Најдобар пријател или сестра

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од kuchka, 27 септември 2010.

  1. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Значи вака најпрвин беше пријателство тој постојано се караше со девојката и бараше совети од мене ми беше жал што го користеше но секој пат кога ке се смиреа бев најсреќна за време на летото тој почна секој ден да излегува со ист кафич во кој бев и јас и тоа секогаш беше една маса до мене , беше со другарите и не сакав да му биде непријатно. Секоја вечер истото додека една вечер дојде на нашата маса и почна да зборува со мојата братучедка дека сакал да се фане со мене? :o Mене ми беше толку непријатно и тоа беше толку навредливо зошто го сметав за најдобар пријател а неговите зборови беа ,,Да не се нервираш поради ова? а јас само се свртев и му одговорив не - секако лажев тој ми ја беше расипал вечерта и плус тоа тоа го кажа пред сестра ми која е зајубена во него :( за се јас бев крива Следниот ден ми пиша како сум но не му одговорив ми беше непријатно дали да го изберам нашето пријателство или мојата сестра и плус го сметав само за пријател. Не прозборив со него но тој и понатаму беше во ист кафич со мене и постојано правеше сцени пред моите другари со еден збор ми ги унистуваше излавањата дури после тоа се прашував дали му дадов причина за тоа и верувајте причина не постоеше за тоа време тој се смири со девојката само за мене да ме направи љубоморна бидејки мислеше дека јас му го правам истото со моите другари но јас наместо љубоморна бев срекна.Со текот на времето ми падна жал за него сега се допишуваме но одржувам оддалеченост не е како порано и се прашувам зошто мораше да го расипе нашето пријателство кога се одеше толку добро? Почнав да се обидувам да ја спојам сестра ми со него но тоа некако не оддеше :( . Со текот на времето забележав колку е тој убав и привлечен :rofl: всушност отсекогаш знаев но тогаш го избрав нашето пријателство наместо да се обидам нешто со него. Не сакам да ја повредам сестра ми ниту пак да се откажам од него. Но се прашувам дали вреди да се откажам од него за да сестра ми биде среќна но имам уште едно двоумење пред извесно време сестра ми ми го беше земала дечко ми :( :( :( , а кога ја прашав зошто го сторила тоа таа ми одговори за да бидела среќна :( , навистина незнам како да постапам :o
     
  2. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    130
    Nајдобар пријател или сестра

    Е вие сестрите сте чудо жими се....јас сум бил во многу полоша ситуација со 2 сестри и ке си земам за право да ти поствам неколку прашања кои што се неопходни да ги знам за да ти помогнам а верувај дека ке ти помогнам и баш ради тоа мое искуство не би дозволил на никој друг да му се случи моето затоа што верувајте шетав бос низ пеколот ај што заслужив ради мојата грешка која што не беше толку голема колку ривалство љубомора завист лицемерие меѓу две сестри затоа вака ке почнам - не знам какви ви се односите со сестра ти?..колку сте разлика? која е постара? игра малце улога тоа.....друго ти не си била со него никогаш а ни она колку што разбрав....?
    Значи кога си разбрала ти дека сестра ти е заљубна во него пред или после тој да ти се пушти? ако можам вака да се изразам
    Потребни ми се овие работи за да добијам јасна слика каква е ситуацијата и барем ти да не ја испуштиш љубовта и среќата ради друг макар и сестра затооа што не вреди да се жртвуваш за тоа пошто како што сама кажа он те сака тебе а не неа...и ти да си испуштиш среќа само зата што дада не сака да го има никој тоа што го посакува или сака таа а особено сестра и...тоа е мн интересен синдром и по ова.... претпоставувам ти си помалата сестра затоа што постарите се најчесто тие љубоморните.
    Така да кажи ми ке ти кажам а верувај на најдрага воља би го напраил тоа баш ради тоа што јас сам се борев со сите и со себе си пошто никој немаше тогаш да ми помогне мене...
    Тука сум..... :D ;)
     
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Nајдобар пријател или сестра

    ignoriraj go so toa sto tebe ti se ispoveduval sakal da se doblizi do tebe vo tvoite oci toj ti bil brat a toj te gledal na drug nacin ne e fer od negova stana nemozel da se vozdrzi koj zne dali i se vistina toa sto ti go kazuval sto se slucuva pomegu nego i negovata devojka.moj sovet ti e da ne pocnuvas nisto so nego poradi sestra ti a poveke poradi tebe.Da ne si najde druga drugarka za da i se doveruva sto se slucuva pomegu tebe i nego ke ti bide uste poveke maka i ke bides navredena.Soodvetniot sam ke si dojde najmalku koga ocekuvas i drzi si go za sebe ne go zblizuvaj so drugarkite ni so sestrati.Pozdrav ti posakuvam nov decko i se ke ti bide pointeresno i novo.
     
