Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неговиот "другар"

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Anebelle1310, 30 јануари 2017.

  1. paloma97

    paloma97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Не сакав да отворам нова тема. Само сакам да си ја испразнам душата.
    Вака... Во врска сум 4 години. Мојот дечко има другар, овој му е еден од најдобрите. До пред месец дена јас и тој НЕ комунициравме многу, Здраво, како си, некогаш сите заедно на кафе и тоа беше тоа. Тој ми беше еден од најнеомилените другари на дечко ми. Ама од пред еден месец работиме заедно на еден проект. Заедно сме секој ден. Се она што мислев за него пропадна во вода. Типот е супер, одговорен, позитивен, откачен. Темите на муабет се редат сами, многу поинтересни од оние со дечко ми.
    Луѓе, знам дека не е правилно, знам дека е за секоја осуда, но јас почнувам е се вљубувам во типов. Едноставно не можам од глава да си го извадам. Сменета сум 360°. Се предотерувам за на состаноци, насмеана сум, среќна сум. Во петок едвај чекам да дојде понеделник за да го видам.
    Едноставно, изгубив контрола над чувствата. Знам дека сум идиотка. Знам дека мора ова да престане за никој е не излезе повреден заради моите моменти на слабост.
    Убаво е што успевам да контролирам, па до сега нема забележано дека го меркам.
    Можеби ова ми е период кој ќе ми помине, па пак ќе се распламти страста меѓу мене и дечко ми.
    Од друга страна среќна сум кога го гледам. Имаме уште еден месец заедничка работа, па тоа е тоа. Сакам само да не повредам никој, а најмалку да се повредам себе си. Се надевам дека набрзо ќе се вразумам и сето тоа ќе ми успее.
    Од друга страна вака одамна не сум се чувствувала и тоа е она што ме збунува...тешко ми е. Навистина ми е тешко....
     
    На Osamena devojka, IamSexyAndIKnowIt, Didi22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Тоа е период кога не знаеш што сакаш. Во врска си која ти е монотоно, не те исполнува, не се спремаш, не се замараш, ама пак за на работа за другиот тоа го правиш. Е тука лежи зајакот. Ако дечко ти не те задоволува како другиот тогаш треба да се фати за работа.
    Дека ќе треба да скараш 2јца, ќе треба и биде хаос, затоа решение тие да се тргнеш од двајцата едно време и да дознаеш кој ти фали највеќе т.е. да се средиш.
    Во спротивно, ќе заглавиш до гуша и само потешко за тебе ќе биде.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, paloma97, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Викам јас дека е преценета моногамијата... ама кој ме сајкали
     
    На marlonbrando69 и paloma97 им се допаѓа ова.
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Е @WildMk не можеш на ваков проблем, така да возвраќаш. Очигледно тоа си е твој став и твој избор да живееш како што живееш, ама не можеш тоа да го наметнуваш. Со ова ама баш никако не и помагаш. Ретко кој успеал да има врска/брак како твојот и тоа да функционира. И не само тоа, туку и ретко кој сака.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Bratot, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Точно.
    Се претпочита брак во кого има лажење и изневерување, само за да се задржи сликата за 'пристојно' семејство.

    Не и' викам да има отворен брак, не и' викам ни да направи нешто со 'другарот'... таа сама ќе мора да одлучи кој пат ќе го фати... Само напоменав дека моногамијата е многу често, нереално очекување.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, marlonbrando69, Mrs.Styels и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто. Зошто одма се оди во крајности? Кој спомна за брак во кој има лажење и изневерување? Испаѓа или отворен брак или лажен брак. Ти всушност не веруваш дека постои здрав брак со љубов и искреност меѓу сопружниците?
    Не можеш да тврдиш дека моногамијата е нереално очекување, само затоа што ти живееш поинаку. Реално постојат многу здрави бракови како што напоменав погоре. Така да, мислам дека излишно е во сите теми да се тупи со истото. Твојот начин на живот е твој избор, што не значи дека е правилен.

    Има врска од 4 години која очигледно не сака да ја уништи, затоа и бара решение за проблемот. Најлесно е да оди со друг и да речи дека моногамијата е нереално очекување, ама не е баш така.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, cresa-jagoda, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Бившиот мој имаше еден другар шо нонстоп висеше со нас. Ми беше одбивен заради тоа. Му велев нонстоп на мојот прво одоколу, после тоа и директно ама секогаш наоѓаше начин или да го оправда или да го жали. Као демек ајде нема женска, не е излезен нека дојди со нас да се продува, или па јас претерувам не било така, сум преувеличвала. Трето тркало ни беше буквално, коа ќе му кажев на другарките со дечко ми вечер ќе излегвам, се заебаваа а Петре ќе иди со вас. Тогаш ич не ми беше смешно, ама сеа и то како:whew:

    Замислете ко се видовме после 2 месеци од раскинвањето, му реков на бившиот да остани малце имам да му кажам нешто, треба да збораме. Другаров беше сеуште тука со нас и едвај се откачи. За по 10тина минути на сред муабет да му се јави и да му кажи ајде те чекам до кај си. Ќе пукнев тогаш:devil:


    Ама не го гледам другар му како виновен. Мојот беше муле, арно шо раскрстивме.
     
    На Kate Rina 93, cresa-jagoda, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Никогаш не сум тврдела дека не постојат моногамни врски и бракови, кои одлично функционираат. Секогаш, ама секогаш велам: Има многу кои не се моногамни.

    Моногамијата е многу често нереална, не секогаш.

