Јас не знам зошто воопшто и враќаме на вакви измислени приказни. Очигледно некој нема попаметна работа и си прави теми, за да биде заприметен, или што е уште потрагично за да има шанса да се пушти некому преку лична порака. Премногу порно ми звучи за да биди вистинито.
Јасно е како ден дека треба да се разведеш. А бидејќи голема е веројатноста дека ти ќе добиеш старателство над децата ако се малолетни, 21 век е - имаш мал милион начини за помош - од роднини, пријатели, дадилки, запиши ги на некој курс кој ги интересира, ете за да знаеш каде се, како се... Во колку случаи татковците испаѓале 100 пати подобри родители од развратните мајки. И да знаеш, освен ако и ти не си бил неверен, не си ти виновен што таа е таква. Ако била незадоволна од тебе, можела да ти каже, да одите на советување, и еден куп други работи, на крајот на краиштата да се разведе од тебе. Вината е исклучиво во неа, таа е очигледно расипана жена и нема потреба да си го губиш остатокот од животот со неа. Собери се, маж си, длабоко во себе знаеш дека можеш. А и децата кога ќе прашаат зошто се разведувате, јасно и гласно да им кажеш каква е мајка им, имаат право да ја знаат вистината.
Сериозно мислите дека ова е трол??? Во каков свет живеете луѓе? Мислите животот е романтичен филм? Свесни ли сте вие што се се случува по болниците и дека изневерувањето е РЕАЛНО нешто воопшто??? Човекот пишел за да им се пушта на девојки во ЛП, а овде кажува дека е возрасен и жена му е во менопауза!!! Како и да е... јас мислам да си ја задржиш гордоста, и да се разведеш. Никој не заслужува такво нешто да му се случи.
Значи сигурно имате по едно 50 години па дури сега за развод да размислуваш а си и простил неверство пред 10 години тогаш можда децата ви имале по едно 5-6 години а сега 16-15 а можда и више. ЗНачи едноставно покажи и каде и е местото ако и сесвиѓа арно ако не нека си го бара дежурниот тој нека ја рани
Mnogu ste naivni kakva steta. Tesko vas ako veruvate vo ovaa izmislenica. Toj trolot da bese pameten barem malku nemase na femina da se zali i da se fali deka e sposobe da ima seksualni odnosi. Po napisanoto mi deluva na mlad ete 24 godisen da receme. Se izvinuvam za latinicata od mobilen sum
Ah.... ne si videla duso nisto izgleda po napisanovo #pupi grl... Mislam deka po iskusni treba da pisuvaat vo vakvi temi
Хахахаа човекот е потпишан романтичен24. Колку романтичен треба да си за така да се потпишеш. Не видов од кога е зачленет, но веднаш се заприемтува кога некој е желен за внимание. Криво ми е што веруваат во порно приказни. Ајде администратотрот нека си ја заклучи темата. Нема смисла стварно.
Ne zboruvam konkretno za covekot i problemot tuku ovoj tip problemi koi ni stanuvaat poleka poleka za zal sekojdnevie... Zatoa rekov nekoj sto e direktno ili indirektno vklucen vo vakvi problemi da pisuva poveke na ovie tema. Ovie problemi postojat i se vo pogolem broj od sto mislis. Pozdrav
Знам дека постојат, само не е во ред некој да ги бара за да привлечи внимание. Да ги бара некоја активна членка што има пишувано мислења и во други теми, тогаш ќе си пише и во темата брачни неверства и таму ќе и дадете совет. Според мене многу голема улога игра дали членот е активен за да се види дали навистина му треба совет или си пишува онака
@pupi.girl од каде знаеш дека членот не го направил профилот за да побара решеније од нас женските сепак да чуе второ мислење а ние сме овде да дадеме совет не да хејтаме или пак да одлучуваме дали профилот е фејк или не
Да сакаше тој второ мислење ќе си побараше од некој пријател, а не на форум. Овај форум не е за само еднаш да добиеш совет и толку, како што гледам јас има многу активни членови и секојдневно си пишуваат тука. Одма се познава кој ќе пише еднаш, кој ќе си остане активен член.
