Понекогаш ме дига до небо а потоа ме спушта доле само не ми е јасно денес инсистирав да зборам на темата со него дека не лажам затоа што ми е битно и го сакам не сакам погрешно да ме свати а тој се изнервира ми рече дека претерувам со зборење и кога тој ке прашал јас ке сум зборувала онака нема потреба.Сакајки да направам добро направив лошо
Остави го бре девојче. На што личи такво однесување и таа некултура? Тој не ти верува. А ти трпиш само навреди. Среќна си? Не,не си. Остави го,ке си најдеш подобар.
Мисли дека му имам глумено невиност малце ке бидам груба еве вака дека ку*от не влевал ради тоа што сум ги стегала мускулите а и немаше крв ама прв пат ми беше плус незнам дали е можни ни повеќе ме болеа тие допири со рака дали ради ноктите и самите прсти ради грубата површина незнам можно ли е?! плус не ми верува за работи од минатото и за работи од сега
Девојче дали сериозно мислиш дека мочкото те сака? Дали сериозно мислиш дека ова е убава и среќна врска? Да те праша сега некој за совет за ваква ситуација од страна што совет ќе дадеш, еве замисли дека не си ти во прашање туку друго лице. Бегај од него што побргу додека не си зацрниш младоста.
Девојче, како можеш да сметаш за чест тоа што те запознал со мајка му? Па мене тоа ми е исто како со било кој да сум се запознала. Како би биле они повозвишени од мене, па јас да би била почестена што би се запознала со нив? Не си ми јасна. Он да ми кажува дека он кога ќе кажел ќе сум зборувала или ќутела ма нема да биде достоен ни у три лепе да го отерам. Само ќе си се завртам и ќе си заминам и никогаш нема повеќе очите да ми ги види а не на телефон да му кренам или да се објаснувам, па макар и најголема грешница била. Исто не можам да разберам твоите дома што мислат околу ова. Во каква средина живееш штом дозволуваш да бидеш вовлечена во ваква врска па уште да чувствуваш потреба да се појаснуваш. Како ли можеш да сакаш особа која се иживљава со тебе? Кога ќе ти здосади тоа?
Моите дома не знаат ништо.. Само татко ми еден пат случајно има видено дека ми пиша " ти си небитна и пролазна како сите други" после рече дека бил нервозен и дека ме го мислел тоа и дека јас сум девојчето што е криво за неговото понашање со мене станал полош човек и спрема никое женско не се има понашано така а што правам јас?!
Епа треба да им кажеш и баш да ги прашаш што мислат тие околу ова. Не верувам дека би те советувале да останеш со него.
@Alisa2387$# Не знам зошто тука се правдаш дека не го лажеш. Дали ти бараш совет да ти кажеме како да му објасниш дека не го лажеш?! Девојче, што и да му кажеш џабе е. Не очекувај дека ќе го смениш. Ами можеш само ти да се смениш. Да се уништиш и се повеќе да пропаѓаш од ваква врска. Додека овој те вреѓа, те спушта на земја итн. Има некој што постојано ќе те крева на небо, ќе те сака и почитува. Тогаш ќе ја видиш разликата. Ама прво треба да научиш колку вредиш и самата да се цениш. Па после ќе го добиеш тоа и од другите. Ни една љубов не вреди да трпиш ваква болка и тортура. Љубовта е радост, уживање, среќа, доверба. Ти немаш ништо од тоа. Јас стварно се чудам како можеш да го сакаш. Еве не знам.
@Alisa2387$# колку време сте во врска? и од кој момент почна да те навредува или од самиот почеток на врската вака се однесуваше? Пред да сте започнале врска требало да му кажеш што ти смета за да немате караници во врската, а при првата навреда требало да му раскинеш. По ова што прочитав тој нема никакви чувства кон тебе, но сака да те манипулира и да ти наредува. Тој го искористува твојот ранлив период и знае за обидот за самоубијство, а доколку те сакал ќе ти помогнел да ги надминеш проблемите, а не да те поттикнува повторно да размислуваш за самоубијство. неговото присуство токсично влијае врз тебе и можеби еден ден пак ќе те поттикне повторно да размислуваш да си го одземеш животот. Не дозволувај да те манипулира, навредува и понижува. Ќе се чувствуваш многу подобро откако ќе му раскинеш, он ќе те бара да се смирите и ќе вели дека ќе се смени бла бла, не паѓај на овие зборови. Што е можно побрзо пресечи, тргни се од него и од сите негативни луѓе во твоето опкружување. И најважно од се побарај стручна помош за обидот за самоубијство. Главата горе и ќе си најдеш некој што те сака и цени. Било каков совет да ти треба можеш да ми пишеш лп
Па пиша колку време се во врска. Никад не дочитувате до крај. Ова е ептен претерано. Ти можеш едноставно да си заминеш.
