Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shopaholic

    Shopaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Јас сум од западниот дел на Македонија ( Wild West ) и многу нормално живеам во мултиетничка средина. Соседите ми се Албанци и Турци и со нив имам пораснато и многу добро го владеам албанскиот јазик. Плус средното образование го завршив во мултиетнички клас и имам многу другари и другарки Албанци и Турци. Можам да кажам дека многу ми се имаат најдено во животот дури и повеќе од македонците. Но кога станува збор за мешана врска ( македонка-албанец или македонка-турчин ) јас сум многу против. Па добро бе зарем малце има наши деца-македончиња. А сум имала познајнички кои имале такви "врски". Претежно се да ги наречам сиромашни кои се лажат да одат со нив за да ги почастат едно сокче, ваучер за мобилен или пак пар фармерки што е ептен мизерно. А има и од богати семејста кои воопшто не можам тда ги сфатам што бараат со такви персони. Сигурно тооа им е од збес. А знам дека исто така ги малтретираат.
    Ептен ретко таквите врски завршиваат со брак само ќе си го извалкаш името и ќе бидеш црна овца :envy: . Кое Муслиманско семејство би се сложило да има НЕВЕСТА Македонка мислам Хелоу!!! Ти во неговите очи си извините на изразов ку*ва и лесна девојка која му пружа се**...
     
    На Lacrimosa и Offspring им се допаѓа ова.
  2. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Milki-Kandi - .....и се пикнаа во јавна администрација во нашата соопствена држава -

    каде???????
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Ма дајте веќе со стереотипите,и нашите баби раѓале по 6-7 па и повеќе деца,и тие оделе покриени со шамии и тие биле безгласни букви(ако не бабите,прабабите).
    И јас имам доста комшии Албанци и немаат повеќе од 2 деца,само едната сега е трудна со трето ама тоа нема врска со религијата има врска со тоа што првите две се женски |( ама тоа е нормално и во Македонски семејства.Ниедна не е безгласна буква и ниедна не е покриена баш напротив се многу послободни и поразголени од мене и јас одлично си се сложувам со нив затоа што се покажале како добри луѓе а религијата не е основа дали со некого ќе контактираш или не.
    На едните комшии Албанци ќерката им се заљуби во Италијанец,на почетокот и збореа,вршеа притисок да ја прекини врската ама кога видоа дека навистина се сакаат го прифатија дечкото и сега веќе се во брак.
    Не ги оправдувам девојчињата кои трчаат по нив за парите ама не ги оправдувам дали станува збор за Албанец или Македонец кога си го продаваат телото за пари.
    Ако станува збор за вистинска љубов несум против,само треба да знаат дека секоја врска со некого од друга вера е тешка има препреки кои треба да се надминат.Јас сум во врска со католик и двајцата сме христијани ама сепак две различни вери кои си носаат некои проблеми,кои бидејќи сме возрасни ги решаваме правиме компромиси,а на татко ми му е важно само дали сум среќна а не која вера е дечкото.
     
  4. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Во право си била неса што си ја прекинала врската. А и да не си ја прекинала незнаеш како ќе си поминала со албанецот. А вака да, си имала многу тежок период но затоа сега си среќна :* .Сум пишала на почетокот на темата слично како тебе и затоа се самоцитирав и уште си стојам на ставот дека сум против. Најголемата причина се децата.
    И да, точно е дека повеќето Македонци се сеуште полни со омраза поради конфликтот и тоа мислам дека нема да помине никогаш.
    Со нив несакам ни дружба ни служба, опасни ми се. Зборат дека сакаат соживот но несакаат, сакаат голема албанија.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Само би потенцирала дека албанската жена е повеќе почитувана од македонската жена. АМА, душата и крвта им мирисаат на муслиманство. Јас, не благодарам.
     
