па ок, сега остави-ако сака ќе те побара, ако не сака-нема да те побара сепак си млад, имаш време пред тебе ти најбитно си го направил првиот чекор, си и дал до знаење, си и оставил број без лутење, што си запнал толку за таа банкарката??
Еј ти се препотуваше да и оставиш еден број, место тоа мислеше побогу фејсбук профилот да и го оставиш.. а шо ако е таа срамежливка и нема храброст да те побара а? што правиме? ќе си останете недоразјаснети и двајцата Зашто едноставно не се жртвуваше ко младо јагненце пред неа , во време кога име паузата да и појдеш и да и одглумиш лудило за заеднички доручек. Ако те одбие фино де, ќе си почнеш во друго претставништво на банкава да си одиш ама ако прифати а
А зошто директно не ја прашаш дали сака да излезете на кафе? Туку цело време од околу, преку ливчиња Ако се плашиш дека нема да сака да се видите, стварно нема да се видите праша ја, не анализирај што,како,зошто
Да мн. е лесно, знаеш ти текнува на оној дечкото што ти се свиѓаше многу...епа не анализирај бе, ту што си и ти, само иди и прашај едноставно е!!!
Едноставно е, само комплицираш ништо друго.Би требало да си директен,отворено да разговараш, храброст малце, зошто колку повеќе мислиш дали ќе те одбие или не, толку полошо.Треба некогаш да се ризикува, ние овде те советуваме, но ти треба да си одлучиш што ќе правиш
Што толку аман. Ако те одбие те одбие, големото мити чудо.. ау! Со чекање на страна и собирање страв у коски ништо. Затоа ти сакаше работава на фејсбук да се аднете па дознај ако не како се вика и презива, ако ти е таму полесно да ја зазборуваш додај ја ти де, помалку страшно ако ти е.. направи така. Мада ја би „живава“ варијанта. муабет прост и обичен, сам од себе тече... како што таа има задник да почне да те распрашува како си итн. така треба и ти.
Океј, не е лесно стварно. Прво, срамно е, после и као демек страшно е, страв од одбивање, али ни прв ни последен одбиен, ни прва ни последна женска у свет, живот иде даље. Многу ми е слатка причава и ако успее ова, стварно ќе ми биде драго ептен, али шансите некако минимални ми се. Не би сакала да те демотивирам или слично, ама некако и ти слабо ми превземаш иницијатива и слабо си упорен, абре ако ти се свиѓа толку иди, директен пристап, па не сте деца мајко му стара, имаш од 19-22 год , а она чим е постара сигурно не сака толку несигурни типови. И така, е сеа главното шо сакав да го кажам, а не стигнав од волку дрндање е: ИДИ И ДАЈ И БРОЈ БЕ ДЕЧКО, КАКОВ ФБ КАКВИ БАКРАЧИ, ТОА НА МОЈА ВОЗРАСТ ВЕЌЕ НЕ СЕ ДАВА, А НЕ ПА НА ТВОЈА, ПРАШАЈ ЈА ДАЛИ Е СЛОБОДНА ЗА КАФЕ НЕКОЈ ДЕН ПОСЛЕ РАБОТА (а можеш и да отидеш пред да затвори банката некоја минутка па да ја прашаш ова, посигурно ми е некако) и не чекај веќе, дејствувај побогу. Одбери си некаков начин, напрај план у тиквата и иди дејствувај. Ти вишувам среќа, па ако успее работава очекуваме да отвориш жиро сметка на име на фемина со 100 евра акнати на име на Анатх као извињење за големиве букви, жими матер не се дерев
А колкава е банкарката ако не е тајна? Мене ми се чини дека е бајаги поголемка од тебе, па затоа ти фуфка. . Како и да е, ако сте во нормална разлика (не однос мајка-син), тогаш ич да не му ја мислиш, на следното одење прашај ја директно дали сака да излезете на кафе, без броеви, фејсбуци и слични тракатанци. Чиста сметка-долга љубов (ова ем и банкарски звучи).
Интересна ми е причава! у секој случај тоа со фејсбуците мене ме нервира веќе..ако ти е незгодно така директно да истапиш со прашање можеш како што те посоветуваа погоре да дознаеш некако каде излегува што ја интересира,па така "случајно" да се сретнете и да свртиш некој обичен разговор..можеби си е таква девојката не сака да брза,сака да се дружи да те запознае..па да реши и да ти се јави и да го продлабочи познанството..ме поцети твојава прича на онаа со голманов наш Борко Ристовски у ракомет..истиот случај како кај тебе.На него му заврши среќно се надевам и на тебе ќе ти се посреќи!
мало момче не беше денес до в банка???, хехех, како не беше маркет, ќе имаше повеќе причини за одење легендарен ни стана овој ако може да го наречам ‘љубовен проблем‘. ако на се нашалиме малку