Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Одамна се мислам дали да се изјаснам или не на темава ама ајде ќе се изјаснам.

    Јас сум против врска Албанец-Македонка, Македонец- Албанка и било како од различна вера.
    Не ми смета други кога го прават тоа, сепак тоа е нивен живот и сум имала и другарки кои оделе со дечковци од друга вера, и другари кои имале девојки од друга вера ... свесни се за мојот став но ниту сум ги осудувала ниту накриво ме гледале.

    За колкава љубов и да се работи, колку и да го сакам тој дечко ( иако не верувам да се донесам во таква ситуација) би се исконтролирала себеси и моите желби и страсти и би продолжила понатака.

    Прво и основно заради моите родители. Таков шок никогаш не би им приредила. Ахам убаво ппричитавте - шок. Тие се многу против тоа. Знаат дека имам познаници од други вери и другарки и не им смета затоа што ме познаваат мене а ги познаваат и нив. Не знам како можат да ги поднесат девојкиве кои се во врска со дечко од друга вера расправиите дома, кавгите, плачењето, солзите на онаа жена која те родила, навредите, понекогаш и тепачки. Е да сведок бев на една бурна врска. Кога дознаа родителите на двете страни ... не можете ни да замислите. Плачење, коси корнење, караници што цела улица ги слушаше, полиции, болници и што ти не понатака.
    Девојката ми беше другарка. И знаете го сакаше премногу. Демек. Во очите на нејзините родители падна премногу. татко и се осмели да крене рака на неа. И татко ми би ми залепил неколку не викам не. Психички пропадна. Но еве нема ни две години таа сега е среќна со нов дечко. И ужива. И го сака.

    Друго. Несфталиво ми е да верувам до два Бога. не би можела да го славам и Бајрам и Велигден. Не би сакала на детето да му направам и сунет и да го крстам. Од секогаш сум си сонувала да си правам венчавка во црква пред нашиот Бог, да си го крстам детето и да го воспитам ама баш исто како што ме воспитале мене.

    кога тогаш помеѓу двете семејства би дошло до кавга, до препирка. Можеби не додека се двајцата во врска, еве дури може и свадбата да помине, но веќе кога ке се родат и деца работата станува малку поинаква. Секогаш треба работите подалеку да ги гледаме. Што кога детето ке оди во школо ??? како ќе го гледаат ?? Кога ке пополнува пријава за во средно ?? како ке се декларира ??? А како ќе го крстите? Македонско име и Албансо презиме? ... Нели мислите дека тоа дете ке биде исмевано ? Нарекувано изрод ? Самата сум сведок на една ваква ситуација.

    не ми сметаат луѓето од друга вера да не превртувате со очите додека ме читате. Напоменав имам и другарки и ги почитувам и сакам и се интересирам за нивната вера и ја почитувам. Ниту јас сум бирала да се родам во оваа земја и религија ниту они. Другарство може да опстои меѓутоа нешто повеќе според мене барем не. Можеби така сум воспитана, можеби таков став сама сум си изградила во текот на мојот живот и гледајќи неколку искуства со другарки ... Ама мојот став е таков.

    Не сакам да навлезам во расправија, ниту некоја форумџика да смени мислење за мене. само го изјаснив моето мислење и ве молам да не ме сфатите погрешно. Толку од мене.
    :bow:
     
