Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    потполно се согласувам со нена.. ние значи повише се вреѓаме меѓусебно отколку со луѓе од друга националност!! јас сум од мешан брак и никогаш не сум ги вреѓала ни едните ни другите.. рачунај и двата јазика ги знам перфектно и се дружам и со двете страни .. иако живеам во маало каде што има повише албанци НИКОГАШ не сум сретнала такви машки со пиштоли па затоа и се зачудив како може типкава што напиша дека и се заканувале се зачудив едноставно затоа што во моите 19 години само од околу сум слушала за такви случаји!!

    а за тоа дека има простаци фала богу како што реков погоре кај нема ... и јас знам пример една македонка доаѓа кај нас во кафич македонка е и си иде со секакви сељаци (албанци) дури ми падна чудно викам леле сирота колку е убава згодна се како може да се дружи со такви луѓе така да не можам никогаш да ги осудувам луѓето на тој начин.. а да сум била во врска со македонец и тоа 2 години и никогаш нема да се каам заради тоа што сум го сакала.. и мајка ми секогаш викала што и да земеш тоа си е твое се додека си ти среќна и се додека се сакате :)
     
    На tessie и nesa им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Колку само знаев и очекував дека нема да бидам сфатена. Навистина не ме сфати што ми беше поентата, Офф?
    Поентата ми беше дека твојот пост изобилува со непријатни клипови и со самото тоа поттикнува дебата полна со омраза (впрочем види ги коментарите кои следат). Нешто што не е убаво да се поттикнува ниту поддржува на форумов.
    Утре ако постирам вознемирувачки клипови каде што се покажува како некој силувал жена што ќе поттикнам?
    Особено ако клипот е од некоја национална група поединци. Особено на ваква, доста чуствителна тема за нас.
    Тоа ми е поентата.

    И не ми вметнувај дека јас поддржувам нешто, те молам. Очигледно не ме сфаќаш цело време што сакам всушност јас тука да кажам. Затоа се откажав од дебата порано, едноставно не можам да се докажувам ако секој мој збор се испреврти и толкува сосема поинаку.
    Да ти кажам пример. Имам познаничка. Одеше со еден тип, Британец. Ја исповреѓа и и рече - ах вие источни Европејки, толку сте лесни и евтини, се продавате за по еден сендвич. Му беше лута. Знаеш што? Сега ќе оди со него на одмор - затоа што она нема пари и си вели - па што барем некој ми плаќа.
    Поентата? Не можеш да се мешаш во ничиј живот и да одлучуваш во ничие име! Кој сака со кој сака ќе си биде па јас и стој на глава да правам и сто пати да се крстам и чудам - како може?! Епа може. Кој ја фризира! Ако сака таа, нек си прави, без разлика што си мислам јас и какво е моето мислење за тоа што го прави.
    Сега да ги смениме улогите. Нека се вика таа Билјана и нека се вика тој Фарук од Гостивар. Мое мислење? Фарук е сељак кој не ги почитува жените. Таа е девојка која уште помалку се почитува себеси.

    Сепак поентата е дека тука зборуваме за проблемот - врска со Албанец. А не да поттикнуваме кавга за тоа кој кого мрази и колку е невозможно да се живее со нив, па ајде пак да се повтори темата со црквата на Кале, „најубаво“ ќе биде :| Темата не е соживот со Албанците. Темата е мешана врска со Албанец.

    Јас не осудувам никој. Можам да си помислам свое, но не осудувам. Си имам свој живот за кој ќе си се грижам, немам време да пикам нос во туѓи супи ниту да попувам, а уште помалку да генерализирам особено кога навистина немам реална подлога за тоа ниту доволно искуство.
     
    На eloves, tessie, Victorya и 9 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.310
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. Кои сме ние да судиме за изборот и за животот на некој друг. Секој си има право да си го живее животот како што си сака. Ниту се мешам, ни сакам да ми се мешаат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Многу далеку отишла оваа дискусија бре женски. Лично го имам мојот став за ваквите врски одамна кажано а тоа е дека не верувам дека во Македонија би успеале. Точно е дека срцето не бира, ама во тој случај најдобро е да се фати патот и да се бара среќа на друго понормално место. Вака или онака ние сеуште сме премногу заостаната средина за мешани бракови. Друг фактор за ваквите врски и нивната успешност е зрелоста на партнерите како и нивниот карактер. Не е доволно некој само да се сака, а во вакви случаеви мислам дека најважно е да се почитуваат разликите, кои очиглено постојат. Е колку ова функционира реално не знам. За доброто на сите кои искрено сакат некој од друга религија, се надевам ќе функционира. И доста е со омраза, зошто да мразам некој кој ниту го познавам. Лугето се делат на добри и лоши, друга поделба јас не признавам.
     
