1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се заканува!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од macuska23, 28 март 2013.

  1. macuska23

    macuska23 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Женски, помош .. дајте ми некој совет. Дечкото ми се заканува дека ќе ме отепа, претерано е агресивен и стварно не знам што да направам повеќе. Значи да имаше некоја причина, ај како ми како, ама стварно нема никаква причина, немам погледнато во друго машко, а камоли да направам нешто! Не е возможно олкав психопат да е направен .. ве молам кажете што да направам стварно немам никаков излез, за без врска ми се заканува а немам лице на домашните да му кажам. Се ми иди на ум да направам .. совет? :/
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Совет кажување на домашните и правец во полиција да го пријавите.
    Вакви работи мора да се сфаќаат сериозно!

    Колку време сте заедно, како дојде до ова?
    Твоите знаат ли за вашата врска?
    Мораш да бидеш силна и да му се спротивставиш, таквите ги храни стравот на послабите од нив, мораш да му покажеш сила, дека си одлучна дека е крај и да го пријавиш во полиција.
    Само така ќе го решиш проблемот трајно.
     
  3. macuska23

    macuska23 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Одиме 8 месеци, и неколку дена, ама стварно ова е претеризам, бев толку сигурна дека ме сака најмногу, а и тој докажуваше дека многу ме сака на многу начини, ама сепак љубомората убива, иако ништо немав направено, на друго машко немав ни помислено.Да родителите знаат за нашата врска, и ми ја оправдуваат. Многу се нервирам оти упорно тврди дека ќе ми наштети, и толку арогантно се понаша што стварно не знам што да мислам, дали тоа го прави од инает или не... Сакам некако одоколу да го потсетам на се што сме поминале, и да се свести, имаш некаква идеја ?
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    А ти демек се` уште сакаш да си со него па треба да го потсетиш на убавите моменти? :^)
    Зошто?
    Затоа што ти беше прв па сега си мислиш што ќе се случи ако го оставиш, можам да замислам што се ти ја има наполнето главата. Само знај дека тоа што ти го кажал не е така, и што порано се откачиш од ваков психопат, тоа подобро за тебе.
    Колку повеќе одложуваш и се потсетуваш на “убавите моменти“ толку потешко ќе можеш да прекинеш, а заканите нема да бидат само закани.

    Штом знаат твоите ќе им кажеш убаво што и како ти се дешава во врската и татко ти нека му даде до знаење дека никој не смее да се понаша така со неговата ќерка.
    Ако пак продолжи, тогаш следува пријавата во полиција.

    Освен ова, друго решение нема за ваквите особи, тоа се неспособњаци и слабаци кои кога ќе осетат некој поранлив од нив тогаш врз него ги лечат сите нивни наталожени фрустрации, така што- бегај додека е уште рано, ова ти го кажувам најдобронамерно.

    Те молам поштеди ме од постови како до сега не бил таков, како те сакал, бил внимателен и вашата љубов била единствена и посебна, затоа што сигурна сум дека не е таков.
    Ти ги видов и другите постови, и гледам каков ви е и сексот- ти си во постојан стрес да не останеш бремена, па дури типот се дрзнал и да сврши во тебе па после си морала да пиеш Норлево.
    Знам дека ти е прв по тоа што го прочитав и си мислиш дека така е нормално, дека тој знае што прави и имаш доверба во него, ама биди сигурна дека типот нема појма и не се грижи за тебе и твоето сексуално здравје и иднина.
    Ако се грижеше немаше да сврши во тебе, нели?

    Зарем не мислиш дека ова се премногу работи кои ти ја мачат психата?
    Реши се од оваа гнида.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.284
    Пол:
    Женски
    се согласувам.мораш да бидеш решителна и да ставиш крај!гледаш дека е насилен и пак не ти иде паметот,или мислиш љубомората е силен доказ дека тој те сака :fubar: ?веднаш кажи на твоите родители и ако тој продолжи да те вознемирува,пријави во полиција.или очекуваш да ти кажеме некој магичен трик,или ќе ти излеземе во пресрет со некоја фикс,,идеја,,?
    аман ве молам девојки,лесно е да се најде дечко што ќе ти глуми се и сешто,не паѓајте на такви идиоти,милион пати сум истакнала дека изгледа женските сами сакаат да бидат газени.
    жими се,не сфаќам..... :?:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    изгледа женските сами сакаат да бидат газени.И јас се чудам ама така е,не ме чуди што се повеке момци сакаат да бида бедбој само поради ова девојките да им се плашат,секоја ви чест девојки,и треба да бидат тепани и малтретирани таквите девојки за да сватат колку се глупи што трчаат по такви момци.
    Поздрав пријателке :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.284
    Пол:
    Женски
    така е Vitomir,треба да се свестат таквите девојки,ама џабе ние тука даваме совети,утре некоја од дотичните на оваа тема ќе пише:помош,ме малтретира дечкото или сопругот,совет,мислење :?: .
    е тука е иронијата,мислат љубов е да им летаат пеперутки низ стомак,па со малце повеќе доза љубомора=фатална љубов |( .
    поздрав и до тебе пријателе :hai:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Сонце, прво и основно, не се плаши. Тој греши во ситуацијава, не ти и тој е тој кој треба да се плаши. Треба да се плашиш само од фактот што сакаш да останеш со него и да се обидеш да поправиш нешто одамна скршено, да смениш табиет, а тоа тешко... a поголеми шанси има да му се врати филмот за се` што сте доживеале откако ќе види дека си го преболела, дека си оздравела од него и дека со широко раширени раце повторно му се фрлаш в прегратки на убавиот живот. Тогаш обично им текнува што загубиле. Но, со разликата што ти препорачувам да не му се вратиш.

    Разговарај со родителите, објасни им се` убаво дека на почеток не бил таков и снимај го следниот пат кога ќе ти се заканува и тап пријави го да не знае кај да се сврти. Во една врска вложуваме многу и кога од тој влог ќе добиеме неколку убави моменти, некогаш немаме храбост и посилна одлучност еднаш засекогаш да пресечеме и тие моменти ни` се изговорот кој не` држи во тој затвор (затоа што ова веќе ги изгубило сите убави компоненти на една врска).

    Не ти треба такво (ај да не речам што) што си мисли дека е фраер и се заканува на послаб од него (на женско). Ти треба бре маж кој силата ќе ја користи да те заштитува а не да ти се заканува, кој ќе те гледа како цвет, кој ќе направи да се чувствуваш најубава и најсреќна. Секоја жена којашто решила да сака го заслужува тоа. И не, не ги има таквите машки само на филмовите, ги има и во реалноста, само треба да научиш да ги препознаеш.