Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Не мислев на таков суд :)

    Затоа и пишав, повисок.

    И тука прекинувам со коментирање на оваа тема, затоа што си ја искажав поентата, мислам дека натаму само би се повторувала. Секој има право на свое мислење, нели? Нормално е дека нема моето на сите да му се допаѓа :)
     
  2. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Хмм... Искрено, не би прифатила таква врска од причина што мислам ќе се појават многу големи разлики. Не дека јас сум кој знае колкав верник (христијанин), меѓутоа колку што сум запознаена со исламот - па и морам да напоменам дека многу работи не ми се допаѓаат, од кои најмногу третманот на жената, што секако ме засега доколку би била дотолку заљубена и подготвена да ја променам религијата.

    Како што е веќе спомнато, муслиманската жена е во голема мера омаловажена и скоро да нема право на глас за кај нас нели, секојдневни ситуации. Зборувам за верниците. Исто така не ми се допаѓа тоа што на мажот му е дозволено да има онолку жени колку што може да ги издржи (!?), па кога стапувам во брак бре, не сакам да го делам сопругот со било кој! Друга работа е што жените се приморани да носат фес и фереџе, освен кога се дома со мажот, што исто така ми претставува тешкотија... Но најмногу од се ми смета, што е и дел од Коранот кој гласи дека брак помеѓу муслиман и припадничка на друга вера е дозволен, под услов таа да ја промени верата, а во обратен случај никако!

    Па сега, за сите оние што се спремни да поминат преку се бидејќи се сигурни дека го нашле вистинскиот човек, кој случајно се погодил муслиман... Пред се е потребна голема храброст зошто не е мала работа. Лично, не би се согласила на такво нешто.
     
    На melanie27 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    За вас што споменавте дека и Македонците си ги малтретираат жените, исто како што има и такви Албанци. Но, доколку се случува тоа во брак од иста вероисповест значи македонец-македонка таа може слободно кога сака да си ги спакува куферите и да си замине. А не би рекла дека е така и во брак помеѓу албанец и македонка или албанец со албанка. Е сега тоа што повеќето жени немаат храброст да си ги спакуваат куферите зборувам за нормален брак, тоа е по сопствена воља, ако сака тоа да го направи, никој нема да ја запре, за разлика од албанец кој на својата жена гледа како на своја сопственост. Исто така ако ја малтретира таа нема право да се врати кај нејзиното семејство, затоа што таа веќе припаѓа на друго. Ова зборам за брак помеѓу албанец и албанка чисто за да ви доловам. А слично би било доколку бракот е помеѓу албанец и македонка. Таа сепак ќе трпи ако тој ја малтреитра, затоа што во најголемиот процент семејствата се откажуваат од ќерките што се омажиле за албанец. И не ми мачкајте очи дека е овака или онака ве молам, во Македонија живееме.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Renata76

    Ме зезаш, нели? Ај преиспитај се колку албанчишта со " квалитетно образование и јак интелект" работат во јавна администрација, а посебно во здравство, школство, судство, ПИОМ, катастар, полиција итн......... :tmi: :tmi: :tmi:
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Да, реков дека сум ограничена и стојам зад тоа, напаѓајте колку сакате тоа не ме ниту повредува ниту понижува..
    Јас во ништо не сум се пронашла и тоа ништо не кажува, немој те молам да алудираш нешто... :!:
    Дерењето е фигуративно кажано, немој да си правиш слики во главата...не сум ѕвер.... :worried:

    Инаку за мене никогаш забранетото овошје не било примамливо (конкретно за муслимани зборувам) реков и пак ќе речам - не сакам и нема да му дозволам на моето дете само да искуси и да донесе проценка за нешто што јас лично сметам дека е погрешно, не сакам да има горчливо искуство во животот, да биде повредена, отфрлена...
    Немојте со тоа околината ќе ја прифати, можеме тука да глумиме колку сме толерантни и напредни во сфаќањата, но во реалноста ретко тоа е така.. |(
    Сметам дека сум добра мајка, жртва сум за моето дете, ќе ја учам и ќе ја воспитувам во согласност со моите морални начела и искрено се надевам дека ќе ги прифати.. Со сите сили ќе се борам моето дете да биде најдобро, да го насочам а не да управувам со нејзиниот/неговиот живот ...
    Од друга страна, еве ќе ја земам дрогата како пример, треба ли да им дозволам на моите деца да ја искусат и сами да донесат проценка...веќе мешаме баби и жаби..
    Јас зборував за мене, за моето семејство, за мои ставови, никому не му реков да не оди со муслимани, да не се жени, мажи, да не раѓа итн. итн. секој нека прави што сака, како што сака и како што го води паметот, јас кажав како јас би правела, како било во мојот живот, прочитајте ги сите мои постови па потоа зборувајте, спомнав и мои другарки, роднини, спомнав нивни искуства....
    ОК, сфатете како сакате, си го кажав ставот и мислењето-никого не мразам, почитувам религии, соживот, мир и хармонија, врска, брак отсечно НЕ...Имам предрасуди и мирно спијам....
    Добра Ноќ и секое добро :)
     
