Фминки помош ! Во врската ми се меша една девојка веќе подолго време. Незнам дали да и кажам дека знам што планира или да барам поинаков начин . ( се работи за подолга врска )
Мешање во врска А дечко ти како реагира на тоа?и се свиѓа ли дечко ти?бивша? Доколку се работи за некоја на која и се свиѓа, тој треба да и даде до знаење дека не треба да се меша и нема да го прави тоа,а ако го дозволува тоа во него е проблемот.позз
Пријателка Ви е?Ако не ви е ништо не ми обрнувајте внимание,ке виде ке невиди со тек на времето ке се тргна:јас така мислам,можеби грешам.
Извини вака, бараш помош а само нафрлаш информации...кажи нешто поконкретно...како се меша, што прави, зборува, трачари, шири дезинформации, му се удвара...што..има милион начини на мешање во врска... Друго која е та личност...не е бивша, не е пријателка, па која е?...мајка, тетка, стрина, вујна... Зборовите со клешти ли да ти ги извлечеме
Која и да е девојката што се меша, ако дечко ти е имун на нејзините провокации, тогаш нема место за паника.Едноставно не и свртувајте внимание и таа ќе се повлече.Најтешко човек се чувствува кога ќе го стават на игнор. Меѓутоа и ти недефинирано го поставуваш проблемот, многу малку кажуваш, за да било кој од нас ти даде мислење.
se pocna na fb, prvin pocna prijatelski da pisuva so decko mi, potoa pocna da se opusta vo pisuvanjeto kao da se vidime ce se slusnime tuka reagirashe decko mi i mi kaza se so se slucuva, potoa pocna da me add site nejzini drugarki , postojano mi dzvoni so prikrijan br. i posle slushnavme deka shiri glasini kao si pishuvala so decko mi i cekala moment koga toj ke ja pobaral
Е ај глупости писувала на фб па има опција да се избрисе таа пријателка или дечко ти несака па си ја чува,ке зборела,ма сто сака нека збори кој губи има право да јаде г*мна,такви мивки не ми се проблем.Проблем ке биде ако тој пристанува дава водички или несто друго а ти си ми усте почудна сто се нервирас а велис дечко ти ти казал за неа и дека несака да комуницира и се.Немозам да разберам кај е тука проблемот,извини ама не си ми јасна.Откачи таму не и обрнувај внимание и не показувај дека се нервирас или па преиспитај ја малку ситуацијава така без причини да навалува па и да збори незнам не го прасувај дечко ти неговото мислење веке го знаес,превземи си ја контролата и најди начин преиспитај сто толку си писуваат,јас да сум на твое место не би писувала тука на форумот туку ке најдам начин и ке ја разоткријам до детал кога веке си го сфатила тоа како проблем.гуд лак
Овој проблем ме потсети на бившата девојка на дечкото на братучетка ми.Кога таа почна да им се меша братучетката буквално ја отера у три лепе...Девојко,објасни и на малата со убаво да не се меша кај што не и местот,ако продолжи така превземи мерки,зошто сепак мислам дека тоа не треба да се игнорира.Го зборувам од лично искуство.А се прашувам зошто дечко ти не ја избришал до сега зар ја чува за резерва типот?Разговарај и пак со него на темава.Кажи му дека сметаш дека е претерано нејзиното однесување и дека мора да стави и тој крај на сите тие нејзини глупости.А и убаво некој ти даде идеја да го избришате и двајцата фејсбукот. Незнам што е со лугево денес.Уживаат да се мешат во туг живот,во туга врска.Изгледа имаат здодевен живот па ај решиле да замрсуваат туги сметки
прво нека ја избрише твојот дечко а второ кога ке ја сретнеш кажи и две три лепи речи да си дојде памет,ако не и дојде викај ме мене јас сум лек за таквите кога ке ја отворам устава ке заборави кој сте вие...од патики ме вадат такви кучки ...
