Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Можеби нема да те слуша, можеби ќе се расправа со тебе, можеби ќе има и солзи и лутење итн. итн, ама јас сум сигурна дека ти ќе се обидеш да и укажеш дека нејзината одлука се коси со твоето мислење, ќе се обидеш да и ги отвориш очите, да ја заштитиш да не биде повредена, да не се кае подоцна за своите одлуки, со сите сили ќе се обидеш да ја изведеш на правиот пат,т.е. на патот кој ти мислиш дека е исправен.
    офф топик ќе наведам еден пример од мојата младост...едно горчливо искуство...
    ...имав 3 год. врска со дечко (Македонец) кој никој не го сакаше, ниту моите другарки ниту моите родители, едноставно сметаа дека не е за мене, неколку пати ме повредуваше а јас упорно му се враќав, се карав со сите, се обидував да им докажам дека не е таков каков што тие мислат, а јас слепа, заљубена до уши, си го слушав само срцето, но не и разумот, грешев и грешев и буткав ѕид со глава, се додека конечно сфатив дека навистина е така како што другите кажуваат ...само сакам да кажам љубовта е слепа...некогаш е пожелно и ефикасно да има некој ќе ти ги отвори очите...значи упорноста на тие кои ме сакаа искрено и вистински придонесе да ја донесам вистинската одлука (колку и да ми беше тешко) и да се поштедам од натамашно страдање...долго време ми требаше да сфатам дека грешам, дека се повредувам и себе си и моите најблиски, но тие никогаш не се откажаа, никогаш не ми рекоа прави што сакаш, твој живот, твоја одлука, на секоја моја солза, на секоја моја потиштеност и депримираност се обидуваа да ми укажат колку грешам, дека има и други риби во морето и дека тој не е еден и единствен...
    И да се надоврзам на темата, нема да стојам од страна и да гледам како детето ми тоне и пропаѓа, нема да дозволам да биде заслепен/а од љубовта, нема да дозволам да биде осудуван/а од околината, реално гледано таков е нашиот менталитет, секогаш имало и ќе има предрасуди и затоа ќе се обидам да ја/го поштедам од покажувања со прст и оговарања, а факт е дека ќе биде.

    Најискрено, твоите родители се прекрасни луѓе, најискрено го мислам ова, жал ми што морам да кажам дека ретки се вакви родители : :( bow:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.648
    Допаѓања:
    22.242
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е неоспорно, ама ниедно такво пријателство не ни помогна во 2001 ;) Факт си е факт. Мене една другарка (албанка) ми рече најискрено без разлика колку добри пријатели имаат меѓу нашиве дека за што и да е, албанците ќе си стојат зад своето и никад нема да си го издадат народот.

    За другари да, апсолутно, се покажале повеќе и од некои македонци, на најмала добрина многу ќе ти вратат, ама друго е да станеш дел од нечиј дом, друго е да идете на кафиња. Можеби имам тесен и ограничен видик на работите, но јас сум таква.

    Плус тоа, премногу си ја почитувам религијата и не би можела да поднесам некој да ми ја негира или свекрвата утре да ме гледа накриво заради нешто со кое јас се гордеам пред се затоа што и јас сум човек кој ги почитува сите религии, не пропуштам да честитам празник такви работи, дури не јадам и не пијам во нивно друштво кога им е постот (така другаркава од средно ме глеа таква гладна жива ми вика иди купи си остај ме мене, ама мене ми е жал бе да и мириса на девојчето и викам ееееееее нема да се стопам до 5-6 саатот, после заедно ќе си купиме), значи внимателна сум и го почитувам туѓото ама сакам и моето исто да се цени.

