Неговиот "другар"

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Anebelle1310, 30 јануари 2017.

  1. Anebelle1310

    Anebelle1310 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво,Феминки :D Нов член сум на форумов но ве имам читано и пред да се зачленам и морам да кажам дека доста пати сум си нашла одговор на некои прашања тука.Овој пат ми треба сериозна помош околу темава.Имам дечко,заедно сме година и три месеци но во поледно време не ни оди како што треба.Постојано се караме за се и сешто али најмногу за неговиот "Другар".Дечко ми се дружел со него и пред мене,океј.Едно време немаа никаков контакт бидејќи другар му направи многу работи со цел да ни ја расипе врската.Но еден ден работите се сменија и се тргна пак наопку.Почнаа пак да се дружат.Дечко ми свесен е дека пробува да ни ја расипе врската и понатаму се дружи со мене.Врв беше кога ми кажа "Ако сакаш раскини ми ја не прекинувам да се дружам со него".Зашто бе човеку?Се грижам за него луѓе.Знам дека не е таков,знам.Многу е поразличен од сите машки што ги знам и не сакам да дозволам поради еден другар нашата врска да се расипе а воедно и он.Не знам што му се случува,не го препознавам."Другар му" го тераше да одат позади македонска,провоцираше дете и се деси онаа тепачкана пред сцм каде што беше прободено дете со нож (некои од вас можеби знаат за таа случка),иде со секоја само за да ја искористи а најголем број од нив се сеуште основно училиште.Ми треба сериозна помош.Не сакам дечко ми да се расипе или да почне со него да прави некои работи како тој.Знам дека он не е такво дете,го имам видено во секоја ситуација,знам што е и како е али веќе станува непрепознатлив.Му верував ама сега веќе не од кога почна со него да се дружи.Што да направам не знам.Долго време размислував и решив од вас да побарам помош.Што е најсоодветно и најисправно во ситацијава да направам? :worried:
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.297
    Пол:
    Женски
    Човек тешко се откажува од свој другар и тоа најчесто ако се откаже, се откажува ако на своја кожа почувствува последици од таа дружба, а совети од трето лице ретко кога можат да упалат. Пробај уште еднаш, за последен пат, да му укажеш дека другарот не е добар и дека дечко ти се претвора во него. Ако тој не се откаже од него, тогаш ти откажи се. Секоја врска кога не е добра може (и треба) да се прекине.
     
    На piksooki, honest girl, SunnyGirl2 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    2.124
    Пол:
    Женски
    Машките многу тешко се откажуваат од другарите, од искуство ти кажувам. Затоа најдобро е да поразговараш уште еднаш со него, доколку гледаш дека нема успех, батали го. Плус, имаш спомнато дека за се нешто се карате, веројатно треба да се откажеш дефинитивно. Сигурно заслужуваш нешто подобро. :):hug:
     
  4. Anebelle1310

    Anebelle1310 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот и на тебе Мини и на тебе Битер.Немам ништо против вашето мислење и не го критикувам но сакам да кажам.И покрај толку караници за се и сешто тој не се откажал од мене но од другар му се откажа еднаш.Не можам да си дозволам да го оставам туку-така.Сакам да му помогнам да не биде како него.Знам дека длабоко во него тој не е таков тип.Колку и да е сменет тоа дете во него сеуште постои.Многу работи има за мене направено и ми има помогнато.Не можам да ги заборавам.Ги ценам.Сакам да му помогнам не да го оставам бидејќи ако го направам тоа второто дефинитивно "другар му" ќе му ги замати очите и уште толку ќе стане за никаде.Како да му помогнам а да не го оставам?
    *Ми рече:може да ми помогнеш да се вратам тоа што бев предходно?
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.883
    Допаѓања:
    106.220
    Пол:
    Женски
    Ја знаеш изреката "здружи се со твојот непријател" епа така ќе му помогнеш.
     
