Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите родители се против мојата врска албанец-македонка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SONCE..SONCE, 1 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Lacri тоа ти што кажуваш е веќе сосема друга тема. И нема да ја елаборирам за да не дадеме поттик за останатите да се случи она што се случи во темата за црквата ако ти текнува.
    Мрази си ги, твое е правото да одлучиш кого ќе сакаш а кого ќе мразиш впрочем, нели?

    За информација и јас пораснав со нив, не мораш да ми објаснуваш, знам како е да се расте во околина која постепено од чисто македонска се претвори во чисто албанска. Барем во тој дел од Скопје.

    Сепак за жал мислам дека иако потенцирав дека не сакам да бидам погрешно сфатена, токму тоа се случи :(

    Викај си ти дека се племе, и јас можеби некогаш такво нешто ќе изустам, можеби. Но ете - исклучоци постојат за кои никогаш не би рекла дека се племе. И можеби баш поради тие исклучоци нема да си дозволам да генерализирам.
    Зборам за мене, не за тебе. Плус имаме фамилијарни пријатели Албанци католици кои се прекрасни луѓе и ај сега да ги ставам сите во ист кош - епа не иде. Јас судам према поединци а не према тоа кој на која национална група и припаѓа.

    А реков, ваквите мешани врски, билокакви, каде што двајцата потекнуваат од дијаметрално различни фамилијарни или територијални средини носат големо бреме. Ама кога мислам на бреме не мислам на тоа - „што ќе речат комшиите“, туку други есенцијални проблеми за врската и фамилијата кои тие двајца подоцна здравје би ја создале. Затоа треба често и главчето да се употреби кога е љубов во прашање, а не да одлучувам само под влијание на хормони и неколку бакнежи или слатки зборчиња.

    Ете тоа ми беше поентата. Впрочем поентата ја кажав во претходниот пост и не ми беше целта да и реплицирам на билокоја од вас поединечно, ниту да ве нападнам, јас онака општо мислење дадов ;)
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Само оние кои живеат во средина каде се повеќето од опасниве имаат право да зборуваат зашто тие знаат како и а не некој од марс кај што ги глеа само на тв да ми кажува !!! од што сум нервозна раце ми се тресат :@ :@ :@ Поминуваат група од нивните и викаат ВНИМАНИЕ НЕМА НЕМА НЕ ЌЕ СЕ РОДИ ПОГОЛЕМО *УРВИЧЕ ОД МАКЕДНОНЧЕ :devil: :devil: :devil: еееееее баш ме интересира коменатар на овие што се девојкиве со модерни сфаќања де :headbang: :headbang: :headbang: само за потсетување повеќе од сигурно е дека во овие имаше многу што идат со наши ..... Аеее што би им направила на ваквитеее и пак вие терајте романтики :fubar:
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ама никој не вика дека не се вакви или онакви, ама не се сите :!: И јас познавам прекрасни луѓе Албанци и современи и културни, што повеќе ни се нашле отколку било кој друг Македонец.
    Ако е за тоа и кај нашиов народ ги има вакви или онакви.Сите да не сме цвеќе за мирисање случајно.Пре би била со некој нормален, на место Албанец, него ли со непрокопсан Македонец.
    Всушност, не сум размислувала дали би била со Албанец во врска, не сум се ни нашла во ситуација, ама не ги осудувам тие што се.Ако си се сакаат и им е убаво и не им смета да си слават различни празници, која сум јас да им се мешам во среќата и љубовта.
    И не зборете напразно кај го нашла, што го нашла.Сите имаме бивши и неуспешни врски, па кај ги најдовме ние такви? :^)
     
    На sesilija и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Барем со македонец дечко во едно сум сигурна дека НИКОГАШ нема се дрзне да ме повреди и навреди врз база на мојата верска и национална припадност ;)
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ама може ќе се дрзне да те навреди или повреди тебе или твојата фамилија, што мене ми е многу побитна и повеќе ме боли ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Баш така. Или да те истепа. Или да ти ги собере сите пари и да кидне. Или да те малтретира затоа што е болно љубоморен.

    Впрочем ги гледаме проблемите кои си ги пишаа девојките на темите. Ама битно е Македонец |(

    Абе секакви машки примероци има. Не мора да значи дека сите „идиоти“ народски речено се припадници само на една национална или религиска група.

