Не сакав да бидам и јас сељак како типот. Платив како права дама и гледав да си отидам што побрзо. Нека му служи на чест вечерата..
Најужасниот состанок го веќе имам пишано, ама од лоши случки на дејтови ќе го одвојам најубавиот комплимент што некој ми го дал: „Малце си bitchy“ Да бидам фер, ме нервираше и стриктно поради привлечност излегов и навистина се испонашав неколку пати. Од тинејџерските денови, не е ова баш дејт, но кога имав 13 години, моето женско друштво и на еден дечко машкото друштво сакаа да не форсираат да се споиме. Ама тој 17 години, мене ме плашеше некако постар и не сакав. А тој, не беше лош, многу срамежлив и кроток, другарите го форсираа. И не оставија сами, бевме форсирани да збориме цели 15 минути. Кога се вратија му велат, ај сега баци ја. Мене ми непријатно, нему му непријатно, овие го тераат во највише. И одеднаш тој вика „Не можам бе.“ и овие као ау бау ајде, и он „Не можам, јадев кромид...“ и сите се сваљавме на земја, а јас бев захвална за снаодливоста.
Он е сељак не ти. Фрлаш пари на маса за тоа ти што си јадела и стануваш. Ќе му плаќам на некој недоделкан како не.
Не можев во таа ситуација, доста бев нервозна од тоа 2 часа што изгубив на ништо. Барем убава храната беше.
Убав беше пишав погоре. Висок, симпатичен, убави светли зелени очи, убава насмевка и заби, природата не штедела на него. Само тежок сељак без манири, многу прост. Изгледа поради убавината многу се надева во животот и е сигурен дека е нешто, а кога ќе отвори уста се пропаѓа. Маж што дреме во кладилница, јасно е се..
Оох. Тоа беше многу одамна, средно бев уште.. Ми пишуваше еден, јас враќав ама не бев заинтересирана. Он да се распрашувал по сите каде ќе излезам викендот и туп еве го, одам во ВЦ он позади мене. Па ај да сме пиеле по една пијачка. Јас како преплашена само реков:" Не сега"... Потоа ај малку муабет да правиме и вади телефон... Сакал да се сликаме, ние два реда муабет едвај он слика сакал. Ајде слика добро, кога што да видам на SnapChat на стори па и ме тагнал.. После пак излегов уште еднаш на вечера, јадеше како некој да ќе му ја украде храната... Јас ситни залчиња сечам, он пола парче пица во уста.... А и муабетот во текот на вечерата, го цитирам: "Супер место си одбрала да јадеме пица, добро и јас сум те одбрал тебе, да излезев со ***** (позната старлета) ќе ме тераше во елитен ресторан да и плаќам специјалитети, бифтеци, скапи морски плодови хехе." Таков морон не само што нема шанси со старлета да оди на вечера туку ни со обична девојка од градот. Со никого бе. Си поседов до крај, се изнаслушав фалење, сам себе си го галеше егото и едвај дочекав да си отидам. Па пред да си одам кога ме запна да ме носел тој, не прифатив, чекав такси и си отидов. Никогаш повеќе не му одговорив ниту на порака ниту на повик.
Он. Не ми дозволи пари да извадам. Искрено да го трпам цело време, па и да платам ли ? Да можев порано да станам со задоволство ќе платев за да избегам.
Ги читам вашите случки па ми текна на една моја Само што појдов во средно, таква сум што многу повеќе се дружам со машки отколку со женски и одма си најдов големо машко друштво во кое навистина имаше секакви, секој ден многу привлекував внимание на други машки пошто бев единственото женско во групата, така почнав да го приметувам еден дека постојано ме гледа и дури доаѓаше јас кај што имам часови само колку да помине покрај мене. По некоја случајност, сум се дружела со сестра му која ја знам од одамна но немав поим дека тој и е брат, всушност не ни знаев тој како се вика, бев на кафе со неа и ставивме слика, тој ми пиша и постојано пишувавме, еден куп муабети, во школо престанавме да се гледаме, најверојатно му било срам. По неколку недели пишување се договоривме да излеземе, точно се сеќавам дека имав трема и цел пат до договореното место јас размислував за што би можеле да збориме со него. Се сретнавме, седнавме на кафе и цела вечер ни збор не ди кажавме, премногу ми беше непријатно и едвај чекав да си одам. Од следен ден во школо како да не се ни познававме. По еден месец, имаше еден натпревар и бевме во Србија, не делеа во групи и за несреќа мене точно со него ме ставија и со уште еден, бевме по цели денови заедно ама толку не се поднесувавме што ако бев јас таму тој се трзаше, кога седеше тој јас намерно останував и тој само ке излезе, ако требаше било што да се каже еден на друг, му кажувавме на тој другиот да пренесе и ние се трзавме на страна. Последен ден јас заборавив полнач за телефон и насекаде барав, само него не го прашав, утредента во школо имавме состанок со директорот и јас стоев со тој што беше во група со нас, овој доаѓа ми го дава полначот, ништо не кажа и на друга страна оди, сите не погледнаа чудно, после состанокот професорките не викнаа баш нас двајца и почнаа да не прашуваат што се случило со нас... Оди објасни дека сме имале непријатен дејт уште од претходно
Не е мој најужасен состанок но моја пријателка ми раскажуваше дека пред некоја година излегла на дејт со некој тип што возел такси и за време на дејтот превезувал патници две различни тури. Цели 45 минути. Тој, таа и патници
Јас еднаш излегов со тип што ми зборуваше како магии му праеле... И така. патем.. да отворевме и тема Најдобрите состаноци?