1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    „друга националност да, друга вера НИКАКО„ - што ти значи ова? не го разбрав баш убаво?

    и да ви кажам колку христијанки има што се во врска со муслимани ехехехехехе многу, колку јас ги знам, многу се, па можеби има и во форумов ама кријат, не ја кажуваат вистината.....нели?
     
  2. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мислеше на тоа дека може да е Германец,Грк и слично се додека е христијанин.
    Јас лично не критикувам никого,на кого како му одговара нека си прави,ама мене не ми се допаѓа да бидам со муслиман во вркса,имам другари се е тоа ок,не викам дека не се луѓе ако се муслимани,глупости,меѓутоа тие ја почитуваат верата нивна и тоа се коси со нашата,тешко е барем во вакво општество како нашево.Ние сме преконзервативни за тоа.Да сме живееле во некое друго општество би било поинаку.
     
  3. MelanijaOh

    MelanijaOh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Во нашето општество сеуште постојат стереотипи, но сепак за некои работи родителите се во право. Тука не се работи само за вашата врска да се биде или не, на долг рок работата станува се покомплицирана. Заедничкиот живот ќе биде многу потежок отколку сега, што значи и сега животот е тежок а што станува подоцна?
    Живееме во мултиетничко општество полно со предрасуди и негативни ставовови едни кон други. Не само домашните со тек на време и пријателите ќе почната да ве избегнуваат. Посебно тебе ќе те гледаат како фрик и ќе бидеш цел на осуда.
    Размислувај на долг рок. Што ако раскините после долго време. Повторно ќе бидеш осудувана и поинаква во очите на машките. Го знаеш она..... Со неа одиш, абе таа..... итн.
    А доколку останите заедно ти што ќе бидеш повторно христијанка а тој муслиман. На кои обичаи ќе се радувате ќе се покорите. Твоите одбај чекаат да те видат венчана во црква а неговите........ Што ќе биде со децата, что ќе бидат тие?
    Се согласувам со озбилназена. Сега може ќе ти ветува брда и долини но честа нема да му дозволи да ти се покори.
    Излези си со време од врската.
    Само за твое добро верувај
     
  4. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ги прочитав сите постови, читам љубовта победува се итн............ама драги мои , да не се залажуваме, па свретете се околу себе, кого ќе видите, луѓе треба да се свестиме дека сме различни и НИКАКО не можеме да живееме како едно и тоа е тоа.
    Навистина ми е жал за девојките кои се во такви ситуации, ама нека размислат ( христијанките) дали сакаат на децата да им прават сунет и уште полошо дали керките ќе сакаат да ги кријат од другите.
    Немам ништо против муслиманите , ама луѓе РАЗЛИЧНИ СМЕ, тоа не треба да се занемарува
    Поздрав и само трезвено размислете
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    eve sega samos to zavrsiv na telefon so nego. jas makedonka toj albanec.... nemozes ednostavno da se soglasis so niv i da najdes zaednicki zbor, pogreska svajkaat, ako mozes begaj podaleku od nego. imas milion dr luge so koi sto mozes da se zaljubos. dobro ti rekle tie vo predhodnite postovi. nacionalnost da, ali vera ne. ne deka jas sum nekoja religiozna, ali nivnite obicai se nesto strasno...samo problemi mozes na glava da si navees.
    [mod-kirilica:325y0r59][/mod-kirilica:325y0r59]
     
  6. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Па што бараш и ти со него? Советуваш други да бегаат што подалеку од такви комплексни врски, а ти самата се осудуваш да останеш да живееш таков живот? Чуму??? |(
     
  7. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Против ваквите врски сум!!! Се согласувам со renata76 друга националност да, вера НИКАКО!
    Врска албанец - македонка, ми се згрозува од помислата само, а не да зборам кога ке ги видам ку*рвичкине кои идат со Албанци само затоа што ги частат и ги возат во јаки коли.. ќе ги *зебат и кога ќе си најде друга таква ајт пријатно и се така додека не се ожени со девојка од неговата националност. Има бракови меѓу Албанец и Македонка, ама тоа се ретки случаи. И дај бре Македончиња освестете се бре, па зарем малку наши ли ги има, па со Албанци сте нашле, и баш ме интересира дали некогаш сте виделе пар Албанка со Македонец. Што мислите како нејзиното семејство би реагирало на ваквата врска?
     
