Неговиот "другар"

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Anebelle1310, 30 јануари 2017.

  1. sj *O*

    sj *O* Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    ја па мислев за пе*ер се работи :rofl:
    (ок значи шала на страна она погоре) чупе самата си го даваш решението. ќе ти речев да зборните тројцата лице в лице ама незнам дали во овој случај вреди. ако довербата се губи или стои на стаклени нозе, то е знак дека врската почнала да се распаѓа. остај го! понекогаш то е и најдобро решение. да сум ја на твое место ќе го остаев. тој мене ќе ми кажвал ако сакаш ова ако сакаш она. НЕ!! понекогаш стварно треба да си ја одбраниш гордоста. зарем не му се спротистави на то??!
    и знај дека тој "другар му" ви ја расипа веќе врската.....зато шо дечко ти му дозволи....и знај дека дечко ти е крив шо тера по туѓ ум, наместо да го слуша својот.....сеа џабе е.
     
  2. "Zoki"

    "Zoki" Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    8.405
    Пол:
    Машки
    Девојче ти и дечкото немате 18+ сигурен сум во тоа,а дома неговите родители може да ги информираш со каков другар се дружи,дека таа дружба со таков другар може да го уништи неговиот живот,тој ќе свати еден ден дека требало одамна да прекине со такво другарство ама треба да се изгори убаво па да свати каква животна грешка направил.
    Знам дека тој верува во другар му сега му лета паметот ама еден ден ќе ја чука главата знам по своите луди години за среќа брзо ме научи животот да проценам што е добро а што е лошо за мене ,благодарение на некој стварно ок другари и моите родители.
    МОј СОВЕТ:Стапи во анонимен контакт со неговите родители кажи ја цела ситуација за него,на него не му кажувај за тоа,не правиш ништо лошо со тоа што ќе го кажеш за него,ти мислиш за неговиот живот браво(y). Нека ме исправи некој член ако не е вака најдобро поздрав и среќно
     
    На Nigredo Odor, blueeparadise, Згодно Момче и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Anebelle1310

    Anebelle1310 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Кога веќе ги спомнавте годините јас имам 16 тој 17.Не сакам никој да навредам дека не ми дал добар одговор но ајде да гледаме од друг аспект.Да оставиме на страна раскинување,може ли?Мене не ми е целта да му раскинам ради тоа што он се дружи со него.Ако сум сакала да го направам тоа сум можела до сега за година дена кога сакам за било што и најмала ситница.Ако сакам да го оставам можам,колку и да е тешко тоа ќе помине но не е тоа тоа.Зашо да го оставам и да му дозволам на другар му да се радува зашто успеал да не раздели?Зашо да не се потрудам да го решам ова без разделба?Сигурно постои попаметен начин.Не сакам да му го оставам него,тој ја има жртвата сега во негови раце и си игра со неа како марионета.Сигурно му го полни паметот со се и сешто штом толку го има убедено дека нивното другарство е вистинско.Пак ќе кажам нема да го оставам зашо сакам да му помогнам.Ќе го оставам и што?Ќе го упропасти.Помислив препрепремногу пати на тоа да зборувам со мајка му бидејќи го имам муабетот со неа и знам дека ќе ме разбере но не знам дали е исправно тоа да го направам и неа да ја мешам во ова или пак што ако подоцна дечко ми се налути за тоа или продолжи по негов памет?А не е свесен дека тоа му е најголема грешка.Убаво е што добив совет и од машка особа.Фала Зоки и на сите останати.
    Посакувам само ова да се реши зашо навистина не сум мирна мислам дека се повеќе и повеќе со стоење во место дечко ми е под негово влијание.Итно треба дијагноза!! :(
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  4. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    2.214
    Јас мислам да му кажеш на дечко ти вака: Ич не се замарам иди, крши глава, дружи се со некој будала што те искористува.. и нека ве мислат за педери низ маало. И ќе видиш другар му кај и да е ќе направи пак некоја глупост со која ќе му наштети на дечко ти и ако и тогаш уште му оди по газот е дефинитивно треба да го оставиш.
     
    На FVP му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    @Anebelle1310 најдобро е да му ги ставиш границите на дечко ти. Тој ти рекол дека и да го оставиш не прекинува да се дружи со другар му. Епа остави го и ќе видиш ќе нема ни недела пак тебе ќе ти се врате а пак ако подолгг период не ти се врате врати му се ти и барај друго ршение.
     
