Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    (Ова се однесува на сите девојки) па затоа како постара ви кажувам на вас девојките да не се пикате кај нив у кола, ама сами сакате што да ви правиме ние, и да ве советуваме и не не разбирате, ајде терајте

    и многу други работи немаат врска со темава, ама погоре беа испомешани и партал правени, и конфликтот и племето, и народот, и џамиите и црквите, све живо и диво, што не е во ред.....од никој
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Светите книги можеш да ги интерпретираш на било кој начин, секој различно ги толкува.
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    1. Koj рече дека некој тука што е против таа врска е теолог?
    Не разбирам зошто кога некој има нешто против веднаш го правите како сам да рекол дека е стручен за таа област.
    Едноставно сме против мешање две различни релгии,за кои добро знаеш дека и самите свети книги не го дозволуваат тоа.
    И не вади од контекст зборови.
    Повеќето што се против кажаа дека имаат пријатели Албанци,се дружат со нив,ама ништо повеќе.
    Тоа значи дека ги почитуваат.

    2.
    Еј да. Потпишувам со две раце дека Албанец што живее во западните села не знае збор на Македонски да проговори.
    Види вака.
    И јас и ти живеевме во време кога беше конфликтот во 2001.
    Тетово и Гостивар не можеше по улица да шеташ.
    Другар ми кажува дека го гледал сопствениот татко како го нишанат со пушка!
    Значи директно сме инволвирани во настаните.
    Втора работа е религијата.
    Значи поради религијата и поради тоа што со мојот сопруг ќе имаме различни сфаќања за духовните работи,јас нема да земам маж од друга религија.
    Бугарите во мое време никогаш не ми влегле во држава да ми пустошат како што направија Албанците.
    Бугарите си имаат политичко-историска позадина и тоа го прават на дипломатски начин,а не веат во некои Струмички села Бугарско знаме.
    Се што е вон нашите граници, не ми пречи.
    Исто како што не ми пречат Албанците во Албанија да зборуваат Албански во училиштата.

    3.Гледаш?
    И ти ги нарекуваш туѓинци.
    И јас исто.
    Нив нема да им пречи што е од друга држава,нив ќе им пречи религијата.
    Не сум растена во атеистичко семејство за да ме воспитувале со слободни сфаќања за да ја прифатам и glbt популацијата.
    Едноставно се што е вон границата на нормалната работа,која патем различно ја дефинираме.. не ја прифаќам бидејќи сум ја преминала црвената линија на мојот висок морал,образованост,стручност,гордост/irony и така натаму.
     
    На milky-candy, melanie27 и Offspring им се допаѓа ова.
  4. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски

    1. Ashling те молам врати се на мојот пост и убаво ПРОЧИТАЈ, јас реков дека сега сите се теолози затоа што одеднаш ги толкуваат сите религии и (мислат дека) знаат кои се обврските и правилата во Исламот, а не реков дека се противат на мешаните врски. И прочитај некоја од светите книги и сама заклучи дали се тие против мешањето на две различни религии.

    2. Те молам собери си ги веднаш рацете и не тврди нешто што нема врска со вистината. Можам да ти набројам мал милион примери на луѓе од затуцаните села од западна Македонија кои одлично говорат македонски јазик, можеби ти околу себе имаш необразовани луѓе, но Албанците со кои јас се дружам и ги познавам (а верувај имам широк круг на Албанци пријатели) сите се образовани, пристојни и модерни луѓе.
    За 2001 несакам да коментирам, не е овде местото, но еве ќе кажам не поддржувам никаков облик на насилство и војни и за жал во такви моменти најмногу страдаат невините. Но и покрај тоа што го преживеав тој момент, неможам да кажам дека ги мразам сите Албанци, дека сите се терористи и сл. САМО ЛУД ЧОВЕК МОЖЕ ТАКА ДА РАЗМИСЛУВА! :fubar:
    Според тебе испаѓа дека Македонија до сега војувала само со Албанците... хммм интересно размислување, можеби мене во основно историја погрешно ме учеа, од кај знаат па они кое е минатото на земјава ;)
    А доколку мислиш дека само различните религиски сфаќања ќе ти претставуваат проблем утре во животот со твојот сопруг, тогаш немај гајле ќе имаш долг и среќен брачен живот ;)