  6. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Потполно се согласувам.Сте слушнале некогаш дека во ваков брак(албанец со албанка)или во овој случај албанец со македонка) дека и свекорот има право да има односи со неа? :|
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Да, токму така... јас барем јавно кажувам дека сум против врска, брак, не сум дволична..не собирам поени и гајле ми е ако мислат дека сум ограничена и со предрасуди.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Лолита, не сме на избори па да се трудиме поени нечии да собираме.И така повеќето се ептен против, не знам јас и уште 3-4 членки што не сме против, чии поени би собрале воопшто.
    Инаку, може прва помисла ми е дека не би била со Албанец, ама не сакам ни да тврдам зашто никогаш не знам што животот ми носи.И кога би била во таква врска, нема да сакам никој да ми суди и да ми се меша, па така не се мешам ниту судам јас.
     
  9. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Да!!! И не само свекорот него и деверот може...
     
  10. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Прво јас сметам дека Албанец никогаш нема да си дозволи да земе Македонка , па дури и до смрт бил заљубен во нејзе, зашто тие си ја ценат фамилијата повеќе од се. А ние глупавите ми ти коковчиња, ќе ги рашириме ноџињата, ќе се насмееме и ајт, завиј си ја фамилијата во црнина за цел живот, да не можат на улица да излезат, на слава да отидат, со пријатели да седнат. Зарем толку малку си ги цениме нашите родители, роднини.
    Е ќе умрам ама ова не можам да го сфатам. Па кажува уште дека нејзините биле против, не знам животот што ми носи ама веројатно и јас како родител или ќе голтам како твоите или ќе направам се за да спречам. Ако неможе тогаш секој нека си одговара за последиците. Си го створил едно чедо, ама ако те негира тогаш не е вредно да го чуваш во куќа, колку и да боли, ќе боли, ќе боли и ќе преболи.
     
    На Lacrimosa, Shopaholic, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Знам доста се имам изнаслушано, но несакам да коментирам за тоа, затоа што веднаш ќе бидам нападната како сум полна со предрасуди и дека немам запознаено модерно албанско семејство.
     
    На lolyta777 и beached им се допаѓа ова.
  12. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Можам да кажам дека сум премногу пртотив ваквите врски :!:
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас имам запознаено модерно албанско семејство, претходно пишував за една моја другарка Албанка, модерни беа во секој поглед, две деца, 4-члено семејство, родителите и двајцата вработени, мајката секогаш дотерана, права госпоѓа, другарка ми останувала кај нас на спиење, заедно сме искачале, сме пиеле итн. итн.....модерни беа додека не забремени од Македонец, ја натераа да абортира, ја принудија да даде отказ на работа (плаќаа пенали поради тоа) и ја омажија во Германија....
    Инаку Фемина90, гледам дека имаш 20 год. сега така размислуваш, ама кога ќе бидеш родител и кога твоето дете ќе донесе било каква одлука која се коси со твоето размислување, не знам дали нема да се мешаш, нема да судиш и ќе стоиш од страна онака индиферентно, баш ми е гајле, нека проба, нека искуси, нека донесе одлука...дај Боже да останеш таква каква што си сега...без предрасуди.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Секако.
    Каде прочита дека фрлам камен по тој што нема против врска со Албанец?
    Јас нема да дозволам мое дете да земи Албанец.
    Уствари кога ќе размислам подобро, дозволено му е се', но треба да внимава што може да ме разочара,а што не.

    Господ е повисокиот суд?(океј кај нив Алах)
    Пошо кога беше конфликтот во 2001 ниту еден Албанец не е осуден, Јохан го изеде подебелиот стап на 12 години затвор+ 6 што го држеа во притвор.

    Сеа пак карактери ми мешаш.
    Не, за мене човекот е прича сама за себе.
    Нагласив, ИМАМ ПРИЈАТЕЛИ АЛБАНЦИ, се е в ред со нив.
    Но, не прифаќам тоа пријателство да прерасне во нешто повеќе, поради религијата и јасно кажав зошто не.
    Мене не ми е важно дали Станко е подобар од Јанко, Станко е муслиман, Јанко е христијанин и мене тоа ми смета кај Станко.

    Знам дека звучам повеќе од ограничено,но такви ми се принципите и насоките во животот.

    Нема да глумам Ева и да пробувам од забранетото овошје,кога имам цела градина полна со други овошки.
     
