1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    против ! врска помеѓу македонка и албанец :x
    косата ми се крева
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Од вчера се токмам да пишам на темава, ама цело време одложувам со една причина незнам како ќе бидам сфатена, ама на крајот на краиштата сеедно ми е.
    Јас сум верена со Петко, како што знаете, е сега Петко не е чист Македонец, мајка му е Босанка со Црногорско потекло. Цела нејзина фамилија живее во Босна, и дел во Црна Гора.
    Јас се заљубив во него, моите дома уште од старт ( пред да бидеме во врска знаеа дека е пола Босанец) и не ми правеа никаков проблем, знаат дека тоа е мој живот и одсекогаш сум имала слобода сама да донесувам одлуки, но и сама да ги сносам последиците.
    Заедно сме долго, и јас во ниту еден момент не се покајав заради тоа, ниту пак ми засметало неговото потекло, јас го прифатив таков каков што е и го сакам заради неговта личност и карактер а не заради неговото или потеклото на родителите. И моите исто, и тие го почитуваат и ценат, не само моите туку целата моја фамилија.
    Знам дека ќе има девојки кои ќе ме нападнат, и кои ќе помислат „како можела и сл.“ но мене ми е убаво со него, секоја секунда ми е прекрасна, едноставно целосно ме исполнува повеќе од било кој во светов, и не гледам ниту една паметна причина за да го оставам.

    Истотака апсолутно немам против Албанците, можеби оние хулигани како на видеата ми пречат но што можам против тоа, постојат и Македонци кои не се ценат меѓусебно па јас неможам ништо, ниту да променам нешто.
    И роделите да имаат против таквата врска е токму поради тоа што одсекогаш Албанците се етикетирани како племе, како група хулигани без никакво воспитување и култура, а подзаборавме дека секогаш постојат исклучоци.
    Па родителите некогаш се против врските со некој со иста националност, зошто тој/таа не знае да почитува, не е добра за да биде со нивното дете но од каде родителите знаат дека можеби тој Албанец/Босанец/Норвежанин/Англичанец и сл. нема неа/него да ја прави среќна/среќен?
    Едноставно љубовта е игра, и несекогаш можеме да го контролираме срцето и емоциите, најпрост пример е кога ќе се заљубиш во некој погрешен кој ќе те повреди, зошто не се запрашате кај е тогаш здравиот разум кога свесно самиот си се впуштил во таква врска.

    Подржувам врски на партнери од различна националност доколку и двајцата ги почитуваат нивните националности, односно нема навреди, препирки, замерки и сл.
    Се останато е небитно кога има разбирање, почит и подршка ;) .
     
    На eloves, tessie и nena2010 им се допаѓа ова.
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    леле дај не трескајте глупости ние не сме косовари туку сме родени во македонија со дедо со баба со прадедо со прабаба! никој не почна да ве вреѓа за ваше потекло за да почнете да зборите за нашето!

    и еве и нешто од вашите хулигани па да се гордеете :)

    http://www.youtube.com/watch?v=pLPoAt95gAw

    сите нации на светот се на ист начин формирани. каде бевте бе вие македонците во 18 век? да не случајно постоевте? истото значи и за нас!! Денеска постојат, македонска, албанска, бугарска нација и сите на свој начин се посебни и различни по култура, јазик, обичаи.

    Инаку за поздрав ти е колнењето, навистина ти доликува.Христијански е да не се колне по секого во секакви ситуации, па затоа јас лично нема да ти вратам со колнење, од мене толку од Господ понатаму не знам.....

    Измишљотините “нација“ и “религија“ носат само смрт.

    Човештината во секој од нас ќе го спаси светот, зошто сите сме под истото Сонце.


    Еве вие пак генерализирате, какви сме биле. Значи тука автоматски јас сум имал право кога го напишав тоа погоре.

