Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ...and your point is?
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Поентата е повеќе од јасна. Не веруваш во Бог - не веруваш во религија - нема причина да не си заедно со љубениот иако е муслиман , во случајов Албанец. Што те збуни? :)
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Приложи ни примери за албанци атеисти :makeup:
     
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Искрено не верував дека ќе пишеш ваква небулоза. :D
    Фуат, Бертан, Сонер - мои познаници, кои не се религиозни како и повеќето од моето друштво.
    Повели и линк http://en.wikipedia.org/wiki/Category:Albanian_atheists ... И? :)
     
  5. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    OMG :x Па и на Википедија имало за нив :talk: Останав без зборови, крајно изненадена и фрапирана :makeup:
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    На темава се имам изјаснето некаде наназад. Ги почитувам луѓето и нивните вери ,доколку истите ја почитуваат мојата и мене .Секој мора да си знае каде му е место ... Се сотреле ли Македонците ... ги има згодни, паметни убави со тони. Имам пријатели соработници Албанци од тука , Албанија, Косово и др места со кои соработува мојата фирма ...И за неколку од нив знам дека имаат швалерки , девојки Македонки... и знаете какво е моето мислење за нив . Ми се гади од нив кога ги гледам во нивните џипови.
    Љубов со Албанец ? Што беше тоа... Се продавате за пари.Ве палат нивните евра, долари и франци... нивниот мерцедес, бмв и ауди... некое парче скапа облека и накит, криењето по изнајмени станови, шетањето по кафани,ресторани и хотели. Ете такви имам видено со своите очи ...тука во Германија , Швајцарија и на мн други места ... ги имало и ќе ги има.Сето тоа трае додека истиот кој ви го пружа тоа не го откријат од дома и го притиснат...потоа ќе ве отфрли како потрошена ствар затоа што сте му здосадиле , затоа што дома го чека неговата була.Нивната вера дозволува и по неколку жени ... а и по некоја лесна Македонка за докажување и авантура. Имало мешани бракови и ќе ги има ,и самите не знаат која вера се и кој празник го слават .
    Понатака не коментирам затоа што се имам изјаснето и не подржувам врска,брак со албанец но секој со свој памет и поглед на истава тема .
    Македонец за Македонка.
     
    На okcenzi, Offspring и Kika30 им се допаѓа ова.
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас имам соседи кои се пример за функционален мешан брак, само што тој не е Албанец, туку Турчин, а жената е Македонка. Во брак се многу години, имаат веќе големи деца. Може има влијание што мажот е од старо турско семејство, сите се школувани, прошетани, со убави функции и позиции. Мажот е прекрасен, како помага дома, да не ви се верува. Ќе речете Турчин, ама од чистење, миење садови, готвење... повеќе од татко ми, искрено. И има огромна почит кон неговата жена и воопшто кон жените. Јас сум го слушала како го прекорува синот ако не се однесува коректно кон некое женско (Уште му ги памтам зборовите „Не смееш така, таа девојка е нечија ќерка, нечие дете. Ако не ти чини, разделете се, ама така да не те слушнам веќе“). Ги слават и едните и другите празници. За Велигден се вапцаат јајца, за Бајрам се прави баклава... Децата им се модерни, успешни и атеисти (може заради ситуацијата, ама може и од убедување). Знам дека ова е реткост, ама морав да ви го пренесам ова, чисто како едно позитивно искуство. :)
     
    На Hova и Phyramide им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Мислам дека мешаните бракови меѓу Турчин-Македонка, Босанец-Македонка повеќе успеваат исто и врските отколку Албанец-Македонка. Се изјаснив на темава и незнам дали ќе коментирам во иднина. Пирамитке не е патриотизмот во прашање најмалку, ако мислеше за конфликтот, туку за човечките животи што отидоа и семејствата на тие човечки животи како живеат сега, а Албанците кои го предизвикаа тоа седат во парламент. :) Еве јас живеам во Велес кој не беше толку опасно за живеење во тоа време, но нека напише некоја од Гостивар или Тетово како беше тогаш таму, колку луѓе си ги напуштија домовите, со каков страв живееле оние што останале...
    http://www.youtube.com/watch?v=hPBa6wRdC54

    The 2001 Macedonia War was an armed conflict which began when the ethnic Albanian KLA (UCK) terrorists group attacked the security forces of the Republic of Macedonia at the beginning of January 2001.
    The Albanian terrorists from KLA (UCK) are firing at anyone that moves in the parts of Tetovo . Fortified in the hills above Tetovo, they constantly get reinforcements from Kosovo, which is across the Shar Mountain. Their aim is to provoke ethnic Macedonians to turn against Albanian population of Macedonia, stage massacres and turn it into another Kosovo.


