Форумџика на годината

Неверство со бившиот ..

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од UnknownAM, 25 октомври 2010.

  1. UnknownAM

    UnknownAM Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Па вака : Одев 3ипол години со еден со кои што навистина мн се сакавме. Тој ме имаше неколку пати изневерено , а јас него ниту еднаш. Но не можам да кажам нешто лошо за нашата врска , среќна бев. Но кога раскинавме после 1ипол месец се фатив со едно дете кое ме искрено сака и се труде да ме усреќи.Тој знае дека сеуште го сакам бившиот , и дека нема така лесно да го заборавам. После 3 недели од кога се фатив со овој сега , бев многу пијана и му пишав на бившиот да се видиме. Се видовме , но за жал не остана само на мување , туку имаше и повеќе од тоа. Истата вечер се договоривме утредента да му се јавам и да се договориме за па да се видеме. Но кога му се јавив утредента тој ми кажа дека нема шанси да се виде повеќе со мене , дека не ме сака , му се гади од мене , и некој слични такви работи. А да заборавив да напоменам дека и он има друга моментално , и ми забрани да кажам на некој дека сме се виделе , за таа да не дознае. Сакам целосно да го заборавам. Да се посветам на овој кој што знам дека ме сака и навистина многу работи прави за мене .. Но постојано мислам на бившиот , тешко ми е и не можам самата да се убедам дека е крај засекогаш. Едноставно не сакам да верувам во тоааа .. Ве молам помогнете ми , како да го забораваааааааам .. Како да го засакам овој со кој што сум моментално. Само не кажувајте ми да одбегнувам негова близина , не можам , блиска сум многу со неговите другари , на исто места излегуваме и се движиме. Се осеќам многу глупаво , и тешко ми е што го изневерив дечко ми. Помогнетеее мииии ве молаам .. Фала однапред :sweat: ;( ;( :devil: :devil: :@ :worried:
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    За почеток одлучи се, се каеш или не :^) Еднаш велиш дека ти е жал што си го изневерила сегашниот , а друг пат велиш дека жалиш што бившиот те фрлил како искористен кондом , односно потенцираш дека ти недостига и ти е криво што те откачил , згора на тоа има девојка ,а потоа се навраќаш на тоа дека сакаш целата љубов и внимание да му ги посветиш на сегашниот ..не разбирам ..ама ич :tmi:
    Преиспитај го поимот моногамија !!

    Контролирајте го алкохолот, не дозволувајте тој да ве контролира вас !
    Конкретно во случајот мислам дека тоа што си била пијана ти е само изговор за неверство , со тоа или без тебе ти се сакало да одиш , се гледа :wasntme:
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    1во не си играј со детево (за новиот дечко зборувам)... од повеќе страни изгледа дека само го користиш, да си ги залечиш раните од бившиов!и сигурна сум дека љубов нема да бидне со него, зашто ти сеуште го сакаш бившиот, така да најубаво прекини со детево, не е тоа должно да глуми аспирин овдека! а бившиов, мислам дека те направил од го*мно подоле, со тие муабети што ти ги кажал утредента! сигурна сум дека веќе не осеќа ништо за тебе,и мислам дека сака да биде со другата повеќе отколку да биде со тебе.. значи нејзе ја ставил на 1во место чим ти кажал да не кажуваш што се случило помеѓу вас 2ца :| :( ... епа деца на 14 години не се почнува со *сериозни* врски! уште неизнаживеани, се врзувате со 1от дечко што ќе го фатите! ајде животот тече даље имаш време ќе си најдеш друг, ако е 1 не значи дека треба да биде и последен!
     
    На marama и blond им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Како можеш воопшто да бараш совет што да правиш со некој кој те згазил?? Некој кој ти кажал дека му се гади од тебе и не сака да те види повеќе?...Па добро бе млада дамо имаш ли ти малку самопочит и достоинство?

    Како прво новиот дечко не го заслужува тоа што му го приредуваш,ама ајде сите правиме грешки свесно или несвесно и наместо да продолжиш понатаму да си дозволиш да бидеш срекна и сакана ти продолжуваш да се повредуваш сама.Ако не го сакаш раскини му,биди сама некој период стабилизирај се,дај си време сама на себе да одлучиш што сакаш уствари.
    Друга работа,оној твој бивш што те фрлил како истрошена роба редно е да го ставиш таму кај што припаѓа,во твоето минато.Било што било,ПОМИНАЛО ВЕЌЕ!!