    3. Да ги нарекувам “туѓинци“, но во наводници (се надевам дека им го знаеш значењето), затоа што со тој израз сакам да опфатам се што е во некој смисол различно, значи и Албанци и Турци и Американци и Талибанци... небитно
    Јасно ми е дека имаш доста закоравени сфаќања по одредени прашања и за жал не си единствената и се додека постојат луѓе за кои единката е симбол за цело и кои не се ни трудат да ги разбијат тие закоравени стереотипи ќе постојат несогласувања и немири во светот. Само незнам како една млада девојка планира да живее во едно општество во 21 век во кое се повеќе се зборува јавно за се, против дискриминацијата и генерализацијата и ако досега одредени групи во општеството беа осудувани, полека но сигурно доаѓа времето да ги осудуваат луѓето со стереотипи и предрасуди, а за среќа се помалце и помалце ги има :)
     
    На Rose96, fierce, girl1985 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ова е офф-топик,ама морав да реагирам,ете јас сум половина Словенка мајка ми е Словенка и дедо ми покоен беше,а брат од баба ми има сопруга од Чешка,така да сум компетентна да ти реплицирам.
    Не знам од каде ти е податоков дека сите од Словенија и Чешка се грди,ќелави и без трепки :fubar: ,значи без зборови останав :x .Нема крај на глупоста човечка и вселената,во право бил Ајнштајн.
    И ќе те разочарам ама кај моите роднини Словенци има многу убави луѓе,истото го тврдам и за оние Чеси кои ги познавам ете и мајка на мој школски другар која е од Чешка е исклучително убава,а познавам неколку и замисли сите се со коса,трепки и симпатична надворешност.
    Значи од вакви генерализации напамет направени и ми се лоши :puke: и мал збор.
     
    На tinkerbelll, Phyramide и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Првпат коментирам на форумот, некако темава ми се виде интересна, иако некои од вас забегале со коментарите, па ви препорачувам читнете го насловот уште еднаш. Јас ќе поцнам вака, А запаметете ДОДЕКА ЧИТАТА ДЕКА ИМА РЕТКИИИ ИСКЛУЧОЦИ ОД СЕ ШТО СУМ НАПИШАЛА! Кога веке зборувате за затуцаност, прочитав некаде дека затуцани биле овие-оние....па муабетов е аналогно на затуцаноста!

    - сте слушнале ли за Гора и Горанци, место кое се наоѓа околу Македонија, Албанија и Косово,
    ( Горанците ги има кај нас ), се нарекуваат македонски муслимани - бидејќи ни самите тие не знаат како да се декларираат. Да ви кажам како одат работите кај нив, компетентна сум, бидејки имам другарки Горанки. Инаку, Гора се состои од повеќе села.

    1. Повеќето Горанци живеат во Македонија, Швајцарија, Црна Гора итн....е сега кога ќе дојде лето, девојките одат на одмор во селата и седат таму по два-три месеци. Секоја год така. Значи, не одат на езеро и море ( тоа е поим за нив - вода гледаат само кога се бањаат ), одат на планина да дишат чист планински воздух...е па не е така...........одат за да им наместат дечко, во краен слуцај ако некоја има повеке среќа сама да си го одбере.

    2. Ако девојката не може да фати децко, татко и е соодветен да и ја искреира судбината со тоа што ќе и намести некој. Кај нив девојките се мажат со ТРЕТИ БРАТУЧЕДИ ( најгадната работа на ЦЕЛ СВЕТ Е ДА ЛЕГНЕШ СО БРАТУЧЕД ТИ, а не па камоли да се омажиш, секој со секого си е роднина, ГАДНООООО ) - ( 1 И 2 не, тие биле блиска роднина). Значи, свесно или несвесно мешаат крв за да остане СЕ во кругот на горанската крв. Ако девојката, по некоја среќа, најде сама дечко, и ако евентуално дечкото имал роднина кој бил женет со жена која избегала ( не сакала со него во брак да остане ), веднаш врската се растура. Потоа, девојките не смеат да се земаат со друга вера, значи Србин, Турчин, Албанец, ни Македонец не доага предвид ( иако се нарекуваат мак. муслимани ). Ако некоја девојка направи такво нешто, за неа повеќе во селото не се зборува и не постои, иако таа е среќно мажена. Девојките од едно село не смеат да се земаат со дечковци од друго село, бидејќи нејзиниот татко не ги знае фамилијарно ( има случаи каде што се зеле ама тоа дека остареле девојките и дека нашле малку поотракан дечко, но ретко ).

