Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На „Телеграм“ се шират интимни фотографии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од black-angel, 26 јануари 2020.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Не можат да дојдат до израз од феминизмот што го ширите ти и Панчо.

    Главоболка добивам кога ги читам глупостиве на темава.
    У пм кај се родив овде, кај се запустив.
     
    На Stephen Amell, spacegirl92, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Мене ме споредуваш со панчо боже сачувај |(
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Дојде ред Панчо да ни каже кои се жртви, кои не се. Зашто не му се допаднала жртвата што пишува во јавност. Ајде Панчо за тебе ќе викнеме друго девојче да пише, ама и тоа да не не ти се допадне? Ако не бива, ќе бараме други, некои...може некоја девојка ќе се погоди така по негови карактеристики да биде жртвата што му одговара...
     
    На inna.22, WildMk, Ketchup и 18 други им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.831
    Пол:
    Женски
    Не знаеме, ама би требало да знаеме, за каде да не се обратиме...

    Панчо, жена му како не го заќути до сеа?
     
    На WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Мислам глупо е уште да се збора за жртви. Го поминавме тој муабет. Сега е важно нешто да се смени. Утре кога ќе има жртва да се охрабри да проговори без да е етикетирана и исмевана. Насочете ја енергијата кон правото и институциите кои треба да го спроведат.

    Дали има некоја тема на форумот каде што можи да споделуваме искуства од вакви сексистички малтретирања? Да споделиме на кој начин сме ги решиле, каде сме се обратиле, дали би постапиле поинаку? Ако нема, можи да се отвори.
     
    На WildMk, spacegirl92, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  6. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.831
    Пол:
    Женски
    Инаку воопшто не ми смета ако следбеници и популарност добиваат луѓе кои што зборуваат за кауза или го движат мислењето на толпата кон подобро. Подобро такви него со драми или силикони. Е сеа ако продолжи со рекламчиња за маски за телефон и контентот и е типичен wanna be инфлуенсер, ваш е изборот дали ќе дадите внимание.
     
    На Angie1432, RespectAndObey и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Ја разоткрија и мислам дека не постои повеќе таа фондација
    Па тоа сакав и јас да го кажам !
    Не секој сака за ова јавно да зборува ! Јас сум за протест и барање на повеќе права на жртвите !!
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    На вакви теми мислиш?
    https://forum.femina.mk/threads/СегаКажувам.28520/
    https://forum.femina.mk/threads/Син...-и-искуства-со-сексуално-вознемирување.29056/
     
    На WildMk, Purplelilac, Skorpija99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Нема да зборуваат јавно кога и таа една која се охрабрила што се' не и' рекоја. Нема да имаат храброст ни во полиција кога и таму ќе речат "сама си го бараше". Нема да побараат помош од родител или наставник оти и тој ќе речи "фаза е ќе помини". Нема ни на протест да излезат од страв да не бидат етикетирани.

    @cresa-jagoda Да, фала. Треба да се активираат, сите имаме по некое искуство.
     
    На spacegirl92, mode-kristina, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    182.280
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Мора да има прво телефонски број каде што анонимно може секоја жртва да го раскаже случајот на стручни лица , па со нивна консултација и дирекна помош случајот да оди кај што му е местото , а на жртвата да и се помогне на секаков начин !
    Знаеш што е проблемот кај македончињата , тоа што вака продаваат муда за бубрези,се ставаат во улога на судии и кажуваат овој бил оној бил крив ,ќе го тупаат низ социјаливе мрежи а да се организира протест за поголеми права на жената никоја нема да дојде !
    Ова вака ќе заврши со тупање на социјалниве мрежи и тоа ништо нема да се превземе против вакви злоупотреби
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.831
    Пол:
    Женски

    Ова! Се согласувам дека анонимен број со соодветна консултација би било решение, макар нека ѕвонат и со скриен, нека пријавуваат и нека бараат што да прават. Ама многу работа ќе биде за организацииве, удобно и беше без овие работи... Нека направат една национална мрежа за заштита на жената сите споени, нека го има бројов на секоја трафика и училишта залепен, на телевизија често низ реклами, во весници итн.

    Пред некое време се бараше да се намали данокот на влошки и презервативи како основни хигиенски средства, што стана со тоа? Зошто уште се цените дигнати во облаци? Зошто замре прашањето и ниедно женско во политиката не го покрена?
     