    Мажена сум за македонец православен и кога си одиме во црква секој петок, гледам се појасно колку ми било и ми е важно и ме исполнува тоа што и двајцата сме побожни и веруваме во исто нешто. А од Сонце немаме чуено одамна, се надевам дека го решила проблемот, но пак ќе речам, нека го следи своето срце, само нека не дозволи да ја гледа некој накриво (а маж и да не ја одбрани) заради она што е. А за муабетот за Цвета, таа и Злата Мегленска, секоја чест, се гордеам со нивната постапка, ама изгледа ги има во историјата само нив пошо биле ретки таквите ;) :D Затоа ние од словенските народи сме најубави, убави коси, дефинирани црти, не ко оние од Чешка или Словенија, нити гледаш веѓата кај им е, нити трепката, а за коса па ич :D Така да, не би било некое предавство на нашите претци и релативно е. Кому не му пречи, не сме ние никој овде да му судиме ;)
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.382
    Допаѓања:
    114.415
    Пол:
    Женски
    Lolita, фала богу имам родители кои не ги интересира туѓо мислење, покажувања со прст, кој што ќе рече. Гледаат да сум јас како нивна едиствена ќерка да сум среќна. И никогаш, ама никогаш не станало збор само ако те видам да одиш со албанец, ќе те искршам. Ни предрасуди никакви немаат. Да ти кажам од каков дијапазон на нации и вери имаме пријатели, ќе се фатиш за глава. И да ти кажам дека кога беше конфликтот во 2001, пријатели од Албанија ни се јавија за да ни понудат помош, во смисла ако ескалира да одиме таму. Во мојот случај, мислам дека на мајка ми ќе и беше најтешко ако живеам подалеку од неа, на пр. Турција :lol: а не дали он е муслиман или како што вика татко ми: Ако сака нека е и розев со жолти точкици по кожата, ако те сака, почитува, ако те гледам дека цветаш ии дека си среќна и јас ќе бидам среќен. Моите се разведени после 28 години брак, и на мајка ми око не и трепна во смила што ќе речат другите.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Очигледно сум премногу погрешно сфатена во темава, морам да појаснам некои работи...Јас сум растена во етнички чиста средина, но по потекло сум од Тетово, детството го имам поминато (дел од него-на летен распуст) во Тетово и во едно тетовско село, значи сум си играла со Албанчиња, никогаш не ми била забрената дружбата, реков и пак ќе речам, сум идела дома во албански семејства и тие доѓале кај нас, заедно сме оделе и на излети и скари сме правеле кај нас во двор, татко ми бил тој кој ни помагал, мајка ми ни варела кафе и седела со нас на муабет, имав и турци другари машки кои доаѓале кај нас, имав соученик торбеш секоја година идевме кај него на баклава, тој кај нас за Велигден, .....никогаш директно не ми рекле ке те искршам ако одиш со албанец, меѓутоа мајка ми ми рекла пази што правиш, на тој начин едноставно се подразбирало дека не би подржале врска со муслиман, дека не би прифале. Сега живеам на другата страна од Вардар, моето дете на уличка си игра со албанчиња, како да и забранам да си игра, за мене сите дечиња се исти, утре и на училиште ќе оди со нив, зарем нема да примам дома нејзин соученик, зарем ќе го избркам од дома само затоа што е од друга националност и друга вероисповед...Никогаш нема да им забранам на моите деца да се дружат, ќе ги учам да ги почитуваат сите религии и сите луѓе, нема да им всадувам омраза, расна и верска нетрпеливост..Меѓутоа познавајќи се себе си, моето потесно семејство и околината и средината во која живееме знам, едноставно знам, дека не би можела по секоја цена да им дозволам да ја погазат својата нација, својата традиција, својата вера, своите обичаи...не ги делам луѓето на црни, бели, жолти, не сум расист ниту националист,никого не мразам, едноставно се гордеам што сум Македонка и Православна Христијанка и таа гордост сакам им ја пренесам на моите поколенија.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Иако темава е многу разгорена, некако сакав да искоментирам. Не сакам да навредам никој, ниту да застанам во нечија одбрана или напад. Секој си има свое мислење на оваа тема, како впрочем и на сите други и никој тука не се труди да превоспита некој. Воспитание на форум до сега мислам дека никој не стекнал. Тоа веќе (не?)го имаме стекнато.

    Да се вратам на темата. Всушност се чудам зошто постои ваква поделба на луѓето во 21-виот век, во кој се стремиме и тврдиме дека живееме во едно модерно доба. Мислев дека од првенствено значење за луѓето кога сакат да стапат со некого во врска е тоа дали е добар, искрен, грижлив, хумористичен, ... а не дали е албанец, грк, бугар, србин, ерменец, монголец или што и да е. Изгледа сум во голема заблуда. Всушност и не само тоа, и многу други работи кои како луѓе сме способни да ги направиме, иако тврдиме дека сме разумни суштества, сепак ги правиме, и ги косиме со тоа сите тврдења како тоа ние сме модерни, современи, добро воспитани и образовани. Џабе ни е сето тоа, кога не го имаме она клучното - да се сакаме и почитуваме пред се' како луѓе а понатаму, секој има право да одреди на која вера ќе биде почитувач, во што ќе верува или нема да верува. А ако јас со некој се сложувам и имам хармоничен однос, без разлика дали тој верува и го почитува не Исус, не Буда, или кој и да е, јас тоа ќе го почитувам и точка, крај на дискусијата. Се додека тој го почитува моето право на избор и јас ќе го почитувам неговото. Тоа е и повеќе од доволно за хармоничен однос помеѓу луѓето. И, се додека не ги искорениме предрасудите на оваа тема, и истото го пренесуваме на нашите деца, нема да постигнеме ништо револуционерно на светов, пак ќе кажам, џабе е се' кога не се почитуваме како луѓе! Јас оправдувам единствено врска помеѓу две индивидуи кои се сакаат, почитуваат, милуваат, грижат еден за друг, ... Верата, бојата на кожа, националната припадност, треба секому да е од второстепено значење! Па, ало! Сите сме бре едно те исто, ЛУЃЕ! Барем ние сме разумни суштества кои свесно размислуваат!

