Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невозвратена љубов

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од oooo, 28 март 2011.

  1. malalola

    malalola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам.Се е со причина,спрема мене нема никаква пречка се е возможно додека сме живи.Ако било нешто минливо,немало уште да размислува за неа.Обично,сфаќаме колку сакаме нешто,кога ќе го виидме во туѓи раце,далеку од нас
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.753
    Допаѓања:
    175.451
    Пол:
    Женски
    Према тебе бракот и децата не се пречка?! :o Значи стварно некои немаат граници.
     
    На candy.cane, Dust и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. malalola

    malalola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Не го знаеме нејзиниот живот.Не знаеме шо се случува кај неа.Зошто да не излезат на кафе да поразговараат,можеби и нејзи не и е совршено,можеби и таа има проблеми,ако не е нешто океј зошто баш во тој момент тој толку да се сети на неа.Не викам да и го растури бракот ако е толку совршен,сам тоа нема да го направи ако ја сака толку,знаеме добро дека не се гради среќа врз туѓа несреќа.Само дека треба и вреди да се проба вреди.Подобро да испаднеш будала,одколку кукавица.И да,бракот е само еден обичен лист хартија,не знаеме што се крие зад параванот,подобро да се обиде да ја има во близина барем како пријател одколку да се јадосува дома човекот.
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.753
    Допаѓања:
    175.451
    Пол:
    Женски
    Сериозно ова? (facepalm)
    Бракот е обичен лист хартија, ама годините поминати со тој човек, вложувањето, компромисите, жртвите, децата се и те како многу мнооооогу битни. Баш поради фактот што не знае ништо за неа, подобро да си седи мадро, оти не знае со своето однесување какви проблеми може да и предизвика. Под претпоставка и да е лош бракот и да има проблеми (секој втор брак има), секогаш може да се работи на подобрување и секој нормален попрво тоа би го избрал поради горе наведените причини, отколку да дигне раце од се, поради нечиј хир.
    Дај ма те молам. Не збориме за деца, слободни, или разведени па ај ќе го куражиме да не биде кукавица. Стаи се ти на нејзино место или на местото на нејзиниот сопруг или замисли некоја така на дечко ти/сопругот да му се избаци како би ти било. (facepalm)

    Се јадосувал хахаха
    Досадно му е. Ќе запознае некоја и ќе заборави на ова.
     
    На candy.cane, Dust, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. malalola

    malalola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Слободно нека се избаци,ако јас сама го дозволам тоа.:)Еднаш сме се родиле и имаме право да живееме како сакаме.Сепак,го почитувам твоето мислење,но стојам зад моето.Ако му е досадно нема да бара начини за да дојде до неа и брзо би се откажал.Ако треба нешто да биде ќе биде,без околностите да се земат во предвид.Подобро нешто да се прекине отколку да живееш цел живот за народ,за деца за сопруг или што ти ја знам.На крајот “секој си го фаќа патот” и сфаќаш дека секогаш себе си треба да си се ставаш на прво место,фала никој не ти вели.
     
  6. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Тинејџер сум, и не знам зошто се затрескувам во некој што не ме рецка 2 %... Веќе ќе си го дигнам егото, нема да чекам за молење, ако некогаш ме побараат, би ги одбила јас нив...Не вреди да чекаме никого, кој не ни возвраќа љубов , не не заслужува :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Да така е. Колку порано ги согледаш работите тоа е подобро за тебе. Ти заслужуваш некој кој ќе ги има истите чувства како твоите и секако ќе го сретнеш тој некој.
     
    На BrokenWings16 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Оф...во секоја тема пишуваш. Ај фокусирај се на себе, немој да трчаш и тагуваш по некој што не те сака.
     
    На BrokenWings16 и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Ако не ти обрнува внимание, не ти одговара, се трга од тебе, бидејќи гледам во повеќе теми пишуваш за него веќе два месеца, не вреди да вложуваш труд. Млада си уште и фокусирај се на себе, за тоа има време, кога најмалку очекуваш тогаш ќе ти се појави некој кој ќе има интерес за тебе. Батали ова и на онаа тема каде ти кажуваат на социјална мрежа да пробаш да комуницираш не пробувај воопшто..
     