    Това е. А националистички и провокаторски испади долични на дибеци осудувам секако, било од едната или другата или третата страна :)
     
    На femina90 и sesilija им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    |(
    искрено јас лично не би сакала...
    но, кој како сака нека си прави!
    баш, имав читано дека вери има дечко турчин, и мајка и и има дозволено
    ,ама судејќи по мајка ми јас не би си дозволила :) !
    секакви родители, секакви деца секакви карактери!
    Aко тебе ти е убаво,оди, ама биди спремна да ги сносиш последиците (најчесто карање со твоите)
    Aма озбилно ме вади од кожа кога ќе прочитам курва, ваква-таква, за колата идела, за пијачката, за парите и не знам ти што
    тие што пишале вакви коментари, од искуство случајно да не зборат??? ;)
    одма етикетата се лепи
    си имала 5 ебачи-курва си ајдеее
    идеш со муслиман-курва си, заради парите е!
    да, бе, ти се знаеш, баш заради парите е!
    и да, 99% грешат, утре ќе се каат, ама од грешките се учи! ;)
    Kако инаку ќе се опаметат! и јас би рекла од толку наши христијани, зашто мораш со муслиман
    Aма се заљубила, што ќе и правиш...времето ќе и лупне шлаканица за нејзината грешка(а може и не), а не некои дотични!
    уште еднаш кажувам, не сум за ваква врска кога станува збор за мене,зашто ја знам мајка ми, дека ќе ме обеси! A секој друг што сака нека си прави! не можам јас да се мешам! Aко решила така- така нека си прави
     
    На Forgotten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Се си е зависно од човекот, како гледа на животот, што бара од истиот, како ја гледа љубовта и што бара од неа... Познавам дете што е од мајка Македонка и татко Албанец, живее во една прекрасна средина, и баш ме интересираше кои празници ги слави и знаете што ми рече? Не славам никакви празници, едноставно се трудам да не грешам, да си гледам само во мојот двор и се надевам дека тоа е доволно од мене за овој свет.

    Е сега познавам исто така дете на родители од мешан брак, за кое искрено ми е премногу жал... Што се не трпи дома, како успева да биде толку смирен, алал да му е. Родителите од неговите родители нон стоп се мешаат, а родителите од детево дозволуваат тие да се мешаат, секој заради гордост не си го цапнува својот став. Како не се заколиле не ми е јасно.

    "Рецепт" за една врска нема - Може да биде меѓу двајца Македонци и пак да е пекол, а може да биде сосема добра (затоа што идеална не постои, нели), истото важи и за бракови помеѓу припадници на различна религија, па и на различна раса и боја на кожа... Сведоци сме и на тоа, додуша не во Македонија, ама сепак колку врски помеѓу црнци и белци успеале, а на колку се турило пепел заради бојата на кожата.

    Религијата е само еден составен дел од целосната слика за партнерот. Затоа кога се стапува во посериозна врска се бара човекот да е добар и да ги исполнува неколку од нашите критериуми, затоа што нели не може сите... Исто како љубомората да речеме. На некои им смета на некои не. Еве мене лично многу. И никогаш не би можела да бидам со љубоморен дечко, макар бил Македонец, Тунгузиец, Еским итн... Затоа еден добар тест пред да стане посериозно, со што можеш да живееш а со што не... Ако тоа што е Албанец те гуши, и нон стоп ти брмчи во потсвеста тогаш најдобро е да прекинеш, затоа што тоа брмчење ќе се зголеми и нема да те остави на мира... А ако не, тогаш уживај, пробај да ја адаптираш средината која тебе ти е битна на таквата врска (останатите портари не се рачунаат овде), затоа што стварно не е во ред да имаш проблеми заради тоа, кога тебе лично и персонално не ти смета.
     
    На Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Мене не ми е јасно, како некои луѓе преминуваат преку тоа што се случи во 2001 година. Неможам да разберам. Каква љубов ми кажувате? Зарем извинете, ама животни ли сте што неможете да си ги контролирате нагоните?! Луѓе сме, со РАЗУМ да размислиме за последиците, не се само предрасуди во прашање и тоа на верска основа, туку огромни разлики помеѓу врските Албанец-Македонка и обратно.

    Извинете, ама јас да имам ќерка и да ми каже дека има врска со Албанец ќе ја затворам дома, ќе ја истрижам ќелава и нозете ќе и ги скршам. Нарекувајте ме каква сакате, никој родител нема деца за фрлање. И јас едноставно неможам да преминам преку тоа што се случи во 2001 година, не ми загина близок, ниту пак бил некој мој близок во опасност, но народе, луѓе гинеа, сеедно дали ни биле татковци/чичковци/вујковци!!! Зарем вас ви е сеедно тоа што, не деградираат и уживаат секакви можни права во државава?! Зарем неможете да си ги контролирате чувствата?
     
