Другарка ми не знам дали веќе можам да ја наречам така почна да ми прави проблеми во врска.. Одкако се фати со другар на дечко ми јас постојано се расправам со дечко ми. Сега имавме ситуација сакаа да одиме некаде на неколку дена надвор од градот, но јас не можев од повеќе причини. Прво здравствено не сум добра, имам обврски на факс и стварно сме кнап со пари дома периодов многу трошоци имавме. Сето ова го знае она и упорно "буцка" да се оди и да замара.. Дечко ми исто многу сакаше да одиме и се нервира и се ствараат кавги. Она како што ја сметав како најблиска требаше да има малце осет према мене и да ми помогне во стил да каже дека и она има нешто обврски пример или да си оди сама со дечко и..Дури кажа да иделе они тројца сами ако не сум можела јас.. И од претходно имало дешавки што сум ги премолчувала, ако ви ги раскажувам три дена ке читате.. веќе ги поминува сите граници..
@Darlingzz по колку години имате? Друго нема врска ако се дружите не сте врзани со папочна врвка ако им се оди некаде нека оди таа со дечко и и толку. Пак ти и дечко ти кога ќе бидете во можност ќе си одите сами. Што мора да се водите едни со други не ми е јасно. Напрај си искрен муабет со дечко ти и објасни му што и како е работата тој треба да те разбере, а на другарка ти кажи и каде и се оди нека оди со дечко и, вие не сте во можност и толку.
Ништо он кажа без мене не оди.. Тоа се нервирам и јас, нека си одат сами ама она намерно прави вака затоа што знае дека јас не можам. Она дури не го ни сака дечкото, уште плаче по бившиот и не знам зошто се однесува вака. 10 години се дружиме..
Точно ама многу пати до сега направила да се расправаме со дечко ми. Она се така демек ненамерно кажала, и се испуштило нешто.. И плус немаме раат од нејзе ЦЕЛО ВРЕМЕ е со нас. Дечко и нејзин има осет и скоро секогаш и вика остави ги нека си седат сами и она намерно седи зошто знае јас не можам до многу касно да останувам, а она има секаква слобода од дома и пет дена да ја нема , нема да ја побараат... И јас ке си отидам, она си останува со нив.. Не знам што да правам, почнувам да не можам да ја поднесам..
таа твоја другарка душичко, изведува бесни глисти(така се велеше во мое време)..а и ти па, немаш јазик, мачка ти го гризнала?? Ајде седни ја таму некаде и опомени ја дека не ти се допаѓа нејзиното однесување, дека те иритира и ТО...и дека не треба да се дружите повеќе ако продолѓи да се однесува како што тебе не ти се допаѓа. што толку филозофии незнам!?
Е таква сум јас цел живот глупава на сите им ќутам и на крај јас ке раскинам со дечко ми нејзе топ ќе и биде.. се нервирам што сум ваква
Па смени се бе душичко, ете од утре биди нова ти.се што не ти се допаѓа да си го кажуваш, да не го чуваш во себе...ма распали фино лепо!!!
Другарка постојано ме убедува да раскинам со дечко ми. Ние одиме 3 години и го сакам до бескрај. Таа вечно сингл и упорно одбива секој што и се приближи. Од толку слушање што бев наивна, ми има расипано три врски. Сега кога го најдов вистинскиот, ми вели такво машко сака за себе. Дечко ми знае за се што има зборено за него, а и самата му има зборено во лице дека ќе ме натера да му раскинам. Кога ќе се оддалечам од неа, ми плаче како сите кои си фаќаат дечко забораваат на другарките, а јас само сакам да имам другарка што сака да бидам среќна.. Што да правам?
Љубоморна е..Какво е тоа прашање што да правам? Па ваљда не размислуваш да оставиш дечко од 3 години со кој се сакате, за да ги задоволиш нејзините болни каприци.. Разговарај со неа отворено, кажи и дека ќе ви се расипе другарството ако не прекине да ти се меша во одлуките. Објасни и дека тоа што имаш дечко не значи дека немаш другарка, само е нормално дека не треба да се понашаш како да си сингл. И слушај ме, кога ќе најде она некој, нема да се одлепи од него. * Како тоа такво машко сака за себе, а ќе те натера да раскинеш? Она го свиѓа или ка погрешно сфатив?
Под хитно да ја откачиш таква другарка не ти треба, а и по пишаното не ми личи како другарка. Што она има да ти кажува со кој да раскинеш.
Мислам дека намерно ти го прави тоа, она нема и чим она не е среќна зошто другите да бидат среќни. Познавам многу такви, љубоморни. Мој совет ти е да ја откачиш нејзе. Или евентуално да седнеш да збориш да и кажиш кај и е местото, и дека она нема апсолутно никаков право да ти се меша у врската. Океј да другарка најдобра ти е ама секој нека си го знае местото. Може совет да ти даде и мислење да ти искаже ама да ти се мша или да те тера да одлучуваш, не. Ако не те послуша и пак продолжи по старо, ја сиктер
Читам и не ми се верува, ти по се ова од нејзина страна уште дружиш со неа и дополнително прашуваш што да правиш? WTF? Озбилно прашуваш што да правиш? Од една страна имаш дечко со кој си во 3 годишна врска во која ти е супер, а од друга страна другарка која ти расипала 3 врски досега и ти се заканува и оваа ќе ти ја уништи и згора на тоа и него во фаца му го признала ова, мислам што е премногу премногу е.