Па види сега и самиот началник го викнал да му каже каква е состојбата да не пукни резил а во денешно време се знае какви пријатели има. Додека човекот би прашал за мислење од пријател тој мозе и токму обратното кје му го каже и одма ќе истрче да раскаже а во вакви моменти при цела тага најмалку е потребно некој да се распрашува на улица за твојот приватен живот а овде сме анонимни така да нема ништо лошо да си праша чокекот и покрај такви проблеми ни јас не би седела на интернет додека мојот сопрузник прави растур низ болниците
И јас некогаш бев нова и се зачленив кога ми требаше помош некаква или мислење. И од тогаш станав активна. Значи секој нов член треба да го етикетираме како трол, и да го игнорираме? Некогаш некои приказни звучат стварно како да се измислени, ама кога човек кажува дека жена му го изневерува, тука не гледам ништо нејасно, или sci fi. И да, некои луѓе побрзо би се олеснале и искажале на форум, отколку на некој пријател, затоа што не знаеш кој се може да ти забоди нож во грб. Само се служувам дека ова треба да биде во соодветната тема 'Брачни неверства' како мислење, а не како целосно нова тема.
Ако не мислиш да дадеш совет скролај надоле и не мора ни да пишиш било што Од кај знаеш дали не е вистински проблемот или само да се тропне нешто и да се дава ум аман од вакви како тебе сори реин тотално офф можеш да ме бришеш
Еве повторно ќе се јавам и да кажам на неверниците дека е ова целосна вистина.Затоа и се зачленив на овој сајт за да ги слушнам мислењата и советите на тие што имале исти или сличен проблем.Долго време се мислев да се доверам на некој пријател но сфатив дека и тој мој добар пријател си има свој пријател и потоа знаете како оди тоа понатаму.Јас живеам во мало место и ако се дознае треба да се селам во друг град или држава. Точно дека сум нов член на форумов но секој од вас бил нов кога првпат се зачленувал и несакам да привлечам ничие внимание туку само барам мислење од другите добронамерни членови.и да недаде господ ова некому да му се случи затоа што навистина е голем проблем. Има една поговорка .Подобро да бидеш добро обесен отколку лошо оженет и сега гледам дека е вистина. Многу луѓе што се брак живеат во лага незнаејќи за тоа а откако ќе дознаат веќе е касно и затоа се помалку важи она "се додека смрта не не раздели" или " се колне на веќна љубов". И никој неможе да ги чита мислите на друг или да ја предвиди иднината. Јас со мојата сопруга се зедов од љубов а не од некаков интерес но незнам потоа што се случи со неа и зошто вака се однесува.Јас сум потполно здрав и нормален ако мислите дека ме изневерува заради што не сум способен.Јас не можам да знам што се врти во нејзината глава.Пробав отворено да разговарам со неа за ова но таа не сака ни да слушне.
Разговарај си со децата, нема поента веќе од разговор со неа. Ќе им кажеш што како и ќе се разведеш. Знам дека ќе ти биде тешко, ама таа не заслужува веќе ни еден ден повеќе да останеш со неа. Штом не сака да разговара, мислам дека не и е ни гајле за вашиот брак. Немој никако да се обвинуваш и да се правдаш некому, туку гледај напред. Децата претпоставувам не се веќе мали, ќе те разберат и ќе имаш мирна глава, нема повеќе да мислиш дали се секса со доктор, дали со пациент, живеј си го животот во мир
Де Хулио, не си ни прв, а ни последен што брачниот партнер го изневерил па да мора да одиш дур до друга држава. Плус, важниот разговор ти требало да го направиш уште првиот пат, пред 10 години (10 години еј) да се соочиш и веднаш да го решиш проблемот, а не дур сега да нешто да правиш, и после не знаеш што и се врти во нејзината глава, ах, добро е ако знаеш што се врти во твојата.