1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Му реков 'Те сакам' и не добив одговор назад

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од tiny-Minnie-me, 4 мај 2012.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    eee дејче дејче пак прај си филмови ;)
    И нека ти е памет за др пат, не избрзувај со филмови правење.
    Патем тоа за запросување беше чиста заебанција :^) , колку да и кажам да не си прави филмови дека било крај на врската 8)
     
    На tiny-Minnie-me му/ѝ се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Една препорака до членката која ја отворила темава:

    Не се замарај воопшто со вербалното (не)изразување на чувства. Сите сме различни и различно реагираме и ги сфаќаме работите околу изразувањето на чувствата, свесноста за истите и справувањето со нив.....И самата кажа дека ти си му прва девојка со која е подолго од еден месец, тоа воопшто не е мала работа за него :!: Можеби не ни осетил до сега како е некого да сакаш, па се нашол сосема затечен во ситуацијата. Стави се на секунда на негово место :)
    Сосема те разбирам како ти е и со каков човек си....и јас имам таков до мене. Па одлично функционираме скоро 6 години, веќе пола година живееме заедно......Еве ќе бидам искрена: знаеш колку пати до сега дечко ми ми рекол (прв) „те сакам“? На прсти на една рака се брои. Секогаш кога јас му кажувам нормално дека ми враќа, но сам да каже....многу ретко. Не изразува чувства со зборови, таков е едноставно, и или ќе го прифатиш и ќе научиш да не се замараш со тоа, или ќе имаш проблем. Не кажува ни дека му недостигам на пример кога некој од нас службено патувал, или кога не сме се виделе по неколку дена или една недела....Но затоа неговите дела и однесувањето, начинот на кој ме гледа и како се однесува со мене.....тоа многу ми кажува. Практично, се' ми кажува. Многу пати сум рекла, и пак ќе кажам, се' додека го гледам тоа „те сакам“ во неговиот поглед, се' додека го чувствувам „ми недостигаш“ во стисокот на неговата рака и прегратка....не ми треба ништо да ми каже, зборовите тука ми се излишни, уживам во реакцијата :) Многу е поважно од неговите постапки да гледаш дека му значиш и дека те сака. Нема да ти требаат зборови ни малку кога ќе увидиш колку му значиш и кога практично тоа фамозно „те сакам“ во очите и во погледот ќе му го читаш.
    Уживај, опушти се, ќе си каже самиот кога ќе почувствува дека е потребно, подобро не му го спомнувај ова извесен период....ќе видиш дека се' ќе биде во најдобар ред :)
     
    На tiny-Minnie-me му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    WildCherry, морам да напоменам дека беше целосно во право. :D Ама кажав дека сум паничарка особено во вакви и слични ситуации, па тешко преќутувам некои работи и само непотребно се стресувам. :D
    Те сфатив јас инаку за шегата. И баш ме расположи. :D

    green.eyes, убаво е да се слушне мислење од некој со многу повеќе искуство кој е во врска со личност со карактер каков што има мојот дечко. И ти благодарам на советот, навистина ми значи. :) Најискрено, многу се пронајдов во се што имаш напишано.
    Го разбирам целосно тоа со однесувањето, а особено делот за недостигањето. И ние имаме периоди кога не сме се виделе недела дена, и истото, никогаш не ми рекол дека му недостигам, освен ако јас не сум му рекла прва или ако сум го прашала, но БАШ тоа што го пиша за погледите и прегратките, тука гледам дали сум му недостигала или не. :) Се согласувам дека делата се најважни и начинот на кој ме третира, а особено почитта кон мене. :)
    Да, така и решив прееска кога видов дека ме барал, кога ќе се слушнеме и видиме да не му спомнувам ништо на таа тема, да го оставам да се пронајде себеси и кога ќе е спремен да се отвори пред мене. :)
    Не сакам да избрзувам и повторно да настане хаос.

    Ти благодарам, ова што си го напишала ми дојде прекрасно, дури и како некој вид на утеха дека не бил само мојов таков :D , исто како за мојава ситуација.
    Те поздравувам. :*
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Убаво се решил проблемот, ама мене нешто друго ми боде очи.
    Ако ти имаш 24-5, он претпоставувам е тука некаде и малку не ми е јасно како маж на тие години се плаши и бега кога некој ќе му изрази чувства?! Мене ми е тоа рамно на емоционално незрел тип.
    Зарем во годините што ги имаш не ти смета да пазиш нонстоп што ќе речеш, како ќе речеш и тоа за најнормални работи :^)
    Ако тебе не ти е тоа проблем, ок, само да не испадне утре да треба да си ги потиснуваш своите емоции од страв дечкото да не фати џаде.
    И само да појаснам, не зборам за тоа што не ти вратил на твоето те сакам, туку тоа што 3 дена го снемало :tmi:
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Femina90, целосно те сфаќам што сакаш да кажеш. И да, можеби не е во ред за возрасен човек така да се однесува, ама напоменав дека ова му е првата најдолга врска досега, претходните му траеле месец дена. И нормално е во врска од месец дена ниту тој ниту девојката да рекла ’Те сакам’, значи претпоставувам првпат му е да слушне од девојка такво нешто и неговата запрепастеност е целосно оправдана. А, плус го оправдувам и од една друга, поинтимна причина. :$ :lol: Се сомневав дека има врска нешто со тоа претходниве денови и вечерва кога разговаравме ми потврди, значи сепак мислел на мене и како мене би ми било во тој аспект, интимниот, ако тој не може да ми возврати со збор, сега. :)

    А, за тоа дали треба да си ги бирам зборовите кога разговарам со него, напротив воопшто не треба. Исто претходно напоменав (само мислам во другата тема кај што коментирав за проблемот) дека ми одговара најмногу како личност од сите со кои сум била досега ( а фала Богу не биле многу :D ) и дека со него можам да бидам вистинската јас, да бидам отворена за што било. :)