    На Victorya и lolyta777 им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Најискрено и јас се мислев дали да коментирам на темава, меѓутоа целосно се согласувам со teddybear.
    Никогаш не ми паднало на памет да имам врска со муслиман. Немам ништо лично против луѓето, едноставно мислам дека мешаните бракови се комплицирани и водат кон расправии, недоумици и бараат многу жртви и компромиси. Значи не сите семејства би се согласиле да се почитуваат двете религии, и да се празнуваат сите празници и христијанските и муслиманските. Јас лично многу ги сакам нашите празници-Божиќ, Велигден, Св. Никола, Св. Петка, Богородица и др. да не набројувам, и практикуваме тие денови да одиме во Црква.
    Друго, на денот на нашата свадба венчавањето во црква ми беше најубавиот чин, а потоа крштевката на детето. Значи тие моменти се најубави во мојот живот и за ништо не би се откажала. Јас не сум поборник на ставот дека љубовта нема граници, ДА љубовта е многу битен фактор, без љубов ништо, ама некогаш разумот треба да се стави пред срцето. Како сакате сфатете, но јас имам предрасуди, традиционална сум и ја почитувам макед. култура и обичаи и ги пренесувам на моето дете. Јас сега ја воведувам во Христијанството, а кога ќе порасне самата нека одлучи дали ќе верува во нешто повисоко или не. Мајка сум и никогаш не би прифатила моето дете да биде во врска со личност од друга вероисповед освен христијанската, мислам дека би се потрудила и да ја прекинам на секаков можен начин. Не дај Боже да се доведеме во ситуација да си кубеме коси.
    Не сум религиозен фанатик ниту патриот кој се удира во гради за татковината, едноставно не би можела да се посватам со Албанци, Турци итн. Истиот став го застапува и мојот сопруг и моето поблиско семејство. Луѓето не ми сметаат, не ги мразам, имам и другарки Албанки, мој братучед има жена Турчинка, ама едноставно сум против мешан брак....
    Морам и ова да го кажам па како сакате сфатете, кога излегував се случуваше Албанци да се претстават со Макед. име, за да не се вљубам во погрешна личност барав л.карта да ми покажат. Никогаш не сум се довела во искушение да морам да бирам помеѓу љубовта на родителите и љубовта кон дечкото, навистина бев внимателна.
    Не сакам никого да навредам, секој нека си прави како сака и како му одговара, нагласувам дека не осудувам и не провоцирам, само го кажувам мојот став. :)
     
  3. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Е сега пак јас, постовите што ги напишав погоре а и другите што ги прочитав, сите се однесуваат на врски со муслиман/ка, албанец/ка,турчин/ка НО моето мислење не е само за нив, туку и за која било друга религија, па и за католиците и покрај тоа што веруваме во еден ист Бог. Сепак е различно. Истото мислење ( т.е. дека не треба да се мешаат) го имам и за други религиозни здруженија кои опстојуваат кај нас па и во светот, како адвентисти, методисти, протестанти, јеховини сведоци и слични на нив. Значи со дел од овие наброените читаме и се водиме по иста книга БИБЛИЈАТА ( едни по Новиот а други по Стариот Завет) и пак ќе кажам различни сме и најдобро би било да не се мешаме ДОКОЛКУ не сакаме и ние да ја прифатиме нивната религија или нивното верување во нешто различно од нашето. Ова само заради ДЕЦАТА , за да знаат што се и мислам дека двајцата родители треба да се од иста вера т.е. вероисповест. Ова е моето мислење , што не значи дека треба сите да го прифатат ;)
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Врската меѓу луѓе од различна вера може да биде многу комплицирана, посебно на нашиве простори. Моја другарка од факултет имаше врска со Албанец (таа не беше Македонка, ама не беше ни Албанка) и дури и се верија. Нејзините не беа баш среќни, ама се согласија. Е, откако се верија, почна друга приказна: Зошто носела сукња? Зошто не се закопчала до врат? Не и личело да седи со машко во бифето на факултет... Типот се смени 100%. И рече дека кога ќе се земат ќе мора да носи мантил (традиција било), свадбата мораше да биде по нивен обичај-мажи и жени посебно, дека после свадбата и кај мајка и не може да оди без некоја друга жена од неговото семејство во придружба... Неа и пукна филм кога не ја пушти на одмор да оди тоа лето со нејзините (значи, не со другарки, со мајка и и татко и и братот). Дури и татко и го замолил типот, демек, последно лето пред да се венчаат, па да поминат заедно уште еден одмор, ама тој не сакал ни да слушне, па на крај таа ја раскина веридбата. Само да напоменам, дека типот беше многу современ претходно, се запознаа на факултет, излегуваа и со нас, ама драстично се смени кога се верија. Е сега, колку Македонки, воспитувани да бидат свој човек, слободни во движење и во размислување би можеле да ги прифатат сите тие ограничувања? Затоа што покрај верата и начинот на живот ни е неверојатно различен. Секоја чест на сите, ама за мене прифаќањето на ваков начин на живеење е враќање 200 години наназад.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Само ќе додадам еден пр. од мојот живот. Имав другарка Албанка,многу се дружевме, јас одев кај неа, доаѓаше кај нас, остануваше на спиење, заедно сме излегувале, нејзините и дозволуваа да се облекува како сака, како секоја млада девојка во чекор со модата. Се вљуби во дечко Македонец, нивната љубов беше прекрасна, како гулапчиња беа, но нејзините родители не знаеја. Кога остана бремена, татко и (дотогаш прав господин, секогаш дотеран во одело со современи сфаќања, вработен во држ. администрација, мајката не носеше мантил и шамија, и таа беше вработена) ја натера да абортира и ја омажија за дечко Албанец, кој ја однесе во Германија. Колку само солзи има пролеано таа девојка,срцето ми го параше, Македонецот ја зема бегалка, се криеја, го имаа претепано заради неа, но сепак нивната љубов не опстана. Како и е, не знам затоа што ги прекина сите контакти со нас. Ова се случи пред околу 6-7 год. ;(
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Аман више со таа љубов !! Љубов па љубов! Во кој свет живеете вие ?! Љубовта победува се ! Љубовта е најважна ! Ахам жими она ! :fubar: Престанете да гледате шпански серии, да живеете во илузии и вратете се во реалноста !
    Не велам дека не е битна, битна е, но тука од големо значење се и други работи.
    Или ке влезете во брак па што биде нека биде. Едно искуство плус зар не ?! :puke:
    На почетокот се ке изгледа како од филмовите, а по одредено време почнуваат проблемите.
    Имате дете на пример.Која вера ке биде детето ? Кои празници ке празнува ? Кое име ке му дадете ?
    Еве да кажеме на пример бракот нема да успее, тоа дете ке ги сноси последиците ни криво ни дужно !
    ЦЕл живот ке биде со етикета бидејќи реално таква држава сме, со конзервативни сфаќања.
    Можеби еден ден ова нема да се гледа можеби така и ке остане.
    Поголемиот број врски и бракови од овој тип не успеваат и завршуваат со плачење, каење и слично.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15
    [mod-navredi:170kll2h][/mod-navredi:170kll2h]
     
