1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Незаинтересираност од негова страна

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Endi, 18 јануари 2011.

  1. Endi

    Endi Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки,мислам дека имам сериозен проблем!?Би била мн. среќна ако ми помогнете :) Имам сериозна врска од 2 години и ни одеше супер,многу се сакаме,имавме некои недоразбирања но како секоја нормална врска и кога и да се скаравме или разделивме за глупости секогаш некој од нас попушташе затоа што се гледаше дека неможеме еден без друг.Викендот се скаравме за глупост (како и секогаш кога се караме) и раскинавме.Проблемот беше во тоа што бевме во излезени во иста дискотека,јас бев со моите другарки а тој со неговите(така бевме договорени).Кога влегов во дискотеката тој не ме виде,но јас го видов како се запознава со една девојка и таа нешто му шепотеше.Тоа беше се што се случи меѓу нив и кога тој ме виде дојде на мојата маса почна да ме гушка(бидејки пред тоа бевме нешто подкарани) јас не му реков ништо во врска со девојката само почнав да се зафркавам знаејќи дека ништо не се случи меѓу нив.Тој ми објасни дека таа сакала да се запознае со него.Подоцна тој ме виде како се испрајкам со еден мој мн. добар другар кој наредниот ден требаше да си замине за Италија па како и секоја разделба ние се пргрнавме.Тој ме виде и се налути а јас тргнав по него за да го прашам зошто!?Тогаш тој ми рече да си заминам со моите другарки и дека не сака да биде таа вечер со мене бидејки му ја уништувам вечерта.Од тоа што тој ми го кажа јас мн. се повредив и го прашав дали сака да прекинеме,бидејки се почуствував понижено и тој ми одговори потврдно.Знаев дека и по сите караници и прекинувања повторно ќе се смириме,се надевав и дека овој пат ќе е така.Денес дознав дека тој планирал да оди за Америка во мај,и дека веќе се распрашува за тоа.Тоа ми падна мн. тешко бидејки ние сме раскинати само 2 дена а тој веќе прави големи планови за кој јас од други дознавам.Му се јавив да го прашам за да разговараме на таа тема а тој ми рече дека нема потреба од тоа сега(како да беше стварно крај).Јас многу го сакам и не сака да го изгубам за ваква глупости,а не сум сигурно дека тој ме сака како порано.Ве молам за помош.Што да правам??
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Озбилен проблем !?

    Не ти преостанува ништо друго освен да ги оставиш малку работите да легнат,па тогаш да пробаш да разговараш со него.А Ако се распрашувал за Америка,не значи дека ќе оди,многу е тешко да се добие виза(единствено ако нема врски како кабли).
     
  3. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Озбилен проблем !?

    Јас мислам дека пак треба да разговараш со него.Со разговор се се решава.Нека ти објасни тој дали патот за Америка го планирал и претходно или?Најдобро тој може се да ти објасни.Ако и понатаму така ладно се однесува со тебе самата одлучи си што ке правиш.Само да ти кажам,ако те сака пак ке дојде кај тебе.Верувај.Знам ситуации каде раскинуваат за сериозни работи, па пак се смируваат.Причината за вашето раскинување па и не е нешто сериозна.И немој веднаш да му се јавуваш.Добро расмисли што сакаш и дали навистина го сакаш и вреди да се бориш за него.Не е лошо да почекаш ден два да ти се јави тој,а и ти да си размислиш.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Озбилен проблем !?

    Е аман, расправии за глупости, си се гушнала. Или нека порасне или нека каже што му е причината за расправија, а не да прикрива со глупости.
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Озбилен проблем !?

    Јас мислам дека треба мирно и сталожено да разговарате и дека треба да му предложиш заедно да одите во Америка.
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Озбилен проблем !?

    Знам дека најмалку посакуваш да прочиташ ваков одговор и дај боже да грешам, ама позната ми е ситуацијава од една моја братучетка. Нешто слично и се имаше случено, и на крајот испадна дека типот само барал повод за разделба. Не мора да значи дека ќе биде исто и во твојот случај, обиди се повторно да го убедиш да поразговарате, сепак се работи за двегодишна врска. Ти посакувам среќа :)
     
  7. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Озбилен проблем !?

    не грижи се-сите деца така растат ;) што и да се случи со вас,како и да заврши ова,верувај ке излезеш како посозреана личност, пошто (извини ако звучам малку оштро), меѓутоа причините поради кои може да раскинете врска се далеку од зрела - стабилна врска. ја само ке те советувам да си го зачуваш достоинството!! ;) се најдобро
     
    На haha му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Озбилен проблем !?

    До некаде ќе морам да се согласам со Боависта....Ако дечково навистина сака да е со тебе, нема да ти рече да раскинете, туку ќе ти рече за врска на далечина......има милион вакви врски кои што опстојуваат без проблем.....а како што разбрав он прави планови да оди за летово така? па тоа воопшто не е причина да раскинете..туку што ме интересира е зошто не ти има ништо спомнато она на тебе? неможе он за 2 дена да направи такви планови......единствено нешто што ќе ти го препорачам сега е не биди нападна, не запињај итн.....за некој ден ако не те побара он, побарај го ти и речи му дека сте имале малце време да размислите, да си ги расчистите мислите и дека сега кога сте со трезвена глава сакаш да разговарате......е тука ќе се кршат копјата :) ќе си решите на разговорот што и како....но сега за сега 2-3 дена остај не превземај ништо

    hope it works

    позз
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Endi

    Endi Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Озбилен проблем !?

    Девојки фала ви за советите,но сега дознав дека тој всушност не планира толку лесно да оди,туку само се распрашувал како одат работите за да оди во Америка.Сега сватив дека тоа што тој го прави е затоа што во последно време имавме некои караници за глупости,како и оваа и тоа го направи за да ми докаже дека тоа што го правиме(во врска со караниците) не е во ред.Ке почекам да помине малку време за да може и тој и јас да си ги средиме мислите и подоцна ќе пробам да разговараме со трезни глави.
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    незнам...мене не ми мириса на арно работава |( ...туку така да ти раскини за глупост...хмм има нешто...сепак ти најубо си знајш...мое е да ти кажам дека де4ково сакал да се раделите и морал да си најди некаква при4ина... :^) сега другото останва на тебе..совет од мене размислувај појке со главата,а не со срцето...зш љубовта е слепа и подоцна кога ке ти се разбистри мозо4ето ке се каеш за некои работи :!: позз и срекно ;)