па ваka имам 14 години,и имам врска 2 месеци скоро ... пред да се фатиме имавме слободна врска 1 година ! ама сега имаме проблем и тоа поради мене ! има едно друго момче што бех со него 7 месеци и сега е пак тука и незнам ... се чуствувам како да ги сакам и двујцата ... не знам што треба да напрам , што е точно а што не !!! со тој што бев 7 месеци е блиску тука а другиот е далеку (не мн) ... незнам што да правам !! P.S. Постојано ми кажуваат и 2 дека ме сакаат !!! Ве молам помогнете ми.......БЛАГОДАРАМ ОД НАПРЕД
Љубовни проблеми !! Па вака, мојот најдобронамерен совет девојче е ниту еден од нив. Зошто? Имаш само 14 години, значи си 8мо одделение. Не сакам да осудувам и да навредувам, па затоа нема да чепкам во твојата едногодишна слободна врска (значи си имала само 13 години). Колку сака нека е развиено и напредно нашето општество - ти си уште многу мала. Мислиш дека си вљубена, можеби и си, да не те разочарувам, ама ќе ти кажам од старт дека дури и да одбереш некој од нив двајца за дечко, нема да завршиш со ниту еден од нив. Прашај ги девојките кои имале демек сериозни врски и дечковци на 13,14,15 години колку од нив се се' уште заедно. Јас ти гарантирам ниту една. Не знам каде се брзаш, навистина си мала, уживај си во животот и детството, наместо да дозволиш да ти лепат секакви етикети уште на 14 години. Поработи си на речникот, зашто видов многу грешки во пишувањето, дружи си се до врсници, излегувај, живеј си го животот и прочитај си некоја книга, за ова другото имаш време и тогаш ќе си кинеш живци. Поздрав
Љубовни проблеми !! па вака.. сепак фала . 1 год сум ама нмвз тоа. не оти сум заљуена само ... не сакам озбилна врска уште сега ама не сакам и со двајцата да сум ! незнам и јас што навистина сакам a shto ne!
Љубовни проблеми !! Јас мислам дека доби убав совет од Трендафилка. Сеуште си мала да зборуваш за вљубување и верувај дека кој и да одбереш, за неколку години ќе се смееш самата на себе кога ќе се потсетиш на ова. Но, дека сега не размислуваш така, најдобро би било да се обидеш да ги послушаш нашите совети и да не избрзуваш уште сега со дечковци и т.н. слободни врски . Има време и за тоа, сега ти се доволни само симпатии и другарки. .
Љубовни проблеми !! можеби да сте во право .. сега сакам да раскинам со дечко ми .. ама незнам како да му кажам, нема да можам да му кажам !!!
Љубовни проблеми !! Секако дека можеш. Кажи му дека не се чувствуваш спремна за врска, најубаво е да си бидеш искрена. Само храбро!
Љубовни проблеми !! Кога ке си со него, АКО сакаш да му раскинеш а АКО немаш сили,помисли си само колку МНОГУ полесно ке ти биде кога ќе знаеш дека веќе нема да сте заедно ...мислам дека така полесно ќе ти биде,кога ке размислиш малку дека одпосле ке ти биде многу полесно на тебе
Љубовни проблеми !! nemozam sakam sega da mu kazam deka sakam da prestaneme..ama sepak on e daleku sega!! da mu napisham sms na tel neznam shto da napravam !
Љубовни проблеми !! Лелее, љубовни проблеми уште на 14 години?! Слободна врска од една година со еден, сега дошол и некој друг со кој си била 7 месеци во врска, па кого да се избере... Зошто бе деца со сила се правите повозрасни, стварно не можам да разберам! Не знам зошто се преоптоварувате со работи кои не се складни на вашата возраст. Имаш време за љубовни проблеми - не се секирај, не ти бегаат. Сега уживај во најубавиот период кој ти претстои и создавај другарства - а не слободни или неслободни врски.