    На Justicija и Осе им се допаѓа ова.
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Само протести!!
    Ние жените треба да се обединиме сите и да си ги бараме нашите права!
     
    На mode-kristina и winnie02 им се допаѓа ова.
  15. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Девојче од Велес, претепана и сексуално злоставена завршила во болница поради тешките повреди.

    Прееска кажаа на вестите, само не знам кој беше каналот.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Случајот е од пред 6 месеци.
    Проблемот е што сеуште немало покренато обвиенение од ОЈО.

    МЛАДА ВЕЛЕШАНКА ПРЕТЕПАНА И СИЛУВАНА, ШЕСТ МЕСЕЦИ ЧЕКА ОБВИНЕНИЕ ЗА НАСИЛНИКОТ
     
    На Summerbaby, cresa-jagoda и honey.11 им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Погледнете го видеото кое Ана го снимила.
    Искучително храбра и неверојатно силна да истрае додека поддршка нешто слабо, а осуди кон неа еден куп.
    https://www.instagram.com/p/CKi6fl8jzJA/

    :bow: Секоја чест девојко ! :hug:
     
    На cresa-jagoda, IM.TMKQ и WildMk им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    "Не е чудно што во екот на оваа пандемија од сексуално насилство на површина излегуваат арогантните, агресивни гласови на шовинистите

    Во моментов регионот доживува своевиден #metoo миг. Поттикнати од ужасното сведоштво на Милена Радуловиќ во Србија, земјите од поранешна Југославија ги потресоа сведоштва за сексуални малтретирања, кои прво тргнаа од факултетите за драмски уметности, се проширија општо на универзитетите, а сега опфаќаат сведоштва од сите сфери на живеењето. Движењето #нисамтражила е едно од најболните и најосвестувачките феномени што му се случиле на нашето општество, од кое за среќа, нема враќање назад.

    Истовремено кај нас повторно (по цела година игнорирање на проблемот од страна на институциите) се отвори прашањето за групата на Телеграм „Јавна соба“, што поради притисокот на јавноста заврши со затворање на групата (иако се појавуваат нови и проблемот не е решен) и четири апсења. Во меѓувреме наставник по џудо беше уапсен поради сексуална злоупотреба на неговите малолетни ученички (законски еуфемистично наречено „обљуба“, небаре се работи за некаква љубов).

    Не е чудно што во екот на оваа пандемија од сексуално насилство на површина излегуваат арогантните, агресивни гласови на шовинистите, кои во Македонија ги има да ги ринеш со лопати. Токму темата на родовата наееднаквост многу ги вознемирува шовинистите и ги тера грчевито да се борат со цел да ги вратат жените во подредена положба и да продолжат со своето вербално и физичко насилство.

    Проблемот е што често тие шовинисти се наши пријатели и познаници, и што поради нашата блискост со нив, или поради тоа што сме ги перцепирале како „нормални“ во однос на други прашања, тешко е да се соочиме со фактот дека се просто тоа – шовинисти. Со таа цел еве еден список на чести „аргументи“, изрази или оправдувања кои ги користат шовинистите, за нивно полесно препознавање. Овде ги исклучувам најочигледните шовинистички испади, како на пример „зошто не пријавила“, „што чекала досега“ и „сама си го барала“.

    „НЕ САМО МАШКИТЕ, ТУКУ И ДЕВОЈЧИЊАТА“ е најчестиот релативизаторски шовинистички аргумент кој беше најочигледен деновиве откако се појави паролата (одамна позната на запад) „заштити ја ќерка ти – едуцирај го син ти“. Ова е многу едноставно за разбирање, ако не сте шовинист. Патријархалното општество одговорноста за насилството ја сведува на девојчињата. Па така, ако девојка пратила разголена фотографија од себеси приватно на некое момче и потоа тој ја злоупотребил таа фотографија, таа е „тешка глупача“ (да ги употребам зборовите на еден новинар-шовинист), или ако излегла ноќе во темна улица без придружба и била нападната, исто самата е крива или глупава. Се разбира, ова не важи за момчињата кои не се плашат дека нивните „дикпикс“ што ги праќаат кај стигнат ќе бидат објавени јавно, ниту пак имаат проблем со излегување сами ноќе. Па така, оваа парола укажува на фактот дека проблемот и одговорноста е во насилното воспитување на момчињата. Едуцирајте ги нив и проблемот на насилството ќе исчезне.

