Со дечкото сме во врска речиси три години , и знам дека е добар дечко и има добра душа....Меѓутоа ми се чини дека некогаш за се има време освен за мене...Ми се случи мала незгода на работа си ја го повредив стапалото и сум на боледување еве неколку дена ..Кога се повреедив имав јаки болки и оток и многу ми беше тешко да ги извршувам основните потреби секојдневни...Како за беља и моите не беа дома, беа во странство, сосема сама бев на лекар и се вратив....ми беше тешко....Тој си беше дома вршејќи си ги работите по дома....Не дојде да ме види , ни тој ден ни следниот , ни тој по него....Ниту пак спомнува да дојде , си имал обавези де по дома , на работа , на факултеот.. и се така......Ја сум многу емпатична личност и си велам дали ја така ќе постапев да беше обратна ситацијата ....дали јас немаше да одам и да го видам...Мене ми изгледа како тотална незаинтересираност од негова страна...Пукнав и му кажав што мислам ми рече дека сум без осет....Јас не знам кој е без осет тука.....Што мислите вие , кој е тука без осет и како би изреагирале вие.. Го чекам вашето мислење....
Јас мислам дека си во право. За мене е неприфатива таква незаинтересираност од негова страна, посебно во период кога тебе навистина ти е потребна неговата помош, грижа и поддршка. А тоа дека бил зафатен со работа,факултет итн. не е добро оправдување. Кога се сака се се може, посебно ако се работи за личност која ти значи. Сигурно може да издвои барем час, два за тебе, не мора секој ден, но барем секој втор или трет. Очигледно нешто не штима во вашиот однос, а тоа најдобро се решава со разговор. Прашај го мирно, без караници што се сменило меѓу вас, зошто веќе не ти посветува толку време, дали нешто му пречи... Кажи му се што те мачи и заедно побарајте решение. Со среќа
Во право си и треба да се лутиш...Напрај си муабет со него. А изговоров му е врв жими се,имал обврски по дома бла бла
Maшките во последно време се да врескаш.Еднаш прочитав некаде:Гледајки ги машките се повеке ги свакам лезбејките(без навреда кон машкиот пол)но со вакво однесување кое го имаат се некогаш премногу одбивни па на крај се чудаат зошто девојките се прашуваат што е проблемот па се лутат. Во право си бубица.Имаш право да се лутиш,разговарај со него,кажи му дека те повредило тоа што не те посетил барем еднаш,па колку толку ке најде време во тие 24 часа од текот на денот.Ама без грди зборови,без напагања,зошто со кавга само ке ги влошиш работите.
Тој е без осет дефинитивно...толку не нашол ни половина час да помине... Е ова не го сфаќам, три години во врска, девојката е сама, повредена, а тој не ни доаѓа. Во право си што се лутиш...јас како што ме дал Господ за вакви работи цела куќа у ваздух има да ја кренам, за секунда има да се нацрта пред мене. На тој што му значиш треба и да се грижи за тебе. Ако не дојде тогаш кога немам никој друг освен него, тогаш што би било кога има и други личности што се во опција за помош Мислам дека треба да си поразговарате и да му кажеш отворено се` што ти смета кај него, да си знае дека се потпираш на него. Кога си го исеков прстот, после една 2-3 дена требаше да одам на преврска... може малку себично изреагирав ама на мм му реков дека тој ден треба да си се ослободи неколку часа од работа за да ме носи на клиника, дека немам намера да се шуткам и буткам по автобуси со една рака преврзана, па да не можам да се придржам и да паднам да се утепам (таква сум јас цели филмчиња правам ). Како и да е, јасно му кажав да си знае дека ми е потребен и дека сакам да биде со мене. Искреност и отвореност пред се`.
Море треба сеа ПЛАНИНА да помести за да му простиш...не работа,треба да ЛЕТА...за да види како си....попрајте муабет и тоа убав дали иде или не.Не е ова зафрканција...си се повредила...или мама ќе го кара ако дојде кај тебе -.-
Ти си во право секако, и најмала да е повреда е, нема светот да се сруши да одвои 2-3 саата да те види, да биде со тебе...а и без оглед на повредата треба да дојде да те види!