    Стави се ти на прво место,што сакаш ти,стави ја твојата среќа на прво место и немој ни под разно да продолжиш да дозволуваш да бидеш нечија крпа за бришење под,зашто ако не се почитуваш сама не очекубај и некој друг да те почитува! СО СРЕЌА:)
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    А мене не ми е јасно како можеме ние да ти помогнеме да го заборавиш? Еве јас ќе ти речам заборави го! Ќе ме послушаш? ОД тебе си зависи, јас незнам зошто воопшто бараш совет :^) Што треба, да те сожалиме и да ти речеме лелеееееееее греотка, си завршил работа и ја шутнал. Ако ти е.
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам груба, ама си ја барате :x дборо кажа офи, ние можеме да ти кажеме, ама ти треба да сториш нешто. И да, да не ти се повтори тоа, оти после има да биде брука за тебе :|
     
  8. UnknownAM

    UnknownAM Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам на сите вас што бевте искрени со мене. Иако ми е тешко да прифатам , тоа е вистината. Не знам како , но повеќе не размислувам на бившиот , почна да ми се гади од него. Вчера вечер бевме излезени на исто место и тој цело време ме гледаше , ме поздравуваше преку моите другарки , но не ме занима ма баш ич. Среќна сум со сегашниот. Поминав прекрасни денови со него , и ни на крај памет не ми доага да му раскинам. Да ви се пофалам денес правам 1 месец откако сум со него. Ви благодарам што бевте искрени и ми го кажавте тоа што требаше оддамна да го сватам. Среќнааааааааа сууум .. Конечноооооооооооооооооо :)))
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Да си среќна нема да бегаш во туѓи прегратки. Јас само ке ти кажам дека си женско и не се понижувај, имај малку понос и самопочит кон себе и расчисти си со минатото.
     
  10. Wind

    Wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    28
    Прво нешто за кое би ти замерила е тоа што си започнала веднаш нова врска, после 3-годишна врска...
    Најголемата заблуда... Безразлика дали го сакаш дечкото нов или не или безразлика како и да завршила претходната врска... Треба да си дадеш време, да се стабилизираш и да размислиш како ќе одиш понатаму. Не е битно тоа, поминато е... Се надевам само дека сега го имаш направено тоа и имаш расчистено во себе што и како ќе правиш понатаму..Пази многу и размислувај на последиците...
    Лошото име може многу лесно да дојде а верувај ми дека колку повеќе ќе се вљубуваш во новиот дечко, толку повеќе ќе чувствуваш вина поради не добро промислена постапка... затпа во иднина Внимавај и со среќа :)
     
  11. Таа од соништата

    Таа од соништата Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    spored mene neverstvo si e neverstvo dali so bivsi ili so nekoj drug isto e
     
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Само така продолжи и ќе те засака. За мене е многу попоштено да се плеснеш со некого од ќеиф, отколку да мислиш дека на тој начин ќе придобиеш некого, посебно бившиот кој и без тоа те имал милион пати. И јас сум се плескала со бишите но никогаш не сум одела на варијанта дека ќе ги вратам на тој начин.
    Напротив, доколку сакаш да вратиш некого и да тоа има озбилна црта, да рашириш нозе е последното нешто што треба да го направиш. Да, мажите сакаат да е*ат, но воопшто не ги ценат девојките кои даваат а да не се ни во врска, посебно ако се бивши. Знаеш сега што мисли за теб? Дека и додека сте биле заедно си се плескала со други, логички е ако него си му дала а не ти е ништо, тогаш зошто не би го правела тоа и со други.
     
  13. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Јас на нејзино место не би фатила некој друг доколку се' уште го сакам бившиот... треба многу време дури се заборави, месец дена е краток период...кога ке се средат мислите и чувствата, дури тогаш би размислувала за нова врска... не е во ред да се игра со чувствата на некого...
     
    На theowndemon и anakonda88 им се допаѓа ова.