  8. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    има една поговорка „ цвекето во мојот двор е најубаво“, е сега во зависност од годините децава мислат дека се што лета се јаде, ама не е така и може да се пишуваат тука еден куп постови се додека немаат лично искуство или ситуација во која реално ке увидат лично што е тоа и зошто цвекињата од сопствениот двор се најубави :* :*
     
  9. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Се мислев дали да пишувам на оваа тема, ама...
    И јас како повеќето феминки сум против мешана врска, не дека е осудена на пропаст, или ќе успее, тоа зависи најмногу од парот што се одлучиле на таква врска...да, не велам дека средината во која живееме не создава потешкотии, не ги осудува или нема да направи се за таквата врска не успее...но сепак за една врска се потребни двајца, и тие двајца на крајот на краиштата одлучуваат како ќе биде и дали ќе можат да се борат за својата љубов и таа љубов да ја сочуваат подалеку од луѓето и предрасудите што свесно или несвесно ни ги вметнува самата средина во која живееме.
    Јас сум албанка, и никогаш не сум сакала па и не сакам мешана врска, не дека ги осудувам луѓето што се во таква врска, туку ете мене поубаво ми е со некој со кого си имам исти или слични обичаи, иста вера итн. Не дека не ми се допаѓал некој македонец, башка имаше еден што целата треперев кога ќе го видев, ама остана на тоа, затоа што како што има веќе напишано beticka, цвеќето во мојот двор е најубаво :)
    Е сега, малку оффтопик ќе бидам, ама мислам дека се надоврзува со темава...не дека се навредив од постот на badgirl12 но мислам дека си млада да зборуваш со толкава омраза за другите, во овој случај албанците...не се сите луѓе исти, велат ако те избодел еден трн, не треба да ги мразиш сите ружи ;)
    Јас израснав со македонци, турци, албанци и сум видела секакви луѓе, но ако некој од нив се однесувал ужасно кон мене, или некој од моите, или ако ми напраил нешто лошо не значи дека сите од таа националност јас ќе ги мразам. Сум поминала многу нешта, но тоа не ми дава право да осудам некој македонец, затоа што once upon a time мене некој од македонска националност ми направил нешто.
    Во светот има секакви луѓе, без разлика каква националност е...туку ако веќе некого мразиш или осудуваш, немој цела нација да мешаш :)
    Извини, немој погрешно да ме сфатиш...ова беше добронамерен совет :)
    Сори за оффтопик и сори за сите што погрешно ќе ме сфатат...
     
