молам помош Да ти кажам случка со еден познаник. Раскина долга врска заради девојка што случајно ја запозна, која испадна дека е оставена со дете. Се заљуби во неа на прв поглед, се спротистави на целата фамилија, се зедоа и сега освен нејзиното, си чуваат и две нивни деца. Сакам да ти кажам главата горе, се уште постојат луѓе, иако ретко. Ќе си ја најдеш љубовта, односно некој што ќе те прифати и сака таква каква што си, а и твоето дете. Поздрав.
молам помош НЕ НЕМАМ РАЗГОВАРАНО СО СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА ОВА..ОСВЕН ИЗЈАВАТА ВО ПОЛИЦИЈА СЕ ДРУГО ЧУВАМ ВО СЕЕБЕ...САМА ПОМИНАВ НИЗ СЕ.. ИСКРЕНО НЕЗНАМ..ДАЈ БОЖЕ..
молам помош Ивана добро си направила со тоа што си му ја кажала вистината за на крај да не излезе шпанска серија.Почекај да се врати можеби ќе те побара , нека размисли убаво па потоа нека одлучи што ќе прави.
молам помош баш ради тоа...да не испаднам шпанска серија и лажга...го следам она..не прави го што некиш да ти го направват
молам помош вреди да се бориш за некој што вреди мила моја, јас сум разведена и имам дете, но во никој случај не го гледам детето како пречка дали некој ке ме сака или не ради него, детето е дар од бога, без разлика како дошло на овој свет, излагам кога можам и со кого јас сакам, ако некој ме сака мене ке го прифати и моето дете, ако не не е ни вреден да се борам или жртвувам за него. Никој не е поважен за мене од моето дете, па ако треба и ради него да си го жртвувам мојот живот и да останам сама до крај на животот, а ако гледам дека некој човек и после чело мое минато сака да биде со мене и да го прифати моето дете и да има милион препреки ке се борам, заради тоа што тоа дете кога еден ден ке порасне ке си го најде патот и нема да ти рече фала, но тебе како мајка секако ти е должност да го извадиш на еден прав пат а со самото тоа и ти да не се уништиш.
молам помош Така е, но ако продолжиш да се бориш за некој што не те цени, само повеке ке страдаш, секој на некој начин страда, но секој се бори за подобра иднина во која што ке биде подобро за секој.Еден ден и ти ке најдеш некој што ке те сака каква што си и страдањата ке ти завршат.
молам помош Темава уште не е префрлена во соодветна тема-љубовни проблеми или сл.? А веќе намножи неколку страни, иако насловот не е соодветен според правилата (ве молам, хелп ми плиз, помогнете итн...)
молам помош ивана прво детето не треба да си го гледаш како пречка во тоа што не те прифатил тој некој со дете, па не е само тој на светот, како да нема други мажи... тој што те сака ќе те прифати и со дете и со се што носиш во тебе, што дотичиниот очигледно не го сака и не те сака таква каква што си, замиси си само ако си со тој, како тој ќе се понаша со детето, кое што е повеќе од очигледно дека не го сака баш... ете јас имам чичко кој си најде друга жена на 60 и нешто години, а неговата бивша жена беше почината веќе 20 години, така да секој е со својата среќа, така и ти... пред се треба да се грижиш за детето, да го пораснеш, да му пружиш се, тоа не е ни најмалце виновно што неговиот татко така се понашал со тебе а за проблемот разговарај со психолог, така ќе се смириш и ти, и ќе има на кој да ги раскажеш твоите маки и трауми, ем и ќе ти олесни на душата... а за маж немој воопшто да се секираш, ќе си дојде сам кога тогаш, не се сите како тој и како што веќе ти реков тој што те сака ќе те сака таква каква што си...
молам помош А јас никаде не прочитав нешто за детето. Плод е на љубов/силување, или како. Се согласувам со останатите феминки. Најпрвин, доблесно е што си му ја кажала вистината, и не го залажуваш напразно. Сега, ако тој не може да те прифати, не си виновна ти за тоа. Концентрирај се на други нешта. Сепак, 2 недели се се доволен временски индикатор за да знаеш дека тој е правиот за тебе, и би бил вистински татко на детето.
