Искрено мислам дека не му значиш многу на дечкоти иако сте зедно три години. Што треба да ти се случи за да тој одвои време и да те види? Ако му значиш веднаш ќе дотрчал и секако ќе бил со тебе во тие тешки мигови. Мислам дека партнерот треба да биде и во добро и лошо со тебе не да наоѓа изговори за да не дојде кога тебе ти е тешко. И да знаеш дека нападот е најдобрата одбрана (мислем на тоа кога ти рекол ама си себична). Мислам дека треба да ја анализираш подобро твојата врска и да се прашаш дали навистина те заслужува тој и дали нема во иднина истото да ти го стори иако може ќе се наоѓаш во потешка ситуација? Размисли! (делото го краси крајот, или делата покажуваат колку навистина му значиш).
Мислам дека треба да размислиш дали сакаш да ја продолжиш врската со таков човек.Ако не може да оддвои барем половина час кога ти си повредена и тој ти е навистина потребен во тие моменти запрашај се што те очекува во иднина.Човекот не е за тебе тој нека си седи дома и нека си ги извршува домашните обврски а ти веднаш откако се опоравиш да свртиш нова страница и да си најдеш дечко на кого навистина ќе му значиш. поздрав со среќа
Здраво девојки... Значи вака со дечко ми идеме 2 години се е супер само едно нешто не штима.Пре точно 4 месеци паднав од мотор и ногата ја удрив и тој како дечко беше секоја ден кај мене ми помагаше едно друго го запостави факлутетот заради мене и такви работи...Но тој пред една недела ја скрши раката и сега не знам дали да бидам секоја ден покрај него или онака само да поминам еднаш...ако одам секоја ден ке си речи аман секоја ден си тука не сум инвалид..ако одам на 1 до 2 саата ке си речи јас со неа цели денови и ноќи а таа само 1 саат...не знам што да направам ????? Како да постапам се плашам да не згрешам па да си направам проблеми ....
Мислам дека е фер да го посетуваш секој ден, и у време на некоја од тие посети прашај го само, да не го заморува тоа што си секој ден таму. А вака ако идеш од време на време е неблагодарно стварно не фер . На тебе останува одлуката како и да е .
Тоа веќе е НЕПОЧИТУВАЊЕ спрема тебе. одма да го шкартираш дечково,тоа е пред се нехумано и непростливо...Немал време за тебе . За џабе не се рекло вистински пријатели се само оние кои се тука за тебе и кога им требаш,а не само кога ти на нив им требаш! Како и да ,душичке,ти посакувам што побрзо да оздравиш ,и немој да се оптеретуваш за некој што не заслужува ниту една твоја мисла .