    Но само едно јас знам. Албанците многу пати му имат спасено гз на Македонци, и секогаш го кркале тие самите на крајот, а овие вторите избегале...
    Од човек како тебе после оној коментар ништо чудно што Македонците велат дека повеќето Албанци сте како од планина симнати.Самите вие (кои спаѓате во тие планинарци не генерализирам кај Албанците нормално) си ги потврдувате тезите, вистината боли знам..
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Извини вака Воманинред но премногу избега од темава, не само ти туку и сите други.

    Пред малку се изјаснив дека јас лично ги подржувам врските кои се со партнери од различна националност, но тоа незначи дека и ги подржувам сите овие дејствија и терор кои ги нанесоа Албанците на македонската држава во конфликтот во 2001.
    Секоја нација се форимира и е достојна за почит, но од каде правото на Албанците да бараат своја територија во македонска држава? Зошто и ние не добиеме дел од Албанија?

    Јас реков и пак ќе речам немам против никој, но во ова што ти го пиша јас се пронаоѓам навредена, како прво ти ниту било кој друг нема право некого да навредува на било која основа.
    Мене ми е јасно дека во Македонија има Албанци кои со децении живеат тука, но има и Македонци кои живеат во Албанија и одговори ми само како Албанците се третирани во Македонија а како Македонците во Албанија?
    Дали и Македонците ги имаат правата кои ги имаат Албанците овде, отвори темата за Актуелни политички настани и малце подразмисли пред да настапиш со вакви зајадливи и навредливи коментари.
    Прво што не ти доликува на годините, друго како можеш да го напаѓаш народот во чија што земја и ти живееш...
    Никој не те осуди тебе, но ете ти се пронаѓаш навредена во коментарите против Албанците, а јас сум навредена од твојот коментар.
    Со твојот кометар ти само потврди дека без разлика колку права да ви бидат доделени вашата албанска нација ќе биде вечно незадоволно се додека не се постигне целта на Учк за Велика Албанија во неа вклучувајки ја и Македонија.
     
    На eloves и blueberry93 им се допаѓа ова.
  5. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Каков синдром имаа македонците во инцидентот во Нерези кога нападнаа невина жена и ја раскрварија?
    Каков синдром имаа кога 4 души и го нападнаа синот? :puke: Можеш да добиеш 5434546 лајкови под пост, само не си ласкај дека си во право, пошто вистината не ви иде во прилог, па пробај да гледаш објективно бар еднаш.
    Ако си ти напатена националистка (кога и да ја отворам темава, ти исправаш криви дрини), не ги убедувај и др дека тоа е океј..или она..прво средете си го во својот двор, а не на 'комшиите' ;)
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    ИТНО да се заклучи темата и ваквите слични на неа. Тука веќе се е кажано. Ако некоја сака да оди со Албанец не можеме да ја разубедиме. Само би и препорачала да ја прочита цела оваа тема и да види како реагираат луѓето кои воопшто не ја ни познаваат а после да размисли како ќе реагираат најблиските и од двете страни . Ова што овде ние го пишуваме нека и биде пример дека колку и да се трудиме ние сме тие застарени Балканци, дека 500 годишната верска војна не завршува и дека ќе има последици тоа врз нејзината љубов. Доволно е да се најде еден попрост член од албанското или македонското семејство кој ќе ја провоцира и ке ја навредува и нема да и биде убаво сигурно. Тогаш тоа ’’Све за љубав’’ ке го снема.
    Било тоа некогаш во Титово време кога биле дури и забранети религиските обичаи со цел да не се дели народот и да се искоренат таквите поделби. Тогаш било можно да се случи таков брак како што имаат родителите на WomeninRed и да живеат без предрасуди. За жал оваа денешната демократија баш и не ни оди од рака и се случуваат лоши работи.
    Единствен спас за двајцата е да одат во странство и таму да живеат ама нека запамти дека колку и да е успешна во животот за луѓето (па и за најблиските) ќе биде ’’онаа која отиде за албанец’’.
     