    На ова да додадам една моја сторија околу истово. Нешто што ми се има случено одамна. Сега сум во преубава долга врска со некој кој ме сака и го сакам неизмерно. Го почитувам и сакам пред се' затоа што е добар со мене, ме сака, ме почитува, а она во кое сум заљубена е пред се него како човек, а понатаму ги почитувам сите негови права кои ги има на избор во што ќе верува и на што ќе биде почитувач. Пред повеќе години пак, запознав една личност која на прв поглед беше за мене океј. Се дружевме да речам, и тој изрази желба да излеземе на кафе. Излеговме, муабетевме, се беше океј. Но кога на крајот од средбата ми кажа дека цело време ми се претставувал со друго име и се преправал дека е друга личност, само заради тоа што беше албанец, тоа многу ме налути и апсолутно прекинав секаков контакт. Не поради тоа што беше албанец туку токму поради лошиот начин на пристап кон мене како личност, првиот чекор беше значи огромна грешка. Но сега тоа и не е важно, само сакав да ви споделам едно мое искуство.
     
    На meU, Phyramide и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Значи темава гори и гори,
    треба да се заклучи
    или да се зборува со понизок тон и со помалку навреди,
    сепак сите знаете дека живеете заедно, во иста држава, населба или пак зграда
    сите имате другари албанци или другарки, и што е тука проблемот??, значи не ви е убаво што имате такво друштво и такво мислење за нив!!!!, ми се чини кога ги гледате сакате да ги убиете или живи да ги изедете....

    ма дајте бре....ептен сте се нервирале...... изгоре форумот :devil: :devil: :devil:
    Едно само да ве прашам и да ви кажам: девојки зошто кога толку ги мразите албанците, одите пак кај нив им се пикате во г'зот, зошто одите пак се е*ете со нив?? не ве разбирам искрено....ем ги навредувате како народ, што не е во ред и што сите ги ставате во една вреќа (прости и необразовани луѓе има секаде), ем пак влегувате со нив во кревет или во кола... тие ли се криви?? или вие што со ќејф одите со нив, со сила сигурно не ве земаат!! туку самите одите, со ваши нозе...

    и доста веќе со навреди и омраза, може утре, задутре вашата ќерка да ви рече: е мамо многу го сакам, не сакам да не делите (како сонцето што ја отвори темава), што не е ништо чудно.... :clap: :clap: :clap: :clap:
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Рената, за жал и обратно е. И албанците со нас се дружат и комуницираат а на крајот ги покажуваат на виделина своите предрасуди и вистински ставови во врска со ова. Не е само до нас, и до нив е.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    кој те тера тебе со сила да одиш со нив??најди си некој подобар тогаш, ама секој сака нешто подобро и поубаво затоа е проблемот....хахаха
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ако мене ми се обраќаш, извини ама не ти ја сфатив поентата.
     
  10. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    па да токму тебе, нели рече дека се дружат и тие со вас и комуницираат, тогаш бегај од нив

    ја читаш темава, колку ги мразите?? тогаш бегајте подалеку од нив
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Епа очигледно не си ме сфатила. Прво убаво читај, потруди се да сфатиш, а потоа коментирај. Нема потреба двојно да се објаснувам кога мојот став јасно и гласно го искажав.
     
  12. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    јас мислењето што го кажав не беше за тебе, ама ти кажа нешто друго и јас ти одговорив одма
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Да не одиме со офтопици, ама ти кажа дека мене ми се обрати. А ако убаво ме прочита, ќе знаеше кое е моето мислење во врска со оваа тема, и воопшто ако ме сфати што имав напишано ќе сфатеше и кој е мојот став.

