Девојки пошто за 4 дена одам на одмор, има ли некој спреј за да ја заштитам косата од сонцето? Што користите вие кога одите на одмор? Ми е страв да не ми изгори, препорачајте ми нешто. И како е подобро да ја фарбам сега или од ко ќе се вратам?
Девојки кога сте на одмор како ја одржувате вашата коса? Дали секој ден и ставате масла и спреј против горење?
@buba4e89 и мене ме интерсира истото. И дали навистина има резултати од таквите производи. Јас досега не сум користела некаков дополнителен спреј. Но оваа година ми е во план да си купам. И серазбира да го користам секојдневно. Но за жал ќе одам крајот на август па ќе каснам со одговорот. Мислам дека е добро да се отвори ваква тема(незнам дали постои), зошто гледам дека и друга девојка прашувала. Ќе и пишам на Реин да ги префрли мислењата. Навистина ме интерсира далипостои разлика или се работи само за реклама. Мислам дека плавите девојки најлесно би ја приметиле промената. Па очекувам повеќе одговори од нив.
Здраво најдобри резултати дава чисто масло како заштита од сонцето. Еве ти неколку совети како да ја заштитиш косата летно време. Се надевам ќе ти бидат од корист. И секако...пријатен одмор каде и да одиш и прекрасно да си поминеш. Како да ја заштитиме косата за време на летните одмори Морето, плажата и сонцето не релаксираат и освежуваат, меѓутоа не се баш најдобри пријатели за нашата коса. Сончевите зраци, ветерот, песокот и солената морска вода, и тоа како може да ја исушат косата, да ја направат безживотна и послаба. Меѓутоа не грижете се, во продолжение на оваа статија ќе ви дадам неколку важни совети како правилно да ја заштитите вашата коса и да и помогнете да ги преживее овие состојби. 1. Шешир за коса Правило бр. 1 е обавезно да носите шешир на плажа кој верувајте ми многу ќе ја заштити косата од сончевите зраци. особено ако долго време поминувате на плажа. Најдобро е да бирате сламени шешири. 2. Исплакнување на косата Морската вода и хлорот од базенот може многу да ја оштетат косата доколку ги оставите врз неа. Затоа мој совет ви е после секое капење во море или базен да ја исплакнете косата со вода, со цел да ги отстраните солта и хлорот. 3. Масло за коса Како заштита од сонцето, секогаш користете масло за коса. Некои масла имаат природен фактор за заштита од сонцето како на пример: - кокосово масло SPF 2 - масло од јојоба, сусамово масло, маслиново масло, шеа путер и масло од авокадо SPF 4 - масло од макадамија SPF 6 - масло од соја SPF 10 - масло од пшенични никулци SPF 20 - масло од морков SPF 40 Изберете едно од овие масла (или микс од повеќе масла) и нанесете го на мокра коса после секое исплакнување од морето или базенот. 4. Природен спреј за заштита на косата Овој спреј е фантастичен за заштита на косата за време на нејзиното изложување на сончевите зраци. Се што ви е потребно да го направите е: - 50 мл вода; - 50 мл масло (може да користите едно од горе предложените масла или пак комбинација од повеќе масла, важно е да не преминувате повеќе од 50 мл); - 10 мл гел од алое вера (може а и не мора) Во едно празно спреј шишенце ставете ја најнапред водата, потоа маслото и на крај гелот. Доколку немате гел спрејот ќе биде доста функционален и само со маслото. Гелот од алое вера ќе му даде додатен навлажнувачки ефект на самото влакно, а со тоа и поголема хидратација. Убаво помешајте ги сите состојки и протресете пред секоја употреба. 5. Природно сушење Барем во периодот додека сте на одмор, избегнувајте да ја сушите косата со фен или пак да ја исправувате со преса. Оставете ја косата да се исуши природно. Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека ова лето правилно ќе ја заштитите косата на плажа. Поздрав и до скоро читање. Вики
Бидејќи имам брановидна коса и постојано ја пеглам, сега сакам летово малце да ја одмарам одвреме на време од горење. Дали кремава ја витка малце косата и обликува или е само за оние што имаат веќе виткана коса? Или пак спрејот.
@Adi888 и останатите што прашавте, има таков спреј за заштита на косата од сонце од Каротен, вака изгледа а цената му е околу 450 денари мислам Поевтина варијанта е тој од Балеа , моментално е на попуст до недела, а мислам дека беше намален на 140 денари од 175, така некако. Од истата линија има и шампон 2во1, и интензивен третман за коса. Еве го шампонот , а еве го интензивниот третман. . Јас здравје планирам да ги користам шампонот и спрејот кога ќе одам на одмор, се надевам дека добро ќе се покажат.
