Му реков 'Те сакам' и не добив одговор назад

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од tiny-Minnie-me, 4 мај 2012.

  1. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Здраво! Нова сум на форумов, се зачленив само за да ја отворам темава, се извинувам однапред ако веќе имало слична. :)

    Не сум дете, ниту тинејџерка, возрасна сум, ама сепак ми треба мала помош.
    Заедно сум со дечко ми околу 7 месеци и нормално е после одреден период да се појавуваат чувства. Јас веќе не можев да ги кријам, па влице му реков дека го сакам. Всушност, до некаде и тој ме предизвика тоа да ми излета, бидејќи инаку сакав да го чекам тој да рече прв. Тој е многу затворен тип на човек, дефинитивно специфичен и едвај можам да му ги извлечам некои работи од уста, ама секогаш ми успева.
    Јас му реков дека не очекувам одговор назад веднаш, воопшто не мора да ми врати, можам да чекам до кога ќе биде спремен, бидејќи знам дека е затворен. Имам големо разбирање.
    Тој ми побара време од неколку дена за да размислел, ме замоли да не го барам туку дека тој ќе ми се јави мене. Ова е вака бидејќи тој сака еднаквост и ако не е во можност да ми возврати за што било со иста мера, се чувствува недоволен. Мислам дека тоа е причина поради преголемо машко его. Искрено, ова е тоа што ме плаши, се плашам од исходот на неговото размислување, што ако ми раскине? Јас сум силна девојка и многу самоуверена, ама искрено...никогаш не сум сретнала некој како него, поседува се што барам во машко и баш и не ми одговара да раскинам со него.
    Ќе почекам да видам што има да рече откако ќе се јави, но искрено не знам што да очекувам. Сте биле во слична ситуација?

    Всушност, нели е глупаво некој да раскине ако единствената причина за тоа е што другата личност рекла 'Те сакам'?

    Ви благодарам однапред за мислењата.

    * Update: Мислам дека и тој ме сака мене, само има потешкотии тоа да го изговори. Не се потребни зборови за да се види дали некој е заљубен или не.
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    Му реков 'Те сакам' и не добив одговор назад.

    Мило искрено тешко да ти раскине сепак, алии ја искрено од моја страна ке ти кажам дека го сфаќам да речеме до некад зашо у претходната врска мене тачно 6месеци ако не и повише ми беа потребни за да на типот онака у возбуда дури му кажам дека го сакам ...
    искрено тој негов карактер до некаде и го сфаќам , слична сум и ја. Тоа за размислување сигурно побарал време да се среди и он да сфати на што е со тебе со чуствата дали има или нема, дали што како .. Незнаеш, можда има некои минати случки па сака да ја изанализира ситуацијава...

    Сепак те советувам да почекаш, почекај он д ате побара, ако има да ти каже нешто сослушај го убаво. :)

    И не ипак и не си згрешила со тоа шо си му признала сепак чуства се во прашање. Според мене добро си постапила. Сеа шо сме сите различни карактери тоа друго е :)
     
    На tiny-Minnie-me му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Ти благодарам WildCherry за одговорот. :)

    Јас целосно го разбирам за затвореноста и стравот од пуштање некој друг во својот живот, но проблемот е што јас сум нетрпелива личност и со огромен темперамент, па ако планира да ми раскине не сакам да ме влечка - картите на маса и ајде чао ако нема ништо друго да каже!
    А, за тоа што пиша дека имал претходни ситуации - нема апсолутно никакви, бидејќи самиот ми кажа уште пред неколку месеци дека ова му е досега најдолгата врска, сите претходни му траеле по месец дена. Тука веќе размислувам поинаку, можеби се исплаши бидејќи првпат му е да почувствува нешто вакво кон девојка, нов вид на блискост, па можеби му се променија плановите за љубовта да ја остави покасно во животот. Двајцата сме многу амбициозни, а воедно и на ист факултет, па можам и да го разберам во таа точка, но седум месеци не би бил со мене ако нема каква било најмала искричка.

