Муабети за брак по првиот состанок

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Erena, 11 декември 2012.

  1. Erena

    Erena Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Што мислите за овој разговор! Со дечкото сум веќе месец и пол, а тој уште од вториот состанок почна да зборува дека ќе бидеме во брак. Го сакам... но како за машко - ме изнеадува муабетов, постојано ми зборува дека ме сака, дека неговото срце е само мое и дека веќе приказната со други жени за него е завршена! Друго... да не ми доаѓаат лоши мисли за него, да му верувам, да не се сомневам во него, и така...
    Но вчера ми се виде како да ја „надгледува“ келнерката од кафичот, башка ги видов како им се сретнаа погледите...
    Дали некоја од вас има слично искостуво со маж што зборува „маркетиншки“ добро за себе, дали би можеле да дадете мислење... на што да обрнам внимание
    Не сум параноична, ниту љубоморна - ама ваквите работи ме ладат.... мноооогу ме ладат, губам секаква желба за него
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Искрено, таквите мажи или имаат некаква цел да добијат нешто, или се само затрескани, значи далеку од заљубени и мислат дека готово таа е жената на нивниот живот и после за многу брзо време оладуваат. Детско.Почекај некое време и внимателно набљудувај како се однесува, времето само ќе ти покаже на што е, ќе видиш. Или поразговарај со него искрено и директно, како може по еден месец да биде толку сигурен. Разговарај за чувствата.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    Ти прави филмови.
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Дечкото или ептен се има затрескано во тебе па си прај уште од сега планчиња или пак од една страна ти мачка очи,а од друга се шмека со други женски.Најубо набљудувај го некое време него и неговото однесувањ,па седни си го и директно кажи му како се чувствуваш и за се што не ти е јасно прашај го отворено па ќе видиш како ќе ти реагира и што ќе ти одговори.
     
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    Не само шо ти прави филм ами и замка за да се вовлечеш од неа, за да од едната страна му бидеш сигурна а од другата да си шета наоколу макар и со очињата.

    Се гледа дека си паднала на зборовите, станувај одма ! И што ти каже не сфаќај се здраво за готово .
     
    На M.V131993 и vitomir им се допаѓа ова.
  6. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Се согласувам со претходниот пост. Ништо не зимај здраво за готово од тоа што ќе го рече. Тука нема сериозност , само добро осмислен план со цел во целост да ја стекне твојата доверба како он би бил послободен во своите шетања настрана.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erena

    Erena Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Да... би го го набљудувала некое време! И мислам дека ќе му кажам ако може да паузира со муабетите, би сакала да видам како ќе се одрази тоа!
    Дека се фатив за зборовите, се фатив...
    Но што би му била целта тука!? Му кажав еднаш - можеби ти изгледам наивно, но јас свесно сакам да бидам искрена и отворена, ако кај другиот забележам залажување, толку од мене.

    Денес од друг број му пратив порака ТЕ САКАМ, ми се јави и ме праша дали сум јас, излажав девојки, и он рече ОК остави - не рече од кој и каква е пораката. Сакам да видам дали повторно ќе ме праша, обично не ги остава работите така.

    Ако има цел, не дај Боже... што е целта на филмовите!?!? не ми е јасно, не можам да го сварам тоа
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    18.120
    Пол:
    Женски
    А веројатно типот е доволно искусен и осетил дека си ти. Штом си пишала „те сакам“ а не нешто како „ми недостигаш, кога ќе се видиме“... можеби и не. Ама се сеќавам во средно дечко на една другарка така ладно и' изреагира кога го излажа дека таа не му ја пратила пораката. Така нешо и рече океј нема врска...после неколку дена на телефон и кажал дека не е глуп па на него тие финти да му ги прави. Искусен, ја осети на време дека има некои сомнежи и така. А инаку во приказнава, типов испадна ѓубре, ништо чудо и тогаш да ја вараше, ама тоа е еден случај, твоево можеби е друго.
     