молам помош да..бевме во врска 5.5 год скоро 6.раскинав со него после 6 месеци ме силова..за жал помина само со 30 дена притвор.а јас немав храброст да абортирам
молам помош Дечкото отворено ти кажал дека неможе да има ништо помеѓу вас. Подобро така отколку да телаже и да ти дава лажна надеж. Плус и да може да има нешто и самата кажа дека тој вози камион и сигурно му е тешка работата и ќе се гледате еднаш во неколку месеци. Зарем нема да ти биде тешко без него? Освен тоа веќе имаш дете и треба да мислиш на тоа, детето да си го изведеш на прав пат. А со овој останете пријатели сега за сега, отколку ќе се запознаете подобро може и ќе биде нешто, никогаш не се знае.
молам помош Со чест на исклучоци, да ве прашам што па толку му се нафрливте на дечкото? Сосема нормално реагирал. Две недели биле заедно и дознава нешто што го изненадило, збунило....разочарало. Ивана, добро си постапила што си му кажала. Не е тоа интима која се крие. Всушност не е ни интима, за дете зборуваме. Убаво е што отишол на пат, таман ќе има време да размисли и кога ќе си дојде убаво да поразговарате.
Зошто си рекла така? Ама извини ама стварно немш право да се лутиш. Се изненадил и нормално е така да реагира. Сепак се знаете 2 недели само. Место да му кажеш д ане те бара си можела да му предложиш да останете пријатели, така по ќе имавте шанси.
Во претходни постови пишуваш дека си се породила и прашуваш за епизиотомии..аман веќе од тролови..користите патетични приказни за да добиете внимание кое ви мањка ..
да имам дете...аа насловов на мојот пост незнам кој го смена во ваква глупост...детето сега има 2.5год...
зошто па кога него го интересира со другите ке кажат кога ке дознаат...колку девојки поминуваат низ истото како мене?
Ти си била во врска 6 ГОДИНИ, со како што велиш, насилник, кој те силувал...и сега ти викаш дека ти ја плаќаш грешката на погрешната личност. И што е грешката? Детето? Извини, ама ти си одбрала така и си имала избор да не бидеш со насилник. А и како што гледам добро ти прилега улогата на жртва. Ти се јавил, ти драматично си му одговорила да не те бара повеќе, заради тоа што него му значело тоа што мислат другите, па додаваш драма. Ако е така, темава и дискусијава се завршени. А прво беше виновен зошто не можел да прифати таква ситуација, за која ниту детето, ниту тој не се виновни. Прво детето не го одбрало своето постоење, а ти си го родила со негација и немање храброст, второ не секој е подготвен да прифати таква ситуација и нема што да се суди дека е тој некој кој зависи од туѓите мислења, можеби едноставно за него е тешко да го прифати сето тоа, а тоа не значи дека е ужасна личност. А и овој избор не ми делува дека ти бил најдобар, туку бараш такви кои ќе те напуштаат. Јас мислам дека треба да побараш стручно советување.Ќе те упати како да се соочиш со проблемите, изборите и реалното гледање на работите. Секогаш имаме избор, како ти, така овој дечко на кој си му се закатанчила сега, за кој прво беше упорна, наводно не се откажуваш, а сега го одбиваш. Имаш тешки работи за решавање со кои не можеш сама да се носиш, реално да зборуваме. Не е прашање за љубов. Ако е реален проблемов. Пошо насловов е бремена од друг, во сегашно време, па потоа во постовите детето е 2,5 години. Патем детето не е виновно. Не сакам да помислам како го третираш кога го посочуваш како грешка и не сакано (не можам да те осудам за чувствата, но пак ќе кажам, веќе кога е дојдено на свет, мора да е сакано, ако не можеш,има стручни лица кои ќе ти помогнат да разбереш како).