    На sesilija, Phyramide и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Девојки ај бидете културни како што сте убави :) .Па кога веќе знаете во кој правец иде оваа тема само безврска тензија и препукувања.А зошто?.Клуч му е мајката ;) поздрав
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    ^ а ти од кај знаеш дека се убави? :D Се шегувам. Колку што прочитав никој досега не беше некултурен и не мора на секоја страница да предлагате клуч не ви се допаѓа темава не ја отварајте,досега нема испади и караници зошто да се затвори?!. :wasntme:

    Инаку мое мислење. Семејството те има сакано,подржувано и чувано целиот твој живот. Ти имаат дадено слобода(значи да ти имаш слобода ти си се вљубила во албанец,мене тоа да ми се случи ќе ме исфрлат од дома) и се што ти е неопходно(а веројатно и се што сакаш). Зошто да си го упропастиш семејството поради ова? Шансите љубовта да ви опстане се многу мали,а ти го губиш семејството во секој случај. Работата ми е што животот не е розев. Љубовта не победува се,без разлика колку се сакате ти нема да паднеш во длабок сон и тој нема да дојде да те бакне и нема да си живеете среќно засекогаш. Вие можеби ќе се сакате нјмногу на свет,но :!: ќе дојде време за брак ќе се земите и еве се преселуваш ти кај нив. И еве лето е четириесет степени ќе си излезеш ти во фустанче миниче,со длабоко деколте,а не забулена.(без разлика што не си муслиманка) Тој нема ништо да ти рече,но еве ги родителите негови,ќе му речат да ти рече да се облечиш да не шеташ таква гола,тој ќе ти рече ти ќе му речер е зошто сите така се облекуваат,не сум јас муслиманка. И ете доаѓаат расправии,него го притиска семејството,ти се браниш и ето доаѓаат расправии за културата,за религијата. Или ако не имате деца и дали да ги носите во џамија или во црква? Ти си за црква тој е за џамија. И тие не знаат која религија се слават и муслимански и христијански празници. Па ете расправии. На крајот ти ќе го загубиш семејството,без разлика дали вашата љубов ќе опстане или не,ќе ја предадеш религијата и ќе имаш неопределени деца во врска со верата.

    И на крај ако толку сте одлучни да бидете заедно зошто тој не се жртвува? И тој и ти оставете ги семејствата ако имате срца одете некаде и немојте да бидете под никакво влијание. ;)
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Пак се развила темава. Знаев дека пак ќе спомне некој нешто и пак ќе се дигне прашина за истава. Видеата се одвратни, тука ставам печат и потпис.

    И сега, ако има некои вакви, ајде да не ги наречам со погрден збор сите ли се такви? Еве друштво од 10 девојчиња да речеме, 9 се дрогираат, дали тоа значи и 10тата дека се дрогира? Епа тоа и јас од почетокот се обидувам да објаснам. Човекот е сам за себе, а не зад заедницата.

    Меѓу Кинезите има закоравени Будисти и модерни Кинези.
    Меѓу Авганистанците има онакви кои ги третираат жените подолу од мазга, ги тепаат, не им даваат да си ги видат децата, има и такви кои важат за најпаметните луѓе во светот и имаат стабилни бракови со Христијанки.
    Меѓу Албанците има вакви како во видеото, има и луѓе кои воопшто не се замараат нит за политика, ниту за религија ниту што ќе речат другарите (Кои патем можат да бидат вакви).
    Меѓу Македонците има луѓе кои им забрануваат на девојките да носат разголена облека, им забрануваат да излегуваат со друштво, да се забавуваат, ги тепаат, малтретираат, не ги пуштаат да одат на работа туку само да седат дома и да готват ручек, а има и модерни, паметни и амбициозни машки кои се однесуваат онака како што треба со девојка.

    Цело време поентата ми е да кажам дека се бара човек, поединец, а не заедница, група. Искрено, тешко на тој што не ги гледа вистинските бои на животот од видеа, муабети и кавги со ваквите. Врската помеѓу овие двајца има да помине огромна бариера, да ги победи и проблемот религија и проблемот од кој настана сето ова, но ако тоа не смета нема зошто на другите да им биде гајле за тие поединци. Навистина, има луѓе кои воопшто не се замараат со 90% од работите со кои се замараме ние.

    Ако на некоја и смета што машкото потекнува од заедница што има вакви поединци, нека бега, нека се држи настрана и нека не ги сака. Ако на некоја воопшто не и е гајле за ништо друго освен за тоа каков е тој, нејзина работа.