    На Zeynep и renata76 им се допаѓа ова.
  10. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Секој сам за себе си одлучува. Ако религијата не ти е важна, ако се разбирате и ако тој ЦЕЛОСНО ТЕ ПРИФАЌА ТАКВА КАКВА ШТО СИ ТИ, би ви рекла браво, ништо не ќе може да ви застане на патот.
    Но чекај, пред љубовта, и сите фантазии дека љубовта нема граници, ниту признава разлики, запрашај се дали ти си подготвена да се справиш со последиците (т.е проблеми и несогласувања) од таква врска/брак. Човекот не е роден со карактер, туку тоа го добива од средината околу него, од родителите, и тоа него го дефинира како личност. Знаејќи ја неговата позадина (= неговиот начин или иден начин на живот ), јас немам толкава храброст да фантазирам дека во средината во која живееме ова може да функционира и да бидете среќни.. :(
     
  11. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Moe mislenje deka sega si ti tolku u oblaci so nego, go sakas te saka.. ali posledicite podocna doagaat..
    ama ke bide kasno..
    Fakt e deka sme razlicni , so razlicni sfakanja i obicai.. podocna u zivotot ke se kaes..
    Vremeto leci se, ke go zaboravis ke se pojavi nekoj drug.
    [mod-kirilica:ecbnfu4k][/mod-kirilica:ecbnfu4k]
     
  12. Monickaa

    Monickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Јас долго време сум во врска со турчин а јас македонка заедно сме 1 година и го засакав многу и ни е убаво се али коа размислам за натака многу тешко ми е поради тоа што моиве дома нема да го прифатат ова ќе се откажат од мене,а и кај неговите така ке биде проблеми ќе има од почетокот али како бе неможат да сватат што има воа тоа и ние сме луѓе и они се јас негледам разлика,што и да е јас сум спремна на се али пак од друга страна неможат поради мајками утре да се мразиме со неа,почетокот ке се бунат али и да прифатат пак нема да биде тоа тоа :( :( :( незнам што да правам натака
     
  13. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски

    милаа убаво размислиси..не ги слушај другите...па нормално дека сите родители ќе се протиф тие врскии но ако ти така одлучиш тие кога тогаш тоа ќе го профатат ;) :*
     
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Нема иднина тој брак ,врска или што и да е :x Еден ден ќе се освестиш за времето кое си го загубила ама ќе ти биде касно и не се сложувам дека родителите секогаш прифаќаат знам мал милион случаи кај што ги имаат избришано од живите и тоа комплетна фамилија . Поточно сведок сум на таков случај сега во моментов моја блиска личност е во врска со албанец над 2 години . Пробаа да ја отргнат што не сторија на крај пак се враќаше кај него а сега.... Сега е САМА на СВЕТОВ ја избришавме ситее ни мајка ни татко ни еден единствен пријател не и остана само тој и никој друг :tmi: Дали мислам дека е среќна ? ! :^) па не би рекла тие ја одбранија демек врската ама таа плаќа прескапа цена .... И утре кога ќе се врати во тоа сум посигурна од било што на светов ќе сфати колку згрешила .Врските не одат и со македонци мислам кај што нема различности од тип обичаи верски и национални разлики а плус ова еее :tmi: :tmi: :tmi:
     
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Е ова не го разбирам, не сум конзервативна ама од толку македонци???? зарем не се наоѓа човек меѓу нив? Зарем сакате родителите засекогаш да ги обвиете во црно, да се срамат од тоа што одгледале? Срамота, никогаш не сум признавала вакви врски и нема да признавам. Погледни ги само фотографиите од конфликтот 2001 година, тука се ќе ви биде јасно. ГОРДА МАКЕДОНКА!!!
    Па Цвета умрела за да си ја зачува крвта, достоинството! А Вие газите се што нашите предци создавале со години
     