    http://www.youtube.com/watch?v=-WZJrLF6 ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=1ALQf6zd ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=gvBQEibQ ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=-nEbxiAf ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=_z1CqEoE ... re=related
     
    На okcenzi, velesanka и Kika30 им се допаѓа ова.
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Не сум конзервативна воопшто,но врската меѓу албанец-македонка,т.е врска во која се мешаат две различни религии сум против.
    Не ги осудувам тие кои се одлучиле за ваква врска, кој * да им суди друг,кога тие си ги носат последицити.
    Но,лично јас сметам дека ваквата врска е осудена на пропаст.
    Најчесто тие кои имаат вакви врски,се заслепени од љубов..како демек љубовта нема граници,со љубов се постигнува се.
    Далеку од тоа,2-3 години е љубов..подоцна веќе не.
    Но не СИТЕ кои имаат ваква врска се осудени на пропаст,во се има исклучок.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Tи ме збуни.

    Националната основа не ми менува.
    Зборуваме врз религиска основа.
    Ако и моите и неговите се атеисти тогаш сме офтопик.
    Ако моите се атеисти,а неговите не.. во 90% од случаите неговите ќе имаат против.

    Но, ништо не ми менува само ако дечкото ми е атеист,кога татко му се клања во џамија.
    Пак нема да сум со него.
    Незнам дали ти звучам ограничено, но.. damn it сигурно ќе најдам некој од религија на моето семејство.
    Не лутам по другите религии.


    Така,така ќе се мешаме со Албанци и за 10тина години ќе ни учат децата на албански јазик.
     
    На okcenzi, Kika30 и Offspring им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.367
    Малку забега темава на тема муслиман вс христијанин.
    Мене многу ми пречи што скоро сите генерализирате Албанците се никакви, ние сме супер.. Муслиманите убиваат, христијаните се светци.
    НЕ! Не е така. Исламот како религија е прекрасна.. И знаете што, Исламот ги проповеда истите принципи на љубов и разбирање и слога како и христијанството. Тензиите кои се случуваат не се ниту како резултат на некоја религија, ниту националност. Се е политика и интерес!
    Зошто јас како девојче немам проблем да кажам дека имам другари албанци со кои излегувам и ги сакам и се тука за мене повеќе од некои македонци?
    Зошто јас како девојче немам никаков проблем да поминам сама пешки во Чаир, и да се возам навечер во 57?
    Затоа што верувам во луѓето и затоа што ми докажале дека не се албанците такви каква што ги покажува телевизијата и политиката!
    Зошто другар ми македонец, чијшто татко загина во 2001, нема денес проблем да седи на маса со албанци? па нели тие му го убиле татко му?
    Знаете зошто? Затоа што сфатил дека ваквите назадни (хитлеровски) размислувања донеле до 2001, и до смртта на татко му и затоа што тој не сака тоа да се повтори!


    И да, имам познаничка која сега се омажи со албанец и чекаат бебе. Прескреќна е. И сигурно и е поубаво со него отколку со некој македонец кој не би ја почитувал толку колку што ја почитува овој.
     
    На Rose96, Phyramide и fierce им се допаѓа ова.
  12. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Интересно е колку мислења има за темава , а никој не спомна дека секој индивидуалец си донесува индивидуални одлуки... Секој има шанса да испита дали таа љубов е вистинската или не... Според мене тие што веруваат во љубов од мешани бракови нека си веруваат но со резерва за да не дојде до несакани случки... (според мене доколку се јават голем број негативни ставови од многу блиски луѓе во семејството тоа е лош знак и треба да се увиди) а оние пак кој не веруваат во вакви бракови или врски нема потреба да ги осудуваат оние кои веруваат затоа што секој има човекови права , а различни ставови ќе има онолку колку што е шарен овој свет...позз :)
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Оффи, паа мислам дека е патриотизам во прашање, доколку не се работи за човечки жртви кои ти си ги познавала лично. И Хасан Шуќур втори пред стотици години убивал во Македонија, па сепак велиш дека врска Турчин - Македонка повеќе би успеала :)
    И Хитлер убивал толку многу луѓе но не верувам дека исто би гледала на Германецот како што гледаш на Албанецот.
    И Тито убивал па ги сакаш Хрватите.
    Како и да е, не сакам да се препирам со тебе воопшто, но интересно и воедно до некоја мерка мило ми падна што ете, конечно малку застана во одбрана на нешто што е македонско, само затоа што е - македонско ;)
    А чисто македонско не е. Словенско е, турско е, српско е, секакво е само не е чисто македонско. Имаме толку испомешана крв што ни самите не сме свесни. А сега ќе повикуваме на хомогена средина? Чудно ми е и смешно ми е.

