Скала за dirty mind – од 1 до тоа секогаш кога ќе излезе насловот на темава на почетна, да те асоцира на машки полов орган. Продолжете си сега...
Исто, само кога отворив и видов дека се работи за actual другари, скроз изгубив желба да коментирам. Што ти прават едни (погрешно ставени) наводници...
Поради таков другар ми пропадна врска од 7 години. Другарот пична да му ја полни глаата. Подобро на време тргајте се. Акп тие не се тргаат. Прелрасна врска ми пропадна зш тој другарот остана сам почна глупости да збори. И му најде и една му ја местеше братучеди да биле. Е сега сите аме сами хахахаха
Исто...среќа што ова беше прво мислење на странава за да видам за каков другар се работи , иначе ке почнав да објаснувам нашироко и на долго за "другарот" на мојот. Ке ме пукавте сеир после Онтопик... Другари како другари, секогаш ке има и такви и такви. Најдобро е што подалеку да се држите од неговото друштво во почетокот на врската. Знам дека е интересно тоа излегување во заедничко друштво, но разберете дека тие негови другари вас на почетокот воопшто не ве сфаќаат сериозно. Дури кога ке го врзете лавот за вратот тогаш може да се шетате со него по џунглата.
Уште на почетокот ќе приметите за какви другари станува збор. Обично оние што немаат девојки ќе задеваат од чиста љубомора. Досаѓање на телефон кога сте заедно, желба да го отргнат од вас, некои ќе ве обвинат дури и дека сте им го земале најдобриот другар. Но само смирено и немојте да паднете на нивно ниво. Наместо тоа посветете се на дечкото и покажете му колку вредите. Тој ако е паметен ќе знае како треба да постапи.
Знам дека не е лесно да раскинеш со некој, со кого си имала и убави спомени.. Но види сепак, доколку не оди, раскинете. Кога не е свесен дека за еден ''другар'' губи девојка, не ја ни заслужува таа девојка.. Известувај не што ќе решиш.. Позз
Другарите на дечко ми се такви. Постојано го бараат и ако каже дека е со мене го зафркаваат му викаат оженет маж. Прв пат кога пиевме кафе му се јави еден од другарите и го праша каде е и овој му кажа кој кафич и замислете другарму дојде до вратата на кафичот со колата, вклучи долги светла,разгледа и си замина. Еднаш бевме заедно со дечко ми и кога му се јави другарму го излажа дека е сам дома и дека спие и овој другарот се смее како луд и го прашува: ее озбилно а кај е жената? Искрено ме нервираат сите негови другари. Бев со дечко ми и сите нив на кафе и во лице ми кажуваа секакви глупости од типот: сум го стегала дечкото, не сум го пуштала со нив да шета... И јас им одговарав остро и кажував дека ако е така еве дечко ми тука седи нека потврди и одма почнаа да се бранат едниот ми вика не се нервирај нова си не те знаеме ама ќе те испитаме.
Мислам дека е доста важно да ти се допаднат другарите на партнерот, зошто ако не ти се допаѓаат веројатно има нешто и за партнерот што нема да ти се допадни, сепак се дружат и има причина зошто се дружат. Дали се исти во тоа што не ти се допаѓа, дали партнерот ќе поддржува глупост која те нервира или едноставно ќе е пасивен набљудувач - тебе тоа не ти се допаѓа. Ако не ви се допаѓаат другари на партнер, внимателно набљудувајте го партнерот да не има некоја нивна особина ама зошто сте во период на заљубеност не можите да ја забележите. @Fallen.Angel која е возраста на дечко ти и неговите другари? Ако се мурти и лути има големи шанси само да се контраат баш зошто се лути. Исто така има шанси да се љубоморни зошто во моментот немаат тие активна и стабилна врска. Или едноставно не се гледаат како премногу сериозни, па поради тоа што ги плаши сериозна ситуација (врска) пробваат да го "омаловажат" дечко ти, да се осеќа виновен кога е со тебе, да го викаат "женет", "зафатен", "кај ти е жената" со шо тој од вина би излегувал само и почесто со нив, а воедно и ја омаловажува сериозната ситуација, давајќи ѝ помалку на сериозност. Во секој случај ако ти смета нешто разговарај со дечко ти. Пробајте со ред, прво нека ги игнорира и двата пробајте да се смеете на нивните глупави забелешки. Има големи шанси дека ако нема негативна реакција од ваша страна да прекинат зошто нема да им е интересно. Ако не, нека покажи дечкото малку заби, нека намали излегувања стрикно велејќи "со жена ми ќе бидам, џабе не ме женивте".
Дечко ми има 21 година а меѓу неговите другари има 19,22, и најдосадните двајца имаат 22 и 25 години. Вчера седевме јас дечкото и тој другарот од 22 год. Другарму се зафркаваше и ми го гледаше инстаграмот па ми коментираше срциња на една слика... И дечко ми само остро го погледна.. А тоа што викаш како да се однесуваме јас и дечко ми. И јас би сакала така ама не можам да го правам тоа бидејќи тој е таков тип, не трпи притисоци, а плус и јас имам другарки и јас некогаш ќе сакам да одам со нив.. Ќе делувам себично
Воопштно нема да делуваш себично. Јас не ти велам да не се дружи со нив, туку кога не можи да излегува да им нагласува дека сака со тебе повеќе. Да ги привоцира на ист начин како тие него. Ама сепак мислам дека се работи за мајтап каде кога некој се лути е многу поинтересно да му тераш мајтап, особено на таа возраст. Еве вчера дригар доби казна за возењето, тој се нервираше вчера, а нас сите ни беше смешно дур не се помири и не почна да не игнорира. Од игнорирањето стана досадно и престанаа мајтапите. Исто и ова.
Те сфатив . Еднаш се има случено да сме заедно па тој да трча со нив, ме праша културно дали ќе се налутам ако оди кај некој другар да седат да пијат, јас нормално кажав дека не се лутам нека оди . Он ми вика не му се одело ама ќе јаделе гомна. Подобро нека оди со нив нека не јадат гомна отколку јас да бидам таму тема на муабет.
Да јасно ми е тоа. Но дечко ми се си става на душа таков е и не сакам заради мене да се чувствува така.. Го исмеваат максимално и ми пречи, но најпаметно е да си стојам на страна.
Млади сте уште и нормално е такво детско однесување, ќе помине и тоа, само насмевка и убаво расположение...ќе дојде еден ден кога ти ќе го "бркаш" од дома за да излезе и да се види со другарите...верувај ми!
Ќе ти дадам јас еден совет. Игнорирај што ти зборуваат "другарите" едноставно не одвраќај. Оти на нив им е интересно да се малку заебаваат и смеат типично за 20 годишњаци а ти со објаснувањето им даваш повод за продолжеток на глупостите нивни. Ако дечко ти е со тебе и не се мн замара кој што ќе му рече онда остави, батали ги и не се нервирај. Ајде ајде млади сте тек ќе созревате Тоа се тие години Јас и ден денес сретнувам вакви женети мажи од по 30 и кусур како се заебаваат со одредени пријатели на сметка на некого, папуча ова она, поентата е дека не е папуча туку е човек со оформен карактер али кој колку му сече работава.
па сите негови другари живеат од денес за утре и не се трудат за ништо во животот ниту пак работат...веројатно вишокот слободно време им дава секакви идеи