    На Aleksandar1212, shz и Anebelle1310 им се допаѓа ова.
  6. Anebelle1310

    Anebelle1310 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Бубаче,помислив на тоа многу пати но непријателот во случајов "другар му" не се појавува пред мене.Човекот ме има блокнато на фејс,зашо?:mm: Го немам видено сигурно пола година.Бега едноставно зашо очигледно е свесен дека знам што прави.
     
    Последна измена: 30 јануари 2017
  7. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.151
    Пол:
    Женски
    А зошто толку му сметаш на другар му? Се има случено нешто помеѓу вас? Муабетот не му оди со тебе, не сте на иста фреквенција(да речеме), па поради тоа толку да навалува да ве раздели или? ..па дури и на фб да те блокне мора да има некоја причина. Кажи некој детал повеќе за да ја сфатиме ситуацијата. :)

    Сум се справувала и јас со слични глупости, го знам чувството многу добро.

    едит: што вели дечко ти на тоа што он те има блокнато? ..имате разговарано за тоа?:^)
     
    На Nigredo Odor и crimson им се допаѓа ова.
  8. Liu

    Liu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    Ако искрено го сакаш нормално потруди се пак да му укажеш на некои работи и да пробаш да го тргниш едноставно од него заради тоа што најверојатно по она што го напиша дечко ти паѓа под негово влијание. Не дај боже да излезе на крајот изреката ским си такав си. Пак ќе кажам пробај пак да смениш ама ако не оди не оди. Не е во ред да страдаш ти или вашата врска односно неговата дружба со него да се одразува лошо на тебе и на вашиот однос. Дечко ти треба да е свесен колку вредиш ти колку тој. По тоа што ти го рекол да му помогнеш да се врати како што беше значи е свесен за она што се случува. укажи му на сите убави работи кои ти ги имаш направено за него за да биде вистински човек исто така и оние работи кој тој ги направил за тебе. Давај му љубов колку можеш секојдневно. Ако и покрај цел труд и сите работи кои ќе ги направиш не се смени ништо и само се повторуваат некои грешки тогаш можеби ќе треба да биде крај зошто во оваа приказна и ти си битна и ти имаш чувства и душа која нема право никој да ја повреди. Поздрав и секое добро :*
     
  9. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    14.384
    Пол:
    Женски
    А што има правено за да ви ја расипе врската?
    Зашто? Или има некоја причина (иако според мене која и да му е причината не треба да си го пика носот кај што не му е место, освен ако е нешто ептен големо па да проба со муабет да му помогне малце) или е љубоморен па е заљубен или во тебе или во дечко ти :D
    Шала на страна чудни ми звучат и дечко ти и другар му. Тој ко психопат се понаша, а дечко ти ко муле дреме.
     
    На honest girl, sparklie, Gushkalo и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anebelle1310