    Јас никогаш не би била во врска со Албанец кој е дилер на дрога или на оружје, затоа што не ги заработува чесно своите пари. Не би била во врска со Албанец кој убивал претходно - затоа што е убиец. Не би била во врска со Албанец кој би сакал да станам муслиманка и да ги воспитувам децата во таква муслиманска култура, затоа што самата не сум водена кон една религиска традиција и не се согласувам со таков начин на живот. И мал милион други причини зошто не би била врска со Албанец. Но сето тоа може да се примени за билокој друг народ. За билокој друг дечко. И да нема врска со тоа дали е типот Албанец или Перуанец.

    А се додека мислиме овака, нема да мрднеме никаде.
    An eye for an eye makes the world go blind.

    Мислам дека сум многу лошо разбрана на темава и затоа и јас ќе завршам тука. И впрочем збориме за мешани врски а не за конфликтот. Кај ги отеравте работите од една во друга крајност - ајде да сме се мешале сите со Албанци. А кој повика на тоа?! |(
    Ако некоја девојка е глупа да гради врска со таков некој кој фанатично следи нечии политики или догми, кој ја потценува неа и вреѓа цел народ, поинаква религија или раса - нејзина глупост, нејзина работа. Јас до толку глупа не сум. Но не можам да генерализирам дека се сите исти. Простете не можам, од проста причина што имам неколку прекрасни пријатели муслимани (воедно и Албанци) во животот кои не би ги менувала за ништо на светов.

    Се најубаво женски и дозволете си барем малку да излезете надвор од рамките на она што го познавате, и да дишете малку поинаков воздух. Добро ќе ви дојде, верувајте :)

    п.с. Поздрав до девојкава под мене и да и ја препорачам најдобрата фурна во Скопје - чаирска фурна. Симитката им е одлична. Во 3 наутро. И сега за сега - жива и здрава сум, пу пу, исто како и сите оние Македонци и Македонки кои се туркаат да дојдат до ред за тазе бурек и симит погача :)
    Во Чаир. Во 3 наутро! Бу! Страшно!
     
    На girl1985, LivingGlam, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Oooo Боже мили, не ми се верува што прочитав... :fubar: Таткото на твојот другар го убиле во 2001 и он седел на маса со албанци :o Арно има нерви тоа да го прави и зар не го замислува татка си додека пие и јаде со албанчиштата :@ Не можеш да ме убедиш дека нормален човек би имал нерви за такво нешто и дека не би го изела сугестија да седи на маса со нив...Друга работа - велиш дека таквите назадни размислувања довеле до војна - драга моја генетскиот код на албанците не се мења НИКАД! Како божем денес, кога поминаа скоро 10 години од конфликтот, албанците се промениле - жими лаков на ноктиве што го имам и што ми се излупил помалку, бидејќи не е баш квалитетен...1000 години да поминат, албанците нема да се променат и дури постои нивната нација на Балканот, секогаш ќе има политички, меѓуетнички и меѓуверски тензии. Говорам за албанците во Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, а тие во Албанија си ја гледаат својата работа и си тераат напред... И дај молим те пиши ми во кој дел на Чаир може една девојка навечер касно да шета сама????? Ја се кладам дека ќе биде растргната, брутално...!!! И сите овие работи се ван темава, али да не бидам оффтопик ќе додадам дека има во све исклучоци, меѓутоа се бројат на една рака во овој случај. Јас познавам два случаеви на врски меѓу албанец и македонка (лично девојките ги познавам) ако би почнала да кажувам што и како све се случуваше - ќе заличи на шпанска серија постов со несреќен крај!
     
    На okcenzi, vendiii и PaLaVa им се допаѓа ова.
  15. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180
    Јас сум Албанка и искрено ни јас не сум За мешани бракови или врски. Не сум За само поради децата, бидејќи сметам дека тоа би претставувало една навистина комплицирана ситуација за нив. Доколку се нема деца многу полесно би функционирала една ваква заедница. Но сепак не сум ни против. Бидејќи сметам дека секој има право да одлучи како сака да живее :)

    Во моето семејство има 3 случаја на мешани бракови и најнормално се прифатени од наша страна.
    1. Еден мој братучед беше во брак со Македонка повеќе од 15 години. Деца немаат, не зошто не сакаа туку не можеа да имаат. Пред некое време се разделија, но не поради националноста туку поради други причини кои што немаат врска со тоа.
    2. Еден подалечен роднина е истотака женет за македонка. Имаат една ќерка која е католик, исто како и мајка и, иако татко и е муслиман и голем верник.
    3. Истотака еден подалечен роднина на татко ми е женет за Македонка и заедно имаат три сина. Во брак се повеќе од 25 години. Децата колку што знам се муслимани. А едниот од нив има девојка Македонка.