    Фала ти уште еднаш, го ценам тоа што се обиде да ми помогнеш. Поздрав. :*
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    ja можам од моја гледна точка да ти кажам дека немора да значи дека ако детево нема или не ти возврати на твоето Те сакам, не мора д азначи дека он нема чуства. Можда таков си е типот ко шо кажа самата. Така да не се разочарувај толку бргу без гајле ;)
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Понекогаш делата многу повеќе кажуваат од зборовите.
    Фразата „ те сакам“ е доста злоупотребувана и во ситуации кога истата е кажана реда ради, а не поради она што личноста навистина го чувствува. Зборовите ја добиваат својата јачина, тогаш кога се поткрепени со факти. Ако тој не изустил ништо, можеби бил премногу возбуден и затечен во моментот и можеби и тој се прашува која е вистинската слика што ти ја имаш создадено за него, дали она што си го изустила е сплет на моментални емоции или тука лежи нешто многу подлабоко.
    Уживај во моментите поминати со него и не барај причини да создаваш внатрешен немир кој има тенденција да премине во параноја. Тогаш навистина се појавува проблем, кога очајнички се трудиш да извлечеш нешто од него, па макар и на сила. Трпение- спасение. Многу поубаво ќе се чувствуваш кога вашата врска ќе созрее многу повеќе и кога тие зборови ќе ти бидат шепотени на увце и по милијарда пати на една вечер. ;)
     
    На tiny-Minnie-me му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    мене не ми е јасно зашо типов и кажал не ме барај неколку дена ја ке те побарам :^)
    она му вика те сакам а он неме барај неколку дена ја ке ти се јавам :^) нелогично ми е
    несватливо,ако он ја сака зашо да се мисли ?зашо да бара простор неколку дена да се подзамисли дали ја сака или не,
    типчево е уплашено ,не сака нешто посериозно па затоа му ја дувнал
    се надевам дека грешам

    ако сакал да размисли неколку дена неморал да и бара простор на неа,едноставно нема да врати ,коа кему дојде тогаш
     
    На tiny-Minnie-me му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Ти благодарам Gea. :)
    Се надевам дека врската ќе ни созрее, но прво морам да почекам тој да созрее, бидејќи најпрво треба да се јави и да ми каже на што стоиме. :)
    Смешна ми е самата помисла некој да му раскине на другиот само поради тоа што едниот рекол ’Те сакам’, но ете таков е човекот, нема што да му правам. Како што пишав во другата тема кај што коментираат за ова, He chickened out и тоа е се... :)
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Exactly my point! Затоа и пишав дека мислам дека сака да ми раскине. Ама и да сака тоа, нека се појави да направиме муабет лице во лице и нека бега. Само не знам како после тоа ќе се осмели да ме погледне, бидејќи првпат ќе е некој да му раскине на некого само заради искрените чувства.
    Знаеш, тој покажува дека ме сака, ама едноставно...ugh, има проблем да го изговори тоа.
    Чекам до задутре, бидејќи во вторник секако ќе го сретнам на факултет, па ќе се правам како да не постои, чист воздух. :)
     
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    Алоооооооооо на Нероден Петко капа му скроивте више аман.

    Ама девојче почекај стрпи се, не си прај филмови, дај опушти се, легни си, глеј некој филм изгледај. Без филмови многу правење.
    Шо ако прави план за д ате запроси ? Мислам, дај немој така да се истрчуваш .
     
    На tiny-Minnie-me му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7

    Убаво пиша ти, ама јас сум паничарка и без ни трошка трпение, па што повеќе се одолговлекува ова, тоа повеќе се стресувам. :) :D

    Ама знаеш што? Ќе те послушам, па на крајот на краиштата утре е нов ден, па што биде нека биде. :D
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Те советувам да почекаш на неговата реакција. Може на човекот му треба време, ете кажуваш дека е затворен, и освен тоа некои луѓе потешко покажуваат и искажуваат чувства. Не треба да му замеруваш за тоа. Стрпи се колку и да ти е тешко.
    Искрено не верувам дека ќе ти раскине, да сакал тоа да го направи веднаш ќе ти кажел. Сигурно е малку изненаден и збунет.
    И да, некогаш зборовите се излишни. Доволно е тој да ти покаже дека те сака и дека те почитува.
     
  12. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Да, ама денес ми е особено тешко. :(

    Се’ уште не се јавил, а еве поминаа скоро три дена.... Едноставно не сакам да ме избегнува, нека си ја собере машкоста, па да раскинеме како треба лице во лице, не сме деца за да раскинуваме на мобилен или Facebook.