    Anebelle1310 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Алба,според мене мислам дека другар му е премногу љубоморен на дечко ми ради нашата врска.До сега не сум слушнала за него да имал долга врска а не па да оди со некоја што не е основно.Финтите негови му палат само кај мали деца.Педофил бре.Првиот пат кога се испокараа они двајца беше поради тоа што јас на дечко ми му кажав види може ли кога е он со тебе јас да не сум во друштво и он зашо?Одбивав да му кажам неколку пати али он навалуваше и решив што биде нека биде.Му кажав проблемот беше што нонстоп кога бев со нив во друштво,другар му ме гледаше меѓу нозе и мене ми беше премногу непријатно.Прво поради тоа што претпоставував дека му се врти во глава а второ "ало бре,дечко ми е до мене,шо праиш нели најдобар другар ти е?" Дечко ми го сфати тоа сериозно и ми рече знаев дека е такво нешто на сите тоа им го прави,ги зјапа таму цело време.Ја му кажав не ми е цел да ве скарам само не ме викај кога си со него непријатно ми е и дечко ми отишол му кажал ме вака и вака зашо,како и ме викнаа и мене.Отидов другар му ме праша дали стварно тоа сум го кажала му кажав да."Јас некоја како тебе ќе гледам,сигурно" ова го добив од него.Друг случај е лажниот пофил на фејс.Направил профил од женско и на дечко ми му пишувал дека се виделе во бус во 2ка,нели ме памтиш,ова она.Знаев дека е он и му реков профилов ти е лажен,дознај кој е.Нареден ден пак се читаат они двајца и више почнаа да се пцујат ај ќе видиме кој на кого ќе е*е мајка.Отидоа во школо они двајца се испокараа,другар му признал дека е негов профилот.Трет случај,седам јас со дечко ми и он немаше кредит и му титна од кај мене а другар му ми го знае бројот.Му ѕвони поле кај него на мобилен и на спикер пуштено и другар му од таму вика абе со Марјонка си(другарка на дечко ми) и дечко ми ме гледа и вика не не сум со Јана сум.Третиов случај се колнеше дека не сикачал со неа дечко ми освен тоа логично е ако ми го знае бројот и ако пуштиш некој на спикер се слуша дека си на спикер,сума сумарум намерно го кажал тоа за да не испокара дека јас слушав шо зборат.
    *Немаме зборено на таа тема само спомнато како:ме има болкнато,зашо?Не знам.Толку.
    *Ти успеа ли ти да го решиш твојот ваков проблем.Ако да,како?


    Лиу,ќе се обидам пак,секако.Се надевам ќе ми успее ама не можам да дозволам да го оставам на таков тип зашо знам каков е дечко ми.Освен тоа се имам многу поврзано со него за многу работи.Кога ќе засакам некој претешко се одвојувам од него.:(


    Ким,ме насмеа :D Причината не ја знам сеуште но мислам дека е од љубомора.Имаш кај Алба се што има направено за да ни расипе врска


    Фала ви на сите за помошта до сега :l::l:
     
  11. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    14.384
    Пол:
    Женски
    @Anebelle1310 ако има човекот време да прави лажни профили и да замара луѓе, мрднат е во главата дефинитивно.
    Искрено не знам што да ти кажам, вакво чудо ми се нема десено, фала богу нормални другари има дечко ми :rofl:
     
    На Summerlover, crimson и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    919
    Разговарајте, кажи му дека ти пречи и зошто, кое е твоето мислење за неговиот другар. Па и тогаш ако не се потруди да те разбере значи се иста марка со другар му.
    Можеби ќе звучи себично ама нека одбере еден од вас двајца. Ако искрено те сака и размисли што прави ќе те одбере тебе, а ако го одбере другар му значи не е тој за тебе. ;)
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    17.355
    @Anebelle1310,
    ај дечко ти да не знае каков е другар му па да разговарате, вака свесен е со каков човек си има работа ама и покрај се, продолжува да се дружи со него. Батали желбата да ги скараш и единствено инсистирај кога вие двајца излегувате, другарот да не доаѓа со вас.

    Исто, не заборавај ја изреката „С ким си, такав си“ па така можеби сите тие неморални постапки од кои ти се вџашуваш, на дечко ти му се сосема океј и нормални. Размисли :)
     
    На kim.k и crimson им се допаѓа ова.
  14. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Тој ти кажа чисто и поштено "Ако сакаш раскини ми но јас не прекинувам да се дружам со него" што значи тој никаквица е побитен од тебе, плус што најтрагично е свесен дека сака да ви ја расипа врската. Сега разбирам не е лесно ипак одите подолго време, ама не те заслужува, велејќи онака и покрај сета таа ситуација. Или да си пробаш некако да го отргнеш од другарот, кој знае како и со што му го има поматено умот..
     
    На Nigredo Odor и kim.k им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.829
    Пол:
    Женски
    Јас би била многу изнервирана да сум во твојава ситуација и би си заминала од тој човек.
     