    Како и да е, фала. размислувањето е многу реално и разумно, во секој случај. :D
    Поздрав. :*

    Edit: Исто така ми рече дека очекувал да го побарам, иако ми рече да не го барам бидејќи знае кое боцкало сум и дека не можам да трпам. Па се зачудил кога воопшто не сум го побарала цели два дена. :lol:
    Во право биле сите тие книги за самопомош во љубовта, дека мажите паѓаат на игнорирање, а не на зборови. :D
     
  6. понижена_12

    понижена_12 Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Хај дечки имам нов случај.Сте ме сретнале во разни текстови.Има едно момче кај мене во маало и е 7 години постар од мене.Ама дечково изгледа како на моја возраст.Фаца е во цело маало.Ми беше симпатија во 6то одд.И сега.Ми се чини дека милион пати повеќе го сакам.Кога и кажав на другарка ми таа одма му кажа почна да вика на глас ..... Те сака ...... Пропаднав во земја од срам.Не одев натаму кај што седи тој со другарите.Јас кога бев кај мајка ми и рекол на и другарка ми поздравија ...... И кажи и дека некој ден ќе ја легна.Угххх како ме изнервира вие не знаете. Амаред некој ден ми се собра и го викнав и му кажав ..... Јас те сакам и тоа многу итн итн итн.Немора да ме сакаш.Тој ми рече дека и јас некое време му се допаѓам и онака само еден бакнеж и побегнав како кукавица.Се исплашив.Појма немам што да правам.Дечково е Фаца сите трчаат по него.Дали навистина ме сака или не матка само.

    Совет ве молам...
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.790
    Пол:
    Женски
    @понижена_12 колку години имаш, или претпоставувајќи по никот 12-13? Тој колку има?
    Сега вака грубо ќе ти кажам мислење - ако си уште основец, седум години се премногу за тебе, особено некој седум години постар од тебе да ти кажи дека те сака. Тој претпоставувам има 18-20 години, зависно колку имаш ти, зошто мојата претпоставка ја ставам према бројките кои ги имаш во името на форумов. Ако он е толку постар од тебе, а ти си уште мала, не си ја барај бељата, накратко.
    Нормално, постар е, умот таму му е. Ама многу постар, особено ако ти си основец. Едно е да имаш симпатии постари од тебе, а сосем е друго ако тие постари симпатии ти фрлиле око и тебе.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @theowndemon не си го троши времето. Тој не е постар, бидејќи по нејзиниот исказ и тој е дете.
    Сигурно нема да се понаша така на 23 години.

    Плус 23 години имал кога и бил симпатија кога она имала 12 години.
    Така да чисто сумњам дека тој си играл те сакам - не те сакам.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Дечки не е толку мала, пишуваше по темите дека и трудна била.
    А ако има 12 години и некој сака да ја легне, супер :D
     
    На buba4e89, theowndemon и Victorian им се допаѓа ова.
  10. Cute_Girl

    Cute_Girl Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски

    Па вака види најпрво треба да дознаеш дали навистина те сака, ако те сака а и ти него што би била причина да не сте заедно?
    Машките сите се такви, викаат ќе те легнам ова она ама не се толку силни напротив и тие се разочаруваат и тоа многу повеќе од нас. Убаво е што си имате некое споменче заедно. Ако трча по тебе и ако те поздравува јас мислам дека те сака(Ти игнорирај го по малку па ке видиш дали трча по тебе или не, и дали се труди или не) се имаш ли со некој негов другар? Ако да можеш него да го прашаш дали има сериозни намери со тебе, па на крај на краиштата сите сакаме по некоја авантуричка во животот, мило ми е ако ти помогнав, поздрав!
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.581
    Допаѓања:
    171.559
    Пол:
    Женски
    Трол е не се секирајте:lol:
     
    На buba4e89 и Petar80 им се допаѓа ова.
  12. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Не е :rofl:
    Пребарај и низ мислењата само јас ја бранам дека нее трол :bandit:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.581
    Допаѓања:
    171.559
    Пол:
    Женски
    Да бе
    Шпанско-турска серија

    Прва или тинејџерска бременост ... искуства
    Ми кажа во лице дека не ме сака повеќе
    Што ви фали од животот пред бракот
     
    На buba4e89 и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    @Kukla994 @Dust И јас барав мислења да ве надополнам за во што ви фали од животот пред брак :
    ПОРТРЕТ КАДЕ ШТО ВОДАМ ЉУБОВ.

    Доколку не си трол и сега навистина си се нашла во ова...Ја замислувам ситуацијата ти, пријателката поминувате покрај него и неговото друштво она се дере те сака те сака, он ''фацата'' куртонот се дере ќе ја легнам. СТРАШНО!!!! може он ти се допаѓал физички али си ја утнала работата наместо да се избрукаш можеше преку социјалните мрежи да воспоставиш контакт , па да го запознаеш подобро. Вака единствено никот ти одговара , без навреда. Move on и памет за друг пат.

    Едит: Не прочитав убаво, тоа ќе ја легнам комплимент е за тебе што уште прашуваш за него?
     
    На blond.bunny, buba4e89, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. понижена_12

    понижена_12 Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Decki znaete kako se brise profilof.Jas neznam.Sakam da go izbrisam.Ako znae nekoj kako se brise Ili dali voopsto moze da see izbrise neka kaze.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    76.524
    Пол:
    Женски
    Не може да се избрише ни профилот ни коментарите.
     
    На Nastya9 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Се изнатрола, па ќе бегаш.
    Седи сега, не бегај соочи се мушки.:muscle:
     
    На Nastya9 и Dust им се допаѓа ова.