    А за коментарите, каде што уште не си разјасниле како ќе се викаат децата, која религија ќе бидат, што со семејството, многу нормално дека таа врска/брак ќе пукне. Во секој брак доколку има дијаметрални различности, се јавува проблем. Епа сега ако трчаат само од инает и да докажат некоја бессмислена поента, многу јасно дека ќе има проблеми. Во брак не се влегува доколку уште не си расчистил што и како ќе правиш со домашни, религија. Ако некоја девојка сака да си носи кратки фустани а на машкото тоа му смета, многу јасно дека ќе му каже освен ако не е некоја смотана да трпи и да ќути.
     
    На eloves, marama, nesa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не се сите ама повеќето се такви. имав можност да поминам една недела со девојчиња од сите националности што живеат во Македонија. Скоро со сите успеав да се зближам. Најомилената личност во целата наша група, а најверојатно и во многу од останатите групи беше една Ромка. Сите тие беа друштвени, весели. Не постоеше начин да не бидеш во добри односи со нив. Турците беа помолчаливи, поповлечени, не комуницираа многу со другите, си се дружеа повеќе меѓу себе. Сепак сигурна сум дека да имавме повеќе од недела, ќе се зближевме навистина. А за Албанките, за време на оваа недела ми се промени мислењето што го имав за нив за 360 степени. Никогаш не збореа на македонски, се правеа дека не го знаат. Постојано збореа против нас, против нашата религија, против нашата држава. Знам во една прилика коа требаше да пишуваме листа на лидери не дадоа да го напишеме Исус, па Мухамет, мораше да ги напишеме едно до друго. Не дадоа да го напишеме Тоше, е тоа не налути и тука не попуштивме, тие попуштија ама на крај моравме да го напишеме и Џафери. На последната забава една девојка дојде со маица со албанското знаме. Факт е дека ти е не мразат. Тие се така воспитувани.
    Никогаш, ама никогаш не би подржала врска албанец-македонка.
     
    На anastasijaki, Rozich, Victorya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.310
    Пол:
    Женски
    [quote="MissCupcake Семејството те има сакано,подржувано и чувано целиот твој живот. Ти имаат дадено слобода(значи да ти имаш слобода ти си се вљубила во албанец,мене тоа да ми се случи ќе ме исфрлат од дома) и се што ти е неопходно(а веројатно и се што сакаш). Зошто да си го упропастиш семејството поради ова?[/quote]

    Од една страна велиш дека од една страна семејството ти дава слобода но, ако се вљубиш во Албанец ќе те исфрлат од дома?? Ајдете молам објасни ја логиката? Ако има слобода заштода те избркаат од дома?? Зашто да се откажат од тебе? И друг пат сум пишувала, а и Спаркс убаво напиша погоре дека заостанати мажи има и ќе има во секоја религија. И од каде молим те излезе тоа дека сите албанки одат забулени. Лично јас имам видено не една туку милион албанки кои се богами и подотерани од македонките. И по образовани од некои македонки, и почувани. Ајде да тргмеме од приказните кои ги имаме овде на форумот. Колку сте читале жени кои се жалат дека се малтретирани, понижувани и изневерувани од мажот, и понижувани од неговото семјество?? Што има тука ралично од она за што тврдите дека ќе ја снајде македонка во алабанско семејство. Или затоа што одат двацата во црква, па тоа поништува све лошо?? Дајте ве молам доста со тие двојни аршини. Искрено ако мене моите ми речат Ако идеш да се мажиш за маж од друга вера ( во случајов албанаец) ние ќе се откажеме од тебе, јас од НИВ ќе се откажам. Фала ви за се, ама ако треба да седам дома и да сум несреќна и да жалам за вистинска љубов, наместо да ме гледате среќна без разлика кој е тој што ме прави среќен, не сте ми ни вистински родители, ни семејство ни ништо.
     
    На eloves и tessie им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    22.143
    Пол:
    Женски
    Тоа е целиот проблем. Повеќето така ги учат од дома и повеќето лабилни индивидуи си тераат по тоа шо ги учат и тоа го има и од двете страни. Тие меѓу нив што се фини луѓе и не се замараат, имаат цврсто изграден карактер и никој ништо не може да им каже. За жал, повеќето луѓе во светов се плашат да видат подалеку од носот, се плашат од различностите кои им се прикажани како нешто трауматично, без разлика на нивната нација и вера. Тоа го има и на помал терен, во едно семејство, а не пак во цела држава. Не е важно дали неговите блиски ќе зборат или ќе мислат нешто, важно е да те цени и да не дозволи другите да не те ценат. За жал, во ова општество каде условите се такви какви што се и повеќето не можат да си дозволат да не им одат по ќеиф на родителите овие врски не успеваат...можеби и подобро затоа што од толку искривени информации, ние немаме никаква претстава за тие различности, не можеме да ги разбереме зашто не сме ги осознале. За жал, и тие така, не се ни обидуваат вистински да не запознаат туку прават слика каква им е всадена од дома и со тоа повредуваат невини личности.
     