Ги читав сите коментари и заборавив дека пишала дека одат 8 месеца (дочитувам до крај) Во друга тема @Alisa2387$# пишала дека има 16 години, а дека соучениците ја имале и тепано бидејќи е поразлична од нив. Некогаш психичкото малтретирање може да создаде поголеми трауми од физичкото малтретирање. Членката пиша дека еднаш имала обид за самоубијство, а дечко и и рекол дека ако тогаш се самоубила сите ќе се спаселе од нејзе (плус и рекол дека никој не ја сака, види во првиот пост како ја навредувал). Дечко и треба да и биде морална подршка за да ги надмине проблемите, а он ја понижува и навредува. Што ќе и е таков човек? Треба да пресече што е можно побрзо. А, што напишав што беше претерано? Нели е претерано тоа што неизживеан средношколец сака да лечи комплекси и да зголемува самодовербата со тоа што го навредува девојче? @Alisa2387$# млада си, ќе најдеш некој што те сака и цени.
По ова што прочитав тој нема никакви чувства кон тебе, но сака да те манипулира и да ти наредува. Тој го искористува твојот ранлив период и знае за обидот за самоубијство, а доколку те сакал ќе ти помогнел да ги надминеш проблемите, а не да те поттикнува повторно да размислуваш за самоубијство. неговото присуство токсично влијае врз тебе и можеби еден ден пак ќе те поттикне повторно да размислуваш да си го одземеш животот. На ова мислиш? Епа ако ја сака ќе ја вика ли кучко, глупава, никој не те сака, да се самоубиеше сите ќе се спасевме???? Он да има било какви чувства кон неа ќе сака да и помогне побрзо да си ги реши проблемите. Каква и да е караницата дечко и треба да се воздржи од навреди, @Alisa2387$# барај да ти се извини за се што ти рекол и после тоа раскини му
Сега се враќам од излевање тој исто така беше излезен поради тоа што сликав слики и му ги праќав го ставив телефонот на безчујно за да не приметат другарките дека сликам се околу мене. Тој ми ѕвонил но раката ми веше во ташна а исто и телефонот и сум исклучила по грешка втор пат се јавив. Кога др јавив одма ми рече дека сум у со кој и што правам. Се налути зошто не сум се јавила од прв пат и ме нарече курва ми рече дека дум ороспија ми рече курва 2-3 пати неможам ке умрам
Ако дечкото со кој одиш е болно љубоморен, опсесивен, сака да доминира во врската и пред се да контролира, најчесто го прави тоа како покритие за негово изневерување. Сум го гледала ова доста често во моја поблиска околина. И настрана од тоа што очигледно е болен, зошто си сеуште со некој кој те навредува? Почнува со вербално насилство, завршува со физичко. Ова нека ти биди како флешбек, ако планираш сеуште да останеш со него. Каква иднина? Свесна си што може да ти се случува ако завршиш во брак со ваков човек? Самопочит ти треба девојче
Ако цело време си вака под притисок при секое излегување, како мислиш да продолжиш со него? Некој што навистина те сака, ќе ти го прифати минатото, ќе ти биде подршка, ќе ти верува, ќе ти остава простор за слобода, а кај тебе ниедно од ова го нема. Читам средно си. Остави го додека е време, да не западнеш во поголеми проблеми, сигурна сум ќе запоанеш многу подобар некој во иднина. А тој колку години има?
Девојче збориш дека е љубоморен бара извештаи ама еве и да е тоа проблемот, доверба се стекнува. Но проблемот со типов е што те навредува понижува не може некој што те сака да не те почитува. Оан не те цени како личност тебе и е скроз некултурен. Батали го Бараш совети и сите ти отвараат очи а длабоко во себе и ти знаеш дека не е ова врска нормална. Дај престани блокни го исклучи телефон уатевр. Мене од ваков би ми било страв за физичко насилство башка кор е тоа 20годишно лигле вака да однесува со тебе бе
Ќе ти кажам нешто во врска со ваков тип на болен човек! тој те видел дека си слаба и наивна личност и те уценува на се и сешто и приметил дека се плашиш затоа тој се храни ужива во тоа како ѓавол! на време да се спасиш од него затоа покасно верувај ми ќе се каеш и ќе памтиш ова што ти реков дека таков човек никогаш нема да се промени во моја кожа осетив и затоа на никој жив не би сакала да осети малку од тоа што преживеев со таков ! ти си млада и немој на никој да дозволиш да те контролира и уценува и да те пцуе и лоши зборови да ти реди. Ако ти се заканува верувај куче што лае не каса! а и ти сега мислиш се навикна на него па 8 месеци сте заедно па во залудно се! знај дека прсти ќе јадеш ако повеќе време бидеш со него и покасно ќе кажеш ех да ми се врати времето! Ова се ти е чист терор психичко и физичко!