Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Discussion in 'Љубовни проблеми' started by SONCE..SONCE, Mar 1, 2010.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    3,624
    Likes Received:
    9,805
    Најголемите војни во историјата се поради религија или љубов. И комбинација

    Зарем не е ова примитивно? Од толку грешки во историја ништо не научивме?

    п.с Боки 13 е наш, оу јеа, напаѓајте женцки
     
    Phyramide likes this.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,825
    Likes Received:
    163,203
    Најголемите војни се од страст (било која форма,од религија до љубав) и жени и тоа или се класично глупави или се страшно кокетни и ништо више!Жена е за беља родена!
    Апропо темава...против?!Јас не сум насилен човек,јас дете мое у живот нема да удрам,ама да ми дојде и да ми го каже ова,ќе чуете сите едно шпљааааас да и се сврти главата!И има да ја облечам у мантил и да ја шетам на плус 40 степени!
    А син ако е у прашање...епа видете сега...по осмехов прочитајте шо сакам да кажам! :D Ама пари за крпачка не давам! :D
    Ретко кој нивни би земал наша,ретко кој наш би земал нивна,ретко која нивна девојка се залетува у наш,ама не е ретко наша да се затреска и испозаљуби у нивни.Е сега,тука веќе и други интереси се у прашање,јас знам една на приватен се упиша,а дома немаа леб да јадат.
     
    Offspring and milky-candy like this.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,817
    Секој нека си прави како сака.
    Јас да имам ќерка, ќе и правам ова. Јас да имам син ќе му направам ова. Само ако...абе девојки, хипотетички многу убаво се збори. Ама во реалноста е сосема поинаку.
    Во ред, јас акцептирам дека имате некакво мислење и сосема го разбирам, само ме изненадува што сеуште слушам, поточно читам изјави преполни со омраза и вакви „или...или“ констатации. А работите за жал не се секогаш само црно-бели.
    Во ред, истерајте ја ќерката, затворете ја дома, ставете и кофа на глава за казна, и? Мислите нешто се постигнува со тоа? Контра - ефект, ете тоа се постигнува :)

    Во име на лошите спомени и сеќавања, се надевам дека ќе ви се допадне долгиот престој во Македонија, затоа што ако гледате така на секој еден кој во историјата убивал крвнички, за жал не ви остануваат многу држави каде би мрднале. Ниту луѓе со кои би правеле муабет.

    А по некои непишани правила, токму тие кои најмногу се повикуваат на принципиелност и тврди ставови, тие попуштаат најмногу. Ова онака, последна издишка од една „модерна девојка со модерни сфаќања“ :) И убаво да си поминете на шопинг у Солун и на одмор у Бугарија. Нека живее принципиелноста и тврдокорноста на нашиот народ!

    И да, за крај Венди ај ти се молам прекини со тоа „ама овие модерниве изгледа не знаат како е“ - ете ти кажавме како е, и дека многу добро знаеме како е, ама изгледа сме глупави што НЕ мразиме и сеуште одиме на симитка во Чаир. Не знам што повеќе да кажам. Денес изгледа да мразиш и да се одмаздуваш е доблест а сакањето и отвореното размислување е маана.
    Освен тоа и порано мислеле дека земјата е плоча, па некој попаметен се нашол да им докаже дека е тркалезна и конечно го докажал тоа. Но поминале многу години и време.
    Зарем не можете да допуштите барем минимална можност дека постои можеби барем некаков процент на мешани врски Албанец - Македонка кои може да успеат?!
    Това е зборот, а не мије тука после че зимаме пушки и митралези да се бориме меџусебе - не иде. Расизмус! ;)
     
    JuLleE, sesilija, nena2010 and 2 others like this.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,011
    Пирамитке, се согласувам дека во реалноста е поинаку. Сите можат да оправдуваат, ама не верувам дека би ви било сеедно доколку (не дај Боже) се случи такво нешто. Нели, нели, нели? :) Ќе те облие ладна пот и нема да останеш рамнодушна сепак како што би била доколку да речеме твојата ќерка си има нормална врска :) Но сепак, секој со своите ставови и мислења, јас останувам на моето мислење, ти на твоето, не сме овде да се убедуваме нути јас тебе ниту ти мене, само на сите би ви посакала да не ви се случи такво нешто, без разлика дали го оправдувате, или не :)
     
  5. renata76

    renata76 Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2010
    Messages:
    222
    Likes Received:
    34
    Lilit: Ретко кој нивни би земал наша,ретко кој наш би земал нивна,ретко која нивна девојка се залетува у наш,ама не е ретко наша да се затреска и испозаљуби у нивни.Е сега,тука веќе и други интереси се у прашање, - за ова ти давам петка,

    баш интереси се во прашање :cash: :cash: :cash: :cash:

    ехехехе
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Упорното заплеткување на конфликтот од 2001 во темава-веќе стана претерано.Ако веќе се навраќаме во минатото знаете ли еве колку наши момчиња биле принудно одведени во први боени редови од страна на нашиот најдраг сосед-Србите да бидат топовско месо?!Иста ваква мобилизација вршеле и Бугарите и Грците-зборувам за илјадници луѓе,па што треба сега да мразиме секого кој бил во воен судир или и овие врски да ги карактеризираме како забранети,па војувале и тие со нас и тие се причина за масовна смрт на наши прапрадедовци?!Сите,ама баш сите земји минувале низ воени судири-внатрешни и надворешни во текот на историјата-ние направивме како само кај нас и само од страна на Албанците да се случило!И мене ме погоди конфликтот и ми се уште во свеста сликите-но одбивам да мразам засекогаш и секој што е Албанец или муслиман!Срце полно омраза не е решение за двете страни зборувам,само нови конфликти ќе донесе.Не зборувам од страв,ама факт е дека војната не носи ништо освен зло!
    И упорно генерализирате како само нашите девојки одат на овој чекор,има и муслиманки што одат со наши.И не е секогаш фактор-материјална корист,малку ли се наши спонзоруши-мене ми се иста категорија тие што одат од овој мотив парите немаат религиска обоеност!И на крај,но не најнебитно другарка ми беше во врска со Турчин кој и понуди брак,кој таа го одби бидејќи брат и е религиозен фанатик и не ни дозна за нивната врска-значи не е точно и дека се сите само сексуално искористени и само тоа е прва и крајна цел.Мое мислење е дека не завршуваат добро ваквите врски,сепак одбивам да им судам на луѓето кои се впуштиле-секој одговара за своите постапки-на крајот на краиштата,ама нема потреба од толку омраза и толку политизирање на темава.
     
  7. nesa

    nesa Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2010
    Messages:
    843
    Likes Received:
    1,226
    Gender:
    Female
    Сите малку отидовте предалеку со темата, а тоа што го читам ме остава со подотворена уста, и се чудам каде живееме. Во една мала државичка кадешто за жал младите се полни со омраза. Но да не должам, ќе ви ја кажам мојата приказна. Пред да се омажам со таткото на ќерка ми кој инаку е македонец, имав дечко албанец и тоа цели две години. Моите родители на почетокот ме прашаа само дали сум среќна и толку. мајка ми ми кажа неса ти си доволно зрела и знам дека знаеш што правиш беше единствениот коментар од нив. Е сега тие две години бев осудувана од моите другарки, од околината нормално. Неговите родители ме засакаа, си го славевме и Велигден и Бајрам, и Божиќ и сите останати празници. Дојде моментот кога ме побара за жена. Е тогаш јас искрено почнав да размислувам малку подлабоко. Што ќе правиме со нашите деца? Што ќе бидат тие? Дали ќе треба да одат во црква или во џамија? ја прекинав врската. Го запознав таткото на мојата ќерка и што? Ме зама за жена, останав бремена и ме остави :( . сама ја гледам цели 5 години, а и ќе продолжам. Албанецот никочаш немаше да ме остави, а поготово не бремена жена. Што сакате кажете, ама мое мислење е дека они повеќе си ги ценат жените.
     
    Zeynep, puflaa, Hova and 2 others like this.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,817
    Секако дека е така Оффи, затоа и реков, секој како што мисли, така нека си прави :) Ама ладна пот нема да ме облие, еве уште сега ти кажувам, а веруј ќе ме облие ако ми каже да речеме - еј мамо јас си искачам со дилер на дроги :)
    Јас веќе на една тема спомнав - бев во 3годишна врска со муслиман. Кога бев младо и зелено. Знам какви реакции добив од дома, и знам дека мајка ми истиот тип го викна на вечера за да процени врз основа на она што ќе го види, а не врз основа на предрасуди и вруќи мозоци кои размислуваат во даден момент секако само не рационално. И призна дека детево е повеќе од одговорно и фино. На тие години човече.
    Татко ми пожустро реагираше но се смири кога мајка ми му рече - човече не и забранувај, не и се лути, ќе те мрази. Остај ја самата да процени доволно е паметна. И така и се деси ;)

    Ах да, типот не беше богат, беше на иста возраст, не јадеше преку недела за да може да си приушти да ме покани на колаче у Жито Лукс, и долго време немавме односи затоа што бев многу млада и неподготвена. Така да - само да ви ја нарушам фантазијата на оние кои мислите дека секогаш е за пари, и секогаш се работи за секс ;)
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,224
    Likes Received:
    124,496
    Gender:
    Female
    Е ја претеравте. Доста со тоа дека тие се ненормални врски. Ненормална е онаа врска каде што тој ја тепа неа, или психички ја уништува. А не ако се од различни вери.

    И јас имав дечко Турчин од Турција, муслиман по вероисповест, и верувајте никој не ме почитувал толку како него. И моите го запознаа и не ми правеа никаков проблем затоа што ме гледаа среќна. Што требаше бе татко ми да ми направи?? На 25 години да ме затвори дома и да ме шиба со камшици??? Врската не ни успеа од сосема други причини. Не беше верата во прашање. И неговите прекрасно ме прифатија ако сум христијанка. Ама ете не ни било судено. И сега после ова треба да бидам протерана од држава затоа што сум се заљубила во човек од друга вера?? Или да ми се прилепи етикет спонзоруша? Бев на одмор, се запознав се заљубив и поминав 2 прекрасни години со него. И вистина престанете со тоа конфликтот па конфликтот. Сите бевме погодени од тоа, сите!!! И јас имам лоши спомени и што сега да идам по улица и да убивам све муслиманско??? Ма ајде ве молам. Од таква омраза ми се гади. Барем ние малдоѕте можеме да сме подобри од овие стари дртала што упурно не носат во амбис.
     
    Phyramide and girl1985 like this.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,011
    Не е дека повеќе ги ценат жените, само така мислите затоа што имаат да речам некои по назадни сфаќања. Дека немало да те остави да, знам, но дека ќе те малтретира тоа е многу веројатно. Кај нив жената е безгласна буква, зборот на мажот е последен, жената постои само за да раѓа и они да се размножуваат... Не велам дека сите се такви, далеку од тоа, но повеќето се, зошто инаку се по 7 деца?

    Пирамитке, знам дека не се секогаш парите во прашање, има многу девојчиња што слепо веруваат дека љубовта на крај ќе победи, дека е битно само тоа што тие се заљубени, затоа и им порачав да намалат со гледањето на сериите каде што е се совршено или барем да не се внесуваат во нив. А и секако дека и мене би ме облила ладна пот ако ми каже дека е со дилер на дрога, но тоа е релативно, дилер на дрога може да биде од било која друга националност или вероисповест. :)
     
  11. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Joined:
    Jan 13, 2011
    Messages:
    200
    Likes Received:
    74
    Незнам дали имам коментирано на оваа тема, не можам да се сетам, но денес ми е комплетно сменето мислењето во однос на многу работи, така да врска помеѓу Православец и Муслиман, Албанец и Македонка, Шпанец и Кинез е сосема неважно.... До вчера ке се мислев како би донела дома муслиман, црнец или не знам што, но ако мене ми е убаво со него, ако сме заљубени и ме почитува ништо не е друго важно. Јас нема да живеам за другите, нема со сила да бидам со некој од мојата вера а да бидам мизерна и несреќна само затоа што тоа било правило. Пред Бога сите сме исти..... Ако моето дете во иднина донесе дома некој од друга вера, јас само ќе му посакам среќа бидејки има многу полоши работи од тоа.. Незнам зошто осудуваат волку тука, сметам дека на нас ни е наметната нетолеранцијата посебно со Албанците, меѓутоа и кај нас и кај нив има и луѓе и не луѓе.... Јас сум до уши моментално затрескана во Македонец, меѓутоа не можам да се лупам во гради и да викам дека тоа е тоа, зошто утре може некојси Муарем да ми прави пеперутки во стомакот.... Така да кој е заљубен во некој од друга вера, нека си го тера животот како него му одговара, нека не се грижи за другите зошто само еднаш се живее... Во тоа име еве еден спот од мене...
    http://www.youtube.com/watch?v=RRNdmkH8zrI
     
    nena2010 likes this.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,224
    Likes Received:
    124,496
    Gender:
    Female
    Леле како се изнасмеав на ова со 7 деца и со тепање и со све. Како прво мојот бивши беа 3 деца, двајца браќа и една сестра. Второ никогаш, ама никогаш не кренал рака на мене. Мислиш дека јас би дозволила да сум една секунда со некој кој ќе ми повиши тон, а камо ли да ме удри??? Мајка му беше доктор на науки со кариера и татко му исто така. Сестра му остварена во секој поглед. А ти си имаш престава дека сите се фанатици??? Точно е дека има и такви какви што ги опишуваш ама има и кај нас??? И што треба да речеме, ако ако нека ја тепа кутрата ќе трпи ама важно не е друга вера??? И католиците се множат со по 10 деца зашто им забранува религијата да користат контрацепција и да имаат абортус, ама тоа се фанатиците. И кај нив црквата забранува развод. Ама пак ќе речам фанатици. Така да не ги генерализирај луѓето по вера и националност.
     
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2010
    Messages:
    843
    Likes Received:
    1,226
    Gender:
    Female
    Оффи извини ама има и многу македонски семејства во кои жената е безгласна буква, има и наши семејства во кои има семејно насилство и ред др работи.
     
    Phyramide and nena2010 like this.
  14. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Joined:
    Jan 13, 2011
    Messages:
    200
    Likes Received:
    74
    Јас имам примери и тоа неколку дека муслиманите не ги тепаат своите жени, дека ги почитуваат... Дури знам и едни Албанци кои што се пар каде жената е главна во домот, таа ги донесува одлуките тој кутриот си знае дека е покадарна од него и си слуша ко попче... Луѓе дајте, повеќето од тука сме паметни и образовани не смееме да си дозволиме вакви стереотипни мислења....
     
    nena2010 likes this.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,011
    Јас знам Албанско семејство од Велешко село, кои имаат 6 деца, најголемото со најмалото се 20 години разлика, мажот редовно ја тепа жената, ја брка, целата е искривена. Еднаш кога плачело најмалото ноќно време мажот станал и и рекол на жената `Кучко запри го ќе те отепам`. Така да, дискутабилно е. Јас сите Албанци што ги знам се по многу деца. Имаше еден случај, сега малку оф топик е ама морам да го споделам :lol: Имав школски Албанец, на родителска средба се појавува вујко му и вели, `Оценките на Арифи` и класната се зеза му вели, кој Арифи? И овој вели, па од кај знам кој, малку ли се :D Така да, нема потреба зошто да се изнасмееш гласно :)
     
