1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Монотоност во врската..

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од diamonds.in.the.sky, 24 јануари 2013.

  1. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139

    Тоа е :| . Ајде можеби некоја Феминка поискусна ќе ни даде некоја идеа за да се промени тоа. А колку време сте заедно ? :)
     
    На rak1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    А да пробате да излагате со друшто, да си органзирате седенки со правење плачинки. Играјте друштвени игри. Идете за викенди некаде, ако ништо друго на пешање со друштво.
    Нас никогаш не ни е досадно, ама целосно ни е исполнето времето. Секој ден сме некаде со некого, после си одвојуваме некој час да бидеме сами.
    Дури почна и од негова струка да ме учи некои работи. Одиме по концерти, утакмици, хуманитарни акции. Пробуваме разни рецепти. Секогаш си наоѓаме што да правиме.
    Еве идеи, земете сложувалки од 1000 парчиња и почнете да сложувате, нема да ви се верува колку брзо ќе ви поминат 4 часа а нема ни 4-тина да имате наредено. Земете кибрит и моделирајте ја вашата куќа каква што би сакале да биде. Има многу работи, замо ви треба идеа.
     
  3. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    Заедно сме 2 години. Во врска сме 2 години а пред да се фатиме се гледавме 1 година исто ко да одевме. Тој доаѓаше кај мене, јас кај него и се тоа. Инаку сме пробале се. Играме шах, карти.. Интересно ни е додека играме и толку. Излегуваме и со друштва но некако сите се презафатени и поголемиот дел од времето сами мора да излегуваме. Веќе почнав да се чувствувам ко да сме 50 години во брак и да имаме се поминато. Ко да ни е скиснато од животот..
     
    На zaljubena18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    А зошто сте со некого ако со него ви е досадно? Каква е таа врска кога ви е досадно уште сега како дечко и девојка, а како ќе ви биде кога ќе почнете да живеете заедно? А па тек бракот кога ќе дојде.
    Не се мачете џабе, направете некоја промена, на крајот на краиштата дозволете си себеси некоја мала авантуричка и на тој начин ќе внесете нова енергија во врската.
     
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Знам дека убива монотонијата, мене ми се бери целокупно во Битолскиот живот. Исто па исто секој ден.
    А во врската мислам дека не би требало да ја има многу многу... Смисли нешто шо никогаш не би го напрајла... Нешто ризично, предизвикувачко и напрај го. Самиот адреналин си го прај своето... 8)
     
    На Osamena-Srna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Devilwomen

    Devilwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Монотоност, хммм, според мене не може да се јави монотоност ако си со некој кој стварно го сакаш и кој те прави среќна, над 10 години сум со истиот партнер и никогаш не ми било досадно со него, да не зборувам за првите години од врската цело време ни беше интересно заедно, не знам ни кога имало моменти да немаме што да разговараме. Кога барате стабилна врска вам ви треба првенствено другар, а потоа љубовник.
    Да си правите интересно со некои шетања пак според мене нема да биде некое решение, најдобрата опција за да ви биде поинтересно е да си оставите простор малку меѓу вас, излегувајте разделено, гледајте се пример на 3 дена, повеќе дружете се со другарките сигурно сте ги запоставиле, слушајте се на телефон еднаш во денот и да видите како после едвај ќе чекате да се видите. ..
    Уште нешто многу битно, сигурно нема доволно љубов ако ви здосадило уште првата година, подобро преминете на нова фаза и барајте некој друг. Замислете ако вам ви е сега досадно на почеток што потоа, пример цел живот со некој со кој ви е монотоно.
     
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659