Дм има и во Тетово и во Велес, можеби некој би можел да ти купи и да ти го прати- роднина, колешка од факултет, и слично... @dm drogerie markt гледате ли со какви маки се соочуваат феминките каде што нема Дм, ајде отворете и во другите градови, редно е веќе..
Па сакам сите да бидеме убави и негувани за евтини пари, не е убаво ваква дискриминација кон другите градови.
Јас лани летото бев 12 дена на море, и не употребував ништо освен маска за коса на секои 3 дена, http://forum.femina.mk/threads/Маски-за-коса.5908/page-32#post-2283964 и косата ми беше супер, мека, лесно се чешлаше.
Фала @sesilija јас денес цело ДМ-ГТЦ го пребарав и не го видов, по се изгледа при очи слепа сум...т.е. денес ништо не ми тргна од рака. Само уште нешто, спрејот не е наменет само за блондинки, сите можат да го користат, така? И еден совет до @dm drogerie markt да го постават спрејот во близина до останатите производи за сончање...да не лутаат вака како мене денес. Продавачите не ми беа од корист, можеби јас незнаев да објаснам што барам.Поточно, мислев дека од линијата sun dance дека е спрејот ама не бил. Па си излегов со празни раце.
Коловоз, секаде пишува само професионален спреј за заштита на косата од сонце, исто е и со шампонот, нема нагласено за блондинки, иако и јас тоа помислив бидејќи девојката на сликата е таква. Шампонот е инаку 139 денари, за 250мл. така пишуваше на нивната страна на фб. Сигурно сум дека тој од Каротен е подобар, кај нивните производи нема промашај, ама ајде која ќе оди прва на одмор, а го користи тој од Балеа- нека напише впечатоци овде. Јас планирам да го купам тој од Балеа поради шампонот, па да ми бидат од иста линија- кај Каротен немам забележано дека имаат и шампони...
И јас исто планирам да го земам, ама само спрејот. Многу ми е скап тој од Каротен - освен ако не го најдам да оди со нешто гратис па така да го купам. Иако би сакала да пробам од масло од јојоба како што пишала @Biodevojka ама страв ми е да не ми направи лом во багажот. Да одам на пократка дестинација сигурно би го пробала рецептот. А воедно да а прашам Биодевојка масло од морков чисто каде може да се купи?
Здраво јас имам видено едно чисто во Биокулт гтц 2 спрат. Обично таму сите масла им се 100% чисти и јас поголемиот дел од маслата како на пример лешник, макадамија и др. специфични од таму ги земам. Знам дека последен пат кога бев имаше. Провери. Марката не ми текнува, ама стоеше во одделот за масла за внатрешна употреба што е доказ плус дека се чисти (инаку не би се конзумирале). Поздрав. совет плус јас кога носам масла во куфер секогаш добро ги затварам маслата и ги виткам во ќеса (онаа обична од супермаркет) и тоа дупла ќеса. Така и да истече нешто ќесата го задржува, немај гајле.
Драги наши, dm во Македонија функционира и постои 3 години. Ние сме среќни што за овие 3 години отворивме 9 продажни објекти во Македонја, а особено не радува што во овој период успеавме да отвориме и наши продажни објекти во 2 града низ Македонија, Тетово и Велес. Периодот на работа е навистина недоволен да ги покриеме сите поголеми градови низ Македонија, но она што е важно е дека кон тоа целиме и за тоа работиме, dm да го донесеме се поблиску до нашите потрошувачи. Продолжуваме и понатаму со ист интензитет .
Драга наша, производите од Balea за заштита на косата од сонце се поставени на полиците каде се и регуларните шампони, регенератори и масла за коса. Сметавме дека посоодветно би било доколку сите производи за нега коса бидат позиционирани на едно место . Те поздравуваме
Па кога неможите да отворите Дм маркети во сите градови,а ни во поголемите немате отворено како што се Битола што е 2 град по големина,Прилеп,Охрид и уште многу други барем вршете достава на вашите производи,мислам 21 век сме секоја продавница секој бутик вршат достава,многу све затворени во секој поглед и не напредни,и на никој начин неможите да му излезите во пресрет на заинтересираните во другите градови немате никаква соработка со останатите заинтересирани...И тие продавници што ги отворивте се само во градови прилепени до СК на што се должи вашиот скептицизам за проширување не ми е јасно,но како што реков во 21 век барем за све и секаде се врши достава...
@dm drogerie markt за останатиот начин на кој ги распоредувате продуктите немам никакви замерки. Само овој продукт би можеле да го ставите заедно со останатите за сонце. Ова само за летниот период. Затоа што на продуктот има ставено девојка со плава коса, па перцепцијата за производот, посебно за девојките кои не се плави е значително намалена.