  7. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Слободно душо, продади си ја верата, душата и крвта на еден црн двоглав орел (мутација од изложеност на радијациа?) па ќе те видиме за некоја година.

    се најубаво!


    :*
     
  8. sanooo

    sanooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    kako prvo se i sesto ke slusnes...Znam edna devojka koja odese so eden od druga devojka..se i sesto slusavme,a zosto za da im go unistat zivotot?ma ajde vi se molam ova nema smisla...LJUBOVTA NEMA GRANICI!!vo ljubovta nema granici,ne se vazni ni godinite nitu pak vera.A denes gledame i samite deka nekoi ako resat se gledaat so nekoj od ist pripadnicki pol...nikoj mislam ne moze da ve razdeli,bidejki se sakate,Nema da ste zaedno no vo mislite skogas ke bide pokraj vas...Samo ke vi nanesat bolki ako ve razdelat zosto mislam deka bez sakaniot zivotot nema smisla....
    [mod-kirilica:289k01uu][/mod-kirilica:289k01uu]
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Vendi , не живеам во западна македонија, но имам живеено 15 години во дел од Скопје кој и тоа како наликува на Западна македонија ако не е и пострашно. Она што во твојот пост е обележано со црвено го имам доживеано, и тоа какви трауми имам доживеано, па еве врати се назад па види каков е мојот став на темата. Затоа иако јас не живеам во западна македонија, ама имам пријатели и одам кај нив во тетово, Гостивар и Кичево многу убаво знам се, и како се живее и све па пак никој не може од мене да направи да мразам некоја нација заради грст усијани глави, кои ги има и ќе ги има секаде.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SieIstDieSonne

    SieIstDieSonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    72
    ах имав и ја таква колешка од факултет, албанка од богато семејство. се носеше како сака (ма сукња, ма минич) излегуваше и пиеше алкохол. нејзините беа многу успешни луѓе, учени со напредни сваќања. уште кога ја запознав ми кажа дека е верена (1ва година факултет), а после ја дознав и целата приказна. во средно била многу вљубена во некој тип (албанец) и со него ја изгубила невиноста. ама типот не бил од фамилија да речам, не бил толку богат како нив, и секако морала да се крие од дома.. кога дознале за оваа нејзините до вчера толеранти и напредни родители и забраниле да го гледа повеќе, и.. пази сега, прашале некој си друг дечко што бил "на место" дали ќе ја земе и таква, скината! и овој се согласил (каква среќа) одма ги вериле, и на време средиле инаку брука!! да не спомнувам дека ич не го сака..

    ама еј, па не е се толку црно, имаат пари колку душа им сака :headbang: :headbang:
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    па нормално дека ако навредувате вие дека јас нема да ве сакам или фалам. во случајов како што ти си навредена и јас исто сум навредена така? а ако ги читаш моите коментари од почеток на ниту една страна не застанав туку поооовторно и повторно зборам како тоа сите сме луѓе и сите сме еднакви меѓутоа нормално бев испровоцирана од навредите кои ги добив. толку од мене


    ама и ти многу забега и мешаш баби жаби ама ок нема врска немам намера повиште да стварам дискусија :)
     
  12. SieIstDieSonne

    SieIstDieSonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    72
    сакав да кажам дека ова и се случи на девојка албанка, од нејзината фамилија. па да размислат малку тие "вљубените" како ќе постапуваат во иднина со нивните ќерки..
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Аууу во што се претвори темава...Факт е дека несогласувањата меѓу мнозинството македонци и албанци имаат посебно влијание на ваквите врски затоа најдобро е да се избегнуваат доколку и колку што можат. Е сега ако луѓето навистина се сакаат и се почитуваат без никаква друга позадина која може да е посилна од нивната љубов, нека им е со среќа. За жал има многу кои ги учат од дома „овие се вакви, такви, онакви, тие не можат да те сакааат, тие само нивните си ги сакаат, тебе може само да те мразат“ и остали слични реплики на кои се учат децата и од едните и од другите. Womaninred не е единствениот случај на среќен мешан брак, јас лично знам десетина, сепак, за жал мора да признаеме дека тоа се исклучоците, а не мнозинството. Се разбира дека политиката додатно им ги има усијано главите и на едните и на другите, но факт е дека меѓу овие две нации се имаат изнадешавано поприлично гадни работи и некои не можат преку тоа да поминат. И тоа е тоа. Најубаво е да се избегнуваат овие врски колку што се може. А за исклучоците кои немаат проблем со тоа, секоја чест. Во секое жито има какол и тоа е тоа.
     