Немора да си ги бришете профилите на фб-едноставно избришете ја и блокирајте ја и не се замарај веќе со неа Незнам ни зошто и враќате на провокациите - игнорирајте ја
Колку ме нервира тој ФБ веќе! Среќа со мојов воопшто не му придаваме важност на тој мутав сајт па и двајцата едвај два пати месечно дали се уклучуваме, ама секоја, да не речам, трета врска што ја знам западнала во криза или се раскинала токму поради тоа глупо чудо до кое секоја психички лабилна и искомплексирана персона има пристап. Ти најубаво да ја отераш таа кај што и` е местото. Се` што ти лежи на срце, се` кажи си. Кога ке ти пушта сигнали, „изгори“ ја, одговори на повикот и ќути, нека и` оди сметката. И кога веќе тој ФБ ви игра некоја улога во врската, не ги прифаќај нејзините другарки, блокирајте ја и двајцата да не може да ви пишува, или темпорарно деактивирајте ги профилите. А богами и тој дечко ти треба да преземе нешто. Кога веќе нему му пишува, тој треба јасно да и даде до знаење дека не го интересира и не сака ништо со неа да има, ама нему очигледно му годи тоа, му го подига егото. Не знам, сериозен разговор со дечко ти, типката почасти ја патувење во еден правец до Пиринска со другарките, и тоа е тоа. Good luck!
Истепај ја Нема друго чаре Отиди и и речи и: Шо е мури, шо сакаш ти од дечко ми? Сакаш ли да ти сменам личен опис? И потплукнувај додека го зборуваш тоа, за да знае дека си бесна
Значи некои луѓе живеат за да прават интриги и сплетки.Нив најмногу ги мразам.Не се секирај и мене ми се случувало тоа.Па дури и ми се закануваа ќе видиш ти,вака така онака.И јас се нервирав.Ми вика братучед ми што бе ајде нека ти звонат(притоа повикот беше ако те видам сега ќе те убијам) ќе одиме ќе поминеме и ај ќе видам што ќе ти стори.ама нема да помисли уште еднаш да заѕвони оти нема да излези од болница.Ама јас престанав да обрнувам внимание,повеќе не кревав на повиците со скриен број и си престана(откако добро ги средив).Уствари не престана ПРЕСТАНАА.Беа повеќе.А знаете што беше најтрагично?На дечко ми не му ѕвонеа туку само мене ми се закануваа.Тераа и некое машко да ми се јавува после ѕвонеа тие па ми изведуваа на телефон нешто од типот ЛИЛААА КАКО СИ ЛИЛАААА ПОЗДРАВИ ГО ДЕЧКО ТИ ТОЈ ВЕЧЕР ЌЕ ИЗЛЕЗЕ СО МЕНЕ .Ама заборавија дека јас уствари знам кои се ама и јас сум паметна бе и еднаш се сретнав со една од тие како си срце што си правиш ми вели (коза-ми идеше да ја искубам ама се воздржав)па им реков некој ми звони им кажав за ситуацијава и им реков ќе ги пријавам па ќе се почастам еден одмор.Типкава ми прави фаца како може така.Сигурно е грешка.И да видиш како престанаа..Ако не ич да не ти е гајле.Пријави ја.Тужи ја за мобинг .Ќе ти излезе одморот.
Кажи му на дечко ти да и рече да се сретнат...ииии оди и ти.AMAAA не се покажувај таа да те види отпрвин(ако има кола дечко ти скриј се на задно седиште а ако не нека се сретнат на некое место кај што можеш да се скриеш а да не те види).Нека ја праша дечко ти што сака од него итн.....и ти после излези и поткачи ја да знае кај и е местото. п.с.Делува ова верувај ми ке пукне од страв и срам(од мое искуство ти го кажувам)
и јас ти го давам овој совет (само без потплукнувањето ) Од таквите мивки -црвеносолки ми се гади.А и дечко ти потпраши го онака у стил кој ја е.. оваа,што се вртка околу тебе,има причина или не?