  11. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141
    па фала богу дека се. и јас би била. браво за твоите :clap: !
    има надеж дека сеуште постојат нормални луѓе во државава со памет го главата.
     
    На zizela111 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    за жал во моето маало има две девојки што имаат проблеми со албанци...едната беше и мажена си роди дете па се разведоа али еве пак и досаѓа и коа ке дојде кај нив значи ненормлано ги малтеретира а и оваа глупава пак понекогаш си знае да излезе со него ради секс нормално...а другава пак ни таа неможе да се откачи од тој исто така дома и оди и на целото семејство се заканува...така да џабе гугукате како тоа немало врска дека албанците небиле насилни...молим лепо
     
  13. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    и јас би била против...многу девојки од мојот град имаат излегувано, не со албанци, туку со босанци, но и тие се муслимани...тмн работа од дома да ги дознале :lol: и иако јас сум многу против тоа и мене сега ми се допаѓа едно дете кое е босанец (муслиман) :worried:
     
  14. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Од една страна велиш дека од една страна семејството ти дава слобода но, ако се вљубиш во Албанец ќе те исфрлат од дома?? Ајдете молам објасни ја логиката? Ако има слобода заштода те избркаат од дома?? Зашто да се откажат од тебе? И друг пат сум пишувала, а и Спаркс убаво напиша погоре дека заостанати мажи има и ќе има во секоја религија. И од каде молим те излезе тоа дека сите албанки одат забулени. Лично јас имам видено не една туку милион албанки кои се богами и подотерани од македонките. И по образовани од некои македонки, и почувани. Ајде да тргмеме од приказните кои ги имаме овде на форумот. Колку сте читале жени кои се жалат дека се малтретирани, понижувани и изневерувани од мажот, и понижувани од неговото семјество?? Што има тука ралично од она за што тврдите дека ќе ја снајде македонка во алабанско семејство. Или затоа што одат двацата во црква, па тоа поништува све лошо?? Дајте ве молам доста со тие двојни аршини. Искрено ако мене моите ми речат Ако идеш да се мажиш за маж од друга вера ( во случајов албанаец) ние ќе се откажеме од тебе, јас од НИВ ќе се откажам. Фала ви за се, ама ако треба да седам дома и да сум несреќна и да жалам за вистинска љубов, наместо да ме гледате среќна без разлика кој е тој што ме прави среќен, не сте ми ни вистински родители, ни семејство ни ништо.[/quote]
    Девојко олади јас си кажав мислење не знам што се возбуди толку. Уживај ;) Тоа за моето вљубување во албанец не мислев буквално дека ќе ме исфрлат од дома туку така е зборот,нема да дојдат среќни и да ме подржат. Не знам ти што имаш гледано,но еве дојди Струга и оди на плажа оди в чаршија и то еве летен период. Забулени се и тоа мои врснички полно. Јас не викам дека нема некои помодерни,но повеќето се вакви. Има многу примери за такви врски кои најчесто завршуваат лошо. Јас немам ништо против албанците,но овде во Мк повеќето албанци немаат никаква култура,по улица се дерат,пцујат,па и во темава примери имаше еве се сеќавам една девојка и дошол на врата со пиштол ќе ја убиел ако не се смувала со него. И со ова јас не кажав дека нема такви Македонци,но во Мк повеќето такви се. Нејзино е што да прави,но јас кажав за културата тука на албанците во Мк. И колку им се строги верувањата. Во Албанија свинско јадат,овде не,во моето соседство има неколку куќи по ред од албанци. Децата сите до едни некултурни,значи пцујат,13 годишни пушат,ги слушам во три часот се дерат по улица. Еднаш дури бев сведок за еден немил настан каде што некој албанец и се пушташе на македонка таа го одбиваше тој нешто се дереше ја влечеше, на крај излегоа повеќе луѓе и така успеа девојката да си отиде и немој да ми речеш веројатно си во лош дел од градот,бидејќи овај крај е најбаран,одма е до -плажата,до училиште,до чаршијата така да е многу баран. :) Јас лично немам ништо против албанците има некои модерни,образовани,добри познавам такви значи на моите родители едни добри пријатели навистина добри албанци се. И ни помогнаа во се,значи кога реновиравме тие први се најдоа дојдоа со камион за остатоците да ги фрлиме и однесиме. Кога ни требаа прозорци одма ни препорачаа од некои нивни пријатели и ни дадоа со попуст. За семејни работи значи тие први с енајдоа да ни помогнат(ни требаше еден документ да пратиме во странство,но не знаевме дали можеме да го земеме не знам тоа комплицирано е тие први се најдоа да прашаат) За Божиќ се јавија да ни честитаат утредента дојдоа, исто и моите родители кај нив отидоа за Бајрам,значи навистина добри се и децата им се добро воспитани културни.Но ретки се таквите случаи и затоа моето мислење е вакво. :) За ова можеме да дискутираме до утре,но јас мислам вака ти мислиш така,па затоа подобро да оставиме нејзино е да одлучи. Веројатно и таа не го има запознаено неговото семејство бидејќи инаку нешто ќе напишеше или пак и неговите не одобруваат. Значи шансите за ваква врска да опстои се мали,ако има живци и сили да се расправа нека се бори,но знам многу вакви примери кои не излегле добро. :)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    добро е што само ти се допаѓа, гледај да остане само на тоа :)
     