    Но шовинистите скокнаа: и девојчињата требало да бидат едуцирани! Навистина?! Во култура каде што малите машки деца ги прашувате „расте ли курето“, а на девојчињата им урлате да седат со споени нозе и ги воспитувате со „немој“ и „пази“, ставивме знак еднакво помеѓу едукацијата на машките и девојчињата? Па девојчињата, ако не сте забележале, се веќе воспитани и едуцирани. Толку се едуцирани, што се научени да молчат и да се кријат за да не бидат напаѓани. Проблемот е во едукацијата на момчињата и секое префрлање на вината на девојчињата е чист шовинизам. Па така, многу е просто: го учите синот да не ги гледа девојчињата како објекти и дека не е нормално да ги фаќа по газ, да ги тегне за коса и да ги тепа кога му се допаѓаат.

    Би сакала да издвојам уште една честа фраза која спаѓа во истата категорија, а таа е „ЖЕНСКИТЕ ТРЕБА ДА УЧАТ КАРАТЕ”, што повторно ја сведува одговорноста на жените да се заштитат од машките насилници (фантазија а-ла Квентин Тарантино, во кое некое едно изолирано лошо машко си го добива од згодната женска). На страна тоа што проблемот треба да се реши кај насилникот, а не да се бара решението кај жртвата, не може секој да учи карате, а и ако се запишеш на џудо не можеш да гарантираш дека наставникот нема да е сексуален насилник (се осврнувам на случајот во Прилеп).

    „ВИДИЈАСДАТИКАЖАМ, ЈАС СУМ РЕАЛИСТ“ е чест „аргумент“ на шовинистот, и најчесто е тип на мажјаснување. Тука шовинистот се поставува „над ситуацијата“ и често на феминистките им мажјаснува дека тие не се реални, дека тие нешто не разбираат и дека се наивни. На жените оваа тактика не им е непозната: тие често се инфантилизираат или се претставуваат како луди, нерационални или неспособни да ја видат реалната состојба (феномен познат како „gaslighting“), со цел им се дискредитира ставот и мислењето. Така што господинот Видијасдатикажам Реалист е дел од ваквите шовинисти што ќе ви мажјасни дека тој најдобро владее со реалната ситуација и со реалниот свет во кој владеат сурови правила. Во тој свет, ќе ви каже ваквиот мажјаснувач, ако жената праќа голи фотографии од сопственото тело во приватни пораки, или ако шета сама ноќе, таа е „тешка глупача“ (господинот новинар-шовинист што го цитирам исто така се претстави како ваков реалист). Ваквите реалисти ќе ви кажат дека светот мора да игра по правилата на насилството, зашто тоа да ти била реалноста, па следствено и тие ќе ги учат своите (кутри) ќерки на такви правила.

    ПРЕСТАНЕТЕ ДА ДЕЛИТЕ НА МАШКИ И НА ЖЕНСКИ”, оди во пакет заедно со други патетични флоскули а-ла Коељо како на пример, „јас не правам разлика меѓу маж или жена, јас гледам само дали некој е човек“. Од ваквите лимонадести упростувања на општествените динамики и врски посебно ми се гади. Сексуалното насилство е системски родов проблем, и од тоа не може да се избега кога насилството се опишува или дефинира: на пример, 91% од жртвите на силување се жени (статистика од САД), 94% од сторителите на семејно насилство се мажи (домашна статистика според МВР), 91% сторители на криминал во земјава се мажи (Државен завод за статистика)… Игнорирањето на истражувањата и фактичките податоци не е ништо освен шовинистички чин: шовинистот, тврдејќи дека е „хуманист“ и затоа поголем човек од другите, всушност поддржува и промовира понатамошно продлабочување на насилството.