    Планирам да почекам до утре, па не знам повеќе дали вреди да чекам или едноставно да го побарам за да разговараме. Навистина не ми е јасно зошто му е потребно време да размислува, не го навредив ниту изневерив, само му реков дека го сакам, а тоа не е лошо. Нема потреба од мислење, не мораше сега да ми врати назад, тоа не го барам... :(
     
  13. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    73
    Ponekogas zborovite ne se potrebni za nekoj da ti iskaze ljubov. Znam mn. maski koi sto go izgovorile toa ,, te sakam'', a sepak ne go cuvstuvale i mislele. Toa sto ne ti vratil, neznaci deka ne te saka. Bas kako sto kaza samata, zatvoren tip e i mozebi ne taka lesno se otvara. Jas sum bas takva. Mi trebase godina ipol za da mu kazam na decko mi deka go sakam, i toa so pusti maki. Mislam deka treba da razmislis, dali on na nekoj nacin ti pokazal deka te saka, a ne samo da go izgovori toa. Mn. e vazno kakov odnos ima toj sprema tebe.. sepak neli, potrebno e more than words!! :)
     
  14. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Женски
    па побарај го ти него...речи му дека треба да зборите
     
  15. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Ви благодарам на двете за мислењата. Priceless, напоменав неколку пати дека воопшто не очекувам да ми го рече тоа, едноставно сум збунета зошто ме одбегнува. :^) Не ми е јасно тоа. И него му повторив, не сакам да ми го речеш тоа, кажи ми го кога ќе си спремен, ама тој само рече да не го барам, тој ќе ме побарал по неколку дена... :(
    Ама, искрено, воопшто не сум заслужила да ме одбегнува, само сакам да разговараме како возрасни и да заврши ова.

    Не можам да му се јавам, сепак имам некоја гордост и разбирање. А, и да му се јавам, најверојатно само ќе ме избегне пак... :(
     
  16. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Женски
    не чекај на него затоа шо можеби не планира да ти се јаве мораш ти нема ништо да изгубиш
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Ех девојче, ме потсети пред 2 години уште малце, кога сегашниот дечко ги изговори првпат тие зборови `Те сакам`, долго очекувани од машка особа, но во почетокот на врската (тогашни 10 дена), јас не му одговорив, си премолчев и го гушнав. Вашите 7 месеци со нашите 10 дена секако дека не идат во корелација, и се огромна разлика во времето, но тој ниту спомна за тоа понатака, ниту ме притискаше или на било каков начин навестуваше `Кога ти ќе ми го кажеш тоа?`. Едноставно во тој момент не бев заљубена во него, ми беше убаво нормално како почеток на врска со некого, но не сакав да го изговорам тоа, не беше океј ни кон него, ни кон себеси да лажам некого. Така да, кога стварно го почувствував тоа, едноставно и моментот не е секогаш погоден, го изговорив без голема помпа.
    Без брзање, иако вашиве 7 месеци не се малку. ;)
     
  18. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Ти си една гооооолема среќничка! :)
    Посакувам и мојов да беше таков, ама не е, тој се исплаши. Не сакам да ми врати, јас можам да чекам, ама баш и не мора да ме избегнува. :)
    На девојките им е полесно да го изговорат тоа, не на сите, ама сепак поголемиот број. Голема реткост е ако машко прво го стори тоа и тоа толку рано. Your guy is a keeper. :)
     
  19. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    ^ај ма не и правете филмови на девојчето ,може ке те запроси ,он му ја дувнал од те сакам па ке ја запросел аха да тоа ке е сега прави план ...
    мислам дека не мора више да го чекаш зимај јави му се ти,па што сака нека биде ,ако се јавиш не значи дека немаш гордост едноставно ке знаеш на што си ...
    па мајку му ја не знам како уопште не си лута на него зашо типов мн глупаво постапува во овој случај
    зимај јави му се па што сака нека биде
    со срека :*
     
  20. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Најпрво, ви благодарам на сите за одговорите и советите, навистина се поклопуваа со тоа што јас го размислував и беа од голема помош, особено во моментите кога бев во искушение да го побарам. :lol: Тоа ќе беше голема грешка, да го побарав, бидејќи тој се јави денес и разговаравме, не баш за тоа што го реков, но имавме нормален разговор и по тој разговор заклучив дека денес сум му недостигала и дека сака да ме види. Најверојатно разговорот околу неговото ’Те сакам’ ќе се случи кога-тогаш, можеби и во блиска иднина, а дотогаш ќе си ја држам устата затворена околу таа тема, бидејќи не планирам да го исплашам, пак. Се ќе си дојде кога тој ќе се чувствува спремен. Мислам дека ако тој немаше чувства кон мене, немаше воопшто да ме побара денес, а истото ова ми го кажа еден мој драг пријател од машкиот пол непосредно пред да добијам повик од дечко ми. :)

    Ви благодарам на сите, неверојатно е колку поголема помош и разбирање може да се добие од личности кои не ги познаваме отколку од тие кои цело време се околу нас.
    Ве поздравувам сите. :* :* :*
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.