    На BrokenWings16 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Не го кревај егото туку самовредноста.
    Кога повеќе ќе се цениш они ќе те бараат! :):f:
     
    На hermosa и candy.cane им се допаѓа ова.
  11. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.380
    Пол:
    Женски
    Ако не ме рецка 2% ја 200% нема да го рецкам.
     
  12. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Здраво, пред 3 ипол години се запознавме, на почетокот многу се дружевме, после 1 месец застанав и го прашав дали само спрема мене така се однесува или спрема сите, тој ми одговори дека не почитува, тој период сите гледаа и тој знаеше дека јас него го сакам од негова страна ништо (освен кога сме биле излезени на 20цм сме биле оддалечени и на крај ништо) после 7 месеци покушав да му кажам дека го сакам ама бидејки ништо од негова страна сакам малце да се повлечам и да не комуницираме некое време, после 2 месеци пак се видовме и пак продолживме да се дружиме како блиски пријатели, (секогаш ми помагал за се) и бидејки јас се преселив во друг град ми беше далеку и некако ми беше полесно и мислев дека го заборавив, но периодов почнавме почесто да се гледаме и мене чувствата ми се вратија како на почетокот, кога сме излезени надвор знае да ме изгушка селфи да направиме, да игра со мене муабет постојано да прави па и да се облече во комбинација со мене и тогаш се решив да му кажам дека чувствувам нешто повеќе од пријателство и добив одговор:кога веќе ме праша одговорот е не и да не сме го расипувале односот што ни е сега, Знам дека со сила убавина не бидува ама незнам што да правам, со секој негов контакт јас се растревжувам, многу ми е тешко и незнам дали уште еднаш да разговарам со него?
     
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Јасно ти кажал дека не е заинтересиран, нема зошто пак да разговараш со него на таа тема. Ако сакаш дружи се со него, ама не очекувај ништо повеќе од другарство.
     
    На buba4e89, bicycle, Alm. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ако ти го сакаш, а тој не ти ја возвраќа љубовта, најпаметно ти е да прекиниш секаква комуникација.
    Само се мачиш вака...
     
    На BlackNight, Avery, bicycle и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Ни на крај памет да не ти е да се дружиш со него. Мене средно еден тип ме вртеше така со фората другари а само си го билдаше егото, му одговараше внимание. Знаеше дека секогаш ќе има некој, барем еден пријател што нема да му сврти грб, ќе го поддржува и слично.

    Си најде жена си се ожени и среќен си е. Нема да биде никогаш со тебе тоа да си знаеш. Ќе ти ја кажам вистината, те искористува.

    На крај ти ќе си таа повредената, немој да се лажеш себе си дека ако продолжите да се дружите ти потсвесно нема да си ствараш лажна надеж. Тоа ти е како провалија, само надоле те носи.
    Јас никогаш на човек вака му немам направено како што мене ми направиле ( ама тука фраерот не ми е крив, сама сум крива што тоа сум го дозволила, цели 3-4 години некој да ме матка и искористува за да си го билда егото и да се чувствува многу повеќе вреден и посакуван, без да го интересира мојата страна ). Секогаш кога некој е заинтересиран за мене, а јас не сум за него, полека се оттргнувам од таа личност се додека не сфати дека тука ништо нема да биде, јас не ги држам луѓето на место кај што ај не ме привлекуваш за партнер ама сега ќе се гушкаме дружиме шо ти знам, ти ќе си се надеваш потајно, а мене ќе ми одговара секогаш да имам некој покрај мене без оглед на се. Како некоја златна резерва во тешки денови, кога може јас ќе бидам таа што ќе прави грешки ама ете ме сака некој безрезервно, ќе ме теши, ќе биде на моја страна.

    НЕМОЈ ДА СИ ГЛУПА!

    Прашувај вака луѓе што биле во слична ситуација, а поминало доста време, и тие по кои трчале како луди си го живееле животот и на крај си го нашле партнерот, па ќе видиш за што ти зборам.