    И не велам дека мојот избор е 'правилен', само е различен.
    И не го наметнувам, само го кажувам.
    Овде посебно, не ни спомнав дека треба да биде во отворена врска девојчето, а ти и тоа успеа да ми го напикаш в уста.

    Многу ме нервира кога ми ги извртувате зборовите и сугерирате 'што сум сакала да кажам', иако секогаш јасно пишувам што мислам.
     
    Последна измена: 5 јуни 2019
    На IamSexyAndIKnowIt, poppie, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам кратка. Не знам колку години имате?
    Мислиш дека тој нема приметено дека си затрескана во него?!
    Ќе те легне, они ќе си останат другари, а ти... не го пишувам зборот, си знаеш. Сори.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, cresa-jagoda, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. paloma97

    paloma97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    @friendy @WildMk @buba4e89
    Ви благодарам на сите. Се надевам дека наскоро ќе се средам. Нема шанси типот да ме легни неразделни се со мојот, а и јас не би сакала да испаднам ѓубре и нешто да изјавувам чувства... така да си држам во мене.
     
    На WildMk, sj *O* и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.753
    Допаѓања:
    175.450
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се ували нешто само колку да се спомне, без никаква причина.. (facepalm) Моногамијата била преценета. :yawn: Ко божем девојчето рече сака да е со двајцата.

    @paloma97 во долга врска си. Со текот на времето страстите спласнуваат ако не се работи на нив. По мене, она што ти се случува со другарот е само краш. Во твојата врска спласнала страста, со партнерот се знаеш доволно добро и долго што толку сте се опуштиле меѓусебе, да веќе потребата да се допаднувате и освојувате одново сте ја ставиле во сенка. Не е тоа страшно. Доколку се има волја и доколку сеуште си значите и сакате да сте заедно, секогаш можете да работите на тоа.
    Од друга страна пак, ако мислиш дека тоа е тоа со моменталниот партнер, ако ти е сеедно и не сакаш повеќе да се трудиш околу него, најубаво е да си се тргнете секој на своја страна.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, sj *O*, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Па зошто тогаш воопшто ја спомна моногамијата кога нема никаква врска со проблемот на девојката?
    Тоа сакам да кажам, дека нејзиниот проблем е нешто сосема поинакво и на овој начин воопшто не и помогнуваш. Ти си имаш право на твој став и на твој начин на живот, ама премногу често го наметнуваш тоа во секакви теми. Барем таков впечаток мене си ми оставила.
    Знаеш дека многу често го делам твоето мислење, меѓутоа на оваа тема нема никогаш да се сложиме, што не е ни битно, ама сметам дека не е фер кон девојката да се бега од вистинскиот проблем и да се алудира на нешто друго.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Што наметнувам? Изневерувањето кое се случува во светот? Тоа што девојката од постот се заљубила во 'другарот'?

    И со мене, и без мене, светот е полн со изневерувачи.
    Јас само изјавив дека моногамијата е преценета, што е факт... и не е дека од мене прв пат чувте.

    Не сум јас проблемот.
    Насочете го гневот кон проблемот, не кон мене.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Alisa22 и poppie им се допаѓа ова.
  14. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @paloma97 Не биди "мрзелива", туку реши ја ситуацијата. Насочи се кон важното.
    Наместо толкав пост за другарот и искушението, размисли зошто страста, исполнетоста и среќата ја гледаш веќе вон твојата врска.
    Разговарај со партнерот, ако иде иде, ако не, не.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Annora, paloma97 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Моја другарка се гледаше со тип за онака. После одредно време и се пушташе другар му и беа во врска. ПОУЖАСНА врска немала во животот. Цело време и пребацуваше муабети, дешавки, најпогрдни зборови и сл. Раскинаа после одреден период, а они си се сеуште другари. Спаси си ја врската додека е време и нормално ако си го сакаш дечкото. Се се постигнива со комуникација, а монотонија има во секоја врска. Такви периоди се.
     
    На Роберт 7, paloma97 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. paloma97

    paloma97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    @Animali @poppie @Annora
    Луѓе јас сум свесна за глупоста во која сум, имам 24. Знам дека дури и да помислам на нешто, јас ќе бидам лошата што ќе остани без ништо. Тие ќе си останат другари. И јас другарка за маж не би менувала.
    Мислам дека заљубеноста во другарот е период и ќе ми помине. Поголем проблем мислам дека е одност со партнерот. Не се расправаме, не дискутираме. Живееме потполно различни животи. Секогаш е се океј и ништо не недостига. Јас трчам по мои цели, тој по негови. Може сето ова ми е само изговор за тоа зошто нешто недостига во врската. Едноставно нема. Знам дека има периоди кога нема страст. Па ако потрае ситуацијава уште месец, мислам да ставам крај на врската. Свесна сум за времето, трудот и љубовта вложена во истата и знам дека мора да зборуваме што понатаму.
    Ова со другарот може да остане само фантазија. Не би испаднала таква...за да бидам со најдобриот другар на дечкото со кој сум 4 години.
    Во благодарам на сите што го потврдивте она што го мислев. И јас си се чудам на умот како можам за него да фамтазирам, но тоа е... ќе ми помине.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Ugly Duckling, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Колку убаво размислуваш.
    Не ти ни треба совет од некој друг.

    Се' најдобро :hug:
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Ugly Duckling, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Како што кажав, периоди се, не избрзувај со одлуките, ако го сакаш дечкото. Секое добро :l:
     
    На IamSexyAndIKnowIt, WildMk и paloma97 им се допаѓа ова.