    На honest girl, WildMk, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    Дечко ти од посебен, е само посебна шунка. |( На никој возрасен и разумен човек не му треба партнерот да му каже што е лошо, а што добро, бидејќи самиот отприлика веќе би требало тоа да го разликува. Со самото тоа што директно ти кажал дека сеедно би му било да го оставиш, ама тој од другарот не се дели, па ја не знам што се мачиш натаму?
    :d::drunk:
     
    На Gushkalo, kim.k и Yowannty им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.883
    Допаѓања:
    106.220
    Пол:
    Женски
    Самерке скоро секој совет ти е со "остави го." Така не се решава проблем извини. Лесно е за оставање, оди помогни да те видам.
    Поентата е дека човеков го наведува кон лоши постапки т.е. дека дечково влече влијание од него.
    Е сега ти не можеш веќе да сториш ништо бидејќи тој 50 -50 свесно и несвесно знае во што се впушта, жално е што не знае да каже не и да си ја постави границата.
    Фејсот не треба да е мерка за дружба во вакви ситуации, те блокнал ок ништо страшно. Седнете сите 3јца и разговарајте очи во очи, наведи што е корен на таквите проблеми и што ти смета.
    Другар му бега од тебе затоа што знае дека ти го имаш разоткриено и дека ќе му ја полниш главата против него, тој има против дека затоа што е самец и нема со кого да се дружи па е љубоморен што дечкоти наместо со него дел од времето го поминува со тебе.

    Друго, можеш да направиш друг профил но прво разработи го убаво профилот и да го аднеш него, не мора со твои слики може и лажен, а може и некој твоја другарка да ти помогне да го адне, но некоја што тој не ја познава. Пишувајте му, влечете му ги зборовите внимателно, не се распрашувајте премногу и со тек на време ќе дознаеш во какви темпо го претставува дечкоти и во какви проблеми е тој заглавен.
    Тој е проблематичен човек и за жал за тој проблем тешко се лечи некаде.
     
    На Anebelle1310 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gushkalo

    Gushkalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Дали само јас кога го прочитав ова -Неговиот "другар"- од прва без да ја отворам темава, помислив дека е некоја тема за машкиот полов орган??:rofl::rofl::rofl: поздрав дечки:*
     
    На kikkki, aaaaa, honest girl и 10 други им се допаѓа ова.
  19. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    17.153
    Пол:
    Женски
    Леле какви психопати има по светов (facepalm) Абе зошто да се меша во вашата врска не разбирам :x
    Направил триста глупосто зошто? За ништо очигледно :)
    Разговарај уште еднаш со дечко ти и убаво појасни му ја ситуацијата макар што он нее глуп гледа со какви луѓе е опкружен и би требало да се држи подалеку од него барем за почеток нека се дистанцира ако не сака целосно да прекине контакт.
    Инаку проблемот нема да се реши доколку го оставиш.Тоа не е решение целта е да се најде заеднички јазик.
     
    На Anebelle1310 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    102.750
    Пол:
    Женски
    Нигде не прочитав колку години имате, но спомна школо па ме асоцира на средношколци, односно тинејџери. Мислам дека се пролазни тинејџерски проблемчичи, што во тие години и во овој момент ти изгледаат пресериозно. :) Сите ние помалку или повеќе been there, done that. A Фејсбук лажни профили и такви мити игрици ми се скроз незрела ствар, јас пак не можам да ги сфатам озбилно, ниту оние кои тие ствари ги сфаќаат озбилно. Доколку сте постари, повторно ова тинејџерско однесување не им доликува, на машките мислам, додека дечко ти не ми звучи како стабилна личност. И јас би ти кажала да се повлечеш..
    Не глеам ништо психопатско, туку се ми изглеа на тинејџерска љубомора..глумење лудило и праење паметен.
     
    На kikkki, КикиМаус и Gushkalo им се допаѓа ова.