1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најдобри другарки заљубени во исто момче

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од kikicka15, 12 декември 2012.

  1. kikicka15

    kikicka15 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Значи вака со другарками сме заедно од кога знам за себе :D но јас се заљубив во едно момче ( многу си го сакам :) ) но на никому не се пофалиф за тоа а некои веќе почнаа и да пе прашуваат дали сме во врска бидејќи се зборело така демек и он ме сакал мене.но додека јас ги убедуваав дека не го сакам мојата најдобрка другарка на сите се испофалила дека е заљубена во него ( се разбира само на мене ми криеле се со цел да не и ја расипам работата :devil: и кога јас дознав светот ми се урна ;( и вчера една другарка ме вика на страна и ме прашува дали го сакам јас глупа и си велам не се со цел да не и ја расипам работата да не ја растажам .. но кога видела дека јас не сум и конкуренција таа отишла и во лице му рекла дека го сака а тој и се насмејал во лице и рекол дека не ја сака , а таа нормално заплакала но сега сите и дават совети ја тешат а мене ме сметат виновна за тоа и сега ако се доближам до него другарками не ми збори ..
    Иначе момчето постојано ми се смешка го имам приметено и во мене постојано гледа .. но мислам дека тој и мене не ме сака :?: :?: :?:
    навистина не знам што да правам ве молам за помош иначе за среќа со другарками уште не сме се скарале заедно сме постојано но кога некој ќе почне да зборува за него таа се расплакува и бега од сите ,а јас се чувствувам виновна за тоа :sweat: а јас уште глумам дека не го сакам а многу го сакам но не сакам и да се скарам со другарка ми

    Рс не сретнав ваква тема ако се повторува канта ;)
    ви благорарам однапред :)
     
  2. sweetgirl256

    sweetgirl256 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Најдобри другарки залубени во исто момче

    Истото и мене ми се случи пред одреден период....и јас се чувствував како тебе несигурно,не знаев што да правам...но треба да се запрашаш : Дали другарка ти би постапила како тебе ? Ако е таков тип “фалбаџија“ мислам дека не треба да се преправаш пред неа,слободно кажи и ја вистината а ако тоа и смета нејзе значи не ти е вистинска другарка.
     
  3. kikicka15

    kikicka15 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Најдобри другарки залубени во исто момче

    фала милион пати сум размислувала и на таа опција но не можам некако да и кажам еднаш и се обидов но залудно ;( ;(
     
  4. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Најдобри другарки залубени во исто момче

    Ако сте навистина добри другарки, не би требало за едно машко да се карате. Кажи и се и немојте да си го расипувате пријателството заради него. Сепак ако сте 14 15 16 год оставете го него мислете на пријателството. Не велам јас да го отфрлите машкото, туку да останете пријатели. ;)
    се надевам помогнав нешто :*
     
    На mv131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Ако ти била добра другарка и знаела за твоите чуства кон него немало да рабои зад твој грб за да не и ја расипиш работата како што викаш.......треба да размислиш добро за односите измеѓу тебе и другарката и измеѓу тебе и дечкото............не знам колу години имаш ама јас и двајцата би ги откачила(неа ради
    работењето зад твој грб).........(а него ако мислиш дека не е сериозен во врска со тебе)
     
  6. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Ау никако според мене расипување на долгогодишно другарство само поради еден дечко :!: ....Помислиси дали вреди да ја изгубиш другарката ако имаш нешто со него,или обратно да го изгубиш него а да си ја имаш другарката за себе :fubar: .Има време ќе си најдеш нов дечко,уживај си...Си доаѓаат празници сега е најубав период од годината *според мене* договорија другарката и поминете си најубаво.Никогаш не се знае може баш за празнициве ќе имаш прилика да запознаеш нешто ново ... :) :lol:
     
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Да ја изгубиш другарка ти за еден тип??? Подобро најди некој друг. Не сум имала ваква ситуација, но не можам да замислам колку е тешко :(
     
  8. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Па ако е таква ДРУГАРКА ТИ, кажи му в лице дека го сакаш, нема да штети...:)
     