    „АМА ЈАС…“ или „НЕ СИТЕ МАЖИ“ е егоистички шовинистички испад најчесто потегнат од суетната позиција на еден маж што се наоѓа лично повреден од дискусиите за сексуалното насилство. Тоа „јас“ на ваквите мажи ставено во ист родов кош со мажите што вршат сексуалното насилство е многу кревко, и неговите кутрички чувства многу лесно се повредуваат. Повредените чувства на овие мажи што инсистираат по секоја статистика или исказ да се кажува „не сите мажи“ се многу побитни од сексуалното насилство што го доживеале сите жени во својот живот на еден или на друг начин. Егото на овој „ама јас не сум таков“ маж постојано бара да биде лично изземено од сите приказни, и притоа, не ги слуша и секако не сочувствува со овие ужасни сведоштва на насилство и силување. Нормално, тоа „јас“ е многу побитно од стотиците истрауматизирани жртви на сексуално насилство. Ваквиот човек, што инсистира само на себеси и еден системски вековен проблем го гледа низ призмата на сопственото јас не е ништо друго освен шовинист.

    „ЈАС НЕ ПОЗНАВАМ ТАКВИ ЛУЃЕ” е сличен таков „аргумент“, најчесто искажан од страна на мажи кога слушаат приказни за тоа како девојки биле малтретирани на улица, во јавен превоз, на работа. „Па кои се тие мажи што ги прават тие работи? Ете јас не ги познавам!“ ќе ви каже шовинистот, со што повторно ја побива вашата реалност. За него, таа не постои, зашто наводно не знае луѓе што сексуално малтретирале. Еден ваков мој пријател-шовинист еднаш ми се налути дека му го растурив комфорот бидејќи му споделив како изгледа излегувањето ноќе на една жена и му раскажав што ми се случило само последниот пат кога со другарка ми се прошетавме во 21.00 низ Центар. Неговиот комфор беше побитен од нашиот целоживотен страв. „Јас не познавам такви луѓе“, ми рече – а патем, истиот тој човек пред 15 години ми купи солзавец за заштита, за кога ќе се враќам дома ноќе.

    Списокот е огромен, преголем за еден ваков формат (феминизмот го уби флертот, феминизмот е борба за моќ, феминистките мразат мажи…), па тука ќе привршам. Сакам само уште нешто да спомнам: да, и многу од жените се шовинисти (т.е. шовинистки). Но уште еден шовинистички чин е кога некој тенденциозно ќе ви го посочи тој факт. Па нормално дека и жените се шовинисти – и тие живеат во општество со патријархални вредности, и едноставно сакаат да се допаднат или да се вклопат, при што го продолжуваат насилството што ги угнетува. И да, шовинизмот од жените највеќе боли, веројатно зашто тука очекуваме солидарност наместо агресија. Па , така, нема потреба тоа да го потенцирате, освен ако, нормално – не сте шовинист."

    https://nezavisen.mk/kako-da-prepoznaesh-shovinist/

    И овде на темава, а и на твитер доста беа погодени од тоа -ама јас не сум таков/моите дома не се такви", со што само се придонесува да се дефокусира проблемот од тоа дека овде има жртви, и дека тоа не се овие кои ете..не биле такви. Знам, сакаат да се направат, ама не се. И не, нема да мразиме мажи ние што ова го зборуваме.
     
    На inna.22, dayla, sweet-cherry и 22 други им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.463
    Допаѓања:
    60.960
    Пол:
    Женски
    Утре одам на протест и заради девојката од Велес, најнова жртва после девојчињата во Прилеп од професорот, илјадниците во јавна соба и жената вработена во владата. Не знам дали ги видовите сликите, ги има на секој сајт, ама мислам дека срцето во петици ми замина кога ги видов.

    Да го силуваш девојче, онолку да го искршиш од ќотек и да те пуштат на слобода е одлика на вукојебина од прв степен, не можам да ви опишам колку ми се гадни луѓево овде. Еднаш @Mantub рече дека сака да си оди чисто ради менталитет, апсолутно се согласувам со неа.

    Да родам утре девојче, да го пазам или да не го објави некој негде, или да ја пуштам на некое хоби па да ја бранам од професори педофили, или некој да ја прекрши од ќотек пошто сака да му раскине и слободно да се шета.

    Па мрш бре у курац, ко паганско село во пичкесиматерине да сме, не држава која претендира кон високо место во Европа. Во Европа ќе сме оделе, туго мајко кај ме роди кај ме запусти.
     
    На inna.22, dayla, sweet-cherry и 39 други им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Што се случило? :worried: