1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли да се развие хемија меѓу нас?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од TarantulaA, 15 јули 2011.

  1. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    20.853
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Се соочувам со една дилема..
    Веќе 2 месеца сум во врска со дечко,кој е многу внимателен и нежен со мене. Ми посветува многу внимание, секојдневно комуницираме. И имам чуство дека е заљубен до уши во мене.
    Епа, работата е тоа што,пред да тргнам со него, ми беше многу интересно целото тоа наше “ловење“ по кафиња, кино и слично.Но. во ниеден момент не ги почуствувам пеперутките и заљубеноста во срцето..А подоцна, можеби веќе по 2 недели од нашата врска, јас почнав да чуствувам дека ми е досаден. Си дадов време самата на себе дека можеби ќе се заљубам во него, дека можеби ете интересно било коа сме се бркале,па вака треба сега да е...Сум имала и други врски,и знам што значи да бидеш заљубен. Сега сум повозрасна и неочекувам пеперутки постојано..Ама, бар да ми заиграше срцето коа ќе го видев?! Не ми доаѓа ни да го гушнам,а камоли нешто повеќе.... :(
    Овој дечко ми е мил и драг, но мислам дека ова што го чуствувам за него се сведува на некоја си другарка љубов. Па нели баш на почетокот треба да е најслатко во врската, хемија да се чуствува???

    Мојата дилема е: што мислите вие девојки, зар може да се развие хемијата и да се заљубам во него?
    Како би постапиле вие? (Да напоменам,дека постојано смислувам нешто ново во овие 2 месеци за да направам романтика или некако да ја разгорам хемијата. Му имама напоменато за ова и нему,ама не му оди од рака,не би го сместила во групата на заводници)

    Поздрав до сите :hai:
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464

    Taрантула драга ако ти се точни годиниве а тие се 26 , ќе знаеш дека со сила убавина не бива ... :x
    Мил и драг не е исто што и некој за кој го САКАШ те привлекува , те окупира . Барем на почеток да си била како да кажам позагреана , најчесто викаат после се затрескуваш ама по ова што го читам ти НЕМАШ ПОИМА за детево . Изгледа џабе е :x . Чекај те привлекува ? Ама физички онака се смислуваш со него ? ! Тоа е најбитно , тргни сеа што тој бил мил и ваков и таков значи одговори си на прашањава...Не можеш да го држиш до себе зашто ти е мил ! Мили ми се и другарите ама не значи дека ме привлекуваат .

    Моја топла препорака расчисти со себе а и со него ова не фер спрема него ! :!: Расчисти зашто не ќе можеш уште долго вака да туркаш а со секој изминат ден се посложена ќе станува работава ...
    Ќе најдеш некој друг ... ;) не се мачи и себе и него :?:
     
  3. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    значи вендиии многу убаво ти напишала. Почетокот од врската е оној по кој сите мечтаиме кога ќе помини подолго време тогаш би требало да биде интересно да се радуваш и да бидеш среќна на секое ваше гледање , со цела душа да чекаш да се видите барем така беше со мене али секој човек сие башка карактер. јас да сум на твоето место не би можела да бидам со некој што не сакам да го гушнам и бакнам и да бидам интимна, едноставно со сила убавина не бидува. позз и се надевам дека це расчистиш самата со себе да видш најпрво шти ти сакаш и што чувствуваш.
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Тарантула мое мислење е дека хемијата неможе да се развие меѓу две личности, или ја има уште на прв поглед или ја нема. Не се создава, искрите прскаат уште на првото здраво и на првиот поглед.
    Сепат тоа е поразлично од сакањето, можеш да го сакаш и без да има хемија меѓу вас. Но според ова што го пиша ти не го сакаш, не си заљубена во него, нема хемија... ти го сакаш како другар мил и драг не е тоа тоа што би можело да одржи една врска, а поготово па ако и тој не се труди...
    Ако си во потрага по нешто посилно и поемотивно подобро прекини ја врскава за да си го најдеш оној со кого би го имала тоа што го сакаш.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Се согласувам со претходните постови ,ако нема хемија од сам почеток ,не очекувај ни да ја има понатаму .
    Тоа е нешто кое се чувствува уште на прв поглед ,со првата прегратка ,за тоа не се чека ...
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Хемијата треба да постои сама по себе, да ја почувствуваш неочекувано, непланирано.
    Со планови и на сила никогаш нема да успееш да ја постигнеш таа хемија.