1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот иден сопруг употребува марихуана

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од tocka, 24 јуни 2010.

  1. tocka

    tocka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Ве молам за совет!!!Со дечково идев 10 месеци ме побара за жена и прифатив инаку треба да се регистрираме во септември.Додека идев со него знаев дека кога бил тинејџер пушел многу марихуана инаку сега има 28г.Пред 4г.направил гадна сообраќајка и прекинал со пушењето ама не целосно,знаете 2 до 3 пати во месецот преку сила пушел по малку со другарите,а и јас бев присутна кога го правеше тоа.Ама за беља им кажав на моите,мене искрено не ми пречи тоа многу затоа што во денешно време има многу зависници.Дечково не е зависник,ама моите (поточно мајка ми) сега ми праваат тензии додека не биднала работава со документите да размислам што да правам.Јас го сакам него свесна сум за последиците и верувам дека може целосно да се откаже од пушењето.ПОМОГНЕТЕ МИ ВЕ МОЛАМ не сакам никој да биде повреден
     
  2. mila20

    mila20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Duso razmsli ubavo vremeto koe si go pominala e premnogu kratko za da bides sigurna deka toj samo pusi marihuana ... moj sovet e da ja odlozis registracijata i podobro da ja razgledas situacijata ... zosto tolku brzate za svadba ... pocekaj i dobro razmisli zatoa sto so nego ke bides cel zivot :*
     
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    58
    И јас мислам дека треба да размислиш што ќе правиш. Сепак бракот не е некоја шега, се земаш со некого за да останеш со него цел живот, а и дај боже да имаш деца со него. Е tocka размисли што ќе направиш, сигурно нема да ви цутат цвеќиња во бракот ако тој продолжи да ја употребува марихуаната. Ама сепак можеби и се сменил, сообраќајката можеби му ги отворила очите и се сменил, сепак ти си одела со него 10 месеци и ти треба да знаеш најдобро. Со среќа, се надевам дека правилно ќе решиш :inlove:
     
  4. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    23
    Јас не би брзала толку со регистрацијата.Прво еден здрав разговор.Сепак бракот е сериозна работа :fubar: А и не ми е јасно како можело тоа да не ти смета :o Мислам дека знаеш какви здраствени последици може да се одразат врз децата кога еден од родителите консумира дрога.За другите последици и да не зборувам се надевам дека си свесна.И ако веќе можел да прекине како што викаш тогаш зошто не стави крај еднаш засекогаш.А што ако продолжи и понатаму!?Сепак добро размисли дали навистина сакаш да го поминеш животот покрај таква личност.Ова е само мое мислење.Позз
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    491
    Уф... комплицирана ситуација. Десет месеци се многу краток период. Јас со дечко ми одам три ипол години, па сепак не го познавам најдобро сеуште и во секоја различна ситуација согледувам некоја негова карактерна особина. Бракот не е шега, со себе носи и основање на семејство во кое тој треба да биде столбот. Ако не е сериозен и одговорен, ако не може да се откаже од марихуаната, тогаш не би ти препорачала да брзаш. За брак има време, можеби најдобро би било да ја одложиш регистрацијата и убаво да размислиш, а да го замислиш и него дека поради дрогата може да те изгуби тебе. Само така ќе знаеш што е најдобро и дали те заслужува.
     
  6. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    42
    Размисли убаво ситуацијата не е баш едноставна. И плус бракот не е мала работа. Мислам дека треба да седнете и малку да поразговарате, затоа што ако не прекине да употребува марихуана и за време на бракот може да ви се уништи се само бракот туку и твојот и неговиот живот. Затоа убаво размисли што ке правиш. поздрав :*
     
  7. tocka

    tocka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Видете вака во тие 10 месеци јас скоро секој ден се гледав со него зашто сме од иста населба.Мислам дека до сега ме нема ништо излажано и уште во самиот старт кога тргнав со него ми ја кажа неговата ситуација затоа што и јас самата пристапив кон него отворено така почна и тој.До сега ми нема нешто преречено,не сме се карале или нешто слично,го почитува и го прави тоа што ќе го кажам.Сега не буквално се што ке му кажам тоа го прави не е толкав папучар,а и јас не сум некоја што наредува нешто да направи едноставно го почитува тоа што ќе го кажам.А 100% сум сигурна дека премногу ме сака
     
  8. pepapepita

    pepapepita Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    marihuana pusi sekoj vtor,se dodeka ne e nesto poseriozno ne si zemaj na srce..od iskustvo ti kazuvam toa ne e opasno znaci od iskustvo i ne se zamaraj a ako ispadne neso drugo onda razmisli si, se dodeka e samo travata uzivkaj si ;)
    [mod-kirilica:3jyzc1m6][/mod-kirilica:3jyzc1m6]