  9. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    На твои години е нормално тоа што се случува. И мене ми се има истото случено баш во тие години. Но немора да значи дека покасно не се случува. Е сега не знам дали си 12 години или 15 години, :) но без разлика на тоа ќе ти дадам совет. Можеби со твојата другарка премногу сте блиски што веќе почнавте и исти работи да сакате во таа смисла го кажав ова мислејќи имате исти вкус. Кај мојот пример и покрај тоа што „другарка ми“ знаеше колку тој ми се бендисува не пропушташе прилика ако тој неа и се пушти, да биде со него. Никако не одбиваше. И тогаш јас детиште за да не ја изгубам неа како другарка (бидејќи ја сметав за другарка) ги гледав тие работи низ прсти. Но кога почна тоа да се зачестува сфатив дека не мие другарка. И си размислував кога сега таа така ми прави што останува за понатаму. За среќа што се разделивме со факултетите таа на една страна јас на друга за да не наидуваме повеќе на такви работи. Таа не тие ни другарка кога крие од тебе такво нешто а уште повеќе и кога се осмелила да му признае дека го сака. Твоја вина е што не си ја известила дека тој ти се бендисува тебе онака низ муабет како ти да не знаеш дека тој неа и се бендисувал. Но сега е доцна за тоа. Единствено е што ти ја чувствуваш вината а не си виновна за тоа. На срцето навистина неможеш да му наредуваш но не оди срцето со разумот заедно. Добро размисли дали вреди да расипеш пријателство за машко и пред се разговарај со неа, објаснија ситуацијата не е убаво да се сметате двете за другарки а да си криете такви работи.
     
  10. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Се сомневам дека можеби и не ти е некоја другарка на тебе. Јас никогаш не би постапила така со некое машко доколку се работи за моја најдобра другарка. Од друга странам немојте и двете да дозвлоите тој да ве искористи потоа да ве остави на пол пат, а вие да се скарате. Значи без дечко и без другарка на крај можеш да останеш. Мислам дека треба и двете да го оставите без разлика колку и да сте вљубени во него, зошто ако продлжите така нема славно да завршите. :^) :)
     
  11. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Мене ми се случило ова на истата возраст како тебе.Со најдобрата другарка "сакавме" ист дечко,ама тоа не беше ништо сериозно.Бидејќи се сметавме мали,на крај на памет не ни беше некоја од нас да се мува или фати со него.Тоа не беше толку сериозно.
    На твоја возраст ја не се замарав со вакви работи,али добро.Светот иде напред.
    Гледам некои те советуваат дека не е убаво да изгубиш другарка заради еден дечко.Јас и се прашувам колку ти е она другарка?!Јас твојава ситуација не ја сметам за сериозна,ама што ако ти продолжиш да се дружиш со неа и кога ќе имаш 20 години се заљуби во истиот дечко?!Тоа е веќе посериозно.Така да,моментално јас не би се карала за еден дечко,не вреди да си го спуштиш нивото толку ниско.Ама размисли за понатаму што ќе правиш со неа и дали ти е најверна другарка.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    до сега не ми се случило такво нешто ппп скраја да е
    и не вреди другарство мегу две девојки да се расипе заради некој си-машки има со лопата да ги ринеш
    а ако навистина имаш само 12 години, не се замарај со машки-рано ти е , малечка си-најлудите години пред пубертет :!:
     
  13. doloresss

    doloresss Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    i mene mi se ima deseno istovo objasni i i prepustii i go na nea . Ima kolku sakas maski na svetov ;)
     
  14. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Никогаш не помислив дека можам да се најдам во ваква ситуација .. Навистина ми треба помош.Се сомневав некое време дека моја другарка , една од најблиските што ја сметав како сестра со уште една моја другарка , го свиѓа мојот дечко со кој сум година ипол.. Секогаш беше тука за мене , и покрај многу лоши работи што поминав, и кога раскинавав со дечко ми,кога имавме проблеми таа беше тука и можев да и кажам се во било кое време .. Многу ја сакав, и навистина ја гледав како сестра.Но почнав да се сомнеам од пред некој месец , кога таа почна да љубомори секој пат кога ќе се скарам со дечко ми па кога ќе се смириме.Таа со дечко ми беше многу блиска тој и ден денеска ја гледа како сестра, и секогаш нашите проблеми и ги кажувавме и на неа ..Беше некој дел од нас двајцата.Ја сакавме многу .. Дечко ми уште од пред некој ден ме предупреди не и кажувај више ништо, тргни се од неа , не ти е другарка ова она .. и ја викам што е проблемот и он кога ќе дојде време ќе ти кажам ова она и добро ајде помина и нешто се скаравме и во петок ми се јави она и ми вика тргни се од него,он тебе само те повредува, не е за тебе, почни нов живот бла бла и ми бидна многу чудно и денеска му кажувам на дечко ми и он вика она мене ме сака и ја се расплакав викам што? и он ми рече да јас ја провоцирав еден период за да бидам сигурен па да ти кажам и она ми призна дека веќе подолг период ме сака, ама не сака да признае дека ти си и другарка .. а дечко ми пред да се фати со мене нејзината исто така многу блиска другарка се имаше мувано со дечко ми .. Не знам што да направам.. Барем да ми каже како стојат работите а не да ми прави лице .. Вие што мислите за целата ова ситуација?
     