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Не не, ќе се сложат да земат Македонка да! Ама нема да дозволат да се слави Велигден Божик и другите ни празничиња, туку ќе ја потурчат да речам постарински, ќе мора да ја смени верата за да биде во нивното семејство.
    Јас прашувам дали ТИЕ би дале нивна ЌЕРКА во наша фамилија? Не би дале, никогаш! А за земање ќе земаат нормално, и после ќе зборуваат колку сме лесни и наивни и си ја продаваме верата, сме биле каури. Од селото кадешто потекнувам се пола православни, пола муслимани. Нон стоп си одам во селото, еве баш и сега за 2 сати тргнувам. :lol: Не е битно, сакам да кажам друго. Нон стоп ги слушам што зборуваат, не зборувам значи на памет! Има само 2 девојки православни од селото за жал едната ми е братучеда, и цело село ги знае и да кажам искрено, ме срамат! И оговараат како сме биле лесни, како не сме си ја сакале верата, бла бла. А нивна девојка, верувате дека не смеат едно обично ЗДРАВО да му рече на некој наш православен! Ја врти главата надолу ако помине до некој наш! Со девојките си имаат муабет, ама со машките никако.
    Ги верат на 14, 15 години и после од 18-21 мора да ги мажат. Исто и машките, до 23 години најмногу мора да се женети. И? Жените не смеат да работат, седат дома по цел ден чистат, ќе шетнат до кај комшивката со дозвола од свекрвата , а мажите си уживаат одат по други пошто нормално ништо не виделе од животот. А девојките муслиманки не смеат во кафиќ да седнат. Знаете зошто, што велат? Затоа што во кафиќи оделе каурите. Тие не сакаат да седнат на место кај што седеме ние, а јас ќе имам врска со таков. Мрш! Ме прашуваат како е во дискотека, дали изгледало како на филмовите. |( (девојките ова) А дека се полни со злато, да. Али не дека мажот толку ги сака па им купува од мерак, туку верата така им налага, да и купуваат злато на жената. Посебно на свадбите, со неколку кила злато се на нив, буквално! И така, ова е чиста вистина што го кажувам, ништо не е измислено.
    Познавам и модерно муслиманско семејство, девојчето е другарка на сестра ми. Се облекуваат како нас, фустанчиња, никако шамии, излегува девојчето по кафиќи... Али никогаш, никогаш не ви земала некој од друга вера. Тоа и е нагласено од дома и самата тоа го сака. Не модерен, не најмодерен, мешање со албанец муслиман јас не би, никогаш.
     
    На lolyta777 и milky-candy им се допаѓа ова.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Албанската жена е "почитувана" затоа што така им налага верата. Да и купуваат злато, да не ја тепаат бла бла. Така налага куранот. Али, и во куранот се нагласува дека тука мажот е главниот! За мене не е почитување ако и купива злато, туку почитување е да не ме изневерува!
    А жените им се тука, мажите странство се пукаат од изневерувања. Знам, кажувале самите мажи, се фалат со тоа! И тоа е почитување на жената? Надвор женкар, дома најдобар маж што и носи пари и злато.
     
  8. jassminna

    jassminna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Protivenjeto na roditelite e normalna rabota. Jas se naogjam vo ista situacija odnosno imam vrska so musliman.Dolgo vreme barav nekoj koj kje ni odgovara od nasata vera, no ne najdov.I jas vikav deka nikogas nema da odam so musliman, vakvi se takvi se no naletav na takov, i veruvam deka e mojata srodna dusa.Iako e musliman deckoto, moram da kazam deka vo se mi odgovara.Moite roditeli sekako deka se protivat, pa i negovite verojatno, iako toa ne e glasno kazano. E sega ima razlika i pomegju niv.Sekako odenjeto so musliman od selo, pa i so nash e razlicno,odnosno vrska so seljak,neprozivean i nepismen covek ne e prifatliva.Jas nikako ne bi se nafatila da odam so decko so starinski sfakjanja.Vo ovoj kontekst moram da kazam deka imam poznanicki koi se so deckovci makedonci i ne smeat da izlezat od doma, imam mazena drugarka koja sto ne smee da raboti nitu da izleze na kafe so niedna drugarka, i ushte edna prijatelka koja mesi leb na ova vreme zosto svekrvata ne jadela kupecki LEB!!! Tocno deka muslimanite se daleku pozaostanati, osobeno nivnite zeni. No, sepak moze da se najde i od niv nekoj koj e vo red.Prepreki vo mesan brak sekako kje ima, no sekoj problem moze da se reshi od strana na dvajca vozrasni i normalni luge.Lesno e da se osuduvaat no ne se znae sto zivotot nosi i kakvi momenti doagjaat.
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    еве јас знам 4 примери ;)

    2 се од маало

    мажот е босанец жената е наша, супер брак имаат, 2 деца, со меѓународни имиња! девојкава си има наш дечко значи македонец....дома се си слават

    другиве комшии па, женава е Tурчинка, мажот е Mакедонец, децата се Mакедонци! женава си ја задржи верата, ама децата се православни со наши имиња

    другарка моја мајка и е наша, татко и е турчин.... и таа има меѓународно име!
    мајка и 20 години беше христијанка, сега доброволно си ја прифати муслиманската вера!
    другарка ми се одлучи да биде муслиманка!значи сама избра дали ќе биде христијанка или муслиманка!
    ама можеби и дека живее во таква средина, затоа избра да биде муслиманка :?:

    следен пример, и најлош е
    маж босанец, мајка македонка
    девојчево има исто меѓународно име!
    разведени се нејзините, татко и душата ја вадеше на мајка и, и сега оваа очајно сака да биде христијанка, си има односи и се.... ама татко и и се заканува, ако иде со македонец ќе ја убиде :x :x сака босанец да и најде! значи на сила ја тера да биде муслиманка
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ако одиме по куран и вера и нивните мажи не смеат да изневеруваат инаку следува кастрација :). На жената албанка не смее ништо да и фали и несмеат да дигнат рака на неа, а мажот само ќе носи пари дома а тоа што си купуваат злато по тоа го гледаат богатството. КОј има повеќе кг злато тој е побогат и жените ги таксаат со мираз од неколку кг злато. А женкари се сите и албанците и македонците, тоа остај на страна. Па нашите печалбари што прават во странство?? или жените, седат дома и чуваат деца???
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Добро бе, сите „Кај го најде, па кај го најде“. Го нашла, срце не бира вероисповед, се` ни е во главата. Јас не би имала ништо против, доколку дечкото не и` загрозува некои основни права, како нели, правото на вероисповед. Не сум некој голем почитувач на религијата, но не оправдувам присилна промена на верата (макар и од љубов, да пак е присилна).

    Јас сум дете чаирчанче. Цел мој живот, родена, растена, порасната. И токму заради ова мое опкружување, би оправдала врска, но брак не. Да не ги мешаме вистинските албанци од Албанија, јас имам проблем со оние што останаа тука после бранот на бегалци од незнам-ти-која-година. Како народ, немам ништо против нив, напротив - најдобриот другар ми е албанец. И го почитувам и ме почитува. Роден и израснат овде, никогаш не сме дозволиле политички препуцавања да ни застанат помеѓу пријателството, а богами и никогаш нема. Поголем скопјанец е од мене, а само јас знам колку си го сакам градов. :)

    Со комшиите секогаш супер сум стоела, редовно одам на баклави, и во моето главче нема никаква основа за јас да ги разликувам овие луѓе од мене. Посебно затоа што не сум побожна личност (сум рекла и порано, единствено поретардирано суштество од тинејџерски атеист ми е слеп верник), а уживам во густирање на туѓи култури. Но, факт е дека откако дојде тој огромен бран на косовски бегалци, работите сосема се сменија.

    Сега (зборувам за мојата населба, сржта на Чаир), сум сведок на толку претенциозно настроени млади луѓе што ми се гади. Некој им всадува идеи за некојаси Голема Албанија, за истребување на македонскиот народ...па тоа е страшно. Фините албанци се иселија, останаа само машините за правење бебиња и нивните заостанати мажи. Децата ги охрабруваат на суровост кон животни, па и општо насилство. Не ми се допаѓа таа глетка, но таа глетка е реалност. За љубов меѓу млади не е ништо страшно, се` додека функционира на здрав начин, ма меѓу кого сака нека биде. Ама за иднината треба повозрасно да се размислува, најмногу заради причините кои моите софорумџики детално ги разглобија низ овие 20 и кусур страници.

    И да, just for the record, далеку од тоа дека верувам дека сите албанци се вакви, но за жал, заостанатите се во поголем процент од нормалните, еманципирани.
     