    3. Сите така собрани во селцето, одат по ливади со бујна вегетација, и си прават тревна забава. Доаѓаат сите девојки од кои секоја е различно облечена, мажената, таа со дечко и слободната за да ги препознаваат мажите. Ако некоја се потрефи да и се засвижа некој - ок, но ако не - тука се родителите да завршат работа!

    4. Додека се во вистинските домови ( бидејки во селата одат на одмор), не смеат да излегуваат доцна навечер, не смеат во град, не смеат да стојат со машки, ( под доцна навецер се мисли дома до 9 ), или 10, ауу тоа доцна е веќе, иако кај другарки се на гости ( на пр.). Затоа, пак, таму корзо до раните утрински часови каде одат во бољи живот.

    5. Меѓувреме, ако се случи некоја свадба, тоа е вистинска атракција за жителите,( се дотеруваат топ, иако кога се дома не смеат мини, деколте, ко се дотеруваат можеби и нешто прават ), па така сите си одат на свадбата, иако не се роднини.

    6. Потоа, дома ја гледаат свадбата сите заедно во еден куп - тоа им е доживљај - кои гости биле, како и што, и нели им се наметнати мислења од постарите за тоа што и како понатаму.

    7. Кога ќе си фатиш децко или ако ти наместат, се гледаш во селото со него повремено, и потоа се вракаш дома и љубовта ја продолжуваш на ФБ. Ако нешто не е како што треба не ставаш статуси, но ако гледаш дека се е во ред, ја официјализираш врската преку фб преку статус/ ВЕРЕНА/ ИМА ВРСКА, и сите знаат дека сте заедно. И потоа со децкото, цел ден на интернет, нема гледање ( ќе се видат на свадбата и после тоа цел живот ќе се гледаат ).
    П.С. Се прашувам што би правеле ако технологијава не напреднала волку?!

    8. Некои од девојките студираат, некои не, мажите не,не и не, тие работат ( на рака може да се избројат тие што студирале). Но, како и да е, ако студирала, учењето и тресењето пред испит паѓа во вода, бидејки кога ќе се омажиш, диплома не ти вреди. НЕ ИМ ДАВААТ ДА РАБОТАТ, седат дома и им прават деца, и живеат и со свекрвата и со сестрите на мажот ( додатна нервоза ), готват, пеглаат, чистат, СЕ ОБЛЕКУВААТ ВО ШИРОКО, (ако некоја има помодерен маж, поубаво живее, има...ама ретко).

    9. И освен тоа дека КАЈ НИВ Е НОРМАЛНО ДА СЕ МАЖИШ СО ТРЕТИ БРАТУЧЕД, покрај ова што ми е најинтересно, има и уште едно... НА ДЕВОЈКИТЕ НЕ ИМ СЕ ДАВА ДА НОСАТ НАОЧАРИ, ако не гледа со очите, не смее да стави бидејки никој од селото нема да ја земе за жена, тоа го сметаат дека нешто и фали, дека е болна и таа сама ќе остане, ќе стави наочари кога ЌЕ СЕ ОМАЖИ. Ако некоја девојка има каков било не дај боже хендикеп, таа од старт си е свесна дека ќе си остане стара мома.........

    ( И УШТЕ МНОГУ ДРУГИ РАБОТИ ШТО НЕ ГИ ЗНАМ, А МОЖЕ ГИ ИМА )

    Е СЕГА НАГРАДНО ПРАШАЊЕ :1. КОЈА ПОДТОЧКА ВИ Е НАЈИНТЕРЕСНА?
    2. СЕ УШТЕ МИСЛИТЕ ДЕКА СЕ ЗАТУЦАНИ ОВИЕ ИЛИ ОНИЕ, да не именувам!?