  16. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ееее мила моја баба Дара, овде не се работи за конфликти и историја, овде се работи за љубав :D :D :D
    Абре девојчиња, како, не ми е јасно како????? Има толку мнооогу наши деца, вие се фативте да си имате работа со муслимани??? Епа да му се невиди, децата у црква ке ги крстиш или у џамија ке ги праќаш? Велигден или Бајрам ќе им славиш? Минич или мантил ќе купуваш?
    Дај веќе престанете со вакви работи, од типот на: Ама ние многу се сакаме, нас никој неможе да не раздели! Кога мајка еднаш ке ти рече не, колку и да се противиш и да продолжиш понатака, пак ке дојде на нејзиното не. Можеби некогаш мајките (некои, не сите) претеруваат, ама врти-сучи пак доаѓа на нивното.
    Џабе ли гледате Кога лисјата паѓаат??? И викаа не иди со Огус на Лејла? Ете отиде, ама у понеделник, пак ќе си се врати дома како немиена.
    Бегајте што подалеку од нив. Јас едно знам, кога тогаш ќе си го покаже правото лице.
    Пример сега ми текна, во Германија се случи пред скоро време имаше на вести.
    Албанец, таму живеел со години, цела негова фамилија. Му светнало, каде што работел на аеродром, се дерел Алах е голем и испоубил незнам колку луѓе. Сите се чуделе од каде овој човек го направи ова? Човекот си беше супер, он беше многу фин итн. Никогаш неможеш да знаеш што од нив можеш да очекуваш.
    Прочитајте ја Никаде без мојата ќерка или гледајте го филмот, стар е многу, се ке ви стане јасно. Се надевам и вас ке ви светне сијаличката во мозочето и ке се освестите каква грешка правите.
    Мајка ми да ја изгубам за цел живот за некој си??? подобро да ме убијат отколку поради моја одлука да бидам доживотно скарана со неа....
     
  17. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Izvenete ama vie kade ziveete, od mars ste padnati ovde ili sega ste otvorile oci, Makedonecot kolku i da se trudi ednostavno tie mu se moznostite, i sto moze on da ponudi, sve e vise vo ovoj zivot matematika, ednostavno takvo ni e opstestvoto, sve se gleda preku prizma na pari, sto dobivam a sto ne, normalno e da se lazat devojcinja i da veruvaat demek na ljubov, secenive sakaat da se zabavjlaat so nasi devojcinja, i plakjaat za toa, davaat pokloni, praat cehovi, obrnuvaat vnimanie zatoa sto im se moze, kolku mu treba na nesozrean zenski mozok za da si vrze vo krpce daka ja sakaat, koga go dobiva toa sto i treba, mn normalna pojava e toa sto se slucuva, a za razocoruvanjeto odposle nikoj ne razmisluva
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Од каде си сигурна дека кога тогаш ќе го прифатат?
    Кога некој човек е против ваква врска, тогаш ќе остане така и до крај. Никој никогаш нема да прифати ќерката да ја даде на човек од друга вера, дали на албанец или обратно.
    Ова се сериозни работи, а не приказни од филмовите каде се завршува со хепи енд. Да, сите приказни завршуваат со делот кадешто се венчаат, и се е соврешено тој ден. Но што после тоа? Што е со деновите кои следат?
    Секогаш ќе има некој роднина против тој брак. Може слободно да дојде до убиство. Човек кога е лут може се да направи.
    Се раѓаат децата. Епа ако таа е спремна да ја откаже верата за маж, тогаш алал да и е! Се откажуваш од себе фактички. Стануваш дел од друга традиција, вера, навики на живеење, славење празници, јазик... Нема повеќе славење на твоите празници и ред други работи.
    Детето ќе биде фактички албанец, пошто ти си жената и си влезена во негова куќа си ја презела верата . Ме ужаснува самата помисла!!
    Љубов не постои! Има илјадници од твојата вера, ќе се најде човек со кој можеш да си заедно, сите сме имале неколку дечковци, сме биле заљубени неколку пати.... Прво ја има таа хемија, страст, е после тоа веќе е битен карактерот кој е пресуден дали ќе сте заедно и понатака, дали функционирате како пар. Разбирање и слога, тоа е битното за понатака.

    Зошто бе некоја албанка не се плетка со македонец?? Не сум чула за ваков случај.
    Е затоа што нашите се прости и глупави спонзоруши, трчаат по колите, частења...
    Аха, албанка да се заметка со македонец, како прво покољ ќе го направат и него и неа, во никој случај не би дале албанка во македонска фамилија! Никогаш!