    На NellPam и Victorya им се допаѓа ова.
  8. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Ах бе девојки, не си играјте со ова, ќе си ја изгубите фамилијата! :worried:
    Имам братучетка што имаше врска со албанец и верувајте не беше ни малку пријатно кога се излезе на виделина... дознаа сите роднини ширум Македонија! Осудувања, понижување... да не зборам за нејзините родители и брат и (помал) каков срам изедоа од цел град! И на крај што? мораа да раскинат и ене ја сега замина подалеку од државава пошто овде и удрија етикета дека ја обработил албанец... |(
    Немам ништо против нив, живеам во маало каде што претежно има муслимани (турци, албанци, роми) и супер си живееме, но сепак НЕ СМЕ ИСТИ!!! и никогаш не би ја издала својата вера... верувајте откако дознав за тоа ја гледав со други очи а ми била како сестра, сега ја доживувам поинаку, некако одбивна ми е и гадна кога ќе помислам на тоа! :x
    Затоа паметот во глава!!! Погледнете наоколу, сигурно сте му симпатични на некое наше дете... ;)
     
  9. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Еве и јас да кажам...Една година одев со турчин секако муслиман а јас македонка христијанка.Го сакав, тој ме сакаше, неговите знаеја за нас. Така вака некако ме прифатија, иако мајка му цело време се трудеше таа да му најде женска што таа ке ја сака што на неа ке и се допадне а не на него. Ајде тоа не е битно,битни бевме јас и он. Јас како и многу други на форумов имав исто мислење дека љубовта ке ги победи сите граници дека не е битна верата. Колку ли само сум грешела и сега се каам. Едно време сите другари и другарки ми се смееја а јас упорно ги убедував дека љубовта треба да ја гледаме а не верата и националноста. Колкава глупача сум била само ееееј ццц...Цела година моравме да одиме на скришни места за да може да се гледаме, секако за да не дознаат мојте оти ке ме бесат. Право ке се откажат од мене и тоа преку весник. А типчето беше стварно фраерче и убаф и згоден развиен али единствена пречка беше што не е моја вера. И ние така криејки се али кај од народ а особено од македонци ке се скриеш ли некаде? Кај и да си секој ке те најде. Фала Богу мојте не дознаа за нас, али сите други цел град па дури и сегашниот дечко шо ми е ми има кажано дека порано додека сум одела со турчинот слушнал за мене дека сум одела со него иако сегашнио дечко не е од мојот град, али добро е шо си го најдов добар и шо ме сака па го гледа тоа само како дел од мојто минато. И после некое време мислам точно после една година истиот месец кога се фативме наредната год тој месец раскинавме. А зошто? Зошто типчето отиде за Турција и тука ставам happy end. И сега се каам кај ми бил мозокот цела година зошто залудно сум си ја потрошила годината така одејки и тоа цело време криејки се цц.Али тоа ти е било поминало акл за друг пат и со човек од друга вера веке никогаш.За другар или другарка не ми пречи сите сме луге нели зошто да не се дружеме, али за дечко НЕ. Ова само си го кажав од мое лично искуство да видеш дека колку и да има љубов секогаш ке постои крај дали после 1 месец или после 15 години али таа врска нема да издрже до крај. Да не се залажуваме со тоа мош кај тебе ке биде друго бидејки тоа е тоа ја гледаме вистината и реалноста и да не запагаме во бајки кај шо секогаш крајот е срекен нели тоа го има само во бајките во реалноста таква врска можеби може да успее само кај познатите личности бидејки тие имаат се и не им се битни маабетите од народо или од кој било друг, зошто тие и да не опстанат секогаш можат да си најдат нов партнер додека ти ке бидеш озборувана од цел град па и пошироко. Долг пост али вредно е да послушаш совети од некои кои што поминале со таков случај за да не се каеш и ти после зошто можеби ке биде касно.Поздрав
     
  10. ambasadorka

    ambasadorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    5
    Мое мислење е дека во љубовта не постојат години и вера. Не е важно ништо од тоа, важно е да се согласуваш добро со некоја личност и истата да те сака, да те почитува и покрај неа да си среќен. Дефинитивно мислам дека не треба повеќе да ги делиме луѓето по верата, луѓе си се луѓе подобро да бидеш со некој албанец со кој си пресреќна, отколку со некој македонец кој ќе те малтретира и навредува. :)
     
