А бе ќе си земам детето каде ум таму друм, ќе ме шиба некој мајмун како сака нон стоп ... дечко бил тој ааа да на 37 или 38год, да да за мама синчето секогаш е најубаво, нашите деца се најдобри и најубави на мама, тоа е факт.
Срце не си ми јасна овој кретен што те млати го трпиш а со маж ти дете си створила, сигурно повеќе си вложила со чувства, емоции, грижи околу семејство лесно ти го шутнала а на овој ко мумија му молчиш и уште си трпиш чекаш решение на нешто за кое му се знае крајот. Ваква ко што е твојава ситуација ако ти било за кретен да трпиш покрај себе си го имаш бившиот маж или овој твојов дечко те изветреа на здрав ум додека да се разведеш те тапшал по рамо па сега пу пу не важи ништо од муабетот за иднина. Кога веќе имаш дете посвети му се нему, што не идеш и ти на одмор со детето да си уживаш ем нему ќе му биди поубаво, ќе заборавите на стресови трауми од разводи и слични глупости. Фимл и прави со ова празни изговори мајка можи на дете од 17 години да речи нешто после 18 никој ништо не вели. Сигурно тој си има друга или воопшто не планира семејство па само си го лади таму ваму кај ќе стигне ако веќе е на таа возраст.
Види, ако некој сака да биде со некого- ке биде. Остај тие муабети мајка му била проблемот. Изговор е тоа и ништо повеќе. Туку, не си го троши времето залудно со него.
Не е проблемот до мајката, до него е ... со неа се пере само тоа е се. Има ситуации кога мајката прифаќа и ја сака жената со дете па, ништо не бива зш синот не размислува како што треба. Факт е дека стануваме позесивни ама детото треба својот живот да го живее по свои правила. Што ќе му стори ако рече јас неа ја сакам, со неа сакам да живеам ако не ви чини нема да ја гледате на тука и крај, а тој секогаш ќе им биде син.
Pa do nekade si vo pravo hahaha barem znajs na sho si ako ti e svaler. Nemas nadez za serioznost. Na zalost moram da Se soglasam.
Значи и јас како разведена ја разбирам женава од постот , за вакво слично прашанје се зачленив на форумот и можам да кажам дека ако запознаам некој дечко или маж да кажам ама колку и да го сакам , ако тој се срами од мене и од тоа што сум разведена слободно нека си бара друга. И после 1 година што се заедно тој ја нема претставено пред неговите анејзините сите знаат...? Епа тоа е добар знак дека тој нејке да се замара...за во иднина... И би претставила друг маж пред моите а пред се пред керками после 2 - 3 годишна врска... или после неговото запросуванје... Јас не би дозволила некој така да си игра мајтап со мене и моите чуства се озгорев еднаш втор пат нема...
И јас се наоѓам во слична ситуација. Разведена сум нп немам деца. Има еден дечко заедно сме 3-4 месеци, на почеток јас бев за тоа да не се експонираме јавно, нека помине време. Но времето како што си мине нашите видувања се сведуваат само кај него дома и кревет, друго ништо. Сум пробала да разговарам и муабетот е дека не е проблем ќе излеземе кога и каде сакаш ама тој не покажува иницијатива. Се чуствувам многу глупаво како да се срами од мене, иако тој тврди дека не е така.
Можеби и не се срами туку е мртво пувало, мрза бе. Ќе му кажеш таму и таму во толку саат одговара ајде и така. Не си мачете главите со нешто што можеби врска си нема со реалноста. Е ако почне да ти ескивира и вади изговори види си колку ти одговара таа шема сведена само на сексање и размисли си што и како понатаму и од каде до каде со него. Поставување граници и барање на нивно почитување е моќна ствар.