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.143
    Пол:
    Женски
    Неговиот другар... Па уште и во наводници ставено :wasntme:

    [​IMG]

    Нека кренат рака сите што помислија на неговиот полов орган :handshake: :party:
     
    На kikkki, M.B., honest girl и 18 други им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    19.213
    Пол:
    Женски
    Fala bogu mm nemal i nema vakvi " toksicni " drugari :whew: mislam , drugarov e ocigledno nekoe ligle koe e ljubomorno na eden zaljuben par :^) eventualno e " moderen " pa e zaljuben vo decko ti :^) iskreno i mm ima drugari koi nemaat devojka , pa do sega nikoj ne me gledal vo moeto megjunozje , zadnik .. :drunk: Ma covekov vo kraen zaklucok e manijak (wtf) I jas sum za da porazgovaras so nego uste ednas , ako ne ja biva, kazi i na majka mu , probaj na sekoj mozen nacin da go distanciras od toj covek .. Sekako deka ne e resenie odma da go ostavis .. Ne znam , gledaj se pocesto so nego , mozebi ke upali taa finta , ili pak , podseti go sto se napravil negoviot drugar za da ve razdeli .. Maskite zaboravaat ponekogas , pa ne e cudo da zaboravil veke :drunk: @Anebelle1310
     
  8. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Во мојот случај се работеше за девојка, заедничка другарка која ја сметаше за најблиска, со која исто се знаеја уште пред да стапам јас на сцена. Манипулативна, препредена, злобна до немајкаде.. На почеток дури бевме друштво пред да се фатам со мојот, бевме блиски и јас и она, откако започнав врска со овој почна исто да се меша кај што не и е место.

    Јас што направив? Не реагирав одма, туку продолжив да се дружам кога ќе излегуваа заедно, значи не избегавав, само тврдоглаво и на крај неподнослива стана и преочигледна, е тогаш јас стапив веке на сцена и му реков неколку пати на мојов насамо вака и вака "гледаш и самиот, јас ај да не велам ништо на почеток ама оваа веќе сите граници ги преминува", баш со оваа реченица. Тука веќе јас излегов онаа позрелата и посовесна и на крај останаа само глупостите на дотичната која сум ги толерирала некое време и мораше да се елиминира. Тоа и се случи.

    Е сега ние малку повозрасни бевме и затоа ова одеше без повуци-потегни како кај вас. Така да совет мој ти е ако веќе гледаш дека не оди како ти што праиш, пробај со мојата варијанта. За промена прекини да зборуваш за него и почни пак да излегуваш со нив, и само чекај другар му да згреши нешто, викаш дека те гледа меѓу нозе? Ок, продолжи да излегуваш со нив, дечко како дечко ке стани љубоморен после некое време сигурно забележал и тој досега.. е сега еднаш-двапати-трипати ке занемари е на четвртиот пат ако не му скисне како те манијачи овој и тој ако не преземи нешто наспроти очигледното понашање на другар му, нема што да се прави повеќе.

    Нормално ке помогнеш и ти со тоа што одвреме навреме ке му посочуваш на дечко ти нешто во стилот "Ете гледаш дека се трудам за тебе мило и покрај се што направи тој, јас пак го занемарувам тоа и гледам ситуацијата да се среди ама од негова страна нема ништо", во смисла "гледаш дека не е до мене проблемот". Или нешто слично, тука веќе тебе ке почне да те гледа како жртва и малку по малку ке му стане и него awkward да се дружи со него.

    Некое време може да ти биде напнато ама ке изглумиш малку и ако дечко ти има "две чисти" во главата ке му дојде умот, а тоа со родителите не го пробувај, ке направиш грешка само уште толку ке го оттурнеш од себе или уште полошо може тебе да почне да те гледа како манипулатор што сака да го раздели од другар му. Играј на карта дека ти си жртвата овде, друго нема, штом не се разбира само со муабет.

    Е сега и ова ако не помогне пиши пропало крај краева не можеш само ти да се трудиш, а некој од негова страна да не покажува воопшто добра волја.
     
    На Trxmx, blueeparadise и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  9. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    Кога тогаш ќе се видиш со "другар" му, има време млади сте.
     
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    112.861
    @Anebelle1310 дали добро сфатив, другарот пробват да ви ја расипи врската и сега дечко ти се дружи со него и е спремен да раскини со тебе само за да остани да се дружи со него? Колку време сте заедно?
    Најискрено, ова што го пиша тука, смирено и сталожено објасни му го него. Кажи му се тука, во најсмирен тон. Ако пак ти ја речи истата реченица и не ни пробува да ја исправи ситуацијата, мислам дека и сама знајш шо треба да направиш зошто заслужуваш подобро.