    На Lacrimosa, Offspring, Alanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. bliss

    bliss Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Еве и јас да се вклучам во дискусијата,иначе прво да кажам дека по националност сум албанка,и стварно сум исфрустрирана од размислувањето на некои,како на пример кај албанците и свекорот можел да има односи со снаата,и дека на мажот му било дозволено да има повеке жени во исто време,мислам стварно останав без зборови,луѓе 21 век сме.Што се однесува на врските секој си има свое право да си биди во врска со кого сака,во тоа воопшто не се мешам,зошто и јас бев во врска со македонец,никој ништо не ми забрани,туку јас бев таа која одлучи дека мора да се стави крај на сето тоа,и не би препорачала такви врски,но ако некој стварно е сигурен во тоа што го прави,тогаш ја има мојата подршка.Само страшно се нервирам кога нас албанците не замислувате како некој најзаостанати,и ред други лоши работи.Јас не велам дека сме перфектни,сегде има исклучоци-и прости,необразовани,вулгарни....ама НЕ СМЕ СИТЕ ТАКВИ.Само тоа сакам да пробате да го сватите и да не не ставате сите во исти кош,зошто не одат сите жени со фереџе како што некои размислуваат,а пример за тоа е моето семејство,ниту пак мајками носи фереџе,ниту бабами а ниту пак јас.живеееме сосем нормален живот без никакви ограничувања какви што некои спомнуваа,ниту пак таткоми има право да има повеќе жени,ниту пак дедоми имал право да спие со мајками мислам стварно грозно ми е да пишувам за ова и стварно се почуствував грозно,ве молам немојте да имате такво размислување,затоа што тоа не е точно барем за моето семејство и сите мои блиски можам да гарантирам.Малце забегав од темата али морав да се искажам,а и да нагласам дека немам ништо против никоја вера,си живеам со македонци скоро сите другари и другарки ми се македонци,зашто ЛУЃЕТО СЕ ЦЕНАТ ПО НИВНАТА ЧОВЕЧНОСТ..
     
    На WildMk, Zeynep, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Лолита, може ќе ми се смени размислувањето, не знам, ама сум сигурна дека ако ќерка ми кога ќе се вљуби мене нема да ме слуша сигурно, без разлика јас колку и да и зборам.
     
  17. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Какви мешани врски? Еден е животот на улица, сосема е друг во куќа кога ќе му се стапне. Ајде толку станавме цивилизирани и просто се ежам од тоа 21 век сме?Што направивме во тој 21 век? Ништо. Нашиот успех го темелиме за да ни „дозволат“ да бидеме со Албанец, па уште и серизна била врската. Леле,леле мори мајко у што влтуваме ние овчичките. Една работа, имам пријатели албанци но секогаш се стремам да ја подвлечам линијата на пријателството и да им поставам граница од -до. Иначе сите тие мои пријатели имаат девојки македонки. И сите тие се лепат на паричките и ги влажнат гаќичките ( извинете на вулгаризам ) ама ме уништува темава. И еден многу битен факт, тие точно ќе работат за да ВИ, Ни ги пружат сите задоволства, ама кога ќе престане интересот тогаш ВИе ( Ние ) работиме за нив, или некоја наредна овчичка. Мислам дека се сложувате?
     
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    И уште еден момент? Кој кажува со кого е и што прави и слично. Родителите се последни што дознаваат и после шлог. Наместо да седнеме и да разговараме уште на почетокот за било каков проблем ние чекаме да ја направиме грешката па мамо, тато СПАС? Реално!!!
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас само би ви рекла- не гледајте многу шпански серии кои ве убедуваат дека најбитно од се е да се слуша срцето,и дека кога ќе се заљубиш во некој нема одљубување,дури ни по 30 години |(
    ПОВЕЌЕ РАЗУМ ЛУЃЕЕ А ПОМАЛКУ СРЦЕ!
    не се јаде се што лета,и од љубов не се живее-звучи како излитена фраза ама е точна!
     
    На Lacrimosa и babaDara им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Претходно во темата имав напишано дека сум имала врска со муслиман. Не Албанец од Македонија, туку асли Турчин од Турција, муслиман по вероисповед. Нема да пишувампак за тоа каква ми била врската, еднаш напишав. Вчера поттикната од темава, и се јавив на мајка ми да ја прашам што навистина мислеа во тоа време она и татко ми. И како ќе реагираа доколку таа врска се завршеше со брак. И еве што ми кажа од збор до збор. Најискрено немаше да ми е многу мило, затоа што ќе одиш во сосема нова средина, нови обичаи, нов начин на живот, децата ќе ти беа растргнати помеѓу две религии, ама ако си ти среќна како полнолетна (тогаш имав 25 години, впрочем и како девојкава што ја отворила темава) и зрела личност си проценила дека можеш да живееш со тој човек, тогаш ќе ти дадевме благослов, затоа што ти си наше дете, и да згрешеше пак имаше каде се вратиш.

    Поентата на ова што го напишав е дека

    1. Личноста која ја отворила темата е 25 годишна жена. Не е дете пубертетлија па да и лета паметот,
    2. Свесно е во врска со Албанец, за кого рака на срце никој не знаеме ништо ама затоа што е Албанец ајдеееее удри со секакви предрасуди.

    Искрено многу ме плашат вакви размислувања и ваква нетолеранција. Дали дека јас сум растела во помирно Скопје, кога немаше етнички тензии, дали дека првата другарка кога растев како мала беше турчинка и дека нејзнините ме чувале болна кога мајка ми неможела да земе боледување?? Навистина не можам да ја сватам таа огорченост во вас. Дозволувате политики да си играат со вашиот разум. Ете толку од мене на темава.
     
    На WildMk, Zeynep, al-vik и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.