    ЗАКЛУЧОКОТ МИ Е .........КОЈ ШТО КАКО ЖИВЕЕ НЕГОВА РАБОТА ( јас не се мешам, не солам памет, има насекаде вакви случаи ) - САМО ОД СЕКОЕ ЛОШО ИМА И ПОЛОШО.!!!!

    А сега да одговорам на девојката....Златна, размисли ( АМА ДОБРО РАЗМИСЛИ ) дали е љубов во прашање, ако навистина се сакате, ризкувај и биди среќна, ако не - батали, ќе дојде нов и подобар, а можеби и полош ( зависи како ти е пишано). Јас сум за љубовта да победи. Прочитав некаде ти пишале некој нема да те сака потоа од Македонциве........па од каде знаеш, може и таков не ти е суден, а некој ако те сака вистински ќе премине преку се ( ех, сите курви ги омажија, а кој знае кој им го бутал ),а не па за тебе што си била со дечко што ти се свиѓа, а бил од друга вера. Читав ти пишале, ќе ги повредиш и домашните и нз кој друг, нормално дека нема да им биде сеедно, но ке им помине, а ко не им помине ИЧ ДА НЕ ТЕ БОЛИ. Читав и дека мнг луѓе ќе збореле - ако нека зборат, на нив никогаш нема да можеш да им ја затнеш муцката. Ако си го сакаш , биди со него, кај нас Е НАМЕТНАТО МНОГУ ПОЛИТИЧКО - ЦРКОВНО МИСЛЕЊЕ, ОД тој аспект се гледаат тука работите, но ако дечкото е добар, фин , ако заслужил, тогаш ви посакувам среќа.

    Да бидам реална, моите дома НИКОГАШ не би дозволиле за друга вера да отидам, но ако вистински се сакаме, не би им дозволила да ми ја скратат среќата!!!!

    Секогаш се прашувам, па што ако би била со некој од моја христијанска вера, кога може да е фин, супер, мил на почетокот, па во брак да ме тепа, силува, да ме малтретира психички,да ми ги прокоцкува парите и да има швалерки.

    Познавам мнг парови од различни вери, а среќни се, познавам Албанки што одат со Македонци, па ќе се земаат сега, знаат фамилиите и од двете страни.

    ПОЗЗ.......
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    157.119
    Оффтопик,но морам да кажам.Горанците не се албанци,шиптари,што и да е.Тие се срби со исламска вероисповест,нешто како нашите торбеши.Гораните се многу културен народ,пред се интелектуалци.
    Многу погрешно да велите дека се албанци.Може и да има некој албанец од таму,па да зборува дека е горанец и дека тие сите се албанци,но не се!Тие сакаат да веруваат дека гораните се албанци,затоа што навистина се многу исклучителни како луѓе (фала богу мора да има и некој ифрид и меѓу нив).
    И јас сум комептентна ондак,на татко ми пријател од детство е Горанец и ја знае цела историја на памет.Кој ќе го нарече дека е албанец се навредува.За вера не збори и се декларира како атеист.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    1. Индиректно се пофали?
    И ти како можеш да ја толкуваш религијата само поради тоа што си ја прочитала нивната света книга м? о.О
    Религијата има многу повеќе од една света книга,работи што за исламот не ги знам јас,пошо не сум муслиманка,а не ги знаеш ниту ти,зошто не си.
    Ако после една прочитана книга за кулинарство, ти мислиш дека си готвач ондак свака ти част.