    пс. Насловот мене ме асоцираше дека има другар кој му се пушта или пак дека дечкото оди во двата правци па сега збунет е. :lol:
     
  11. BlackMistery

    BlackMistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    367
    Ја мислам не заслужил ваков да се замараш за него.Чим толку си го сака другарот,па со него нека се фати господе боже значи.
     
  12. stejsi2005

    stejsi2005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.168
    Пол:
    Женски
    "Другарот" му завидува на среќата на твојот дечко,мн ми е јасно,имав иста ситуација на твои години,и мојата врска заврши тогаш поради тој другар.Но со сила убавина не бива,после период мојот тогашен дечко почна да ми врти да ми кажува колку ме сакал,од кога другар му си фати девојка за сериозно и го батали..Ама прекасно..Не се труди многу да му отвориш очи ако не еспособен сам..А и тие години се за машки многу понесозреани па ништо не ме чуди.
     
  13. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    12.198
    Пол:
    Женски
    Me too :tmi:
    Па барав истомисленици да се убедам дека немам само јас прљава машта :rofl:
     
    На CrazyGirl15 и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  14. mici.i

    mici.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    12
    Здраво девојки :) заедно сме скоро 4 год, тој има другар што уште на почетокот му збореше како ме видел негде кога јас сум му рекла дека сум дома, неколку пати и тоа како на шала, кога ќе дојдев јас си одеше, јас и тој муабет некој нарочито баш и немавме и почна по некое време да му збори дека само со мене седел, не одел со другарите, а нејќел да му се деси нешто лошо т.е. јас да го „заебам„ зашто он бил добар човек бла бла бла...и по некои две год дечко ми се вработи и стварно немаше време и не се гледаше мн со другарите, па овој му се налути и не збореа. По дна година и повеќе дечово му збореше како он бил пичка и го разочарал со постапката што ме „избрал„ мене. Па после тоа му пиша како му било криво зашто не се дружеле веќе и дека он уствари се чудел која е причината за тоа...А во секој муабет иде реченицата:ти девојка си фати и те снема. И овој мојов нормално му вика ко ништо да не било ајде бе ќе се видиме некад слободно и у меѓувреме почна да работи во еден локал па овој почна да му пишува буквално секој ден по неколку пати рандом муабети и дечко ми му вика да помине таму да се видат...а јас кога ќе го прашам што зборат ми вика дека го замарал...Сме збореле повеќе пати дека сака да ни ја расипе врската со тоа што измислува дека јас сум имала други и дека не сакам да се дружи со него и он као се согласува и вика дека го замара а уствари гледам на фб дека му вика да помине да се видат...Сфатив дека со муабет ништо не бива и дека има контра ефект т.е. гледа на тоа како јас да му ограничувам со кој да се дружи...Веќе кренав раце од зборење ама не знам што да правам не сакам да ни расипе... Help? :)
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    109.447
    Пол:
    Женски
    Другарчето е очаен, сака да го манипулира дечкоти.
    Јас како што заклучив дечко ти е прибран, а тој сам си се пика.
    Нема што да се плашиш,до сега ако требало да се расипе ќе се расипе.
     
    На cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    Дечко ти е очигледно свесен за другар му, само се труди да биде фин.
    Не се замарај воопшто.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    19.213
    Пол:
    Женски
    Мислам дека дечко ти го знае другаров шо човек е , ама не сака да биде груб спрема него и затоа му вели да се видат . Не се секирај , мислам дека не може да ви расипе . Уживај во вашите моменти и не се замарај со вакви " другари " .
     
  18. Bella15

    Bella15 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Neznam dali ja pogodiv temata, jas koga bev vo vrska so bivsiot, negovite drugari ( pet najbliski drigari ) sekogas go ismevaa demek e papucar bidejki bil postojano so mene..i toj se nervirase preterano mnogu i mu velev ako saka da ne go ismevat ke raskineme i deka taka velat zatoa sto.se ljubomorni sto tie nemaat devojki i toj velese da ne zboruvam gluposti za raskinuvanje bla bla.. i sega koga nie raskinavme site negovi drugari imaat devojki, a eden duri se veri (toj sto najmnogu go zafrakavase ) i sega samo mojot bivsi sirotiot e sam posle mene..
     
  19. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    3.621
    Пол:
    Женски
    Што уствари е суштината?
    Групно да го сожалуваме или бараш некој совет да му се вратиш?
     
  20. Bella15

    Bella15 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Haha nitu prvoto, nitu vtoroto. Sosema greska me svati izgleda.. voopsto ne e za sozaluvanje zasto koga go ismevaa pred mene, a toj se nervirase mozes da pretpostavis kako se osekjav jas? Bas naprotiv, milo mi e za ova.