    На lolyta777 и Offspring им се допаѓа ова.
  12. Shopaholic

    Shopaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Потполно се согласувам со тебе Lacrimosa. Барем тука во мојот град излегуваат девојките по кафиќи и дискотеки само со вереникот или пак со блиски братучеди.
    Една комшивна која е Муслиманска Македонка ( торбешка ) и модерна се мажи за Турчин. Тој и ветувал дека нема да ја покрие со шамија ( да ја забули). Не помина година дена, таа роди дете и неговата фамилија инсистираше таа да се забули. Таа одби и се разведоа.


    Минатото лето бев на веридба кај една школска ама Турчинка. Немате појма какво беше. На влезот од ресторанот имаше околу 200 капути. Од левата страна беше музиката верувале или не со чаршав "покриена" како соблекувална во бутик. Имаше само жени. Потазето невести беа во димии и со фризури високи колку една глава со цветови и "завиткани сармички". За да имаат толку високи фризури ставале пластични пакувања од маргарин за да им стојат така дикнати фризурите :lol: .Песни се нарачуваа со ливче со испишани песни и ги праќаа малите девојчиња да ги однесат до музиката. На средина се играше оро а околу орото млади невести во венчаници со своите јатрви гувееа. Додека пак постарите меркаа невести за своите внуци. :tmi: . Зетот беше едниствениот маж во салата.Ќе ја затворат дома, ќе ја чисти 3 спратната куќа од понеделник до недела ( со исклучок на петоците) додека пак тој ќе "лумпува".
    Тоа е нивни обичај, нивна религија. Само јас не ни можам да си замислам таков живот.

    Ги почитуваат жените не викам им пружаат се што сакаат ама затоа ноќните барови се полни. Цвета трговијата со бело робље. Жените седат дома а мажите по цели ноќи "лумпуваат".

    Милам дека примериве ви се доволен показател многу добро да размислите пред да се одлучите за врска со некој Муслиман, не сме научени на таков живот фала Богу!!!
     
  13. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255

    извини девојко ама не сакам да те осудувам....сепак твој е животот, но сакам да го кажам и моето мислење..
    ти викаш, противењето на родителите е нормално...па и е. зарем не ти е ни малку жал за нив. те створиле, те одгледале и најважно тие се оние што те сакаат највеке на свет. тие се оние што би го дале животот за тебе ....а ти им вракаш со непочитување. па зарем ти мислат нешто лошо. верувај, тие се многу по искусни и по зрели од тебе и знаат добро зошто се противат. ти им го вртиш грбот само заради некој маж, демек сродна душа (жими мајка) сродна душа не постои, туку слободна воља...нешто како изреката...што ке си посееш тоа и ке жнееш...
    да изрекава ми беше малку селска а ?
    искрено многу ми го помеша паметов со тоа што ги дискриминираш луѓето што живеат на село..демек тие биле прости и необразовани :^) јас не сум од село, живеам блиску до центарот на градот, па никогаш не сум навредила некој кој што живее на село. сум имала колеги на факултет со кои се од село и биле едни од најдобрите студенти во генерација.
    деруго...и јас познавам некои девојки кои биле во врска со муслимани, и ниедна од тие врски немала добар крај....значи сите имале крај и тоа какооов ...
    кога бев основно, сестра на мој другар, прилично постара од нас имаше дечко албанец. ние си седевме у маало, а она со него излегуваше у град..онака дотерана со миничи деколтиња...али и нејзините беа против, па си отиде бегалка типкава, ама како отиде така тој и ја опна шамијата на глава и напраи дете и живееше 1 год како робинка...и на крај избега од таму и се пресели у друга држава зашто типов ја прогонуваше, и се закануваше и свашта....
    ај да не продолжувам со другите искуства ама важно, ни едно не е убаво, на сите забите им се покажале покасно
     
    На Shopaholic и Offspring им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    „Јас сум ти дала живот, јас и ќе одредам каков ќе ти биде и кога ќе заврши.“

    „Одиш со некој од друга вера - не си ми ќерка!Губи се од оваа куќа.“

    „Само ако си одела со некој од друга вера, има да те обесам. Ќе те убијам!“

    „Врска со некој од друга вера е тотално непочитување на родителите. Срам за цела фамилија! Што ќе кажат роднините и комшиите? Брука ќе бидеме за цело село!“