    На Mari1992, Victorya, SunFlower94 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^
    во право си Oфи, ама ете, некои не можат да си ги смират чувствата!
    Eден ден сами ќе се свестат ако не им е касно, зашто искрено мене мајка ми и фамилијата повеќе ми значи од некој си дечко! A јас кажав и ќе кажам, не ни сакам да замислам што ќе ми се деси да идам со муслиман
    Aма работата е се исфрустрирав од еден коментар, скапи коли,пари, не знам ти што!
    па од кај знае таа што го пишала тоа дека иде некоја за пари со него???
    можеби затрескана е во него, не и е до парите!
    Aјде, такви размислувања дефинитивно од кожа ме вадат!
    муслиман----пари!
    Aбе ајде.....
     
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Епа Офи, тоа донекаде сакав и јас да го потенцирам во мојот пост. Има луѓе на кои му смета тоа, и нормално е дека ти тоа ќе го искажеш во твојата средина на личности кои ти значат... Затоа не треба трчање, и следење на моментални нагони, па потоа кога ќе се направи штета, да има каење. Ти не можеш да живееш со тоа и нормално е дека ако некој близок влезе во таква врска ќе ти смета... Затоа тој што влегува треба да воочи дали воопшто таа врска може да опстои, или ќе се сруши заради околината.

    Но сепак, има луѓе, верувај на кои тоа не им смета. Јас лично имам правено муабет. Ти вика, што е крив тој што некој од неговата религија нападнал некој од мојата религија? И до некаде во право е, според мене. Што е крив некој што политичарите и слепите приврзаници на политичарите, заради политика очите ќе си ги извадат?

    Океј е ако ти смета, мавнуваш игнор на сите нив, и отворено си кажуваш дека си против, и му сигнализираш на твоите блиски луѓе да си знаат, дека ако влезат во нешто такво, тоа тебе ќе ти смета... Но не можеш да бидеш против кога двајца на кои ниту религија, ниту националност, ниту нешто трето му смета да се сакаат (Значи зборувам за зрели луѓе, а не оние кои се уште зелени во мозокот и трчаат за да оформат некаква заедница, па после се каат).

    Не сакам да се препукувам, ти реплицирам затоа што знам дека може да си подебатираме, без притоа да паднат лутења, и отворено да размениме ставови. Го почитувам твојот став, но сепак не се согласувам со него. Се надевам сфати што сакав да кажам [​IMG]
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Знам те сфатив, но мислам дека е претерано тоа дека љубовта е слепа, љубовта нема граници, љубовта не познава разлики бла бла клишеа еден тон! Љубовта е преценета, тоа е целата суштина. Не е толку голема како што цело време било кој се обидува да ни ја претстави. Цело време се дрви колку е љубовта голема колку е љубовта бесконечна и колку во име на љубовта се прават незнам ти какви работи. Глупости во боја! Секој човек е способен да си ги контролира нагоните и тука љубовта не игра никаква улога. Кога нешто не е во границите на нормалата, барем на нашите простори и е сеуште табу тема, се обидувам да го избегнам, зашто од старт знам дека истото ми е забрането и си се контролирам. Мислам дека имам доволно разум да размислам за последиците. И еден совет, не навлегувајте во шпанските/турските серии, каде што се е толку идеално и каде што мажот неизмерно си ја сака жената и нема очи за друга, каде во име на љубовта се простува се и сешто, се преминува преку се и сешто ;)

    Од идеали не се живее.
     
    На Ashling, lolyta777, Victorya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јасно... И мене не ми се јасни тие луѓе чиј изговор е "Лилеееееееее ама јас го сакам" ?!?!? Мислам уат да фак ми е и мене тоа. И мене не ми се јасни девојчиња кои ја сметаат љубовта како еден дел, кога таа е всушност целина од многу делови.

    Е сега ако партнерите си имаат голем збир од тие делови, имаат каква таква финансиска поддршка, функционираат добро во кревет, нема љубомора, пасивност, фригидност, мрчење, се чувствуваат убаво еден покрај друг, не е логично да се откажат од сето тоа само заради што некој верува во Исус, а некој во Алах нели?