  4. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Nајдобар пријател или сестра

    Па вака односите со сестра ми беа одлични се додека таа не ми го зеде дечкото но никогаш не сум и кажала дека тоа многу ми сметаше бидејќи всушност таа мислеше дека тоа сум го прифатила, но јас многу и замерував и се борев самата со тоа инаку разлика сме 1 година секако таа е постарата. Tој ми беше најдобар пријател всушност целото детство го имаме поминато заедно но тој потоа се пресели и и не беше овде 8 години потоа се врати и сестра ми тогаш се запозна со него, значи можеш да си замислиш колку сестра ми се интересирала за мене штом не го познаваше мојот најдобар другар и да знаев дека таа е заљубена во него пред да дознаам дека тој чуствува нешто кон мене ;)
     
  5. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Nајдобар пријател или сестра

    Значи сонце777 тој ми беше другар и знаев се за него тој навистина ја сакаше неговата бивша но таа беше од оние кои се поигруваат и знаат само да повредуваат постојано се обидуваше да си ги подобри односите со неа но тоа навистина немаше крај, на крајот се откажа од неа и реши да започне нов живот :?: но незнам колку јас бев нова во неговиот живот?
     
  6. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    130
    Nајдобар пријател или сестра


    Гледаш дека знам што зборам.......мојата претпоставка беше точна а и претпоставував дека сте година до година и пол разлика.
    Дали ти со цел памет мислиш дека сестра ти не знае дека што би се рекло не и имаш простено за тоа што ти го зела дечко ти? Значи или она е одлична глумица или ти..ти со тоа што си ја убедила да верува(ако верува во тоа) дека тоа ти е надминато а таа ако знае дека те боли ама се прави како ништо да не било.
    Јас колку што успеав да разберам и тебе почнале да ти се јавуваат чувства кон дригарот така и тоа е цела мака а сестра ти е заљубена во него и тоа ти е проблем.
    Е сега не дека треба да и вратиш затоа што во никој случај не би било вратка затоа што тој не и е дечко нејзин нити и бил...така да јас не гледам проблем ако го сакаш зашто да си ја принесиш љубовта за жртва? Значи ако го сакаш и ти зборам и верувај деака доколку би се отажала ти од него или тој од тебе сеедно да знае сестра ти дека он е ти се удвара повеќе верувај и она ке се тргне... таа е за жал таква од проста причина- гарантирам дека си поубава од неа идека секогаш кога и да сте заедно момците прво тебе те приметуваат и ти ја фрлаш во сенка неа и тоа кај неа ете се одразува вака...трча по се што е твое.... и ке трча ако не ја научиш на ред а занм дека во твоето семејство зборот на сестра ти е пред твојот и дека твоите и веруваат се неа а не тебе и со тоа те држи...убеден сум во ова.
    Ете се кладам дека сега затоа што се смирил со бившата сестрати е оладена...глава сечам.
    Немој мило немој да го изгубиш правото на среќа ради сестра ти која што тоа што го прави...извини не и личи на ништо...мислела ли она на тебе кога ти го земала дечко ти? Со ова само покажуваш дека не си како неа ти бар бараш помош дали тука или на др место не е битно...битно не праиш на своја глава и пак ти е стали покрај тоа што имаш целосно првао без пардон и без да прашаш да се фатиш со него.
    Нека ми извинат друготе погоре...меѓутоа кој не бил во ваква ситуација не знае што е оган и колку е жежок и како тој оган може да направи се пепел дури да трепнеш и не мислам на љубовен оган него на оган оган...стварно оган кој што остава опекотини.
    Размисли...и ако грешам негде молим те исправи ме! ;)
     
