Му кажав дека сум бремена од друг и ми раскина

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ivanna7, 9 март 2014.

  1. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Пред 2 недели се запознав со дечко на кој му се допаѓам и ми се допаѓа...Ама за жал јас во себе носам огромна болка од насилник кој бевме во врска 6 год.силована од него и имам дете..тоа морав да му го каазам и од кога му кажав по неколку дена се видовме и ми каза демек немозиме да имаме ништо.. инаку тој вози камион и моментално е на пат.пред 2 дена замина.. ве молам помош..да се борам за него и чекам да се врати или?
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.381
    молам помош


    Зошто да се бориш за него?
    Ако тој не може да те прифати тебе и твоето минато, тогаш не е правиот за тебе.
    И да сте заедно, претпоставувам не би сакала секој ден да ти префрла.
    Гледај си ти детето, до љубов ти дошло..
     
  3. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    молам помош


    мислам дека тоа секогаш на сите ке смета .јас плакам грешка на погршна личност која покрај се што ми направи јас не се откажав од животот иако беше тешко..
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    109.111
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Но веќе ти кажал сам дека неможе да имате ништо. Зошто да се бориш, со сила убавина не бидува. Сега детето не е криво за се и не би требало тоа да ти претставува огромна болка.

    Мораш да продолжиш понатака со потрагата, бидејќи тој јасно ти кажал дека не сака ништо со тебе.
    Тој можеби не е спремен да гледа туѓо дете и со тебе да излегува.
     
  5. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    молам помош

    ДА битно е за него што другите ке кажат..
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    109.111
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Епа тој не сака да се бори и не сака да те прифати таква каква што си.
    Изгледај го детето нека попорасне малце па ќе најдеш дечко што ќе те цени и ќе си посветиш време и на себе и на него.

    Вака тој вози камион и заминал на пат, од кај знаеш ти што прави тој на пат? Спијат по хотели и одат по барови. Јас би рекла за мајка со дете ваков тип не ти е потребен. Не го знаеш доволно,може те лаже дека му се допаѓаш, ама штом видел препрека се откажал од намерите. Јасно како ден.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.415
    молам помош

    Две недели се краток период за толку да му се отвориш некому и да му кажеш се за себе.
    Дали ти доволно го познаваш него?Ти кажа ли тој некоја интимна тајна за себе?
    Не се познавате доволно долго, но за жал лошо тргнало.
    Би те советувала да се отргнеш еден извесен период.Да ги оставиш работите сами спонтано да се одвиваат.Како што мора лебот да стаса, виното, медот...
    Позитивно е што си отворена личност , што храбро се соочуваш со она што се случило.
    Ти посакувам среќа.
     
  8. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    молам помош

    морав да го направам тоа пред други да му кажат...
     
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    69.809
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Можеби добро си направила тоа што ти си му го кажала тоа а ненекој друг,остави го почекај да се врати види дали ќе тепобара ,2 недели се краток период остави работите да се одвиваат сами како што треба.
    Во таква ситуација си што мора да најдеш некого што навистина ќе го прифати товето минато а такви луѓе и постојат верувај.Гледај си го детето тоа е твое и ти е најважно а љубовта ќе се појави кога најмалку ќе очекуваш,не дозволувај некој повторно да те малтретира и повредува.Никоја жена не го заслужува тоа Јас ти посакувам многу среќа :*
     
  10. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    молам помош

    кога си одев му кажав дека ке ме побара некој ден.и као демек коа к се вратам ке се видиме...ке почекам да се врати..
     
  11. loveIan

    loveIan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    60
    молам помош

    Јас мислам дека е во ред што си му кажала.Замислете девојки да сте во врска подолг период и по одредено време ви каже партнерот дека има дете.Ќе биде голем шок и за двајцата,за едниот ако не го сака тоа дете,а за другиот ако го изгуби партнерот во кој се заљубил и е подолго време со него.Освен ако не планирате ништо сериозно со партнерот..
     
