крај краева ете си згрешила, секако дека си можела пооштро да реагираш и да го пресечеш тој муабет уште во старт но не е крај на светот ниту пропаст. И во моментот кога он не дошол да те види во болница и си одлучил да си остане таму (тоа си е негово право нормално, негов живот) требало самата да си сватиш дека вашето не го бива.
    Не си направила толку страшна грешка за до тој степен да се понижуваш. Престани да му се јавуваш и почни да го игнорираш. Згреши, прва се извини, проба да му објасниш, му се јави повеќе пати и крај. Ако му значиш ќе те побара сам. И уште еден совет не комуницирај некое време ни со тие околу него. Непотребно се повредуваш уште повеќе , него му даваш до знаење дека сакаш да трчаш по него до бескрај и на крај се нервираш кој што кажал и кој како ја сватил вашата ситуација.
    Сигурна сум дека не ти е лесно но веќе бидна и не можеш да промениш или да смениш што си направила само да гледаш напред.
    Поздрав и секое добро

    И уште нешто што ми боде очи, а тоа не е 1 лајк и 4 коментари и што мислам дека треба да си го поставиш како прашање е што би направила ти ако тој имаше повреда и мораше да се враќа назад.Дали би останала таму или би се вратила со него? Ова да си го одговориш сама на себе не тука на форум и вашата врска да пробаш да ја гледаш од ваков аспект. Само размисли за да видиш до кој степен ти си спремна да направиш нешто за него, а до кој степен е он спремен. Да пробаш да размислиш малку поубаво и искрено да си одговориш дали и тој како тебе има ист поглед и размислувања за вашата врска.
    Ова не значи да му префрлаш зашто не се вратил во МК секој човек си има право на свој избор и ако он самиот си осетил дека тоа е најправилна одлука за него тогаш тоа е негово право туку ти да се запрашаш дали навистина му значиш толку на него или ова му е само изговор да прекинете.
     
    На eloves и tessie им се допаѓа ова.