  15. dupla.shkorpija

    dupla.shkorpija Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    И јас се најдов во слична ситуација само од различна страна. Имав најдобра другарка со која се знаеме од 1 одд. иако бевме друштво од неколку девојчиња јас и она бевме посебно блиски спиевме често една кај друга, знаевме се една за друга и бевме неразделни. Си фати дечко но продуживме да се дружиме тројцата заедно. Знаев за секоја нивна караница и многу работи поврзани со нивната врска, не сакав да се мешам многу но бев во средина и поради тоа што ги сакав и двајцата пробував да им помогнам да се смират... Станавме толку блиски што работите излегоа од контрола. Долго време немав дечко, а имав толку многу можности, кога конечно сватив кој е причината за тоа беше касно да сменам било што. Бев свесно или несвесно заљубена до дечкото на мојата најдобра другарка. Они раскинаа после една година јас продложив да се дружам и со двајцата. Мојата најголема грешка беше што не се тргнав на страна и не ја избрав другарка ми пред него. Стана толку очигледно што сите од страна ми кажуваа само јас несакав да се соочам со тоа. Бев свесна дека и он ме сака, ми кажа дека ме засакал тоа беше и причината што прекинаа. Она ми кажа да изберам меѓу нив двајца, јас несакав да бирам со неа се знаев 10години и не можев да се помирам со тоа да ја немам.. Ама не поминаа ни 3 месеци кога прекинаве секаков контакт со неа.
    После тоа помина уште пола година и јас се фатив со него. Идев две години, кога конечно се освестив и сфатив што изгубив а со што го заменив тоа.
    Од тогаш ја немам видено, има околу 3 години.

    За да ти одговорам на твоето прашање можам да ти кажам само гледано од страна на другарка ти, т.е. од мој стрна. Глупо од нејзина страна како можела да му каже на него дека го сака, а да не направи прво муабет со тебе околу тоа. Сваќам дека и е глупо и незнае како да ти каже ама ако она си признала дека го сака ако се помирила со тоа и ако му казала и нему со намера дека може некогаш да биде со него, требала прво да збори со тебе и да разјасните. А мој совет, пред да одлчис со кој од нив двајца сакаш да бидеш размисли си убаво, кој повеќе ти значи и со кој сакаш повеќе да бидеш.
     
  16. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Девојки ве молам за совет...имам една другарка, но не сме премногу блиски за да си кажуваме кого сакаме и слични работи. Во последно време забележав по нејзиното однесување дека и се допаѓа истиот дечко што ми се допаѓа и мене. Но ниту таа ми кажува мене дека го свиѓа него ниту пак јас нејзе. Што да правам? Не сакам да ја повредам ако и го кажам тоа, но не сакам ниту да се оддалечам од дечкото што ми се допаѓа :worried:
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.580
    Допаѓања:
    155.739
    Пол:
    Женски
    Не би држела вина ако не знајш дали му има фрлено око или не. Исто како што таа не би држела вина ако направи некој чекор кон него, незнаејќи дека и тебе ти се допаѓа.

    Гледам си размислила да ѝ кажиш и мислам дека да кажиш на некој кој ти се допаѓа не е виша математика. Уз муабет играјте hot or not, ако веќе неќиш дирекно да кажиш дека некој ти се бендисва.

    Ако установите двете дека ви се допаѓа, се што следува ќе биди ствар на договор меѓу вас.

    @s.w-e.e-t.y
     
    На s.w-e.e-t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    ^напρајте си муабет, ништо не е бадијала и игρајте му танц!
     
    На s.w-e.e-t.y и honey.11 им се допаѓа ова.