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    додека не престанеме со овие комунистички мислења никогаш нема да станеме луѓе.. за се е крива политиката затоа што е навлезена во сите пори од животот. кога тогаш и со македонец ке се разведеш или ке бидеш малтретирана или ке се разведеш!!

    генерализирање не е во ред!!!

    ние и македонците и албанците сме политички изманипулирани и затоа со тек на време разликите и омразите дојдоа до денешен степен..

    Колку и да се мразиме меѓу себе пак сме исти - луѓе!
    Не викам дека тие се некои цвеќиња за мирисање, ама не сме ни ние..
    Па, ова е расна поделба која секогаш кје ја има .
    тие почитуваат различна религија, различен стил (за жените албанки) различни обичаи и поради ова се створени овие спротивности помеѓу нас и албанците.
    но кога вејке си се заљубила тоа значи дека тебе не ти пречат тие спротивности и тоа е сосема воред ти си правиш за себе а не за другите ..
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Интересно е што ако наша девојка се омажи со Германец, Американец, Данец итн од која и да е вера роднините право ќе ПУКНАТ фалејќи се. Тогаш не е битно дали е наркоман, пијаница, дали е образован, колку браќа сестри има, со тоа што е Германец му се простува се. А ако се заљуби во муслиман тогаш ќе ја стрелаат нејзините што е и логично бидејќи на Балканот сеуште трае таа војна меѓу христијанството и муслиманството. Таков брак во неоја Европска држава е сосем нормален ама нивните муслимани и нашите косовски муџахедини се мнноооогу различни. Има и кај нас културни и добри муслимани ама не би сакала таква врска.
    Јас имав една таква гоооолема платонска љубов со машко од друга вероисповест дознаа моите уште пред да биде работата и ме спречија. Ми беше многу тешко ама сега гледам дека биле во право. Не се работи за Алах или Исус се работи за различно гледање на животот. Колку и да се прават модерни муслиманите сакаат жената дома да им седи и да не се меша секаде. Ние христијаните сме помодерно настроени.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    да така мислиш затоа што немаш запознаено албанци што сакаат и жената да работи и да носи исто пари дома и да бидат еднакво и што не ја потценува или и вика да не се облака голо.. ц ц ц се нервирам кога гледам луѓе што од еден поединец оценуваат цел народ!
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Оф леле има такви ама 1 во 1000. Јас се дружам со албанци и босанци. Имам другар албанец модерно што размислува ама си кажува сам дека жената кај нив е поограничена. И да и дозволи мажот фамилијата негоба ке ја осудува. Не викам дека ке ј тераат да носи шамија ама нема да ја има истата слобода. И никој не може да ме убеди во различото.

    А кога сме веќе кај албанците да кажам. Другарка ми која е Албанка и е ептен срцка девојче вика дека ич не сакала да се омажи за Албанец дека лошо се однесувале. Нејзе животна желба и е за Турчин да се омажи.
     
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    еве ја ке те убедам во спротивно татко ми е албанец и секогаш сум се облакала во сукњи и кратки шорцеви никогаш не ми рекол дека јас треба само да гледам да се омажам и да си направам фамилија туку секогаш ми тврдел дека треба прво да гледам да си завршам факултет и да си застанам на мои нозе :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.