    Добро бе, пред да пишете нешто прво размислете, аман, не напаѓајте одма ко прле пред магаре што трча.

    BTW освен кирилично писмо, користете и интерпункција и почетна голема буква, мајкому.
     
  14. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    едно нешто да ви кажам, овде колешката што ја имам во канцеларија, она е вљубена во нејзиниот шеф, кој е албанец (за среќа или за жал) и секој ден она му седи во скут, он некогаш ја избрка, дури и ја пцуе, она пак, му влегува во кола, му зема пари демек на заем ( и на друг начин му ги враќа), иде со него се д*пи на големо, што да ви кажам

    идиотка, кој ја тера со сила? нека си го чува моралот и честа своја (плус има дечко македонец заборавив да кажам)

    ете тоа е вистина
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    А шо има врска извини ова со темава? Ова го прават и други девојки кои имаат проблеми со моралот. Без разлика шефот дали е македонец, албанец или американец. И ова не го прават само македонки, за жал. Овде веќе станува збор за друга проблематика која треба да се дискутира во друга тема.
     
  16. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    па тоа беше темата де албанец со македонка:.....нели?
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Твоево е за тема, вработената со шефот. А не македонката со албанец.
     
  18. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    па вработената е македонка која има врска со албанец, и многу го сака
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Последен пат се препирам со тебе. Не мешај баби и жаби. Можел шефот и да е македонец, она пак можда ќе се заљубела во него и тој истото може ќе и го правел. Ова нема врска со темава. Овде се дискутира кој колку и дали одобрува и прифаќа врски помеѓу македонци и албанци. Нивната врска коментирај ја од друг аспект, кога си веќе на оваа тема. А не тука, тука да ни објаснуваш за нивните шефовско вработенски (сексуални)односи со материјална искористеност. BTW она него го сака или неговите пари? Чим си зајми а му враќа во натура. Дај чил аут малце, и поубаво читај и размислувај пред да пишеш. Малтене десет години си постара од мене, ако си '76 и не ти доликува однесувањево и изјаснувањево на твоето мислење.
     
  20. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Не сакав да коментирам, но едноставно некои коментари ме испровоцираа на тоа.

    1. и основно, одеднаш сите станавте дипломирани теолози и тука продавате памет за тоа што налага Исламот како религија, а уствари никој ништо паметно и точно не кажа. Јас како атеист чисто од љубопитност ги прочитав и Библијата и Коранот и во 90% се copy-paste, секаде се потенцира почитувањето на останатите... но она што ме зачуди кај повеќето девојки на форумот е ставот дека жената муслиманка е омаловажувана и малтретирана. Муслиманката е заштитена пред се од Светата книга, каде што се налага почитување на жената и нејзино третирање како кралица. Доколку знаете некои “заостанати“ муслимански семејстава ќе видите дека должноста на жената е да седи дома, со децата и само да се средува, односно да биде убава, но велам ова денес ретко се среќава, затоа што денес жената муслиманка се образува, работи и е рамноправна со мажот. Колку девојки низ градот ќе сретнете и додека не проговорат албански никогаш нема ни да помислите дека не се Македонки.
    Што се однесува до верата можам уште мноооогу да пишувам, но да не забегам, доста е!

    2. Зошто ги генерализирате работите?! Велите дека Албанците се примитивни и необразовани, но генерализацијата е прв и основен показател на примитивизмот и глупавоста. Разбирам да се чувствува некоја одбивност кон Албанците поради конфликтот од 2001, меѓутоа ако е така ајде сега мразете ги и Турците што 5 века нашите предци ги држеа под ропство или Германците кои се изживувале врз нашите баби и дедовци... Повеќето сте против мешани врски и бракови, но дали ќе бидете против доколку вашата ќерка започне врска со Грк, Бугарин....? Нели и со нив имаме и ден денес конфликт.

    3. И на крај да го кажам моето мислење во врска со темава, иако сум со многу слободни сфаќања мислам дека не би се впуштила во врска со некој “туѓинец“, но доколку дојде до љубов и ако знам дека со таа особа ќе бидам посреќна него со било кој “наш“ тогаш не би се противела и секако дека ќе бидам ЗА, а знам дека и од страна на моите можеби во прв момент ќе има одредена доза на скептицизам, но ако ја запознаат личноста и увидат дека е сосем ОК и тие ќе бидат ЗА среќата на нивната ќерка.
     
    На Zeynep, fierce, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.