Веќе и мене ми здосади од оваа ситуација.Секогаш излегуваме со друштво никогаш не сме излегувале сами,немаме простор,а немаме ни време.Немаме време за ништо ниту за еден обичен муабет.Школо работа школо работа.а се ближи и денот на вљубените.се плашам дека ни тогаш нема да има време за да се видиме.оххх...ве молам за совет..!!!!!
Нема време за мене * Како тоа нема простор, нема време..не разбирам...а излегувате во друштво? Јасно кажи му дека сакаш сами да излезете и толку.
Ни јас не разбрав баш... Немате време да искочите на само а за да искачате со друштвото наоѓате време?? До дечко ти е тоа, не сака да сте сами двајцата или..? Ако е тоа случајот, седни го, зборувајте и најдете нзс некогаш искачајте со друштво некогаш сами...
А колку време сте заедно? Можеби на него му е поинтересно да искачате во друштво, а ти можеш да му кажеш да одвоите некоја вечер само за вас. Ова не треба на фемина да го пишеш , туку треба да си разговараш со дечко ти.. Он најдобро ќе ти каже што како е, и што ке биде понатака
Ако се сака, за се може да се најде време. Треба да разговараш со него и да му кажеш дека ти треба повеќе внимание, само така можеш да си го решиш проблемот. А тој ако е многу зафатен сигурно не сака да те изгуби ни тебе ни пријателите, па затоа излегува со сите заедно. Сепак разговарај со него.
Уште ова го немав чуено. Како што видов имаш 20 години и доколку тоа е точно, веќе си зрела девојка вакви теми на фемина не ти прилегаат. Како е можно време да немате а сте одлучиле да бидете заедно. Седни разговарај види што е проблемот. Овде ти и онака не објасни подетално јас дури и воопшто не разбирам дали друштвото вие проблем или нешто до вас е.
Разговарај со него. Доволно си возрасна. Едноставно покани го на кафе и разговарајте ем ќе си бидете насамо и ем ќе си го решите проблемот. А колку време сте заедно?
леле девојче, баш ми е жал за тебе, ама изгледа дека дечково воошшто не се интересира за тебе....може грешам,ама по ова што си го напишала-не е овој за тебе
Воошто не стапувај во врска бе дечко ако немаш време да ми посветиш .. онолку колку што ЈАС сметам дека заслужувам .. шут девојко одма .. најпаметно !!!!
И јас еднаш имав еден дечко што беше постојано уморен, зафатен,никогаш немаше време за мене, исходот не беше баш најдобар - дознав дека типот си имал и друга девојка
Идеме 2год и 3месеци и се гледавме на два дена се слушавме баш доста што за мене беше нормално и така се навикнав е сеа тој се вработи и се ми се смени се слусаме на 2мин неколку пати во денот се гледаме еднаш до два пати неделно со што осеќам голема потреба да го видам не сум навикната вака ..проблемот е што работата му е во близина на местото кај што искачаат неговите друари и тој кога и да е втора смема секогаш е со нив ..имам праено со него муабет за ова му иам кажано дека дур е на раб не очекувам да ми врти и сл ама коа ке заврши да ми посвети поише време тој ми вика таков бил и кратко ми зборел затоа шо сум му ќутела а таква бев ради тоа шо не ми посветува време ..не се лутам со коа е на раб не се слушаме туку што според мене не се труди доволно да ми посвети време знам дека ме сака и се тоа ама него оправдување му е дека е уморен со нив искача на кратко коа ќе може ми врти а мене тоа не ми е доволно ..зборевме и ми кажа ке се потруди ..а ја па од др страна сум мн љубороморна што поише е со другарите него со мене де осеќам ко да не му значам толку и баш ми фалии и го осеќам одалечен и покрај тоа што вика дека не е така..сакам малце да се оладам (не у да го одсакам туку да не се замарам до толку пошо скоро секоја вечер од нервоза плачам ) планирам неделава да видам дали ќе се смени нешо па да реагирам..дали правилно постапувам или па преувеличуван нез ама вака не сум навикната ..што мислите виее
Сметам дека нема потреба од нервози, ситуацијата не е толку страшна- со здрав муабет се ќе се реши и ќе си дојде на свое место. Ако пак толку ти смета ваквото негово однесување, а тој нема намери да го смени тоа, почни и ти да излегуваш со другарки па види ја и неговата реакција..
@sexyysenorita96, Си се навикнала да бидете повеќе заедно, ти станала рутина и нормално е дека сега ти фали сето тоа. Потпочно те разбирам, ама разбери го и ти него. Ти се јавува, а ти му ќутиш, и што треба да те тинтра он тебе? Со што заслужил така да му се однесуваш? Ретко кој има сила после втора смена на работа за искачанки, дружења и било што. Не напиша дека ви е сменет односот, така што според мене нема за што да се грижиш. Оди да одмори глава, да гледа фудбал, да поправи лабав муабет, не дреме со нив по цели денови, секој ден. Предложи ти нешто или оди дружи се кога после работа оди со другарите, што ти фали? Биди понежна и пофина, немој одма со обвинувања и фрлање вина, најлесно е тоа. Да знаеш дека ќе се олади така ако продолжиш да се однесуваш, си мислиш само тебе ти е тешко. Најди си занимација, ќе видиш дека нема да ти смета тоа што помалку се гледате.
јасно ми е се тоа ама неможам и неможан нормално да му се понашам ..не ми е јасно као може да не најде времее поише за мене ..според мене ако се сака се се може ..станувам љубоморна на тоа шо со другари не е уморен да седи до 4 саат место да поседи помалце да може да се наспие па да може да се види со мене ..и да и ја искачам и слично и со тел сум цело време у рака за да не пропуштам некој позив негов за да можам да го чујам коа он ке може а он неможе поише да се потрудии околу нашата врска и односот ..ств мислам дека со ваквото гледање и слушање ни се лади се поише односот..
голема мака имам незнам дали е до мене што вереникот нема време за мене.. значи скоро година дена сме верени, кога се веривме немаше никаков проблем меѓу нас но сега јас гледам дека тој кога оди кај мајкаму и кај таткому во село нема време за мене ниту еднаш во денот да се слушнеме на телефон а исто и кога ке се врати неколку дена е таков па после се сменува, јас секогаш кога го барам ке се јави мајкаму на телефон ке ми кажи дека имаа работа или спие па кога ке ми се јави тој на 2-3 дена само ке кажи кога ке дојди и не ми кажува ништо друго, многу сум загрижена ве молам за помош..
па по неколку дека од кога ке дојди тука се сменува, само кога е кај неговите нема време, па и да ме вара нема да мајкаму да му кажува да се јави таа..
Kazi mu deka sakas privatnost nasamo,sigurno ima vreme glumi nedostapna zafatena,zabavna,i ke vidis kako ke privleces vnimanie ) so srekja!