Љубовни проблеми !! Оф бе душичееее... она проблем имала.. Ќе идеш и кќе им кажеш и на двајцата, не ве сакам, мала сум. Се гледаме за некоја годинка. И ќе одиш дома и ќе седнеш да учиш и за некоја годинка против твоја воља ќе имаш вакви проблеми..а не по избор
Јас наминав само да ти кажам Среќна Нова година,оти искрено твојот голем "проблем" е смешен,како и твојот правопис. Кога јас имав 14 год. тоа што ќе поседев до 22.00 часот пред зграда со другарките грицкајќи сончоглед и раскажувајќи им како симпатијата ме погледнал во ходник,за мене беше премија и поим за вечерно излегување.Слободните врски не знаев да ги дефинирам....а па и не беше тоа баш толку одамна. Како најголем успех за мене проценував дека е тоа што класната ме пофалила пред одд.дека сум најдобра. Додека го читаш ова,најверојатно се смееш и ме замислуваш како некоја бубалица со протези и очила,како дреме над книгата,епа ќе те разочарам бубалица не бев,само бев примерна,воспитана и со сосем поинакви сфаќања од твоите.Имав другарки,се дружев и бев среќна и до ден ден денес сум,оти сепак постигнав и нешто друго во животот освен замарање дали ме сака некој или не. Животот е пред тебе,искористи ги шансите што ти ги нуди,време има за се...ама кога ќе дојде вистинското време за вистинските нешта.Толку!
Ова и не е толку да кажам погрешно со денешниве деца. Вчера отворив Гламстик, прво се смеев ко недоветна, после си викав "Зошто Боже овие го дишат истиот воздух што го дишам јас "
А тие се твои врсници и сигурно не знаат што значи да се сака, а сигурна сум дека ни ти не знаеш. Едно е заљубеност, друго е љубов. Живеј си го животот без нервози и дополнителни проблеми, има време. Само немој не сечи вени и артерии.
Не делам совети,ама ќе се насмеам! Кога имав 14 години,се тепавме за петки,а тие што ги занимаа дечковци,па уште со слободни врски,па уште со паралелни врски,да скратам,оние на кои љубовните проблеми уште тогаш им беа на прво место,им мававме една етикета (колку и да е ограничено,ама на 14 годишник тоа е светот) што и ден-денес ги прати и ги знаеме ко такви! А за воља на вистината и не добуткаа многу во животот,некои од нив се омажија уште пред да завршат средно.
Чекај бре да ми текнe што правев јас на 14? Хм, ах да се лапав! Слободна врска не знаев што е, за мене беше бинго да ме качи на гидан и повози со БМХ-от околу зграда. Де бре девојче, не се замарај уште од сега со вакви проблеми. Каква слободна врска, какви бакрачи? Уствари дај и јас да се насмеам. Се сеќавам дека кога имав 19, кога беше популарен мИРЦот имав еден одлепен другар кој се закачаше со сите и им правеше муабет. Да, признавам, детски и глупаво, ама забавно во секој случај! И ми пастираше дел од муабетот со некоја 13 годишна клинка. Девојчево беше во депресија затоа што дечкото кој и се допаѓа и го дрпнала некоја друга. Оприлика вака идеше муабетот. Таа: Ми го презема таа од 2Б! Курва! Другар ми: Како бе курва? Зашто? Таа: Па се лапа со двајца наизменично, скришно во веце. Денес со еден, утре со симпатијата мој. Така да немој да се закачаш девојче со двајца наеднаш и пред се не му ја мозгај уште од сега. Тек после што ќе правиш?! А верувај уште многу проблеми и проблемчиња те чекаат. Не се зезам. Слушај тетки ко мене што ти викаат
Можеби сега случувањата во твојот живот ти се интересни, но за некоја година ќе се покаеш што пребрзо си пораснала На 14 години бев амбициозно девојче кое се занимаваше со спорт, сериозно размислував во кое средно училиште да се запишам и се радував кога симпатијата ќе ми кажеше здраво . Отворена врска не знаев што значи. Што ќе ти остане како спомен од детството?? Долгометражните отворени врски со момчињава??? Мој совет ти е да излезеш од овие врски и да почнеш да живееш и да се забавуваш со другарките
Тодора, дали одлучи нешто? Со кој дечко остана конечно или сеуште немаш одлучено, јас би ти рекла да ги одбиеш и двајцата па после некое време фати си некој трет и биди стабилна во врската...ајде среќа