Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го помислив, претпоставувам исто би реагиле, тој што нема предрасуди нема никој да му пречи без разлика да е муслиман, католик, православен, црн, бел, жолт...
    Еве конкретно за мене ќе си кажам правам разлика меѓу муслиман и црнец, имено црнецот по вероисповед може да биде католик што е поблиску до нашата православна религија отколку муслиманот...Баш интересно, мислам дека јас лично би прифатила црнец/црнкиња во фамилија, може би ми било чудно, ама не би се борела да ја прекинам врската, може чудно би не гледале комшиите и би збореле, нормално тоа се подразбира, ама таквата врска за мене не би била болна, јас лично е би им правела проблеми...Веќе си кажав, сум против врска/ брак со муслиман, а не и со католик.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    а ако се заљубиш во црнец мислејки дека е католик а он испадне дека муслиман ама не ја практикува верата и е атеист не иде ни во џамија ни ништо, тогаш што??
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Леле Ненке ме уби, готово :rofl: :rofl: :rofl: тука има многу ако, еве вака ако се заљубам во црнец кој е муслиман без да оди во џамија, ќе го натерам да ја смени верата, да ја прифати мојата, па потоа нека се декларира како атеист и нека не оди во црква... :lol: или бидејќи е атеист, нема да му смета јас да си ја практикувам и негувам мојата религија.. :)
     
  4. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    ЗА ЛИЛИТ......

    КОЈ ОФФТОПИК?!?!?!?..........Ти девојко прочита ли јас што напишав?!!Никаде не напишав дека тие се Албанци или не знам што ( АМА АЈ КОГА МЕ ВЛЕЧЕШ ЗА ЈАЗИК ДА ТИ ПОЈАСНАМ ). За тоа дека пријателот на татко ти е српски Горанец , па мнг нормално, Горанците каде што се населени , се нарекуваат така според регионот кај што живеат, овие овде се нарекуваат македонски муслимани, во Србија другарот на татко ти и другите како него, српски муслимани, ама Албанци не се, и не сум рекла дека се, нивните села се во некој дел од Косово, но не се Албанци, иако некои од нив веќе се албанизирани ( прашај си или прочитај си некаде за да ти биде појасно, не трчај како прле пред магаре ).

    Почнав за нив како народ и начинот на живеење, и по кажаното мое не се исклучителни луѓе, иако велиш дека другарот и нз кој биле исклучителни, прашај го другарот како живеат жените таму, се што напишав прочитај му, ќе видиш дека ќе потврди дека е така! Ама,како и да е, не ме боли какви се, туку почнав од темава за Горанци, да појаснам дека не се само Албанците или Турците ЗАТУЦАН НАРОД како што коментираат на форумов некои, има и позатуцани од нив( позатуцани здравје ) - Горанците....( и прашај го другарот на татко ти дека има мажи од Горанците кога ќе се оженат, на жените не им даваат од дома да излегуват ), но нивни проблем. И ќе речам, сите села накај Косово се со Горанци, но јас зборам за едно што со сигурност знам дека е такво. -Не сфакам зошто си се осетила прозвана!-

    Сакав само на девојката со проблемот да појаснам дека од секое лошо има и полошо, ако си се сакаат нека им е со среќа, нема врска тоа што е Албанец или друга вера/нација ( СТЕ СЕ ФАТИЛЕ ЗА АЛБАНЦИТЕ САМО, А КАЈ СЕ ТУРЦИТЕ, ГОРАНЦИТЕ, ЦРНЦИТЕ И НЗ ТАМУ КОИ ДРУГИ ), па дека биле вакви онакви, битен е карактерот на човекот, иако кај нас за другите вери се гледа од политичко-црковна гледна точка! :)
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    е тука те чекав :D :D во тоа што го напишав претходно стави место црнец, албанец и ете ти одговор на темата дека не е секогаш се црно-бело. Тоа е тоа што јас цело време го објаснувам со моите постови :D :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.107
    Леле најде да ми проповеда сега.Шо си смешала баби и жаби,па очекуваш јас да те разбирам,па уште и дрско ми се обраќаш ДЕВОЈКО!За себе реков дека ќе бидам оффтопик,а не за тебе,не се припотресувај.А како живеат таму жените,исто така знам,ама чисто за информација,тоа веќе не се срби,туку албанци кои го запоседнале селото откако го запоседнаа цело Косово,а чисто Горанци,таму и да нема скоро,одат само за празници,викенди и лето да си ги видат куќите и да се одморат.И немој друг пат да си се осмелила лично да ме напаѓаш,затоа што не ти се обратив така.Кај не знаеш,па и се силиш и си дрска,дај олабави малку побогу,форум е,тема е,не одлучуваме за некого дали ќе оди у брак со друг или не.Свашта!