Toj ти бил навистина потребен, а не стасал ни пет минути да ја види својата тригодишна парнерка? Мајко му, овој ладен фрижидер, искрено, џабе ние овде ќе ја тупиме, ти си во право, ама размисли со кој си. Ова не е незаинтересираност, нечовечност побргу би го нарекла
Ти си во право секако, можел да најде време да дојде и да те види. Баш во тие моменти кога ти е најпотребен, кога ти е потребно неговото присуство и поддршка, тој си измислува некакви обврски. Немам коментар. Попрво би кажала дека тој е без осет. Сериозно разговарајте на оваа тема и видете што понатаму. Воопшто не го оправдувам неговото однесување.
И јас мислам дека си во право ама ете тој не мисли , нели ? Се сложувам во потполност со Кате и другите . Сама дома си била , сама си отишла на лекар . Ни да те однесе/донесе , да биде со тебе , да доаѓа да те гледа да не ти треба нешто , како си .. Што се вика дали си жива. Можеби дека 3 години сте заедно и те земал као со неа сум , не морам веќе да се трудам ..Разговор би требало да го реши ова .
Не го оправдувам! Да беше врзан во ланци ќе најдеше начин да дојде. Тој е без осет Колку и да има работа нека ја остави,работата не е поважна од тебе особено во ваков период кога ти е најпотребна помош. Јас многу би му се налутила.
Леле бубице, извини ама да сум на твое место ова не би го толерирала воопшто. Како може така да не дојде да те види барем ако не да ти помогне. ц ц ц Мислам дека најдобро ке биде да зборуваш со него сериозно на ова тема бидејки ептен е незаинтерисиран според твојот пост.
Да се плукнам јас на осетот негов! Срам и грев да му е за тоа што (не) го сторил, а не пак тебе да те прави безосетна. Зарем има нешто поважно од здравјето и среќата? И да не дојди со тебе, да не дојди ни да те види? Од камен е бре тој неандерталецот твој (сори) или од крв и месо? Ма како знае и умее да ти се искупи за тоа!
едноставно некои луѓе се родени без осет или го изгубиле ........мое мислење е дека тој баш и нема добра душа
е да бе имал обврски по дома можи готви пере па да не најде 1 сат да дојде да те види.Па уште и ти си била таа која нема осет
Дефинитивно си во право! Па макар и да си настината само или да ти е нешто лошо човек треба да покаже внимание и заинтересираност..јас да сум така ке трчам да помогнам за се што треба! зависи сигурно имас приметено дали генерално е таков незаинтересиран или баш сега прв пат со тебе? во секој случај би требало да си направите еден отворен разговор за тоа колку си значите еден на друг,односно колку ти му значиш на него!
Не го оправдувам воопшто! Не викам дека треба да ти се јавува на секои 5 минути и да те прашува како си, или да дреме по цели денови кај тебе, ама човеку да не дојде да те види воопшто и УШТЕ да те обвинува дека си ти без осет?! Абе ајде.. кажи му дека кај не дошол да те види, барем 10-15 минути да одвои од неговото скапоцено време, нема право да те обвунува тебе и да ја префрла вината, ама дааа така е најлесно! Кажи му да си размисли малку за своето однесување.. Јас така не би му правела муабет се додека не сфати што правел и да си расчисти дали сум му битна во животот или не.
во право си ОН Е БЕС ОСЕТ...ја би дигла се диво во вис бе да не дојде? Абре година дена да сум со него ако му значам ке дојде а камо ли 3 год? Што толку обврски деца чувал? Ручек правел ма дај....кај виновен па и силен бре бре...
дечки ве молам за совет, незз што да правам.па вака со дечко ми сме заедно околу 2 недели но пред тоа се мотавме 2 месеци,додека се мотавме беше супер но откако сме во врска тој е инаков има повеке време за другарите отколку за мене и преку ден ако не пишам прва на фб или му звонам него ретко му текнува кога и да му го кажам тоа секогаш вика дека јас не сум му обрнувала внимание на него па затоа и тој така прави а нема врска му обрнувам повеке отколку мене тој, или пак одма гледа да а смене темата.дали е незаентересиран или едноставно не сака да биде со мене.плссс некој советт незнам сто да мислам повеке.
Има многу кои имаат врска колку да не бидат сами и да имаат некого за излегување а си бараат подобра прилика. Само и да е така нема да ти каже, ќе треба од понашање да познаеш. Тешко нешто да измениш освен да не се припотресуваш многу и по ниедна цена предвреме да не се заљубиш а ако ти скисне можеш и ти да му раскинеш. И не прај никакви големи планови за ако утре он ти раскине да не плачеш следните 2 месеца .