    2. Моите раце каде сакам ќе ги распуштам, молбата е одбиена. :D
    Сеа незнам дали јас пишувам грешно или ти грешно ме разбираш.
    Па девојко сто пати иам повторено дека и јас имам пријатели Албанци, се дружам со нив, сосема океј личности се. Ми помагале во срање моменти, но тоа не значи дека јас ќе му дозволам да ме легни така?
    Јас ќе ги мразам и прави ме луда,знаеш зошто?
    Затоа што кога ќе се обединат да прават голема Албанија, прво се гледаат меѓу себе како нација и роднини,а после ќе не гледаат нас смртниците кои се караме овде дали да се дружиме со Албанци или не.
    Јас не ни разбирам како воопшто ме читаш ти,кога не знаеш ни на што ми реплицираш.
    Ти ја кажувам основната разлика меѓу конфликтот со Бугарија и Албанија, ти ми зборуваш сосема трето. -.-

    И да.
    Ако ти мислиш дека предуслов да си со некого е твоето високо его надополнето со слободни сфаќања, ондак слободно оди си со кој ти душа сака, ти не се грижи за мојот брачен живот воопшто, знае да биде добар :)

    3. Слободно бе драга,оправдувај што ти душа сака.
    Не ти бранам.
    Јас сум против хомосексуалност и против мешање на партнери од различни религии.
    Нека сум ограничена, таков ми е начинот на живот- ОГРАНИЧЕН,само затоа што сум против работи кои не ми се допаѓаат.

    Јас се осеќам омаловажено кога одам во Струга и ми зборуваат на Албански продавачките.
    Се осеќам омаловажено кога одам во Дебар и не гледам ниту едно МАКЕДОНСКО знаме, туку насекаде се вее Албанско.
    А, ти како девојка со слободни сфаќања, продолжи да дозволуваш некој да те угнетува.

    Муабетов замина во сосема друг правец,кој патем ти го одреди.
    Поздрав :fubar:
     
    На Sunshine555 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Да се водеше дебатава во живо а не виртулено можам да замислам што ќе беше :lol: :lol: :lol: крв до колена :D Нема шанса некој да ми го смени мислењето зашто јас знам што сум видела и доживеала и тие лузни жива сила нема да може да ми ги избрише !!!

    Темава до недоглед би одела .......... моја топла препорака е да се смират страстите не се обидувајте никого ништо да убедите зашто очигледно нема да успеете . Времето ќе покаже дека јас и моите истомисленички бевме во право ;) во тоа сум сигурна ама како и да е не влегувам повеќе во дискусии каде секој мој потег и мислење е погрешно сфатен особено каде НЕКОИ се обидуваат да НАМЕТНАТ мислење и се навредуваат ако не се сложиш со нив |( а да исто се провоцираат ако кажеш свое мислење без притоа нити една да не насочиш :^) како и да е овој е мој дефинитивен последен пост. На темава имам да кажувам уште многу ама гледам некои се "напнувале " од моето различно мислење :^) :wasntme: ..... Ова стана бојно поле ...Феминки :hai:
     
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    можеби ке бидам доста нападната ама ајде да си кажам и јас....вака моја најдобра другарка е во врска со Албанец...значи во врска е веке 3 години и верувајте дека не се сите така глупи неписмени и уште како не ги нарековте многу е фин спрема неа и попчитува празници и она нему и дава слобода и со другарки да излезе и да живее нормално и како што вели она никогаш не и се заканил или ја удрил...јас на пример што ако бев со Македонец 6 години кога пишав што ¨човек¨ испадна...а нејзе и е супер и да секако дека имаше проблеми татко и беше и се заканил демек ке се откаже јавно од неа јадеше котек од родителите бла бла она лажеше демек ке оде кај другарка а она со него он дојдоел во ср и накрај кога видоа дека ни котек ни закани и забрани помагат се помирија со фактот дека керка им е со албанец...кога другарка ми го прашала татко и дали ке имала проблем од дома ако била наместо со Албанец со германец Французин врска он незнаел што да и одговори...

    Познавам две семејства каде во едното жената е Македонка мажот Албанац во другото семејство е обратно па еве ги дечиња мир слога љубов...

    Јас немам ништо против овие врски па нека се завршат и со брак ако се има љубов слога мир разбирање затоа што никој со сигурност неможе да ти гарантире дека па со Македонац ке ти е преубаво или со било каков...