    „Немој да си мрднала од дома! Каде одиш вака разголена! Ќе те убијам ако излезеш вака - моја жена си и мене ќе ме слушаш! Ајде оди да зготвиш нешто гладен сум!“

    Квиз прашање. Кој го кажува ова, затуцани Албанци или затуцани Македонци? :)

    Одговорете си самите :)
     
    На LivingGlam, Sparks, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Која иронија. И збориш на неа дека дискриминирала, а тебе цел пост ти е дискриминаториски
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Драга Пирамитке нема ти мене што да ми се молиш и да ми кажеш да прекинам или да не прекинам за тоа ќе си одлучам само ЈАС ;) ако се пронаоѓаш некаде за тоа не сум јас виновна :) .Ако не се сложуваш со мојот пост фино и убаво ќе го прескокнеш лесно е :wasntme: :) јас не ти се обратив лично тебе и не гледам што до толку напнуваш да ме прекинеш .... Немој да ми кажуваш дека знаеш како е зашто очигледно не знаеш т.е немаш преживеано тоа што нажалост некои имале помалку среќа па ни криви ни должни ги чуствуваат последиците . Не реков јас дека треба да ги напикаме во логори да ги уништиме само кажав дека не ги сакам и од таквата "ЉУБОВ " ми се :puke: Не изгласуваме овде нешто па да ми е битно дали ти го делиш или не го делиш мојот став така да СЕЕДНО МИ Е :hai:
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^
    ама искрено напнуваш со негативно понашање

    ноу хард филингс :wasntme: :hai:
     
    На Phyramide и sesilija им се допаѓа ова.
  18. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    ок може и е ....ама замисли , некој со толку современи свакања, значи девојка без предрасуди има сепак предрасуди за луге што живеат на село. т.е сељаци :^) зарем не е и ова иронија ???
    јас убаво си кажав дека сум против врска македонка - муслиман. мој личен став.
    ааа и друго....па не сум мазохист бре па да ме малтретира некој, да ми ја забранува мојата култура и вера наследена од пра пра родители, а и не сум до толку љубопитна па да чекам и да видам дали некој ке ме забули..
    ;)
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    абе ок кажете си, ама да идете со :headbang: глава во зид е тоа е веќе претеризам!
    сите страдавме од 2001, ок!
    и татко ми беше на психијатрија 6 месеци ради војната, и што јас сега треба да правам??
    да мешам баби и жаби
    си кажав- јас лично не би, ама која сака нека си оди

    а не ко некои одма ку*ви вакви такви,за пари за ово за оно.... незнам ти што
    вие си го сметивте вашиот двор, па за другите глдате
    Ајт создравје!
     
    На LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Се изначитав разни мислења и сакам да ве прашам нешто?
    Дали сте сретнале случаи кога едно машко се откажува од својата религија за да биде со саканата?
    Делумно не, така? (не велам дека нема. Има такви случаи али многу се ретки)
    Тука најмногу страдаат девојките.Тие се тие кои од љубов се одрекуваат од тоа што се, само за да му удоволат на мажот.
    Ете и да си ја задржи религијата, децата се тие кои еден ден ќе страдаат зашто нема да знаат што се, дали муслимани или христијани. Дали да го слават Велигнен или Бајрам, дали да го почитуваат Господ или Алах?
    Има толку многу македонци, ама ќе се појави еден албанец кој ќе ти расипе се.
    Кој ќе те натера да се прашуваш дали заслужува да бидам со него макар да останам без семејство?
    И на крај остануваат. Ние сме еден таков затуцан народ што родителите нема шанси да признаат албанец за свој зет

    Да се надоврзам на една случка од мојот живот. Познавам албанец-колега од факултет. Прекрасен човек со кој имам убав разговор и знае да ме ислуша и да ми помогне. И по извесно време ми кажаа дека му се допаѓам. Признавам едно време се двоумев дали да започнам нешто, но свеста ми удри во глава. Убаво си размислив за последиците и си прекинав другарство.
    Му кажав и него зашто и баш не се налути туку ме разбра и ми посака се најубаво. Сигурна сум дека ќе биде одличен сопруг и татко негогаш, но со некоја од својата вера.
     
    На i.am.me и lolyta777 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.