    Туку,шо си фатила да садиш крастајци со глупи и заостанати ко нас,шо немаат три чисти.Ти као голем човек и почитувач на секој народ,пошо му ја гледаш душата,терај си и уживај си.Чиста си си.Штом ти се арни,живеј си со нив,земи си таков и имајте убав драг и 10 деца,живи,здрави и машки!
    И да,се е црно-бело.Само ние сме глупи и наивни или премногу хипички расположени.


    Абе...како баба Донка,комшиката треба да бидам,па да речам некои работи...
     
    На parrot, milky-candy и Offspring им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Знаев, знаев, знаев :rofl: :rofl: знам Ненке, ама некако пак не ми иде во глава муслиман...тоа ти е, шта чеш...
     
  8. g-ca.Akic

    g-ca.Akic Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    i mene ne mi odi vo glava vrskata so musliman ali sekoj ima pravo na izbor
    [mod-kirilica:28vn4igr][/mod-kirilica:28vn4igr]
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    Поштуем Лолитке. Твое право, твое размилсување. Со тоа за мене не си ни подобра од мене а фала богу ни полоша. Почитувам секое мислење и не ни помислувам да сменам.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. isplasena

    isplasena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    неможам да се изначудам на сите работи што се казани на оваа тема.
    кратко и јасно ке ви кажам
    мазена сум за албанец цекаме бебе но немам никакви проблеми за тоа сто да облечам или слични глупости
    не ме тераат да одам во џамија или да се забулам а всусност и никој од неговата фамилија не е забулен многу луге со своите мисленја гресат
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.107
    Човек на место...да потсетам дека некои тука читаат се...
     
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Женски
    Така е Лилитке!!!И јас ги прочитав нејзините претходни мислења и морам да го заклучам истото-ептен е чоеков на место!!!!ха ха ха
     
  13. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Јас сум муслиманка албанка и сум против врска Муслиманка и православен ... не дека имам нешто против православните него не можам да се замислам да сменам вера ... да го сменам мислењето за нешто сто сум верувала толку време ... а за нација нема проблем и македонец и германец нека е ама моја вера да си е ! :)
     
    На fierce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Не ми се верува колку лоши може да бидете,,,срам да ви е |(
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.107
    Навистина,јас сум виновна за нејзините избори и реалноста.Се срамам.
     
  16. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Не дека си ти виновна за нејзиниот избор, ама не можеш да обвиниш некој ако не се согласува со твоето мислење, ни јас ни таа а на крајот на краиштата ни ти не сме совршени, секој има светла и темна страна во животот... не знаеш што носи утрешшниот ден...
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.107
    Не знам дали забележа,истото го правиш ти во однос на мене во моментов.Имаш спротивно мислење од моето и ме обвинуваш.Не можеш секое спротиставено мислење да го разбереш како обвинување или осуда,зошто не го разбереш само како мислење и личен став,како што јас го разбрав нејзиното и на сите останати?!
    А што се однесува до мојот утрешен ден по тема ваква врска,знам што ќе ми донесе.Може не знам дали ќе бидам жива и слично,но знам кои се моите избори како се однесувам во однос на некои работи.
    Не можам да го негирам логичкиот след на работите и објективноста на ситуацијата.Ако не прочита претходно,дечкото бил наркоман,затоа и споменав,човек на место.А тоа што го носи утре,не значи дека јас ќе го прифатам безусловно.Навистина е глупаво ако би се однесувале така во животот и да се поставуваме,ете,така требало да биде и да се движиме по линија на помал отпор.
    Секој со своите избори,јас не се трудам да и го сменам животот и да ја разубедам,јас изнесов став,а тоа не е осуда,ниту обвинување,впрочем мене не ми го менува животот,а ниту ми влијае некако.