    На sanooo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Во контекст на темава

    http://www.youtube.com/watch?v=KoGOQyUqkSI

    Да сме негде далеку би биле филмски пар ама татко и е од село близу Гостивар ... :wasntme: :D :tmi:
    Марки скупим да те купим бара татко твој :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    само во арапските земји татковците ги продаваат керќите .. кај нас ова не е случај
     
  16. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    се почесто сме сведоци на вакви врски и многу ми е жал затоа што факт е дека ваква врска може да опстои само доколку еднот од парнерите ( во 99,9 % )жената , мора да ја промени верата и да се откаже од се што претходно вреднувала .
    Сите случаеви и вакви врски доколку не се испочитува претопувањето на верата завршуваат трагично ....за жал
    А факт е дека додека трае врската љубовта е многу посилна , бидејки како и за се во животот -она што ни е забрането најмногу го посакуваме .
    Постојат и вакви врски кои заврпуваат успешно (партнерите остануваат заедно ) , но по која цена . Имам еден пример кој уште како мала го следев, од причина што девојката (македонка) беше добра другарка на мојот постар брат и еве што се случи :
    Се заљубуваат девојка (македонка) и дечко (албанец) уште како деца ...мислам дека биле 1 година средно , успешно ја криеле нивната врска со 3 година средно и биле срекни заедно , се до моментот кога нивните родители не дознале за истото и нормално проблеми ...закани , притисоци , другарката на брат ми , родителите ја испратија во америка да го дозаврши средното образование и факултет со цел да се одалечи од **него** , недавајки никаков контакт за неа дури ни на нејзините блиските пријатели . Дечкото по завршувањето на средно исто отиде во странство ...а додека беше во мк , бидејки контактираше со брат ми постојано прашуваше за неа со надеж дека ке ја најде и дека нема да престане да го сака ........
    и да ја скратам приказната , бидејки има премногу детали :) се срекаваат во Хаг после 6 години откако она замина за америка случајно ...и двајцата сеуште заљубени еден во друг , без никој да имаат во својот живот во изминатите години , но секако и двајцата со професионални обврски на различни страни на светот ...во наредните две години бараа начин како да останат заедно и откако едниот се жртвувал конечно си нашле заедничко живеалиште ....Родителите ги известуваат , но во истиот момент и едните и другите се откажуваат од нив ...они сепак решаваат да останат заедно ...направија свадба имаат и две деца и знам дека функционираат совршено веке неколку години далеку од сите без да им даваат значение на верите , дури ни нивните деца не се ниту крстени , ниту сунет правени . Нивната одлука е сами да одлучуваат за тоа кога ке пораснат .
    За жал со родителите сеуште незборат , иако братот на девојката кој беше најголем противник конечно реши да ја види својата сестра и оваа Нова година и беше во посета ....и секако се помири со се и му е криво што не зборувал со неа повеке од 6 години .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bilence86

    bilence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    da vi kazam jas sum mazena za musliman toa ne go prifatija ni moite ni negovite i zaminavme da ziveeme vo danska stvarno sme srekni i sega cekame prinova no sepak ni falat roditelite na dvajcata podednakvo bidejki srekata e mnogu pogolema koga mozes da ja podelis so roditelite no sepak ziveeme so nadezta deka eden den ke mozime da bidime zaedno so niv
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.