  12. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    молам помош


    не заслужувам да бидам одбиена ради тоа што други немале памет а јас плакам за таа грешка ;( храброста што ја немав да абортирам сега скапо ке ја плакам..
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.549
    Допаѓања:
    3.458
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Ивана,најпрво ти добро чувствувај се во своја кожа а потоа мисли за другите.Твој приоритет нека не биде да најдеш дечко по секоја цена,но не мора да бидеш и толку искрена и отворена уште на почеток.Се разбира дека треба да бидеш искрена,не велам да криеш но постепено треба тоа,ти си поосетлива после тоа лошо искуство,се надевам си го надминала тоа веќе .Твоето детенце и ти не сте виновни за ништо,а тој кој ти го сторил ова нема да остане неказнет,верувај ми.
    Не си требала да му кажеш одма за твоите најинтимни тајни,а кој те сака ќе го прифати и твоето дете како дел од тебе.Tој дечко очигледно не мисли ништо сериозно со тебе,и подобро заборави го.Еден ден ќе се појави тој кој ќе те сака и ќе те прифати .Ти посакувам се најубаво :*
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    молам помош

    можеби го исплашив со мојата искреност и самоувереност која повеке личи на себичност и ароганција ;(
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.549
    Допаѓања:
    3.458
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Не,ти само си сакала да бидеш искрена,но подобро понатаму да си му кажала за твоето минато.Неговото е себичност и уште лажна надеж ти дал дека ќе се видите .Крени глава високо,и не се замарај со некого кому не му значиш.
     
  16. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Не се грижи за тоа што сега не е покрај тебе.Таков навистина не те заслужува.Тебе ти треба некој што ке те сака без условно,некој што ке го сака твоето минато,твоите мани и твоето дете.Замисли со него да си била подолго време а да не си му кажала за твоето дете.И да се заљубиш до оној ненормален степен ако можам так да кажам.Што тогаш, ке идеш по негов памет и детето ке го дадеш во дом недај боже.Затоа за таков не се бори ич.Ти си млада и биди паметна.Никој во животот не останал сам па нема ни ти.Ке дојде еден ден таков кој ке свати колку вредиш а дотогаш уживај,грижи се за своето дете и сакајте се. :*
     
    На Ivanna7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    30.398
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Јас мислам дека е сосема во ред што си му ја кажала твојата ситуација на дечкото од сам старт.Барем уште на почеток знаеш како он гледа на работите отколку да чекате и да си давате лажна надеж.Не можам да го осудам за постапката бидејки дете од предходна врска не е мала работа и ретки се они кои безрезервно би се впуштиле во таква врска.Сите сакаат на чист лист да го пишуваат својот живот .Дете е голема обврска и ретко кој би се нафатил да се впушти во таква авантура.Жалам за тоа што ти се случило.Се надевам ќе успееш да си го најдеш местото под сонцето а при тоа ќе има некој кој тебе и твоето дете ќе ве држи силно за рака.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.943
    Пол:
    Женски
    молам помош

    Ivanna7 би те советувала да не си го трошиш времето залудно. Ти кажал неможеме да имаме ништо-немој да бидеш таа која ќе моли да го врати. Не секој може да прифати минато и да продолжи понатака.Подобро е вака отколку цел живот да ти префрла. Ти посакувам среќа и еден ден да најдеш човек кој ке те прифати тебе во вистинско светло :hai:
     
  19. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    молам помош

    ФАЛА МАМА25 НО НЕКОИ РАБОТИ ЈАС НЕ СУМ КАРАКТЕР СО ГИ ОСТАВА ТОЛКУ ЛЕСНО И СЕ ОТКАЖУВА.КАКО ШТО НЕ СЕ ОТКАЖАВ ОД НАДЕЖТА И ИДНИНАТА ДЕКА КЕ ГО ПРЕБОЛАМ ОВА ЕДЕН ДЕН...И УСПЕАВ ДА ЗАБОРАВАМ ДЕКА МЕ ПОВРЕДИЛЕ.АМА СЕКОЈ ПАТ СЕ ПОТСЕКАМ НА ТОЈ ДЕН КОГА НЕКОЈ КЕ МИ РЕЧИ НЕ...
     
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    молам помош

    Ivanna7, дали имаш разговарано со некој за оваа траума (настрана од блиските луѓе, зборувам за некој стручен)? Тебе ти е до тоа да не те одбијат, бидејќи ти се чувствуваш виновна и не можеш да живееш со тој факт дека не е твоја грешка, дека животот бил не фер кон тебе.
    Дај му време на дечкото, може сега се исплашил, можеби кога ќе се врати од пат ќе има поинакво мислење. Место да трчаш по некој таков (во случај да не се премисли), искористи си ја енергијата на други работи, вниманието насочи го кон детето, кон нешто што те интересира, кон работата. Љубовта насила нема да биде, пак ќе страдаш така. Тебе ти треба човек кој што нема да има предрасуди кон тебе и детето, што ќе ве сака безрезервно и гајле ќе му биде што ќе кажат комшиите.
    Сега најбитно ти е да сфатиш дека не си ти виновна, дека детето (ако живее со тебе) е благослов, а не казна. Се`се случува со причина... биди силна и издржи до крај. Ако се обвинуваш ќе се разболиш на нервна база.
    Ти посакувам се` најдобро!