  11. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Ако некој е припадник на една вера тоа не го прави поголем човек од припадниците на другите вери. Во секоја вера можат да се сретнат луѓе со крајно заостанати сваќања и луѓе со современи сваќања. Ако е муслиман не мора да значи дека ке те покрие од глава до пети, ке те натера да родиш 5-6 деца и без придружба нема да излезиш од дома. Па и христијани има заостанати што не ги пуштаат жените од дома, не им даваат да одат на работа и ред други глупости. Зарем никогаш не сме сретнале муслиманки кои одат многу поразголени од христијанките, или имаат успешна кариера ... Истите тие луѓе што овде во Македонија "фрлаат камења" едни на други коа ќе отидат на запад стапуваат во брак токму со човек од друга вера и не им е воопшто битно, па што тогаш тоа им претставува проблем тоа да го сторат кај нас. Ако сте на исто културно ниво, ако за него секој празник е само дел од обичаите на луѓето во средината во која живее а не нешто што го прави поважен од другите, ако му е сеедно што ќе фарба јајца за велигден и ке јаде баклава за бајрам и ако секој пат коа поминува покрај црква гледа на неа како на културен споменик а не како не нешто што му буди желба за конфликт, тогаш зошто да претставува проблем ако тој е муслиман а таа христијанка или обратно. Оние кои се толку затворени сигурно не би почнале врска со некој од друга вера, а камо ли да стигнат до брак. Најголем проблем кај нас е наметнатата нетрпеливост меѓу македонците и албанците, а не верските разлики меѓу нив.
     
    На NerdierMe и Rose96 им се допаѓа ова.
  12. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Јас лично сум против ваква врска албанец-македонка...Никогаш не би била во врска со муслиман ( и последен на свет нека е ).Не дека нешто они не се луѓе или ти љубов не гледа веру, имало вакви муслимани закоравени па имало и македонци што ти ја знам, триста чуда и изговори! Мое мислење и став дека не можам ја да бидам со некој кој е албанец едноставно антипатична појава ми се...не можам да ги смислам а не пак да ги гледам со други очи....нити ми е јасно како можат нашиве да идат со нив...толку ли немаат со некого од наша вера....посебно во мој град како луди се...свашта....ем ти лепат одма етикета ( мање-битно тоа )...ем против нив се боревме...а не не...нема шанси...ем абе не се мешаат православни со муслиманска вера....забрането е.... :!: Можеби за некои што одобруваат ваква врска...ќе сум им расист...и да расист сум....и плус одозгора на се лош народ се бе! Тоа се знае...ЗЛО!!

    Не знам кој погоре пиша нешто као а со католици можеме да се мешаме...како може само да се спореди едно со едно? Не ми е јасно!? Па и православните (ние) и католиците ( скоро цел свет) една вера сме Христијанска!! Нема апсолутно никаква споредба меѓу муслиманска и католичка вера |(
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Со закон?
     
  14. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Ноуп.... ;) Нашата црква и вера не дозволува мешање на овие две вери :)
     
  15. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас сум многу голем верник, но уште поголем сум во љубовта, поччита и среќата. Нашите родители да се сигурни во нашиот избор, во нас, и да не видат среќни, да видат дека некој би не гледал како кралици, никкаов проблем нема да направат. Се ке проголтаат, и срам, и зборувања за нивните деца, а и јас истото би го направила за мое дете. Работата е што децата не знаат правилно да расудуваат, и од мали прават глупости кои ке ги пратат цел живот. Не е баш убаво во Македонија, да не излезе на убаво врската, и жиг да носиш "Ах еве ја оваа со албанец што одеше". Додека ние сме залетани и мислиме дека се е розево, нашите родители на тоа мислат, и затоа се против. Ако знаеш убаво да расудиш дека вреди сето ова, и потоа да не се каеш само напред!
     