    Се обидувам да ве сфатам но навистина не можам. Не ми е јасно како може сите Албанци во иста група да ги ставате. Да, признавам има Албанци кои што се заостанати и имаат примитивни размислувања, исто како што има и такви Македонци, но тоа не значи дека сите се исти. Не постои совршен народ, секаде има глупави и паметни, добри и лоши луѓе. Како може сите Албанци да ги обвинувате за конфликтот во 2001? Што сум јас крива за нешто што направиле други?!


    Кога читам вакви постови полни со омраза, не можам а да не се запрашам дали вака размислуваат и моите другарки Македонки :x Дали само глумат пред мене или навистина ме сакаат и почитуваат како што јас нив. :(

    И многу глупаво ми изгледа споредбата која ја правите помеѓу Албанците од Албанија и тие од Македонија.. Ако веќе има разлика според вас, што мислите што влијаело на тоа??

    Искрено се надевам дека ке дојде ден кога сите ке можеме да живееме заедно во мир. :) Не зборам само за Албанците и Македонците, туку за сите народи во светот :)
     
    На eloves, JuLleE, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    И јас би сакала да живееме во мир, но сепак би била против мешаните врски. Секој може што сака да си прави, но лично за мене си кажувам дека нема да го направам тоа никогаш. И нека не ми кажува сега некој никогаш не вели никогаш, си ги знам моите принципи и ставови пред кои никогаш нема да потклекнам за било што и да се работи. Имам контрола врз моите чувства, а верувам дека сите можат да ја имаат, се наоѓа во нас, треба труд за да ја постигнеш. Fierce, го ценам твоето мислење, ми се допаѓа ненаметливоста во твојот коментар, не ги обвинувам сите Албанци поради тоа што се случи, но тоа се случи за да имаат права овде во државава и во иднина, наредните нивни поколенија. Значи тие го створиле конфликтот за да ти сега уживаш некои права, дури и поголеми од самите Македонци во Македонија. :)
     
    На okcenzi, lolyta777, Alanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.367

    Ја па мислев дека во младите е иднината и дека младите ќе направат да тргне нешто во општествово :tmi:

    Зошто бе не се соочите со вистината дека МАКЕДОНИЈА е МЕШАНА држава и во неа има секакви националности и вери.. Неможеме да се маваме во гради дека имаме чиста крв и баш заради тоа сега ќе останеме чисти до крај, кога сме измешани уште пред 2000 години.. И наместо да прифатиме дека сме различни и да направиме од тоа позитивна работа, ние ке се маваме во ѕид и ќе се колнеме во нашата вера како големи христијани, додека мразиме и навредуваме (каде е христијанското а??)

    Не пишувам повеќе. Не сакам да бидам причина за нечии нервози или клуч на темава, само ќе кажам дека е жално што без разлика на се што не научила историјата, луѓето ги прават истите грешки постајно.

    пс. Ти кажа Пирамида за Чаир... и да, дечко ми живее во Бутел и секое лето со точак се враќам од кај него низ Чаир, Бит Пазар. Еве ме 4 години жива и здрава сум..
     
  18. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Оффи, мислам дека вчера друго размислуваше и пишуваше, нели? денес го смири малце тонот, тоа заради постот на Фиерце?, и сакам да ве прашам Форумов е отворен само за македонци или за сите девојки,

    зошто толку голема омраза овде во темава?
    зар да ги прашате мајките албанки, ќе ви рече некоја дека е ЗА врска албанка - македонец или само вашите ќерки ги жалите? Па сигурно со сила никој не ги тера да одат со албанци, сите за ќејф одат, нели?

    И ако темата е љубовна врска, што го мешате тогаш овде конфликтот? отворете некоја друга тема во Општи дискусии и зборувајте тогаш што сакате дали политика, интереси , партии и др.
    Во тој конфликт не страдаа само македонци туку и албанци, прашајте ги нивните мајки, жени деца ... ама ова е офтопик....


    зошто не коментирате врска бошњаци, турци, торбеши (и овие се муслимани) со македонци, туку се зафативте само со албанците?
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.383
    Допаѓања:
    114.424
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против мешани врски. Па сите сме луѓе. Јас сум македонка, и моите никогаш ми немаат велено дека не треба да бидам во врска со некој од друга националност или вера. И не можам да ве сватам со толку застарени сваќања. Се зависи од карактерот на човекот а не од верата или националноста. Гледајте малку пошироко.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Конфликтот што се случи е неизоставен дел зошто повеќето луѓе се против овакви врски. Конфликтот се случи пред 10тина години и сеуште е болна тема. Постот на Fierce беше напишан без доза на дрскост и на истиот начин и вратив и јас. Јас сум за соживот, немам против за тоа, но имам против мешаните врски. И има огромна разлика помеѓу тоа да бидеш пријател со нив, или да бидеш во врска со некој од нив. сум имала и јас пријатели албанци, школски ми биле, и сум била во ред со нив затоа што и тие биле со мене. :)
     
    На okcenzi, Ashling и lolyta777 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.