    Па и јас сум со Словенац значи не е христијанин па? Убаво ми е преубаво и уопште не се замарам дали Божик се слави на 24.12 или 06.01 јас ке си ги славам двата ;)Дали ке треба во католичка или во православна црква да се венчам ...
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Женски
    Гаран е некој културен, фин, педантен, образован до бесвест-секако магистер на Тетовски универзитет или евентуално дипломче од Приштина-ГАРАНТ!!!!Исто како што ни беше на изглед фин културен образован почитуваниот ИМЕР СЕЛМАНИ на времето додека не си ја покажа и другата страна од неговата личност.Сите они се ептен фини да ви кажам се до дека не го дочекаме спротивното-а тоа доаѓа кај кој побрзо кај кој побавно!!Јас незнам форумџикиве што дискутираат на темава колку реално ги познаваат Албанците како народ и нивниот менталитет и начинот на живеење? ама со сигурност можам да тврдам дека оние Македонци што живеат во некојси ,,соживот’’ со нив не би ги бранеле со сите сили и не би ни објаснувале на нас што сме пораснале со нив колку се они фини и образовани-зошто ние сепак ги знаеме во суштина а не површински од средби на улица или неколку разговора направени.
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Renata
    Со вакви вулгарни зборови не можеш да се обраќаш на јавен форум! Секој има право на свое мислење и точка. Ако ти пречи што повеќето девојки тука се против ваквите врски и имаат негативно мислење за албанците како нација :!: , едноставно нне ја отварај оваа категорија или воопшто не го отварај форумов! Со ваков вокабулар не е во ред да се обраќаш. Еве јас лично не ги сакам како нација албанците воопшто (религиите сите ги почитувам...), но нацијата нивна не можам да ја смислам (чест на исклучоците :!: ) и сега...????? Ајде навредувај ме да видам...Да видам од тебе уште еден пост со речник на "завидно ниво" :)
     
  13. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    А кажи ми за кого е во ред овде во форумот на навреди цела една нација, со кое право? и тоа јавно?

    тоа е едукација? да се навреди народот, религијата, интелегенцијата, образовани-необразовани, па џамии, свети книги, празникот бајрам, и шамиите и све нешто друго што беше споменато погоре во постовите, и сите овие со цела огромна омраза?

    КАЖИ МИ ДАЛИ Е ВО РЕД СЕТО ОВА?

    Прочитај ги сите постови погоре од почеток и ќе видиш колкава омраза имаат девојките кон нив....

    и не сакам повеќе да коментирам на темава, што сакате кажете, секој кој ќе навреди друг, нека знае дека прво себеси се навредил......
     
  14. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Хехехех девојки доста се препукувате, @SONCE..SONCE, изгледа си го реши проблемот,,,или само „некој“ намерно сакаше да наметне ваква тема :^)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.648
    Допаѓања:
    22.242
    Пол:
    Женски
    сеа и јас видов една година и поише како се нема уклучено а има само 2 мислења...
     
  16. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Уствари сега видов дека @SONCE..SONCE пред година дена си имала мака, и темата седела некаде таму скриена,,,, она сега и појма нема дека дискутираме за ова,,,, мислам дека „кривицата“ за повторно живнување на темава ја има @stronggirl636, која има проблем бидејќи е во врска со циган... а за жал никој не и даде совет .... :^)
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ром, а не циган...

    Извинете за оффтопикот :$
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    А не се запрашуваш дека има причина што повеќето делат вакви мислења??? Сигурно не е без врска ваквото размислување :) И како што можам да забележам повеќето постови кои ти ги осудуваш, баш држат вода и се аргументирани! Јас еве конкретно не сакам ничија религија да навредувам и да ширам верска омраза, пошто нема потреба за такво нешто...Муслимани се и Босанците и Турците итн.. , па, немам ништо против нивната нација во глобала.
     
  19. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Ром, а не циган...

    Извинете за оффтопикот :$[/qu
    :!: Така таа има напишано, циган... а инаку во право си, правилно е ром :!:
    Поентата ми беше дека никој не одговори на нејзиниот проблем
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.382
    Допаѓања:
    114.415
    Пол:
    Женски
    А што мислите за тоа да сте во врска со црнец или и да живеете во македонија?? Ајде да ве прашам како на тоа би реагирале вашите родители??
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.