    А за таквите од првиот пасус од мојов пост и целиот твој, не се ни вредни за дебатирање, неизживеани детишта кои мислат дека љубовта ја победува омразата, дека со љубов се се лечи и дека љубов е ако си ги задоволуваат нагоните. Епа не е тоа љубов, љубовта ја дефинирав погоре (според мене се разбира).

    Затоа секој индивидуално, ако некој си ги составил тие делчиња во животот, не можам да го осудам на религиска база. А инаку тие што сакаат со глава ѕид да срушат, додуша и нив не ги осудувам, но можам да дадам една прогноза како сето тоа ќе се заврши - со еден краток збор, лошо!
     
    На lolyta777, Offspring и Phyramide им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Со овој дел меѓу другото во потполност се согласувам. Се додека размислуваме во стилот - неговите (мислам припадниците на неговиот народ) мене некој ми убиле, никогаш нема да мрднеме од место.
    Од кај знаеш може баш заради таквото размислување ќе налеташ на човек кој е не само квалитетен како човек туку и самиот не го подржува она што го правеле неговите, и сега што? Треба ли да му се стави жиг заради тоа што е ваков или онаков?
    Види Оффи ти го спомна конфликтот конкретно, да знаеш и јас сум лута, море не - гневна сум заради конфликтот во 2001 и ред други гомненици кои се направија, но не можам заради тоа да осудам еден куп Албанци кои ги познавам само заради тоа што се - Албанци, а ги гледам дека се повеќе од фини луѓе и заслужуваат да ми се пријатели. Исто како што и јас би сакала да сум нивна пријателка. И самите тие ги мразат оние „нивните“ за она што го направиле.

    Еден друг пример, од војната во Босна. Имам другар Босанец. Се запозна со мој другар Србин - и од старт го опцу и му рече дека не сака повеќе во живот да го види затоа што Србите му силувале неколку роднини и му го запалиле селото во кое живеел. Сега тие двајцата се најдобри неразделни пријатели.
    Ова ако го преточиш во врска исто ти се фаќа. Со други зборови јас сум јас, Пирамида Пирамидовска, и понекогаш навистина не сакам да сум ниту Македонка, ниту она другоно, ниту третоно кога ќе видам неколку „одлични“ примероци од моите. Се срамам искрено. Што имам јас заедничко со некојси дибек со животински и прости нагони? Ништо! Ама некој може мене од старт да ме стави во таа истата толпа, а јас со ништо не сум го заслужила тоа.

    Но да, позрели луѓе поинаку размислуваат пред да стапат во комплицирана врска, поточно барем размислуваат. А врска каде што двајцата се од друга верска припадност веќе ветува комплицираност.
    Но за жал не можеш Оффи да очекуваш сите да размислуваат трезно и да го уклучат главчето. Ма љубовта е хемија во почетната фаза, брачната заедница е веќе нешто сосем друго.
    А животот? Е тој е еден. Кој како сака нека си го троши. Јас сум претпазлива од причини кои ги наведов веќе. А другите нека си мислат према себеси.

    Па крај краева си велам, арно што Бартоломејската ноќ била толку одамна, инаку татко ми никогаш немаше да се земе со мајка ми. Веројатно...доколку би размислувал онака како што спомнавме во контекст на муабетот :)
     
    На ell, Bozica1980, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Малку ли се машки и девојки Македонки, па да се мешаме со Албанци или муслимани воопшто. Покрај толку настани поврзани со нив, да се одлучам за дечко Албанец...НИКОГАШ. Се прашувам кои празници си ги слават оние мешаните парови, нормално е секој да си "тегне" на своја страна,а тука почнуваат кавгите! Ова си е мое мислење и ништо на светов нема да ми го промени!!!
     