    Мој совет, понастрана од вакви врски. Никогаш нема да имате мирен живот, не вреди толку напори и стресови да се има , сам си го уништуваш животот свесно.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ах бре Македонијо, каде бе со ваква конзервативна средина од турското? Во Европа не ќе да е.

    Не сакам да бидам погрешно сфатена, но се изначитав се и сешто на темава. Заклучок? Премногу сме полни со предрасуди, со конзервативни и навистина понекогаш плитки разбирања. Само нашето е најубаво! |( Од толку луѓе кај најде со овој или оној? А па дека нашево е веќе цвеќе за мирисање без исклучок. Видов такви цвеќенца и доста ми беа, на буниште би ги фрлила зошто не вредат ни колку црнилово под ноктот што го имам. Ама битно е наше! :^)
    Кога се работи за ваква мешана врска (христијанка - муслиман), во прашање се дијаметрално поинакви традиции и обично тука настанува препреката, а не затоа што е некој муслиман, Албанец, Турчин, Казахстанец, Монголец и што ти јас знам што. Ама кај нас се што е албанско по "default" е жигосано како лошо. А знаеме зошто. Патем да, и јас сум скептична кога ќе чујам дека е некој со Албанец, но сепак секогаш впечатокот го создавам дури откога ќе се сретнам со човекот, затоа што - никогаш не се знае.
    Значи јас лично не би создала фамилија со човек муслиман не затоа што е муслиман, туку пред се кога би видела дека навистина си има некоја фамилијарна основа од која е излезен која е различна од она како мене ме воспитувале. Знам дека разлики како овие се ненадминливи, и проблемите во врската па и подоцна бракот би настанале - кога тогаш и скоро сум сигурна дека би било тешко да се надминат.

    Сепак ужасно ме нервира она генерализирање од наша страна. Албанец? Бог да чува! Бегај од него небаре е чума!
    Да, разбирам од каде произлегло тоа и јасно ми е сосем. Ама чекајте, не се сите онакви какви што ги мислиме обично. Јас конкретно имам другар Албанец и знаете што? Секогаш си велам, море камо да беа сите Албанци вакви. Море не, јас си велам камо да беа сите машки вакви ко него! Најсериозно. И сега замислувам - од кај да знам можеби токму неговата девојка пишала овде дека е во врска со него, а ние сите на невидено, нечуено и кажуваме да бега од него.
    Сега не зборам конкретно за нитуедна девојка која пишала, но поентата ми ја сконтавте се надевам.

    Така да девојки, тие кои одите со муслимани, убаво и реално проценете си ги дечковците, немојте да летате во облаци и да се трескате филмски дека се работи за забранета љубов, па леле адреналинчето колку ми прија и што ти јас знам што. Убаво, навистина убаво размислете пред да отиде врската подалеку отколку што би сакале. Никогаш не знаете со кој си имате работа. А ако сте сигурни дека се работи за дечко кој подеднакво ќе ве цени вас и вашата религиозна поинаквост, тогаш покажете и го средното прсте на онаа средина која ве оговара и ве осудува и верувајте дека не се ништо поарни од вас и тие самите.

    За крај само едно потпрашање ми се врти во глава, да беше дечкото Албанец католик, се прашувам дали ќе беше врската осудена подеднакво од сите вас и дали подеднакво ќе се гледаше на тој човек? :)
     
    На mims-89, Annath, Sparks и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Phyramide јас живеам во Струга кадешто сме во градот ги има многу, како што знаете и самите.
    Ужасно е кога одиш по пат и цело време слушаш албански, во твој град! Па провоцирање, нон стоп има тепачки по школите, на улица се понашаат како од некое племе, ужас. Ме боли душата што порано градот беше чист и преубав, полека се претвара во нивна територија и уште да ти велат дека градот е нивни, ќе стане и Македонија нивна. Да, такви коментари слушам.
    Како и да е, таква врска би донела само проблеми. Дека се агресивни, агресивни се. Појдете овде во албанскиве села, недај си боже, што не сум видела, племе, племе! И баш се од тречо-пееста, со размислувања и понашај и све.
    Албанец чисто од Албанија нема допирна точка со овие од тука. Многу се поразлични, фини се, културни.
    И да, ги мразам! Ги мразам со сета душа. Причините се многу јасни, сите ги знаеме.
     
    На Victorya и slobodka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.