    milky-candy likes this.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2011
    Messages:
    2,337
    Likes Received:
    6,905
    Gender:
    Female
    Навистина се чудам и ви се восхитувам и на вас и на вашите родители, па јас да сум му рекла на татко ми или на мајка ми дека имам дечко муслиман па тоа ќе било исто како да си пресудам смртна казна...и сега ќе следи коментар татко ти ваков, онаков, затуцан, ама тоа е факт..такви биле, такви се и јас сум таква...може јас нема да ја убијам ќерка ми ама маж ми сигурно, ќе ја обеси на плоштад и жива ќе ја одере...И ќе речете каде со вакви сфаќања, како вака во Европа и др. бла бла бла...Еве токму тука во Македонија, и во Франција да сме, и во Германија и не знам уште каде нема да го сменам ниту ставот ниту мислењето, од муслиман подалеку...Како ја направивте работава нашиве македончиња се црвливи јаболка, не ве сакале, не ве почитувале, ве оставале со деца итн. итн. а муслиманот немало да ја остави жената???.. Нема да ја остави, ама ќе биде безгласна буква, тој ќе оди напред а таа позади да му чува грб...извинете ама нашата религија барем ни дозволува заедно и мажи и жени да одиме во Црква, сакам бре со дете и маж да влезам во црква, да се помолам, да запалам свеќа, заедно да сме во тие моменти...
    Ова си е мое мислење и никогаш нема да го сменам и ќе го пренесувам на моите деца и внуци, баш ми е гајле ако ме осудувате или нападнете...
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,224
    Likes Received:
    124,496
    Gender:
    Female
    Кој рече дека нашиве се црвливи јаболка или дека не чинат. Само сакав да кажам дека не треба да се нереалиризра муслиман= насилник, православен = милина за жена. Секаде го има и едните и другите. Нема да го навредувам татко ти. Секој си има право на свое мислење. Ама ете, јас лично имам само прекерасни спомени од таа врска, контактирам сеуште со него и со фамилијата негова. Баш летоска кога бев во Турција на одмор бев до Истанбул да ги посетам, да се видам. Така да се е индивидуално.

    А на девојчево што ја постави темава би и рекла, ако го сака нека биде со него. Ама нека отвори очи. Истото би и рекла и со македонец, кинез, шпанец американец....
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,224
    Likes Received:
    124,496
    Gender:
    Female
    За жал и јас знам за такви семејства, албански каде мажите останале во праисторијата па тепаат жена. А тие зборови `Кучко запри го ќе те отепам`, ги слушав и од комшија мој македонец кој на жена и и викаше така само првиот збор беше Ку*во! И секој ден ја гледав јадната со по некоја модрица.
     
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Joined:
    Nov 6, 2010
    Messages:
    703
    Likes Received:
    715
    Значи има исклучоци и од двете страни(и кај нас македончињава има мажи кои со тупаници ги решаваат проблемите дома и никој не смее да му зуцне...) Меѓутоа да не се лажеме - факт е дека за албанците е карактеристично семејство со многу деца :) , а жените нивни и не се толку наивни и невини ангелчиња, како што изгледаат во шамијата и мантилот, посебно не жените на косоварите...Ќе потенцирам дека има многу исклучоци и респект за нив...И све дури не им отворија некои квази албански факултетти, на кои земаа некои т.н. дипломи за високо образование и се пикнаа во јавна администрација во нашата соопствена држава - значи се додека ова не беше, главното мото на албанците беше - РАЗМНОЖИ СЕ, НАСЕЛИ СЕ, ПОБИЈ ТУЃОТО И ВЛАДЕЈ :hai: Пак ќе потенцирам - чест на исклучоците :!:
     
    Offspring likes this.
  20. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Joined:
    Sep 29, 2010
    Messages:
    116
    Likes Received:
    16
    Јас само би ви ја препорачала да ја прочитате книгата "Никаде без мојата ќерка" (неможам да се сетам на авторот) базирана на вистинска случка , православна со муслиман...и како преку ноќ се менува се! Нема да ја раскажувам ,прочитајте ја.Голем дел од работите се мн. добро опишани околу оваа "комбинација".
    И секако, моето мислење е НЕ!!!
     
Thread Status:
Not open for further replies.