  16. Anesa26

    Anesa26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    :) Пред повеќе од една година се омажив со албанец. Претходно размислив за последиците од мојата одлука и како мојата одлука би им изгледала на моите блиски.
    Родителите не беа нешто посебно шокирани, пред се дека сум возрасна и можам да одлучам за себе, а и ме познаваат каква сум, и моите одлуки не им се спорни, знаат дека не би се мажела за било каков.
    На двајцата ни е втор брак, и имаме јас една а тој две ќерки од првите бракови. До сега нашиот брак е како сите "нормални" бракови. Но, тој не е националист, не го истакнува и не влече накај албанското потекло, зборува македонски перфектно, не е по партии и политика, образуван, прошетал низ цела Европа, видел подалеку од носот. И неговите се сосем ок, доаѓаат кај нас, одиме кај нив, никој не ме гледа криво...баш се сеќавам татко му (свекорот мој) рече - ако на вас ви е добро и сте среќни и ние сме среќни. Моето дете со него и со неговите деца има добар однос, како што се грижи за своите така и моето дете го гледа, а и неговите ќерки ме сакаат и никогаш немам почувстувано омраза од никого само зашто сум македонка. Сме одбрале јас или тој да се родиме како македонка или албанец? НЕ. И кога две суштества имаат заеднички интереси, им оди муабетот, се сакаат и има почит, и сакаат да живеат заедно и да имаат семејство не можат зашто оваа била македонка а тој албанец?!?! хаха...а да беше американец или италијан на никого немаше да му смета. Ако јас сакам да живеам со некој и тој со мене и знам дека е добра личност, гајле ми е што ќе кажа некоја комшивка, стрина, тетка или некој вујко што до вчера не ги болело за мене ич, ама кога треба да се оговара први ќе се јават.
    Може да успее ваков брак, ама пред да се реши некој за брак или врска треба да го запознаеш човекот и да се разговара отворено за се што те интересира. Сама ќе си го направам бракот успешен, кој ми гарантира дека ако сум со наш нема да ме остави, како што направи првиот-македонецот, што се пушти по швалерства со студентки, додека јас бев бремена со неговото дете...во животот нема гаранција за ништо, ама ако навистина сакате нешто, ризикувајте, од кај знаете дека нема да ви успее :D
     
    На Annath и wolf4e им се допаѓа ова.
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Знаев дека вака ќе ми одговориш.
    Проблемот е што црквата наша забранува и мноооогу други работи како лажење, крадење... па и некои далеку пострашни (како убивање) од љубовта. А сепак луѓето убиваат, крадат, а за лажење лажеме и ние и тоа секојдневно.
     
  18. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Што е Албанец а што Македонец?Па нели тоа е само територија каде сме се родиле,па нели сите сме луѓе.Се е добро додека трае една врска, и јас немам ништо ама ништо против тоа се додека постои лубов меѓу нив а не некоја друга егзистенцијална врска или слично.Но родителите се растени во друга средина ,други околности,други времиња и комунистички општества така да кај нив е многу тешко да го прифатат тоа за нивните најмили и да се соочат со самата реалност и ситуација.Се разбира никој родител не би помислил лошо за своето дете но и тешко им е да се помират со тоа “случување“ за нив до некаде несватлива работа.НО ИСТРАЈТЕ ВО ВАШАТА ИСКРЕНА ВРСКА и со време докажете му го спротивното на вашите родители па сами тогаш нека увидат колку грешеле кога сакале да ве скараат.Само напреееед :)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Колку и да се убедуваме, врска или брак македонка со албанец никако!!!!!! Вера си е вера, јас сум христијанка и сакам моите деца да си ги крстам во црква и за Велигден да ги носам во црква! неможам да замислам ваква врска/брак. Кога тогаш ке се појави некој проблем во врска со верата и сл. Ви препорачувам на сите да ја прочитате книгата Никаде без мојата кјерка, па ке разберете сите што точно им значи нивната вера, кога-тогаш ке се случи да повлечат некои работи на нивна страна.
    Има толку мн наши деца, убави, паметни, нема зошто изборот да биде албанец!!!
     
  20. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Погоре некаде искоментирав на темава, ама ме иритираат некои постови. Немам ништо против оние на кои им се допаѓа да бидат во врска или брак со личност од друга вера, но моето мислење е дека такво нешто не може да опстои. Во некој пост погоре прочитав, што со децата кои ќе се изродат од таа врска?????
    Пример родам машко, и што понатаму крштевка или сунет, прашање е сега. Исто така прочитав дека, ,, ги славиме и нашите и неговите празници,, еееееееее како е можно бе тоа жити се. Прво му направи сунет на синот , па го крстеше или обратно????? Стварно не ми е јасно, али ај........
    Има мал милион причини зошто да не си во врска со некој кој е различен по вера од тебе, ама тоа е индивидуално и затоа јас тука ќе престанам и само ќе каЖам, ЛУЃЕ РАЗМИСЛЕТЕ СО ЛАДНА ГЛАВА ПА ПОТОА ДЕЛУВАЈТЕ
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.