    На kuchka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    :( И јас не верував дека токму мене ми се случува ова
     
  8. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Понекогаш имам чуство дека воопшто не и е гајле што чуствувам јас едноставно таа е таква живее за себе и не верував дека овде ке најдам некој кој е бил во иста каша како и јас меѓутоа се гледа дека сме биле во слична ситуација и да моето семејство секогаш застануваше поправо зад неа без да ме ислушаат мене како и да е незнам колку тоа беше добро од моја страна се помирив со тоа и иако таа не го прави тоа се обидувам секогаш нејзините чуства да ги ставам пред моите можеби бидејќи несакам да дознае што значи некој близок да те повреди :( како и да е благодарам за советите :)
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Не можам да си замислам мене и на сестра ми да ни се допаѓа ист дечко :^) Некако несфатливо ми е.
    Ако е вистина тоа што го кажуваш, значи на сестра ти не и било ни малку гајле кога ти го презела бившиот дечко, а сега повторно сака да го направи истото со другар ти.
    Само ако сестра ти немала ништо со овој дечко :!: можеш да пробаш врска со него, ако веќе мислиш дека и двајцата се сакате. :^) Ама јас лично не би се впуштила во таква врска, па има и други машки, не е само он па да мора и двете да се затрескате во него.
    Дечко ми порано (пред да го запознаам) бил на гости неколку дена во друг град и таму се смувал со две сестри, они сами му се пуштале, и значи он се смувал со нив колку да си го направи ќефот, го искористил тоа што и двете му се пуштаат сами, а не мислел на тоа дали они двете ќе се испокараат кога ќе дознаат, затоа што сепак се сестри. :x Ти го кажувам ова за да сфатиш дека машкото нема да размисли дали ќе ве повреди со тоа што ви го прави, он гледа сама да ја искористи шансата што му се пружа, а во случајов знае дека и двете може да ве има, затоа биди внимателна.
     
    На AppoloN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    18.851
    Пол:
    Женски
    За ниту едно машко на светот не вреди да се замеруваш со сестра ти. Јас лично ниту сум била некогаш во таква ситуација, а и да бидам секогаш приоритет ќе има сестра ми. Дечковците доаѓаат и заминуваат, сестра ти е тука за цел живот. Сега зависи и од односот меѓу тебе и сестра ти, но како и да е има многу машки на светов и немораш да се впуштиш во врска баш со оној во кој сестра ти е заљубена.
     
  11. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Не можам да си замислам мене и на сестра ми да ни се допаѓа ист дечко :^) Некако несфатливо ми е.
    Ако е вистина тоа што го кажуваш, значи на сестра ти не и било ни малку гајле кога ти го презела бившиот дечко, а сега повторно сака да го направи истото со другар ти.
    Само ако сестра ти немала ништо со овој дечко :!: можеш да пробаш врска со него, ако веќе мислиш дека и двајцата се сакате. :^) Ама јас лично не би се впуштила во таква врска, па има и други машки, не е само он па да мора и двете да се затрескате во него.
    Дечко ми порано (пред да го запознаам) бил на гости неколку дена во друг град и таму се смувал со две сестри, они сами му се пуштале, и значи он се смувал со нив колку да си го направи ќефот, го искористил тоа што и двете му се пуштаат сами, а не мислел на тоа дали они двете ќе се испокараат кога ќе дознаат, затоа што сепак се сестри. :x Ти го кажувам ова за да сфатиш дека машкото нема да размисли дали ќе ве повреди со тоа што ви го прави, он гледа сама да ја искористи шансата што му се пружа, а во случајов знае дека и двете може да ве има, затоа биди внимателна.


    Не знам како да ви објаснам тој е многу добар (го познавам уште од детството) и има разлика меѓу твојата и мојата приказна јас постојано го одбивам и му реков дека е подобро да не комуницираме , тој ја избегнува сестра ми и вели дека никогаш не ни помислил да има нешто со неа, :( а сестра ми флертува со него и тоа пред мене :( но сепак не сакам да бидеме во лоши односи со сестра ми (но таа тоа го искористува) и не знам до кога ова ке продолжи. И не може да ја искористи шансата бидејќи од мене никогаш и не добил шанса :( Што да правам?