  9. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    За толку кратко време не е можно тој толку сериозен да е баш за такви муабети. Логично е оти доволно не се знаете нели тоа е една опција. Но може пак му се смачило од женските пред тоа и врските и сега не сака да навлегува во врска толку да ја влече работата и потоа да не биде ништо од тоа, вака ќе оди директно со темата брак. А по колку годините имате ако не е за криење? Можеби тоа го притиска нешто па што знам. Нешто сигурно го натерало да мисли така и да ти рече. А тоа дека се шмека со други да не те ни чуди. Денес нема маж таков што ќе замиже пред жена друга. Ти кога ќе го видиш следен пат така предупреди го дека го гледаш и дека не тие пријатно дека сепак пред твои очи така прави, што би било кога ти не си покрај него???? Кратко е времето да можеш и ти да процениш стварно што тој сака од тебе.
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Овој те лаже бе. :!:
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.370
    Лаже. Јас кога ќе чујам такви муабети, а едвај се знаеме, лелелповеќе мислам лошо отколку добро. Тоа значи или типот е во заблуда, ме идеализира или е некој што ептен сака да си фати девојка и одма женење. На крај не испаѓа добро. За толку кратко време не го познаваш доволно за да се врзеш.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Zdravo...
    Eden glup muski sovet...pocekaj uste mesec dva ...i vidi kako se vklopuvsd stvarno vo planovite...ako e decko nad 25...moze mnogu da e seriozen.....jas licno otidov na odmor so zena mi 3dena od koa se fativme a pocnavme da ziveeme vednas posle odmorot....i eve sme 14godini u brak....
    taka da ne sekogas se site soveti tocni....poslusaj go srceto
    [mod-kirilica:t7ms2rxg][/mod-kirilica:t7ms2rxg]
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    мила ја кога некој ми праи такви муабети за себе ,поготово за брак и деца уште на почеток ја бегам од него ко луда.И да ти кажам секој маж би погледнал а и би легнал убава девојка па колку и да е во врска ако има шанса .
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    3.415
    Пол:
    Женски
    ваква понуда може да дојде само од искомплексиран маж или пресместан и префриган!тоа никако не е добро,твое е како ќе се поставиш,дали ќе му дозволиш да те влече за нос :!: .помина многу време,дај кажи што бидна со него :geek:
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    20.647
    Пол:
    Женски
    Elena колку години има тој дечко? Ова го прашав од следнава причина. Значи јас имам триесетина години и најчесто се дружам со луѓе од приближно моја возраст, не стрикно, но имам многу контакти со мојата генерација. И сега забележувам една ситуација кај дел од машките пријатели. Значи доаѓаат до некоја фаза во животот кога поголем дел од друштвото им е веќе женето, или близок другар само што се оженил. Или имав пример пријател мој ја довршија куќата на уште еден спрат и сега вика време ми е. Или се наоѓаат на некој ќор сокак со одлуки и во глава им светнува сијаличка ЖЕНАЧКА. Значи тој е решен дека треба да се жени, дека ете му дошло времето(нема девојка) и сега работи на барање на кандидатка расположена за тоа. Значи секоја потенцијална девојка он ја гледа низ призма женачка, дали е добра за тоа и дали одговара за таа улога. И си бара бара, и оп имаш девојки со иста цел, пример ќе се мажам време ми е, да не останам не мажена и се така се случуваат бракови без љубов кои покасно не се функционални.
    Провери си овој твојот да не е од кој крои.
    п.с една од моите најблиски пријателки се омажи после два месеци одење, значи имаше долга врска и раскина и цело време викаше леле баш сега кога треба да се мажам раскинавме, и секој дечко беше така разгледуван, и неколку ја откачија штом ја провалија, е арно ама налета еден иста марка ко неа желен да се жени што да ти кажам (демек време му е, реновирал куќа, татко му починал, тој се вработил и смирил и ајде) и е земаа. А сега од авион се гледа дека неможат да се смислат меѓу себе, ко куче и маче, со погрдни зборови си се обраќаат ред сите ужас не виден
     
  16. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Мислам дека е јасно што им е целта на овие со вакви муабети . Те виделе добра , сакаш искрено и отворено да разбереш со него , нема проблем и тој ќе ти каже дека те сака (и се убаво) зошто да не, гледа дека ке се фатиш на мамката

    т.е.

    Во неговите очи тоа изгледа вака: Ти си наивна читај--> идеална ОВЦА ЗА СТРИЖЕЊЕ а тој ке си прави што сака :tmi: знаејки дека 2-3 убави збора се доволни да се извлече
    :puke: :puke: :puke:

    ЖЕНСКИ НЕ БИДЕТЕ НАИВНИ !!!
    :rock:
     
  17. ivana.-iva

    ivana.-iva Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    I ne mora da znaci deka te lazi jas sum bila vo slicna situacija ne bas na prviot sostanok ama posle nekolku meseci sega sme veke tri godini vereni ziveeme zaedno i mozam da recam deka imame sevrsen brak iako seuste ne sme oficialno vo brak no i na dvajcata ne ni se brza bidejki sme mladi uzivame ubavo ni e vaka
    [mod-kirilica:g7lvyqoj][/mod-kirilica:g7lvyqoj]
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Mene istoto mi go kaza mm posle prviot sostanok. Izlegovme I vekje naredniot den koga se slusnavme telefonski mi rece deka kje me zeme za zena :D . Jas slatko si se iznasmeav I mu rekov da ne se budali, ne go sfativ seriozno....a koj bi :D
    Poradi moite ispiti ne se vidovme cela nedela, ama zatoa spievme na telefon..... I vikendot koga izlegovme me zapozna so negovite drugari i eden od niv mi rece-a...ova li e snashkata, XXX (imeto na mm)samo za tebe zboruva. Jas se zasramiv :$ , a mm mrtov ozbilen rece.DA, eve ja idnata moja zena.
    I navistina posle 1.5 godina se zemavme.
    Prvoto te sakam padna za edna nedela, a ozbilniot muabet za zenidba posle 4 meseci, togas mi rece deka ne se sali vo vrska so toa deka saka da se zememe I deka edinstveno ceka da diplomiram.

    Duri I do den denes mm gordo raskazuva deka odma znael deka saka da me zeni . :$
    Dali mi mackase oci I samo sakase da se osigura kaj mene, a potoa da shvrlja naokolu, ne bi rekla bidejkji od avion se gledase kolku mu znacam I navistina vnimavase so sekoja postapka da mi go dade toa na znaenje.
    Da napomenam togas imase 24 god.I ne bi rekla deka mu bilo vreme za zenacka... ama ete mu se sluciv jas :wasntme: , a I toj mene. :inlove:

    Nekogas navistina moze na nekoj da mu ostavite dobar vpecatok I navistina da Ve zasaka, a vremeto kje pokaze dali vrskata kje rezultira so brak ili ne. So tekot na vremeto podobro kje se zapoznaete I kje si vidite dali cuvstvata kje se zgolemat ili sosema kje isceznat.

    Sepak ne sekoja izjava sfakjajte ja zdravo za gotovo, sekogas neka ima malku somnez I oci 6 banki otvoreni. :!:
     
  19. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    768
    во ваква ситуација само времето може да покаже. нема врска дека тој те лаже или што уште не..можеби навистина сака да е со тебе, неможеш да судиш и неможе никој да ти каже тука"си игра со тебе" тоа можеш само самата да го видиш , не слушај никого зАтоа што сите ситуации се различни и не секој гледа исто на работите. позз