    И престанете да се вадите на муабетот осуда или обвинување,затоа што и реално,не се.Тоа се ставови исти како вашите во кои поддржувате врски од ваков тип,само што овие се спротивни.Но,ете не ви одговара затоа што реалноста е поинаква,не можете да ја смените,па ви одговара да се сокриете под капата наречена осуда која денес е озогласена затоа што нарушува бла бла бла бла работи.Како и да е,ко шо ти и сите имаат демократско право да си го истакнат мислењето,така и јас,без разлика дали тоа тебе ќе ти се допадне или не и не го прави тоа погрешно,а твоето исправно.
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Девојко, Лилит, или која и да си - ако не ти се свиѓа моето коментирано, прерипи коментар и читај си ги на другите. Ако си се осетила нешто прозвана, тоа е твој проблем, реши си го. И немој ТИ на мене да ми кажуваш како да ти се обраќам, ова е форум златна, и секој има право на свое мислење. Чисто направив споредба за затуцаност аналогно на тие што коментираа кои нации/народи/вери се затуцани, дека има бетер. И не се сили многу со темава и со коментари, утреден може ќе имаш деца ( дај боже на тебе, мене, на сите ), па од тоа што бегаш и што не го сакаш, тоа ќе те стигне, а ќе не можеш ништо да направиш!!!!


    Сум научила во животот НИКОГАШ НЕ ВИКА НИКОГАШ.
    Инаку, многу ми се 10 деца.....
    ПОЗЗ
     
  19. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Токму поради тоа, ако нејзиниот дечко, сега сопруг, бил наркоман не може вие да судите каков човек е таа. Леле кај наркоман па и албанец, е навистина многу лоша комбинација ... Не те обвинувам впрочем јас и се сложувам со многу твои мислења( сепак јас сум нова на форумов и пред да кажам нешто сакам да знам што се случувало, поминувам време читајќи ве на сите теми).. Но не можев да премолчам едно вакво понижување... Јас моето мислење за оваа тема го напишав, не дека некој го бараше тоа ама ете си кажав со мислам.... Ние самите сме креатори на нашиот живот...
    Можеби и не требаше само тебе да ти се обратам,, повејќе ме испровоцита @ slobodka
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.107
    Форумот има правила,кои меѓудругото забрануваат дрско однесување и лично напаѓање.Ти си контрадикторна на себе,велиш не сум била повикана,а ти велиш дека секој има право на свое мислење и ете си сакала да го споделиш твоето,истото го направив и јас,појасно е сега?!Зар тебе некој те повика кога реши да коментираш на темава?!Не.
    Јас кажав она што го знам,а затоа што тебе не ти се допадна и затоа што беше напад на твојата (не)информираност,си дозволи да се изоднесуваш на некој груб начин и пред се,МЕНЕ ме нападна,а не мислењето.Ти имаш проблем со агресијата,не јас.
    Никогаш не викај никогаш е парадоксална реченица,сама по себе и клише за убави изговори.
    Она што никој пат не ве заболело,никој пат нема да го разберете.


    Хова...затоа сме тука,за да дадеме свое мислење кое можеби некого ќе го тргне од лошите избори.Како што знаеш многу девојки тука се решавале за нешто,па често и се случувало да го променат ставот кон подобро.Овде се работи за човек со тенденција да оди против себе,ама ако според неа тие биле најдобри избори,нека ужива во животот и и посакувам секое добро,но не значи дека се согласувам.
    Во секој случај,јас како гледач од страна,а и ти можеш многу поубаво да ја оцениш ситуацијата.
    Сум била нечие рамно за плачење е баш од вакви погрешни избори кога на време не ги слушала советите.Ама тогаш реков,нејзин живот,како сака нека прави,јас само си дадов мислење...криво ми беше потоа зошто повеќе не ја напнував.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.