Нормално е страста да се изгуби после 6 месеци од врската, веќе се познавате и се чуствува она твое затајување односно презаситеност. Мажите се визуелизатори, сакаат повеќе адреналин и ако не го црпат од нивната партнерка односно ако не знае како да им го понуди тоа, не ми е веќе интересно да бидете во соба да се соблечете да имате секс и тоа е тоа. Плус има одличен изговор "маче уморен сум" или во превод поубаво му е да спие. Затоа ти ќе бидеш иновативна и ќе го сецкаш каде и да стигнеш. Како на пример почни да се сексаш надвор од кревет, кола, вц, влез во 3 сабајле, кога имате друштво а вас ви е потребен брз секс па ќе се сексате онаму каде што мислите дека е дозволиво наредните две минути. Секс дур чекаш такси т.е викаш такси и маваш брзински партија. Нема во моментот сигурно да си задоволна, ќе се цедиш до дома, ама ќе биде добро загревање за наредната партија во кревет.
Вистинска Срека имаш...Прв пат слушам за машко што не сака секс Мојов Важи за 2 манијаци..секоја прилика секоја минута ја кристи за секс...нз што му е на твојов..прашај го отворено нема што да загубиш....
повеќе би рекла несреќа отолку среќа ако не е заинтересиран за односи боже па каква е таа врска не е точно дека страста се губи по 6 месеци таман работа кај мене можам да речам дека ми е зголемена и со дечкоми имаме по редовен секс отколку на почетокот што да речат отие што имаат по 4 5 6 години врски или се во бракови никогаш не се изневериле и сеуште се гледаат со истата страс затоа мора да да се надоградува врската така и сексот нови интересни пози повеќе пред игра провокативна облека све тоа влијае а мора и да се разговара отворено ако нема доволна привлечност ако мисли на друга ако не е доволно сконцетриран во моментот или тој има проблем со ерекцијата разговарајте отворено нема тука страм подобро искрено отколку двата да се мачите сепак сексот е добра подлога на врската...
Чудо, маж да нејќел секс , па тие само на тоа мислат. Нема што тука да разговараш, нема ништо да те сфати. Се знае, мушко глупо, грабни го по таквото и ќе тргне по твое. Не дека си имаш работа со созреана, комплексна личност која можеби си има длабоки причини. Кога ние жените така им негираме квалитетен секс на нив?!
Мене ова ми е чудно... Те советувам отворено да го прашаш што е работата, може да има многу причини, може да му е само период или да има некаков проблем. Сексот е многу важен дел од секоја врска, и важен фактор за таа да функционира.
Не се надевав дека ќе пишувам овде. Во брак сум скоро една година. Последниве месеци на прсти може да се избројат колку пати сме имале секс. Секој пат јас почнувам и буквално изгледа како да го приморувам. Нема веќе ни орален, ни ништо. Само колку да се загрееме и одма на работа. Се случило и да ми каже, ај подоцна и после ништо од тоа. Се уште живееме со неговите, за некој месец би требало да останеме сами. Сега за сега ова му беше изговорот, дека не може додека они се тука. Јас сум од друг град и пред да се вериме доаѓав на преспивање и не сме имале проблем со тоа. Без разлика, решив да чекам да се отселат, да не напнувам. Е сега, денес открив дека мм си има профил на бугарска секс страница. Си пишал години, опис, и си лајка голи жени, си ги додава у омилени. Пораки немаше, веројатно ги брише. Се регистрирал пред 2 години, така да не верувам дека со никој не пишувал. Ние веќе 3 сме заедно. Исто, на мобилниот видов дека си гледа порно. А баш вчера го прашав, нели со оглед на тоа дека немаме секс, дали гледа порниќи. Ми рече не. Ај сега да ми каже некој што треба да мислам. Уште поубаво ако добијам машко мислење зашто ова никако не можам да го сфатам.
Искрено, мислам дека секое машко гледа порно, па и ние женските, без оглед на годините. Но еден маж да избегнува сексуални односи, и тоа со сопствената жена... може да има и многу позагрижувачка позадина... Тебе не треба да те загрижуваат поничите, туку тоа зошто твојот сопруг не сака да има секс со тебе?! Мајка природа, буквално кажано, кој маж жити се нема потреба да си ги испразни каналите бре?! Размисли на опцијата дека можеби тоа го прави на друго место. Мој совет е да не му кажуваш што откриваш, така ќе се крие многу подобро. Кривицата не ја барај во порничите, барај ја на друго место. Однесувај се нормално, а потајно истражувај. Ако откриеш некоја ситница, не му кажувај веднаш, имај трпение додека не си сигурна.
Ова стварно ми изгледа како голем проблем. А си се потрудила ти некако да го запалиш, да неможе да одолее? На пример, секси долна облека, свеќички, романтична атмосвера, стриптиз.. Може ќе помогне. Ако му се допадне, ќе неможе да се воздржи, а да не те допре и соблече.