    Патем, откако прекинав секаков контакт со дотичниов сфатив ја колку уствари златни прилики ми прелетале преку очи, и колку добри момци вредни за љубов и внимание сега се тие што се заинтересирани за мене. Која будала сум била... си ги искоцкав најубавите и најбезгрижните години, не дека е касно сега, ама сепак можев да бидам помудра и попаметна, повеќе себеси да си се сакав и ценев и да прекинев кога требаше.
     
    На Milobebence, buba4e89, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  16. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за најисцрпниот одговор, во право си а исто така и свесна сум за тоа колку прилики имам пропуштено а како што поминува време се повеќе сум свесна и затоа му го поставив прашањето за да знам што да очекувам понатаму и секако одговорот беше не и сега незнам како да ги тргнам мислите од него
     
    На Milobebence и Цунами им се допаѓа ова.
  17. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Првин тргни се физички од него, овој фраеров откако отиде да живее во друга држава, а и јас отидов да студирам, верувај заборавив на него мноооогу побрзо отколку што мислев дека ќе ми треба време.

    Даље од очи, даље од срца.

    Колку поретко го гледаш и кога ќе го видиш едноставно избегнуваш близок контакт со него ( иако тој можеби на почеток ќе се труди да те задржи од наведените причини во претходниот пост ), не му го давај вниманието едноставно.
    Само ако те побара на почетокот немој да си направиш филм дека е ради тоа што развил чуства, ау не... нема да му прија на егото, ќе го изгуби тоа што му го хранело долго време, тоа е единствената причина.

    Срце, посвети се на себе си. Пробуди си ја женската енергија, за тебе, за ти да си се чувствуваш сакана, привлечна, прави работи само за себе. Посвети се дали на кариера, дали на хоби, а највеќе на негување на таа женска енергија и внимателно одбирај на кого следно ќе ја делиш својата љубов и своето внимание. За овие работи биди си себична, не секој ги заслужува.

    Едноставно посвети се на себе си, сакај си се, во зависност од која фаза си во животот, работи на тоа што тебе ти е битно и што тебе ќе ти донесе просперитет во животот. Не си ја троши енергијата на работи од кои нема да видиш фајде. Само љубов према себе и се друго ќе си се подреди онака како што треба да биде. :l:

    И уште ова, работи малку повеќе на самодовербата. Еве јас кај мене приметив дека самодоверба е она што ми фали, не верував дека заслужувам подобро, па секогаш налетував и се затрескував во такви каде што не добивав доволно љубов и внимание, од проста причина што јас немав доволно самодоверба и бев убедена дека тоа е тоа што јас го заслужувам ( ова се некои потсвесни процеси и патенти што вака човек тешко може да ги забележи, што уствари лежи во постапките што стално ги повторуваме и се себеказнуваме ).

    Откако почнав да се сакам и да се негувам и се убедив дека јас го заслужувам најдоброто, дека можам некому многу да му дадам и да го усреќам, верувај тоа почнав и да го живеам. Само љубов према себе, за да можеш и на другите да ја дадеш. Ти посакувам се најдобро :hug:
     
    На Milobebence и Kaja991 им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.422
    Пол:
    Женски
    @magic.girl тргни се од дечково, што порано тоа подобро, не си ги повредувај чувствата.
    Патем за ова ќе му речам браво што бил искрен.
    И сама знаеш, на сила убавина не иде.
    Не си го троши времето.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    1.361
    Те гледа како блиска пријателка и ти кажал отворено и ти дал дознаење дека му си само пријателка. Нема ништо лошо да си бидите пријатели. Секогаш ќе си бидите тука еден за друг. Убаво е да се има близок пријател. Со тек на време сама ќе си сватиш дека тој ти е само пријател и ништо поќе. Немора стално ако имаш близок да го гледаш одма како за дечко или обратно.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ама таа веќе е затрескана во него.
    Нема да и' биди ич од корист да се дружат

    Толку блиску, а толку далеку...
    Ноќна мора!
     
    На BlackNight, Milobebence, Цунами и 1 друга личност им се допаѓа ова.