  16. Monickaa

    Monickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Мене не ми се важни парите ни дали имал или немал мене ми е побитен карактерот како се понаша спрема мене и се натака а тоа дали имас или немал тоа си е за него мене не ме интересира тоа,и јас искрено ги мразев муслимани не дека ги мразев туку никогас не сум ни помислила да имам врска со муслиман,али еве ми се случи се заљубив и се ми е ок али незнам знам дека нема да бидам со него кога и да е ке раскинам али многу ми е тешко поради тоа незнам како ќе се справам да забравам на ова на се.......... :(
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Кога ќе се размисли долгорочно ваквата врска е осудена пропаст, ама за долгорочно зборувам :!: Еве да речеме ќе се договорат двајцата ниту еден од нив да не менува вера, ниту едниот да оди во црква, ниту другиот во џамија...И во ред...Ќе течат работите некако, љубовта ќе победи, родителите ќе се помират со тоа...Ќе се родат деца...Ама и за ова ќе се најде компромис - нема ниту да ги крстат децата, а нема ниту сунет да ги прават, а за имиња - ќе им стават интернационални имиња...И еден ден децата ќе пораснат и тогаш што ќе биде? Која вера ќе бидат? И ако се машки посебно, дефинитивно ќе си се одлучат за верата на татко им...И се прашувам како би издржала целиот живот да не смееш да ставиш верски симбол во куќата(икона, крст...), да не си прославиш Велигден и Божиќ со децата и сопругот и што ли уште не.... Јас генерално ги почитувам сите вери и не сум против албанците заради тоа што се различна вера од мојата, него јас ги мразам на национална основа . Секој си има право на мислење, така да си кажувам најикрено...Посебно на овие балкански простори кај што се пролеаа тони крв заради нивните бедни апетити за територии и крајно ниските сфаќања што ги имаат за вистинските вредности во животот(чест на исклучоците), меѓутоа факт е дека балканските албанци се токму вакви. Ќе пие, ќе јаде со тебе, ќе ти помага, ќе биде со тебе во добро и зло...Ама навреди го на верска основа или навреди му сестра или мајка - ќе ти ги искрши сите коски и око нема да му трепне. Едноставно така се кодирани сите, во срж им е тоа..А дали биле образовани, модерни, прошетани итн - тоа и не е баш некој критериум за одбирање на албанец за животен сопатник. Моја ќерка да ми соопшти дека е во врска со албанец - не знам што би и направила :^) Нема да одговарам за последиците... :)
     
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    za ova si vo pravo Free jas sum albanka ... nosam sto sakam sekoja godina odime na odmor ... moite nikogas ne se izmesale na devojkite na bratmi od koi ednata e albanka ednata e turcinka ... :)
    to se zavisi do covekot :) pozz
    [mod-kirilica:17eob39p][/mod-kirilica:17eob39p]
     
  19. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Како прво треба да се направи разлика меѓу Албанец и муслиман, не се сите муслимани албанци... многумина од вас се гневни на она што се случи во 2001 , признавам и јас не можам поради тоа да останам рамнодушна...но да не замине темава во друга насока. Едно ми е јасно, дека со годините и умот доаѓа, јас кога бев мала толку многу бев заљубена во мојот прв дечко што мислев дека нема да можам да живеам без него. Сега од ова време гледам колку сум била „глупава“...не,( глупава), затоа го ставив во наводници, едноставно кога си тинејџер поинаку ги доживуваш работите, мислиш дека со него си и тоа е рајот, а колку всушност не знаеш од животот. Значи јас не сум против оваа врска македонка-албанец, но кога ќерка ми од 16, 17 години би ми кажала дека е во врска со албанец, се сакаат до тој степен да стапат во брак, и јас можеби ќе постапам исто @Offspring, но кога би била повозрасна, и созреана и кога знам дека знае веќе да расудува, веројатно би се сложила( со тешко срце си признавам). Но дека има разлика има, различно сме воспитани. Значи која сака нека ми кажува дека нејзиниот дечко албанец и дозволува да носи кратка сукња и деколте, тоа кога ке бидат во брак нема. МОја препорака е сакајте се деца,водете љубов, уживајте во животот, но кога треба да одлучите со кој ќе го поминете животот размислете убаво. Нека биде и Албанец, и Македонец, и Казахстанец, и црн нека е но пред се да биде ЧОВЕК.
     
    На eloves и sesilija им се допаѓа ова.
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас имам ќерка и лично не би сакала ниту пак можела да замислам да дојде еден ден дома и да ми каже дека е во врска со некој од друга вера.Не би можела да го поднесам тоа,никако!!!
    Да бидеме реални,колку и да се со модерни сфаќања, сепак албанците слепо се држат до својата вера, тоа е она што нив ги обединува и ги држи цврсто.А нивната вера налага многу правила кои било која слободоумна девојка не би можела да ги поднесе.
    Замислете си само,да го исчувате од килограм месо, да му се тресете, да живеете за него, да го кренете на нозе,колку само непроспиени ноќи,колку само жртвувања, делење од своја уста само да има за детето и тоа мисли дека се осамостоило на негови 16 или 17 години и плас шлаканица преку очи.А што разбира од љубовта на таа возраст?ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц
    Сте го гледале „Пред дождот“-убав пример имате таму....
     
    На Victorya, Lacrimosa, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.